Темава е отворена со намера да споделуваме искуства околу дезодоранси против потење без алуминиум. Со оглед дека во темата "Антиперспиранти" се мешаат мислењата околу различните производи со или без алуминиум, ја отварам темава каде ќе пишуваме искуства конкретно за дезодоранси без алуминиум. Го користам дезодорансот на Балеа 200=400ml и сум мноогу задоволна. Ќе ги замолам @x.Daisy.x @EMoonlight @Annath @anastasijaki да пишат како се задоволни од Dove дезодорансот без алуминиум
И така ја заприметив темава, јас ако ти одговорам ќе се важи? Не, озбилно, го земав пред околу недела/недела ипол, Дав со краставичка. Досега користев машки Нивеа антиперспирант кој беше единствен кој ми го контролираше потењето и миризбата, ама поради алуминиумот кој го содржи решив да му дадам шанса на новиот Дав. За класичниот не знам, но овој со краставичка мириса ептен свежо, не е ни нападно, баш онака пријатно. Потењето (барем кај мене) не го спречува, но не дозволува да се створи непријатна миризба. Можеби периодов во кој го користам е премногу краток за да дадам било каква конечна рецензија, па сигурно ќе се навратам и ќе дополна, ако има нешто за дополнување, по извесно време користење
И јас го немам користено овој на Дав. Денес прв пат го ставив, да го пробам. Искочив накај 6, сега само што влегувам дома, не приметувам лош мирис. Потење не спречува, ама не ни мириса лошо. Ќе видиме понатаму како ќе се покаже. Го имам користено лани летото Балеа сензитив, тој ми мириса поубаво од овој на Дав, ама па треба многууу да ставиш за да не се осеќа лоша миризба. Не трае доволно долго, некако не е доволно јак изгледа. И сега имам едно шише ама само за на кратко ако треба да излезам, или ако е ладно времето ми е океј, ама сега за во лето или треба да ставиш премногу, или да се користи некој друг појак дезедоранс. Попушта после одредено време. Имав исто купено еден од Балеа, тие што се 200=400мл ама многууу јак мирис имаше самиот дезодоранс, дури кога ставав ме гушеше, и не ми се свиѓаше. Ептен преовладуваше миризот, мислам дека и парфем не спасуваше и не го користам веќе. Цело време го осеќав и ми идеше да повратам од тоа.
Секако дека не спречува потење, јас долго време користам без алуминиум, но сега испаднаа овие на Dove и се мислам дали да го земам. Битното е дали замирисува "попушта" по одредено време. Имам еден тон пробано и многу долг период го користам на Балеа 200=400ml ама сакам да го сменам оти некако кожата ми се презасити, не го ни сеќавам мирисот, а е многу јак. Фала ви многу @x.Daisy.x @MagsDestiny на споделените искуства
Неодамна го зедов стикот без алуминиум на forever со алое (од кој сум задоволна до сега), но денес прв пат во Бт видов од овие дезодоранси на Dove без алуминиум. Имаа донесено само од класичниот и некој нов мирис, праска и лимон. Го зедов вториот, не сум љубител на класичниот мирис, а и посвежо ми делуваше. Ќе споредам утре со стикот, дали ќе е исто ефикасен, сакам да имам и стик и дезодоранс опција. Спојлер За тие од Бт, во Веро се на акција- 189 ден, на друго место ги немам сретнато.
Нивеа користам, fresh natural и fresh comfort. Задоволна сум и од двата. Потење не спречува целосно, меѓутоа миризба не приметувам, напротив и по неколку саати си се осеќа нивниот свеж мирис. Јас и онака не се потам нешто премногу, ама да, дефинитивно би ги купила пак и двата.
Јас сум задоволна. Го зедов класичниот, за промена од Аромако. Ми се допаѓа класичниот мирис на Дав, со краставица не ми се допаѓа иако свежо мириса, има некоја нотка што ми пречи. Инаку, не спречува потење, ама мирис на пот нема, само дезодорансот си мириса. Мирисот му трае многу долго, маичката што ја носев кога го користев мирисаше на него и после неколку часа од соблекувањето. Решив да сменам, оти повеќе не дојам, ама искрено, повеќе сакам дезодоранси што немаат јак мирис за да не ми се меша со мирисот на парфемот кој го користам. Кога ќе го потрошам, не знам дали би купила пак.
Јас имам пробано спреј на Алверде, дезодоранс Нивеа, Балеа и овие новите на Дав. Алверде ми беше супер, го намалуваше потењето, немаше баш никаква миризба некое време после нанесувањето и најдолго ми издржуваше. За жал содржи алкохол, и не е за осетлива кожа како мојата. Ми правеше по некое мозолче, понекогаш ми го поцрвенуваше местото и сл. Нивеа и Балеа ми правеа непријатна миризба за жал. Дав, го пробав со краставица тој, убаво ми мириса, но не го намалува потењето воопшто, непријатна миризба среќа нема, и не ми држи долго. Но ете ставам почесто, кога ќе забележам дека почнувам да се потам, па функционира во ред. За летово планирам Дав да користам, ми се виде како најдобра опција од горенаведените.
Ijas go koristam na DAV antiperspirantot sto e so violovetovo kapace nez tocno od sto e no traen e I ne potimnogu
Во ДМ бо Градски зид има и од краставица, преубав е ,јас го купив,не го спречува потењето ама свежиот мирис издрж ува цел ден.Сакам да најдам од грејпфрут дали некој го видел некаде во ДМ.
Да кажам и јас за дезодорансов, го зедов оној оригинал мирис, подобар е за разлика од останатите без алуминиум што сум ги користела, но по некое време попушта, особено ако си поактивна физички, почнува некоја непријатна миризба помешана со пот и дезодоранс не многу јака, ама сепак јас си ја осекам и ми сметамаж ми не ми кажа ништо значи не му смрдам
Истото и мене ми се случи со овој дезодоранс, што не беше случај со истиот кој што е со алуминиум. Сега за сега сум пробала и на Балеа без алуминиум, Нивеа исто, овој од Дав, меѓутоа со ниеден немав позитивно искуство во летен период. Можеби тоа се должи на тоа што ми е навикната кожата, па треба време да се исчисти телото од алуминиумовите соли, можеби на поладно време ќе се решам пак да пробам. Сега користам со алуминиум стик на Дав, некако стиковите ми се покажаа како поефикасни. Сакав да ја прашам @kristina.k од каде го набавува стикот на форевер, не можев да се сетам дека сум го видела некаде, јас сум од Скопје.
Јас го пробав на себамед ролонот ама не сум задоволна, нежен мирис ама воопшто не е ефикасен, барем кај мене. Како да немам ставено дезодоранс. Баш штета, дезодорансов нема ниту алуминиум ниту алкохол во составот. После го пробав на рексона pure fresh, ама тој корне на алкохол, не му го поднесувам мирисот и заврши дирекно во канта. Сега моментално го користам Дав, ама и тој не ми е баш нај нај. Најзадоволна до сега сум од Еуцерин. Имам намера да порбам некој на Алверде или евентуално Лавера. Читајќи ве вас. веројатно Лавера ќе биде .
Лавера ги имам пробано, мене ми беше ужасен ролонот. Мирис убав, хербален, ама заштита никаква. Не се евтини, преку 500 ден беше ролонот сигурно. Алверде после прво нанесување во канта заврши одма, почнуваше да корне на нешто одвратно после некое време. Аромако од Лаш ми се допаѓа, солидна заштита нуди и иако е поскап, долго ми траеше. Сега Дав од новите без алуминиум користам и сум презадоволна. Мада класичниот не ми се допаѓа, прејако ми мириса, а тој со краставица ми е полн погодок, свеж и дискретен. Досега најдобра заштита ми дал овој, не планирам за брзо да го менувам, иако преферирам стик наместо део спреј, ама ќе замижам Мириса убаво цел ден и иако не спречува потење, воопшто нема непријатен мирис. Мене ми е супер, јас и онака не се потам ич.
@pravnicka_2604 од жена од Битола што работи со forever. На фб барај имаше и од Ск жени што продаваат, ми има излезено повеќе пати ако видам ќе ти пишам во лп. @efrosinija овде го немаше тој со краставица, ама и овој можам да го пофалам за свежиот мирис, цел ден издржа.
Пред сѐ, да кажам дека се потам повеќе но никогаш не ми мирисала потта некако и да немам ставено ништо, само кога имам стрес добивам мирис некаков. До пред некое време постојано користев Рексона и бев многу задоволна, потоа почнав Дав да користам обичниот и исто сум задоволна. Веќе неколку денови го користам овој новиот Дав без алуминиум и можам да кажам дека 85% сум задоволна. Да нагласам дека имам сега стресен период и повремено може да се почувствува малку мирис заедно со тој од Дав(краставичка) но не е ништо страшно, задоволна сум и свежо ми мириса многу. Денес имам ставено од кај 11, еве уште се осеќа по малку мирисот. Ќе го тестирам уште, па ако ми се промени мислењето ќе напишам тука .
Да како што веќе @Sexybaby86 одговорила има. Јас знам дека ги има во 2-3 линии. За цената не сум сигурна ама некако многу ми се гледа 500, од причина што по странство низ дрогериите ги имам видено по 4 евра беа. Па мислев тука дека се од прилика 300.
Мене ме интересира само дали се целосно безбедни овие дезодоранси, да не имаат друга штетна состојка на сметка на тоа што немаат алуминиум. Не се разбирам од составот. @Annath и @Mishela мислам вас ве читав дека го користите подолго, што мислите за составот?