Најновата серија снимена по истоимената книга од Лиен Мориарти конечно излезе пред некое време. Еве и трејлер: Ќе биде мини-серија и предвидени се вкупно 8 епизоди. Засега има четири епизоди и излегуваат секоја среда. Станува збор за девет совршени туѓинци, секако. Секој од нив си води внатрешна борба со себе, се соочува со некои лични проблеми и предизвици и ете тоа нешто е главната причина која ги натерала да се појават во лукузното одмаралиште во кое се одвива дејствието. На секој му треба тајм-аут од стрес и проблеми понекогаш. Во некој таков период од животот, десет дена во некое топ средено место звучат совршено. А дали ќе им помогне на ликовиве и како, останува да видиме. Никол Кидман, однодно Маша, ќе им биде духовен водич на овие девет туѓинци. Ќе се обиде да им ги отвори очите и да ги натера да се погледнат од друг агол, кој можеби ќе им отвори нова перспектива и ќе им помогне да ја остварат таа лична трансформација кон која тежнеат. Ја почнав најмногу поради Мелиса Мекарти и Никол Кидман. Многу ме интересираше како ја склопиле серијава. Книгата ми беше така-така, на моменти многу бавна и досадна, но генерално океј. За серијата ќе видиме, почетокот не ми беше нешто најсјаен и го имам истиот впечаток како за книгата, но нешто чудно ме влече да ја гледам до крај секоја епизода. Дали некој од вас ја гледа? Споделете ги впечатоците и пишете нешто.
Исто. Баш вечерва ја гледав четвртата епизода. Книгата не сум ја читала, а за серијава уште немам конкретно оформено мислење. Има интригантни моменти, отворени прашања, но има и клише моменти, најмногу во однос на животните приказни на секој од ликовите, што ги водат на исто место. На кратко, далеку од воодушевувачка, но ќе ја догледам. А и глумата ми е flat, со исклучок на Мелиса. А, може и до мене е. - • - • - • - Погоре пишаното е од синоќа. Го пуштам во интегрално издание. Ќе се дополнам за некоја недела, кога ќе заврши.
Да, @do-re-mi, баш таква е глумата, како аматерска. Никако да оформам мислење и да пресечам дали серијата ми е добра или не. Ќе покаже крајот, засега ме забавува зашто и така немам нешто подобро за гледање, па реков ајде ќе терам до крај.
Серијава ме однесе на прекрасно патување потрага за саморефлексија и напредок. Благодарен сум на оваа осумчасовна терапија Оценка 9 од 10