Значи брат ми е со девојката 2години.Девојчето е постаро од брат ми 2 години(ама тоа нема никаква врска),битно е моја генерција(значи толку е помал брат ми од мене).Немев некое најдобро мислење за девојчето и кога брат ми требаше да почне врска со неа јас не бев баш за и му ги кажав причините,а неговиот одговор беше -јас ги знам сите тие работи и не планирам ништо сериозно со неа,ова ми е само да пробам како е со постара девојка не е ништо сериозно.А сега веќе се заедно како што кажав 2 гонини.Имав многу добра прилика да ја запознаам (живеевме некое време заедно) и си реков ајде не биди лоша дај и прилика на девојката мошеби грешиш,можеби имаш погрешен впечаток за девојчето.И уште на почеток јас се поставив најдобро што е можно спрема неа,значи и бев да не речам најдобра другарка,се додека не мочнаа и двајцата превише да ме мешаат во нивната врска.Почнав полека да се тргам настрана и да им дадам до знаење дека јас нема да им ги решавам проблемите.И нема да го нагласумам нејниот однос спрема мене (иако беше многу лош),битно е само како таа се однесува со брат ми,а тој однос воопшто не ми се допаѓа.Значи да нагласам девојчето не го бие добар глас,се запиша на факултет и ништо не положи,па си ја проба среќата на друг факултет ама и таму не полоши ниту еден испит...работи мизерна работа и се фали како многу пари зема и е горда со тоа,а не ни споменува дека сега и на 2-от факултет нема положено ништо.Од дома ја издражуваат и тие пари што ќе ги земе ги користи да му купи нешто на брат ми и да го поткупи на некој начин со тоа(што воопшто не ми се допаѓа).Значи не размислува на тоа дека еден ден нејзините ќе престанат да работат и да и помагаат,а таа со нејзината работа нема да може ни основните трошоци да си ги подмири.Значи никој од нашите блиски не ја сака,затоа што се понаса многу препотентно,како она се знае,како она е најдобра,најпаметна,а не е така знам затоа што се што ќе каже го има научено најмногу од мене и јас веднаш гледам како сите на накој начин ги лаже.Мене нема да ми е криво ако стварно има научено нешто од мене ама зошто не покаше ни малку почит спрема мене,него тоа што го кажува го кажува како она сама да го има научено а на мене ми е панаса како јас ништо да незнам....Тоа што сакам да кажам е дека сите му се подсмеваат на брат ми што е со нејзе...Има многу вакви примери да не набројувам се,се надевам дека од прилика свативте за каво девојче станува збор.Пробав неколку пати да разговарам со брат ми ама не сака да ме послуша.Го направив тоа на начин на кој што мислев дека нема многу да го навредем,а сепак да му дадам до знаење што мислам,ама тој упорно ме убедува дека нивната врска не е толку серизна да мисли на некој работи,дека му е битно да му е убаво(затоа што му купува се,и изгледа дека девојчето е доста добро во кревет па несака да мисли на ништо друго).Пробам да се држам настрана,ама во секој случај се обидувам да не покажам пред нив кога се заесдно што ставрно мислам,па и пред брат ми,само да не правам проблеми.А толку многу лошо мисење имам за девочето што не можам да ви опишам(ако напишам се мислам дека ќе ми требаат едно 5-6 страни и малку ќе ми се ). Дали некоја од вас се има сретнато со ваков проблем,како се имате справено со него,што енајдобро да правам,иако мислам дека не ми останува ништо друго освен да остане вака како што е (затоа што видов дека со разговор неможам ништо да направам).Ќе ми биде мило ако го кажете вашето мислење п.с. тоа што најмногу ме нервира е што се понаса спрема брат ми како спрема мало дете,а прметувам дека брет ми така почнива да се однесува спрема сите други
Брат ми е мал, има 10 години така да не сум имала вакви проблеми со него Ама скоро никогаш не ми се допаѓале девојките на мојот прв братучед, кој ми е исто како брат ....... Пред некој месец беше во врска со една моја школска, ама тоа девојчето за 4 години не сум правела ниеден озбилен муабет со неа, бидејќи е користољубива, лицемерно суштество нема до каде, неодговорна и лигава ептен во тоа понашањето нејзино .... Не знам како се фати со неа Али бидејќи братучед ми на факултет е во друг град, викенди си идеше само, таа не се ни замараше ептен, си излеваше со кој ќе стигне, на школото на часовите се фаќаше со машките од класот (им даваше да ја фаќаат насекаде) и тоа пред мои очи буквално, не знам како не и беше срам . Ме нервираше секој ден и ми идеше да ја убијам оти братучед ми ми е како брат, си го обожавам, пораснав со него и се тоа, а она да го прави будала И еден ден и кажав се убаво, а она ме разубедуваше немало смисла тоа, она не правела така не знам што ........ Море си реков нека иде На братучед ми не му кажав ништо, бидејќи не сакав јас да бидам таа што му ја расипала врската и од мене да слуша такви работи, ама само му напоменав ........ После дозна од сите негови другари и така натака ......... И ја откачи без проблеми Штом веќе си му кажала повеќе пати и си му потенцирала каква е уствари таа неговата а тој не реагирал, мислам дека нема смисла повеќе да му кажуваш ...... Нема да има поента и да се мешаш повеќе, едноставно остави на него, а тој во блиска иднина ќе сфати каква е и што прави ...... тоа ти е совет од мене бидејќи знам како е да се нервираш за вакви работи, ама поарно остави ги што сакаат да прават, а еден ден ќе му се здосади на брат ти, ќе видиш ..... Па со 20 години нема да се жени со неа , само сака да си помине убаво и тој, да си ужива во младоста ..... позз
Искрено јас мислам дека ти твојот дел си го завршила... си разговарала и си се обидела да му ги отвориш очите на брат ти ако девојчето е стварно такво,ама според мене не можеш да направиш ништо повеќе,брат ти треба да е свесен дека девојката не му е на место и дека не ја сакаат дома, иако не мора да значи дека секогаш е девојката крива зашто некогаш и домашните знаат да не се постават убаво но во случајов те разбирам,сметам дека заради секс не треба брат ти толку многу долго да оди со неа и треба да е свесен дека еден ден ке заврши тоа купување од нејзина страна а сиг сум дека и твоите родители можат неговите потреби да ги задоволат во смисол да му купат се што е во границите на нормалата/Никогаш не сум поддржувала врска со помало машко од проста причина што поспоро созреваат со ретки исклучоци ама ете брат ти следи лош пример од неа и не му одговара, едино што можеш е кога брат ти ке направи некоја непромислена постапка да му ги отвараш полека очите ама сепак полека за да не се доведеш воситуација да треба да се скарате.сепак како што кажа ти фер си цело време и остани си таква. Има и други случаи кога пример сестрата на мојот дечко е скарана со мене заради глупости се однесува како мало дете наоколу зборува се и сешто ама јас не се борам против тоа нека прави што сака Господ гледа.пример јас имам помал брат и секогас му викам да оди со помали девојчиња зашто така врската според мене најдобро успева ама ова е само мое мислење,и со неговите девојки гледам секогаш да сум коректна,ако греши нешто му кажувам а ако не ме послуша и на крај испадне по мое жалам ама што си дробел тоа ке си срка кога се прави паметен.Гледај само да немате конфликти поголеми,постојано спомнувај му на брат ти како е и што е дека не е правилно да иде така, и биди мирна и коректна со неа . Тоа е од мене..извинете на долгиот одговор.
Имам искуство со вакви работи, во иста ситуација бев пред неколку години. Фин и културен разговор не помага многу, може да доведе до контраефект, како во мојот случај - брат ми се ожени со таа девојка, имаат веќе две дечиња, ама фала му на Бога, не е веќе каква што беше, многу е поразбрана и пофина. Брат ти мора самиот да стане свесен за тоа каква е таа навистина, и се надевам дека ќе го сфати тоа за брзо време. Тоа што рекол дека врската не им е сериозна, не го земај здраво за готово - никогаш не знаеш што носи утрешниот ден. Ете, и брат ми така велеше, не е сериозно, а сепак се ожени со неа. И што можевме? Ако е тој среќен, нека биде, се примиривме. Сепак брат ти е помлад, можеби брзо ќе му досади, па ќе си најде подобра. А веројатно би можеле некако ненаметливо да му укажете на тоа дека не е добра за него, не со директен напад врз неа.
Нема проблем за долкуте одговори,во секој случај ова не е прашање што може да се одговори со една реченица. Прво вака и јас и брат ми сме на факултет и нашите дома неможат во секој момент кога ќе посакаме нешто да ни го дадат,ќе почекаме некое врема ама сепак ќе го добиеме тоа што го сакаме.А сега е она тука и брат ми посака фармерки,таа уште утредента му купува,поска блуза и веднаш ја добива,поска мп3-пеер,веднаш добива,поска слушалки за телефон,беднаш ги добива итн да не набројувам се,а ако го побара тоа од моите може ќе почека малку затоа што прво треба да му дадат пари за да си ги палти трошоците,па потоа за се друго и може ќе почека недела-две ама ќе добие. Пред неколку мосеци,се случи таков еден кикс во нивната врска и пробав да му ги отворам очите ама залудно... И ако му беше само да види како е и да му помине меракот,мислам дека до сега ќе му беше поминат....поминаа две години. Инаку ние дома му неме дадено посебно до знаење дека не ја сакаме,се обидуваме да оставиме сам да си одлучи за себе,ама по разговорите со моите дома,гледам дека и моите на ја сакаат многу. Инаку имав иста истуација со еден братучет и неговата бивша,на почетокот му кажав што мислам и си останав на страна и после година виде дека сум била во право,и дојде ми го кажа тоа.Сега си има друго девојче што е премногу фино и стварно му е убаво. А брат му ука не фака....Не ми е баш мили да гледам што ми се слушува и да останам мирна,ама еве се трудам,само еданаш јас и девојчето се имаме скарано ама тоа е сосема друга приказна,во која брат ми нема никаков удел.Не сум тој тип што ќе се карам и ќе пробам да правам проблеми,само нека му е убаво,ама од друга страна да гледам како некој прави будала од него.......
во скоро секоја фамилија е така, и јас кога сакам нешто ке го добијам да ама ке почекам зашто сепак немаат во секој момент да ми дадат јас што сакам иколку сакам, можеби до негде на брат ти му е убаво така он а таа на за материјални и сексуални работи ама сепак мислам дека на време ке се освести дека тоа не е љубов како што и сам вика дека не е сриозен само сака да му е убаво и ке стави крај а ако се работи за љубов тогаш не можете тука ништо, и ако е близок со твоите можат и они да кажат мислење за малце тој да се рабуди од сонот во кој сега живее,сепак е машко и неретко паметот не им е во главата горе... па ќе ти држам среќа брат ти да се среди.
Јас мислам дека брат ти е доволно возрасен да се грижи за себе,иако си му постара сестра немаш ама баш никакво право да се мешаш,можеш да дадеш добронамерен совет,ама мислам дека претеруваш...па не го навлекла девојката,брат ти на дрога и проституција,нели,па да бидеш баш до толку загрижена...всушност за што си ти загрижена-затоа што девојката не учи,затоа што го прави брат ти среќен...никаде во муабетот не видов дека го вара,или дека го понижува,или дека го тепа (не дај Боже)...дај остај го сам да одлучува...аман веќе од тие сестри на дечковците,они се знаат...страшно
Те разбирам сосем, криво ти е, си го сакаш брат ти и сакаш да го заштитиш меѓутоа од тоа што го кажуваш на него му одговара да биде во таа врска. Никој не може да знае што се случува помеѓу нив двајца можеби на нив им е убав начинот на кој фукнционираат. Инаку брат ти сигурно е и многу млад и кога ке созрее и ке почне да ги гледа работите другачите сам ке си заклучи сам дали треба или не треба да биде со таа девојка во иднина.
Убав тој на Дада Ок, еден совет кој зависи од карактерот на брат ти (а сигурно си го чула и на друго место) Ако е типичен тинејџер (што значи инатот му е поголем од паметот - како што сум бил и јас) разговорите би биле контрапродуктивни. За инает ќе се поврзе со неа...се повеќе и повеќе.... Ќе мора да го оставиш да се изгори - инаку нема да ти верува. Само работата да не отиде предалеку (свадба и сл.)
Site imame brakja i sestri i mnogu gi sakame.Sekoj treba da znae deka za se postoi granica.Jas ne sakam da se mesham vo tugja vrska,nitu da mi se meshaat.Sekoj treba da stoi pozadi svoite odluki.
Од ова што го кажуваш јас добив заклучок дека брат ти е со неа затоа се што ќе посака добива како на златен позлужавник(без да се навредиш).Значи што и тој да сака таа веднаш му купува и излегува на некој начин како да си ја користи.Од друга страна и јас имам вакво искуство.Брат ми има девојка за која сите немаме баш мислење на ниво.Но ете не знам што видел во неа.Вели дека не се гледаат,но сепак изгледа се гледаат тајно и покрај тоа што има и други девојки тој кога тогаш пак е со неа.И џабе е што и да му кажеш.Секој си тера по негово.
девојката на брат ми ............ оф но комент ме фативте сеа на тесно сачувај ме боже нење љубави идеше една песна. уф едно почитување да се немало ти влага во куќа ни здраво да не ти рече, ништо да не се честитало ни веридба ни дипломска леле ај не пишувам треба роман да напишам. вака не е лоша али навистина тапа девојче не комуникативна ама со никој од фамилија. само фала богу ниту сум сакала да ми се мешаат ниту пак ќе се мешам секој е доволно паметен да размислува со каква иде. мене може а всушност воопшто не ми се допаѓа ама ете за него е најубава и најдобра. така да кој како ке си надроби така ќе си срка.
А што ако го навела на други работи....нема да кажам што затоа што уште не сум сигурна(а така неможам да кажам било што),ама претпоставувам,ќе видиме со тек на време. А заеднички живот се подразбира за доцна ....? Лиѓе јас не му се мешам,воопшто,пробав неколку пати да поразговам со него,како од околку беше се и видов дека не ме слуша и се откажав,јас не пробувам ниту памет да му продавам ниту да го учам како треба,само онака како другарка пробав да поразговарам. Ја отворив темата најмногу да слушнам и ваше мислење,јас до сега сум се носела добро со целата ситуација,можам и понатаму.Ќе го оставам како што и беше до сега,па ако се изгори.......Мислам дека го направив она што како сестра требаше да го направам. Сум заборавила вчера да пишам,можеби вие имате поразлично искуство...Па споделете го со нас.
Не, не мислам дека е доцна. Прво, млад е, па и нешто да се смени, нема да има проблем да си најде друга девојка. Таа ќе има поголем проблем да си најде друг дечко. Второ, живеете во друг град. Да живеевте во родното место, ќе беше поинаку. Барем јас така мислам.
Среќа што дечко ми нема сестра, зошто сестрите на дечковците секогаш се знаат и се прават најпаметни а уствари и Бијонсе да им е снаа мана ќе и најдат.А немам ни брат така да топ ми е.
Во секој случај фала ви девојки,фала Зоки,ќе сотавам времето да си го направи своето . До некаде си во право,мегутоа јас не се ставам во оваа група од проста причина,што неколку од бившите на брат ми уште ми се пријателки,и никогаш нив не и најдов мана ,ама затоа брат ми им најде
Темава баш ме погоди. Девојката на брат ми ја сакав како сестра ,премногу ја сакав.Но таа пред 8 месеци замина во странство.Одтогаш типкава ниеднаш ми немаше пишано на фб,а секогаш скоро е онлајн.Брат ми и го прати мојот лап топ само што ми го купија,уште не искористен за нејзе.По извесно време брат ми замина на одмор со колегите и таа се осуди да ми пиши на фб.Ми пиша бидејќи сите што таа си пишува на фб и беа заминати на одмор и сеа немаше со кого. Пред 3 дена му прочепкав на брат ми низ мобилниот и што ќе видам.Типкава му пишала на брат ми смс:сестра ти мило била со дечко на одмор мала е ..имам 18 год и појдов на одмор со дозвола на моите родители.Премногу се изреволтирав.Со кое право?Патем брат ми не го сака мојот дечко,постојано го навредува и мислам дека е под влијание на неговата женска. Ја замразив и тоа и го кажав на мајка ми дека таа никогаш нема да стапни во наша куќа. Што да правам ве молам совет?????
Ах Срцулке не ти е лесно изгледа со оваа на брат ти ........ Не се оправдува во никој случај што ништо не ти пишала цело ова време додека била во странство, а ти пишала само кога немала друштво. Не чини тоа воопшто ..... Ама пак може била засекирана за тебе за оваа пораката што му ја пуштила на брат ти ..... Не дека ти си мала, ама пак може се секира за тебе, а може пак само сакала да се покаже пред брат ти ... една од тие 2 ситуации е сигурно. И нема што посебно да направиш бидејќи гледаш од таа страна брат ти е на нејзина страна ..... Денес секој си гледа за него па вака и оваа девојката. Затоа биди си смирена и чекај да му дојде паметот на брат ти, не знам што друго би ти рекла ..... Поздравче
Значи вечно има проблем на релација девојка и сестра,јас незнам дали е тоа што ние женските сме такви љубоморни и посесивни за се во животот ама тешко им на машкие,на кој попрво да му угодат
Готово пукнав не можам појче.Се испокарав .Јас и пишав на фб и работата ја дотеравме скрос до крај. Се испокаравме се и изнареков и таа мене. ЈАс само ја прашав за пораката зошто му ја пишала на брат ми и зошто провоцира и таа одговори:Да му докажам некој работи.Јас и викај КОЈ РАБОТИ? Таа на мој години дечко немала видено била светица,а јас на 18г. со дечко на одмор и сум била курва. ЕТЕ ОВА!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! НЕ МОЖАМ ПОЈЧЕ ..Преку ГЛАВА МИ е . А брат ми ништо не знај за ова.Таа е во странство .И сега ми пиша да му кажам дека му била скарана. Мене ми е жал за брат ми... ПОМОГНете МИ!