Какво деколте повеќе преферирате, отворено, затворено, полуотворено ? Ако не носите, образложете зошто не ? Јас носам зависи од пригодата, за вечерно излегување знам да облечам нешто потворено, а за на факултет не би се осмелила. Еве неколку што мене ми се допаѓаат:
Многу ми е чудно кога ќе облечам фустан или блуза со деколте. Нонстоп го дигам фустанот или блузата. Никако не можам да се осудам да облечам нешто малце поразголено, а сите ми велат дека треба да се дотерувам малце повише за моите години. Нонстоп си мислам дека сите би зјапале во мене, можда и затоа што сум преокупирана со нивната големина т.е имам втерано во главата дека ми се огромни другарките, а не се. Еве што никогаш не би облекла. Нема да ми личи и + би си умрела од срам, а не е дека сум нешто конзервативно настроена. Секоја чест на тие што успеваат, јас неможам, паметот ќе ми биде во нив. Одовде би можела првите четири некаде.