Форумџика на годината

Девојката со тетоважа на змеј

Дискусија во 'Филмови' започната од loola23, 14 април 2012.

  1. loola23

    loola23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    30
    [​IMG]
    Главни улоги: Даниел Крег и Руни Мара.
    Филмот е дефинитивно еден од подобрите за 2011. За сите што сакаат добар трилер и ликови (посебно женски) што излегуваат надвор од рамката на холивудски убавици го препорачувам. Работен е според трилогијата Milenium на Stieg Larsson која веќе има филмувани верзии на сите три делови во шведска продукција, иако јас само американскава верзија сум ја гледала
    [​IMG]
     
  2. bibb.y

    bibb.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    355
    Шведската врзија е многу подобра! :D
    ...... барем според мене :) :)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Ја читав книгата ептен ми се допадна и баш поради тоа го гледав и филмот, многу е добар само не ми се допадна тоа што крајот е изменет, не е ист како во книгата. А дали другите два дела се филмувани?
     
  4. loola23

    loola23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    30
    Шведските верзии да, а американски само за овај јас знам
     
  5. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.483
    Сега кога конечно го гледав шведскиот, можам да кажам дека американскиот е ништо во споредба со овој.
    Мене ми се свиѓаше книгата највеќе, па сега да ги дочитам другите два дела и ке ги гледам филмовите.
    Иначе за ликовите, Микаел повеке ми се свиѓаше како Даниел, а Лизабет како Наоми.
    Во шведскиот многу поубавa беше сцената кога Хариет се сретна со Хенрик.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    Ги имам читано книгите и ги гледав сите филмови, ама според мене шведската верзија е многу подобра. Подобро некако и личи Лизбет Саландер на Нуми Рапас отколку на оваа, а и другите ликови и филмот како целина повеќе ми се допаѓа од американската верзија. Одличен трилер, книгата ова лето ја прочитав двапати а филмовите ги имам гледано по неколку пати и никогаш нема да ми здосадат. :)
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Шведската верзија на Девојката со тетоважа на змеј е многу многу подобра.
    Општо филмот е некако помрачен и повозбудлив, а да не зборувам за кастингот, Наоми Рапас е 100 пати подобар избор за Лизбет од Руни Мара.
    И заплетот беше подобар и расплетот, многу емотивен и напнат, јас ја препорачувам оригиналната шведка верзија.
    Ги имам трите тома од книгите и никако да им дојде редот.
    Сигурно се подобри и од филмот, подетални и посодржајни.
     
    На WarriorAngel, La.Reina.Del.Sur и kravce им се допаѓа ова.
  8. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Мене, лично, американската верзија многу ми се допадна. Добри актери, уште подобро сценарио. Да се гледа во кино, со сигурност предизвикува посилна емоција и поинтензивен ефект. Имам слушано за книгата и искрено сакав најпрво да ја прочитам, па потоа да го гледам филмот. Но, работите едноставно не се случија така, што не значи дека не сум задоволна од крајниот впечаток. Верувам дека истата е многу, многу поисцрпна, а со самото тоа и создава подобра претстава за работите и случувањата околу кои се врти приказната. Што се однесува до шведската верзија (за која патем и до пред кратко време не знаев дека постои, не би да коментирам, ниту да споредувам зашто ја немам гледано).

    http://www.youtube.com/watch?v=tcp9Ysi7 ... re=related
     
  9. Hanna4646

    Hanna4646 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    Филмот од 2011 е нова верзија од триологијата на Николај.
    Тоа се три филмови базирани на неговите новели од 2009 година.

    The Girl with the Dragon Tattoo http://www.imdb.com/title/tt1132620/

    The Girl Who Played with Fire http://www.imdb.com/title/tt1216487/

    The Girl Who Kicked the Hornet's Nest http://www.imdb.com/title/tt1343097/

    Гледајте ги овие верзии и видете што ќе се случи понатаму со Лизабет :)