Деизам

Дискусија во 'Религија' започната од Amellie13, 21 декември 2017.

  1. Amellie13

    Amellie13 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    2.025
    Допаѓања:
    34.643
    Пол:
    Женски
    Деизам е религиозно-филозофско сфаќање кое поставува дека Бог не се вмешува директно со светот, односно дека тој е безличен творец на светот и нема никакво влијание врз неговиот натамошен тек. Тој е натприродна сила што не потекнува од Библијата, Куранот или други верски книги. Деизмот тврди дека причината и набљудувањето на природниот свет се доволни за да се утврди постоењето на единствен творец на универзумот. За деистите, луѓето можат да го спознаат Бог само преку разумот и набљудувањето на природата, но не преку натприродните манифестации како што се чудата, феномени што деистите ги разгледуваат со претпазливост ако не со скептицизам. Деизмот е поврзан со натурализмот бидејќи го кредитира формирањето на животот и универзумот до повисока моќ, користејќи само природни процеси. Деизмот исто така може да вклучи и духовен елемент, вклучувајќи ги искуствата на Бога и природата.

    Случајно налетав на ова на интернет и ме заинтересира. Не најдов ваква тема па се надевам дека е соодветна за тука. Што мислите вие за деизмот, дали сте слушнале некогаш за него? Мене искрено ми звучи пологично од останатите религиозни погледи, бидејќи отсекогаш некако верував дека Бог не е ништо друго освен некоја натприродна сила (а не некој чичко на небото) што создала буквално се во универзумот и природата, и нема влијание на настаните што течат понатаму.
     
    На Bender Rodriguez, theowndemon, Someonespecial и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    15.031
    Пол:
    Женски
    Натуралистичка или рационална физлозофија е ова. Деизмот, постулира едно целосно одвујување на Бога и светот. Неговата интервенција, би значела грешка во создавањето, а тоа не оди во прилог, оти се смета дека тој е совршен. Освен тоа, интервенцијата, би била спротивна на слободната волја на човекот. За деистите, нема настани кои се предизвикани од Бог, а се во спротивност со законите на природата. Тие го поврзуваат божеството со потеклото на универзумот. Деизмот не го оспорува постоењето на Бог, ами го смета за творец на универзумот. И толку. Нема тука жив Бог како кај теистите.

    И ова мене можеби ми е и пологично, за разлика од другите верувања за причинско последична врска, односно Божји чуда, Откровенија итд. Меѓутоа сум атеист.

    И ако се прашувам јас, ниту еден човек не се раѓа со идејата за Бог, односно нема вродена идеја за апсолутно ништо. Емпиризам. Бидејќи се се стекнува со искуството. Идејата за Бог, доаѓа подоцна.

    Што знам, некогаш ми се чини дека религијата е создадена за да се контролира народ. Многу ми е интересен и феноменот на вербата. Сите религии тврдат дека бог постои, а никој не го видел.
     
    На *Amethyst*, Lella, Anabelle.Amorette и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    939
    Допаѓања:
    3.485
    Пол:
    Машки
    Масоните се деисти, сметаат дека творецот бил нешто како саатчија, го направил и навил часовникот и си заминал...clockwork universe :devil:
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  4. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Има логика деизмов. :)
     
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.434
    Допаѓања:
    3.072
    Ќе истакнам две точки цитирајќи дел од наведените ставови на деистите за да го соопштам мислењето во врска со истите и го искажам кое е тоа во кое јас верувам:
    Според објавите токму од божествениот свет кажано е дека Бог не може да се спознае со разумот туку само со лично доживување. Разумот додуша може да биде појдовна точка во ориентирањето низ светов, но Бог преку студирање не се осознава, особено не преку теологија. Бог се спознава со насочување кон внатрешното, во тишина на човечките мисли, желби и представи, и остварувајќи ги божествените законитости содржани на пр. во Десетте заповеди во човековото секојдневие. Природата и животните и нашиот однос кон нив во сето тоа имаат битна улога, бидејќи природата содржи во себе потсетување за Небесното царство. Набљудувањето на природата (ѕвездите, облаците, шумите, животните итн.) насочува кон вишото, но загадувањето на природата, енормните зафати во минералниот свет или водените токови, или на пр. сецирањето животни во научни цели како и нивното убивање поради забава или исхрана се нешта кои оддалечуваат од Бога и божествениот свет и на луѓето долгорочно гледано им носат нови страдања.

    Чуда и натприродни феномени не постојат, но постојат работи кои човекот поради ограничувањето на неговиот разум и ограничените груби материјални сетила не умее да ги протолкува и сфати па понекогаш ги нарекува чуда. Чудата се всушност духовни законитости во дејствие, нешта што природно се случуваат откако ќе се исполнат одредени предуслови.
    Според објавите од божествените светови не е Бог тој кој што (директно) го создал материјалниот универзум, ниту пак си заминал. Тоа сме биле ние кога сме отпаднале од Бога и сме си заминале од Неговото царство - духовниот универзум, при што постпепено настанала материјата а потоа и човечкото тело со сите негови несовршености. Со тоа започнало и страдањето.

    Бог им остава слободна волја на душите и луѓето но исто така им дава можност да се вратат во духовниот универзум (што и е смисла на овоземниот живот) и поради што од дамнешни времиња испраќал битија кои во телесна облека настапувале како пророци т.е. преносители на Неговата порака и упатства до оние кои сакале и сакаат да бидат водени вон страдањата, преку враќање кон изворната татковина.
     
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.057
    Допаѓања:
    160.580
    Пол:
    Женски
    Интересна тема Амели, ми се допаѓа ептен вака кога се отвараат длабоки теми за нетипични работи :)
    За ова знам и сум читала од филозофија. И јас го перципирам како религиозно гледиште на многу порационално ниво од традиционалните widespread религии. Без Адам и Ева приказната и спротивставување на науката, луѓето оставени на својата свест како разумни суштества способни и без стравопочит да се држат до соодветен морален код, без награди, казни, лекции, чуда. Според мене, дури можам да речам дека ваков концепт на верување доста потешко може да се искористи како алатка за контрола на луѓето. Сепак, лично сум скептик воопшто за религијата, сметам дека не е докажано постоењето на било каков облик на натприродна сила.
     
    На *Amethyst*, Asistentkа, Црна Ружа и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    32.745
    Пол:
    Машки
    Деизмот сумиран во една реченица :D:

    [​IMG]
     
    На blueeparadise, *Amethyst*, Asistentkа и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    939
    Допаѓања:
    3.485
    Пол:
    Машки
    Бог не може никако да се спознае, недофатлив е во својата природа и промисла, доколку би бил спознатлив од страна на неговата креација = неговата креација би била на негово рамниште а такви мисли се ерес и веднаш ќе биде обавестена Конгрегацијата за верска доктрина :party: да се интервенира на време, додека Лукавиот не си свил место во нашите души...
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.334
    Допаѓања:
    9.230
    Пол:
    Машки
    Исто така никој не се раѓа атеист и како што велиш нема вродена идеја за апсолутно ништо. И идејата за атеизмот доаѓа подоцна.

    Не може „религијата“ да се адресира во еднинска форма. Тоа не е еднина. Не може да биде „таа“, туку се „тие“. Религијата е множина на прилично неспоиви и противречни верувања, филозофии и идеологии, при што тешко е да се постави дури и граница до каде е религија, а камо ли пак сите верувања и религии да се стават во ист кош и да се рече: На 5ти Септември 2235 година п.н.е. беше создадена религијата со цел да се контролира тој и тој народ :) Се надевам ми ја сфаќаш поентата.
    Така што имајќи го ова предвид, мора поединечно да се адресира секоја религија, вера, убедување од каде почнало, кога почнало, зошто почнало итн. Некои религии се настанати за контрола на народот, некои не се, ама биле користени или се користат за контрола на народ или за злоупотреба на човековото суеверие итн.
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    2.690
    Пол:
    Женски
    Одсекогаш ми беше одбивна филозофијата незнам зошто... :|Искрено не ја сакав,филозофија ми беше тапа предмет на училиште :x Нелогична ми е, како фантазија и неможе никој да се прави дека е над Бог,прв факт зошто не ја сакав! Сите сме грешници на овој свет.
    Према мене нема ништо логично во неа,башка неможам и несакам да верувам во нешто што е надвор од црквата и мојата вера така да си читам православна библија и само за тоа би одвоила време да прочитам а за друго како од типот филозофија воопшто не би сакала да губам време.
    И за чудо само што посакав библијата да ја имам во враце ( а немав од каде да ја набавам ја барав тука во црквата но немаше) ја добив како поклон + молитвеник,за миг се најде пријател (баш од тука на Фемина :)) и ми ги испрати по карго што не ми се веруваше :o Бог веднаш ми ја исполни желбата :l: Значи треба само да посакаш искрено,да имаш желба да веруваш во него а тој подава рака веднаш :l:
    А безбожни книги несакам.Како и да е,секој со своето мислење но лично јас не обожавам такви науки како филозофијата :^)
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    15.031
    Пол:
    Женски
    Нема вродена идеја за апсолутно ништо и мислам дека се подразбира се понатаму во однос на ова. Бог како идеја понатаму, не го споменав ниту во контекст на теизам, ниту во контекст на атеизам. А уште помалку пак го дефинирав како нешто друго. Ами чисто како идеја, како и се останато впрочем. А таквата, би можела да се објасни под мноштво дефиниции, теизам, деизам, атеизам, агностицизам итд. Јас ја сакам емпиристичката филозофија и Џон Лок. Зборував од од тој аспект. Верувам дека разбираш. Табула раса е секоја индивидуа, се додека на истава, не издомоинира искуството. Ова е аргумент, против доктрината на вродени идеи, односно, таквите според кои постојат вродени принципи и концепти.

    Да, разбирам што сакаш да кажеш. Моја грешка што наместо религии, напишав религија. Но секако дека ја споменав како колективен термин, за различни филозофии.

    Религиите даваат различни одговори. И тие го објаснуваат значењето на животот. Секоја на свој начин. Следбениците на некои деноминации веруваат во еден творец. Други пак, обожаваат неколку богови. Трети, го објаснуваат потеклото на светот, животот и смртта на сосема поинаков начин од нам познатиот. Секоја религија има своја историја, свои дела, празници. Секојдневните правила во однос на животот и вербата, се разликуваат едни од други. Религиите можат да влијаат на нормативните вредности, човековото однесување, постапките, мислите и чувствата, и да исполнат голем број на економски, политички и психолошки функции во овој контекст. Овие пак, опфаќајќи ги квалитетите на религијата го носат ризикот од формирање верски идеологии.

    Некои религии пак се базирани на филозофски системи во најширока смисла. Други се повеќе политички, а делумно теократски. Трети, во најголем дел, се засновани на духовни аспекти. Но, преклопувања може да се најдат во скоро сите религии, а особено во нивниот прием и практика од страна на поединецот. Многу религии се организирани како институции. Во многу случаи, зборуваме за верска заедница. Концептите на религијата фундаментално се доведуваат во прашање преку облици на критикување на религијата.

    П.С. Мислев дека си цитирал нешто од делот кој е во врска со деизмот, а ти од цело мислење ја одбра еднинската форма и вродената идеја, со насочување кон атеизмот. :D

    Филозофијата е обид да се разбере, интерпретира светот и човечкото постоење.

    Интересен е начинот по кој е разликува од другите дисциплини по тоа што често не се ограничува на одредено поле или методологија, но се карактеризира со природата на нејзините прашања и нејзиниот посебен приод кон нејзините повеќе предметни области. Во текот на вековите, различните методи и дисциплини на светското истражување и наука се диференцирани директно или индиректно од филозофијата, понекогаш и во контраст со ирационални или верски погледи или митови. Основните области на филозофијата се логика, како наука за логичко размислување, етика како наука за правилна акција и метафизика како наука за првите причини за постоење и реалност. Дополнителни основни дисциплини се теоријата на знаењето и науката, кои се занимаваат со можностите за стекнување знаење воопшто или особено со познавање на различните индивидуални науки.

    -----

    Он топик. Поддржувачите на деизмот, тргнуваат од претпоставката дека Бог го креирал светот, како совршен часовничар. Заедничка за нив е критиката на апсолутизација на Библијата. Деизмот е проток на слободно размислување, во рамките на разумот. Религијата за откровение, според нив, е само измама. Секоја антропоморфна идеја за Бог е отфрлена. Религијата треба да се заснова на чисто морални принципи и на толерантен став кон оние кои не размислуваат еднакво во склоп на ова. Чудата и пророштвата, како што се опишани во Библијата, не постојат.

    Деизмот, во некои земји е верска референца во масонеријата. Истиов, потекнува од просветителството.
     
    На Црна Ружа, +++, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    939
    Допаѓања:
    3.485
    Пол:
    Машки
    Деизмот потекнува од Исак Њутн, тоа биле времињата на механичкиот универзум, проекција на перцепцијата врз наводниот Творец, подоцна на тоа се надоврзале машините, тек Ајнштајн и Макс Планк ја расипале забавата и затоа немаме денес стимпанк свет :D
    Субрамањан Чандрасекар е најзначајниот научник кој никој не го знае, на 19 годинки направил математички модел од каде што следеле Црните дупки и многу други ствари, не бил земен за сериозно пошто некаков парталав индиец, расизам ова она, освен од едно здружение на лица во Германија во 1930-те кои на основа на неговите модели си правеле нова религија, Ди Шварце Зоне :worried:

    Едгар Алан По имал генерална слика во главата околу природата на универзумот пред останатите, прв го опишал биг бенгот и мултиверзумот го имал во глава пред да биде кул, немал врска со наука но имал некаков чуден интуитивен ум :party:
     
    На Ex Luna Scientia, Lella, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    15.031
    Пол:
    Женски
    Исак Њутн, ја објаснува природата преку интервенција на Бога, преку духовни сили. Меѓутоа, Њутн го сметал Бог за лош часовничар кој не ја усовршил својата работа. Аргументот на стариот часовничар, кој во создавањето конструирал израз на божественото планирање, е лош, оти Бог на почетокот му дал на светот само план. Секоја последователна интервенција од негова страна се толкува како недостаток на оригинално креирање. Претставниците на ваквиот филозофски поглед, вклучувајќи го и Русо, ја поставуваат основата на сензационализмот на Лок, (мојот омилен) а истово, поврзано со погледите на Њутн.

    Патем, кој е овој Субрамањан Чандрасекар? Гуглав, ама не успеав да најдам ништо. Ди Шварце Зоне. :devil: :rofl:
     
    На Црна Ружа и Someonespecial им се допаѓа ова.
  14. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    939
    Допаѓања:
    3.485
    Пол:
    Машки
    Точно, затоа масоните се сметаат за механичари на светот и на самите себеси, усовршување и тие ствари, си наоѓаат место под сонцето (иако не она црното 8) )

    https://en.wikipedia.org/wiki/Subrahmanyan_Chandrasekhar

    Подоцна била исправена неправдата и Чандрасекар (тоа се тие име и презиме :D ) сепак добил Нобелова, иако со задоцнување од неколку децении.:x

    Пред две-три години беше забележан симболот на Црното Сонце на униформите на некакви си паравоени единици во Украина, веројатно од крајно десна опција, кои се бореле против руските сецесионисти, Црното сонце повторно сјае :devil:

    [​IMG]
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.