1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Да станеш лош (Breaking Bad)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Shana, 9 мај 2012.

  1. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Breaking Bad (2008– )
    Crime | Drama | Thriller



    http://www.imdb.com/title/tt0903747/

    Одлична крими драма за професор по хемија кој откако ке дознае дека е болен од рак, ке се впушти во криминални дејствија за да обезбеди средства за своето семејство.

    Нема да пишувам повеке бидејки сценариото е многу оргинално, дејствијата неочекувани, само ке ви кажам дека по изгледаната прва епизода ке се навлечете 200%. Ретко која серија има оценка 9,3 на ИМДБ ~
     

    Прикачени фајлови:

    • breaking bad.jpg
      breaking bad.jpg
      Големина на фајлот:
      24,1 KB
      Прегледи:
      738
    На IamSexyAndIKnowIt, cresa-jagoda, Јаневски и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Gosling

    Gosling Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Машки
    Една од најдобрите серии досега, дејството е доста бавно ама уникатноста на приказната стварно вреди.

    Го обожавам забеганиот хумор што се појавува од време на време :D
     
    На Lollipop_123, Јаневски и Shana им се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Предобра серија, Волтер е еден од најкомплексните ликови кои сум ги гледала досега.
    Сценариото е оригинално, изобилува со пресврти, дејствието е можеби малку бавно за мој вкус, но многу напнато.
    Џеси ми е еден од омилените ликови, покрај Волтер.
    Си ја гледам бавно и со мерак, до третата сезона сум, премногу ми се допаѓа серијата.
    Ја вбројувам во омилените и ја препорачувам.
     
    На IamSexyAndIKnowIt, cresa-jagoda, Lollipop_123 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.194
    Допаѓања:
    235.239
    Јас оваа серија ја започнав пред една година и престанав, за жал.
    Предобра е, нешто сосема поразлично, иако бавна, но сепак содржината е одлична.
    Се токмам да продолжам да ја гледам.
     
  5. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Го голтнав четирите сезони за две недели. Немам зборови :)

    Многу ме интересира во која насока ке го развиваат дејсвието во петтата сезона, која ке има премиера на 29ти јули годинава.
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  6. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    јас ја почнав вчера изгледав две епизоди и некако не ми се допадна за да ме привлече да гледам уште. сепак бавно се развиваат дејствата така да можеби ќе треба да изгледам уште некоја епизода.
     
  7. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    неможам да редактирам затоа ново мислење, до средина на втора сезона сум, првата сезона не ми се допадна освен последните две епизода ама пак затоа втората сезона се повеќе ми се допаѓа. волтер е страшен карактер се повеќе и повеќе ме изненадува а џеси ми е ептен закон добра глума . секако ќе продолжам да гледам
     
  8. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    И јас изгледав две три епизоди и некако не успеа да ме навлече, па си ја симнав Prison Break и не згрешив ;)
     
  9. TinaM25

    TinaM25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Постанување лош (Breaking Bad)

    Законска серија, 10/10 оцена има од мене, алал да им е на сите од екипата, почнувајќи од Винс Гилиган (режисерот) па се до актерите. 8)
    Една од најдобрите серии што некогаш сум ги гледала, дефинитивно! :clap:
     
  10. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Постанување лош (Breaking Bad)

    Се согласувам за се што кажале пред мене, серијава почнав да ја гледам од неодамна, и стасав до 3 сезона. Ми се допаѓа серијава.
     
  11. Mjauu

    Mjauu Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Епа продолжи да ја гледаш,ако ти се свиѓат Присон и ова ке ти се бендисат.Само побавно се одвивет заплетиве ама ко ке се десит расплет е да се чудиш шо се десило.Мене ми е подобра и од Присон,позрела е и глумата е каде каде погоре,од сите актери комплет.Јас препорачвам
     
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Јас пред некој ден ја изгледав последната епизода од петтата сезона и во исчекување сум на новите епизоди. Бев малку скептична кога ми ја препорачаа, но сум пријатно изненадена од толку колку е поинаква од останатите серии кои сум ги гледала.
    Bryan Cranston го паметам од Мalcolm In The Middle и очигледно вакви улоги на посветен, но малку невротичен татко, совршено му лежат :wasntme: Волтер го ставам на листата омилени ликови, иако се уште имам некое индиферентно мислење за него. На моменти позитивно ќе ме изненади со некои постапки, а некогаш ќе си речам: Е ова баш и не ти требаше...
    Како и да е, мудро изигра за да го преземе бизнисот и да го тргне Гас еднаш засекогаш, а истовремено да го сврти Џеси на негова страна.
    Џеси ми е многу интересен, иако на моменти е нестабилен. Ама тип топ ми се во комбинација со Волтер.
    А Сол е циркузи невидени! И мислам дека баш поради неговиот лик целата серија добива малку поинаков шмек.

    Ме збуни завршетокот на четвртата сезона, некако последната епизода даде финален изглед на работите, како сите заплети да се расчистиле. Веројатно не мислеле да продолжат со уште една сезона.
    Сценариото е одлично, исто така и несекојдневниот хумор :D
    Единствена замерка ми е тоа што дејствието е доста бавно.
    Некои сцени се непотребни, па би рекла и епизоди. На пример онаа кога 45 минути ја бркаа мувата низ лабораторијата |(

    Како и да е, доста интригантно заврши 8мата епизода од последнава сезона. Едвај чекам да ја гледам 9тата :)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Фасцинантна серија. Денеска ја изгледав последната епизода и уште сега чувствувам апстиненцијална криза. Копнеам по серијава. Дури и се мислам дали да почнам да ја гледам одново. Искрено успеав да се поврзам со секој лик во серијава, па дури и со Гас, што ретко ми се случува да развијам емоции кон негативците.
    Уживав кога ги гледав како ликовите растат, се менуваат, психички, ментално. Поготово Волтер и Џеси. Денес си ги споредувам од првата сезона па се до последната. Цела една еволуција на карактерите. Совршено. Обожавам да гледам како ликовите се менуваат во текот на една серија.
    Ликот на Волтер, според мене, најдобар машки лик во историјата на сериите. Дефинитивно. Неговиот двоен живот колку добро ја одцртува линијата помеѓу она што е добро, што е лошо. На моменти ме тера да го обожавам да му се восхитувам, на моменти ме тера да го мразам. Поготово во последните две сезони, манипулацијата врз Џеси, случката со Мајк, однесувањето кон Скајлар.
    Ликот на Скајлар ми е исто еден од поинтересните, ме фасцинира бидејки 90% од коментарите на интернет се негативни, на сите им иде на живци и слично. Околу сето тоа најдов еден добар коментар : Чим еден лик може да предизвика толку негативни емоции кај гледачите мора да се работи за ебано добар актер. Нешто како кинг Џофри од ГоТ.
    Како и да е екипата на актери, дрим кру :) Полн погодок.

    Иначе за последната епизода од 4тата сезона и јас мислев така се додека не го покажаа дворот на Волтер со саксијата од бобинките од кои што Брок добил тровање.
    Со што доаѓаме до заклучок дека puppet master зад целата ситуација бил Волтер. Труењето на Брок за да го навлече Џеси во неговиот искалкулиран план и потоа убедувајки го Хектор да си го жртвува сопствениот живот за да му го одземе истиот на непријателот. Од кога го сварив сето тоа на последната сцена знаев дека има уште многу да се прикажува од ликот на Волтер, бидејки тогаш за прв пат ја видовме таа негова манипулативна страна.

    Како и да е, едвај чекам нови епизоди, бидејки последната сцена ме погоди во срце :)
    Баш ме интересира како ќе ја развиваат приказната понатаму бидејки по завршетокот на последната епизода и те како ќе има огромен пресврт.

    Останува да си чекаме :)
    п.с. Видеово на ваш ризик гледајте го, има спојлери доста. :!:
    http://www.youtube.com/watch?v=djaLf6bgFuU
     
    На MaggieTatum и butterfly992 им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Јас како манијак по тв серии ја немам гледано оваа. :tmi: Секогаш налетувам на неа, ама не знам зошто ја избегнувам.
    Сега ќе си ја исправам грешката. :)
    Само да ве прашам, колку трае една епизода?
     
  15. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Просечно, од 40 до 50 минути :)
    Мораш да ја гледаш, нема да се покаеш.
    И совет еден, ако ти се чини малце споро дејството на почеток немој да се откажуваш :)
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.092
    Пол:
    Женски
    Една од најдобрите серии што имаат излезено последниве години, а тоа се многу малку. Самиот заплет на серијата е интересен, но глумата на Волтер и Џеси како главни носители на драмата е она што фасцинира и го тера гледачот за уште една нова епизода.

    Вниматено избрани ликови, логично решение за секој проблем од научен и животен аспект, како и крими моменти како главата на нарко картелот се моменти кои се паметат.

    Моментално ја гледам третата сезона, а веќе ја симнав четвртата. :)
     
  17. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    со нетрпение го чекам новиот момент ...
    секаде е пишано дека ке е од 11.08 ама да се види..
    5те сезони ги изгледав буквално за 3 седмици ( човек мора и да работи од време на време ) хехе хехе
    ајде уште кратко и ке се издржи до новата сезона !
     
  18. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Каков мањо за серии сум значи , толку ми се допадна уште првата епизода да ги изгледав сите сезони за 3 дена ;( :rofl:

    Одлична серија , одлична глума и сценарио , едвај чекам Август да дојде за другиот дел да го фатам....
    Ај до тогаш друшто ќе ми прават Dexter и True Blood.
     
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Интересно продолжение на сезонава :)
    Гледајќи други серии некако се навикнав на побрзи дејствија низ епизодите, па изумив дека Breaking Bad си има таков стил.

    Не се сеќавам баш на случките од првата половина на сезонава, ама ми се чини дека Волтер излажа дека му се вратил ракот, не? :^)
    Како и да е, ќе бидат интересни следниве епизоди. Волтер е мозоче, сигурно ќе му светне некоја идеја како да се извлече овојпат, иако веќе му призна на Хенк дека е Хајзенберг. А според почетокот на епизодата, ми изгледа дека Волтер ќе направи сите да мислат дека е мртов. Барем според реакцијата на комшиката :?:

    Патем, еве еден интересен податок :)
    [​IMG]
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. skygirl

    skygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    153
    Почнав да ја гледам серијава, ама не ме воодушеви многу. Можеби повеќе очекував па... или не се заинтересирав доволно. Може ќе продолжам па ќе ми се подобри впечатокот.