Да ѝ помогнеме на Марина да продолжи да гледа!

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од blackwave, 29 мај 2017.

  1. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.804
    Пол:
    Женски
    24-годишната Марина Јовановска е прекрасна млада девојка, полна со живот и позитивна енергија на која треба да и помогнеме да мине една тешка препрека.

    Марина боледува од многу ретка болест на очите која ако не се третира веднаш може да доведе до трајно слепило. Во најбрз можен рок мора да замине во Германија и да ги добие соодветните третмани за нејзините мили очи да продолжат да гледат.

    Да бидеме хумани, да бидеме другари! Да помогнеме кој колку може за ова девојче да може да ужива во сите убави работи кои ги носи животот. Овој викенд таа го кажа и судбоносното ДА на своето момче Благој и има уште една причина повеќе за да слави и да се радува, наместо да се грижи како ќе ги собере потребните финански средства за да оди на лекување во Берлин.

    Телефони за донации:

    075 143-485

    077 143-485

    070 143-111

    Со секој Ваш повик донирате 100 денари кои се од огромна вредност за неа!


    Девојки, се работи за роднина на дечко ми. Прекрасна девојка! Ве молам, да ѝ помогнеме да продолжи да ги гледа убавините на животот!


    Текстот е превземен од https://makedonijadenes.com.mk/na-m...humani-site-zaedno-za-ovaa-prekrasna-devojka/.
     
    Последна измена: 29 мај 2017
    На girl-miri, friendy, iloveyou29 и 1 друга личност им се допаѓа ова.