1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Декупаж техника

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Gea, 6 август 2015.

  1. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Decoupage техниката народски е попозната како салфетна техника. Се применува на разни површини и предмети од најразличен материјал како што е дрво, метал, стакло, порцелан, керамика и сл., а во последно време хит е и украсување на велигденските јајца со ваков тип на техника.
    Темава ја отварам за сите заинтересирани креативци, за оние кои би сакале да се занимаваат со декупаж или сакаат да дознаат нешто повеќе за ваквиот начин на украсување предмети, како и за сите кои веќе ја работат оваа техника, да разменуваме идеи и искуства. Тука може да се разменуваат и информации за репроматеријалите што се користат за оваа техника, нивна набавка, како и соодветна замена за истите.
    Само ќе ве замолам темата да не ја преоптеретуваме со фотографии од интернет, значи, ако вметнувате слики, пожелно е да бидат фотографии од ваши лични изработки.
    Епа креативци, повелете! :)
     
    На Craft-Art, Dgirlll, eliesaab и 17 други им се допаѓа ова.
  2. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    Ова се моите велигденски јајца, од оваа година. Имав по некое црвено, но повеќето ми беа правени со декупаж, втора година по ред, бидеќи ми е многу симпатично како изгледаат.

    Салфетките ги купив од DM маркет, додуша имав и од ланската година. Како што веќе кажав во другата тема, јас прво ги сечев салфетките со ножички, по крајот од мотивите, потоа го одделив горниот принтан слој и лепев со разматена белка (нели, за да биде природно и да може да се јадат јајцата). Лепењето е успешно само ако јајцата се врели. Се лепи на тој начин што со четка од средината на парчето салфетка се оди кон краевите и пожелно е четката да не е со премногу тврди влакна, но и да не е премека. Се трудев салфетките што ги бирав да бидат на бела позадина и јајцата да бидат бели. За да не ставам поединечни слики (интернетов ми е за греота), ставам колаж. Би сакала со оваа техника да направам и нешто друго. :)

    [​IMG]

    Не се совршени, како што може да се види, се забележуваат вака од близу набори, но поради шарите не се премногу нападни.
     
    Последна измена: 6 август 2015
    На Anacid, Bozica1980, Eli23 и 26 други им се допаѓа ова.
  3. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    На eliesaab и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.243
    Ставајте слики кој што има направено...
    Многу сакам кога од ништо -нешто ќе се направи
     
    На Eli23, eliesaab, Esmeralda-MD и 5 други им се допаѓа ова.
  5. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
    А што ќе правиме со другите техники, овде ќе ги „протнеме“ и нив, или ќе отвараме други теми, ако има заинтересирани? Ако не насловот да се смени во Декупаж и други техники, бидејќи и скрапбукингот е различна техника!

    Инаку јас правам декупаж на стакло и керамика. Имам лепак за декупаж кој е наменет за керамика, но не сум имала проблем и со работа на стакло. Мотивот го сечам од салфетката, најчесто со тенок фломастер го исцртувам на површината на која сакам, потоа со четка го нанесувам лепакот во рамките на исцртаното. Го лепам внимателно орнаментот, колку помалку може да се изгужва, зошто површините се најчесто закривени. Потоа со четката внимателно го израмнувам, внимавајќи да не ми се скине. Се остава неколку часа да се исуши, а потоа се пече во рерна. Сега не се сеќавам дали беше на 130 или на 160 степени, ама тоа го пишува на самиот лепак (лак). Се пече околу 90 минути. Потоа го оставам убаво да се излади и на крај го доукрасувам со контури за стакло.
     

    Прикачени фајлови:

    • P1070806.JPG
      P1070806.JPG
      Големина на фајлот:
      63,4 KB
      Прегледи:
      131
    • P1070808.JPG
      P1070808.JPG
      Големина на фајлот:
      202 KB
      Прегледи:
      126
    На IronLady, eliesaab, Esmeralda-MD и 11 други им се допаѓа ова.
  6. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
    За еден Велигден правев декупаж ама со суво цвеќе на јајца од стиропор. За да не си го трошам лакот работев со дрвофикс. Јајцата најпрвин ги избоив со акрилни бои, потоа дојде цвеќето и на крај ќерката ги доукраси со бубамари, пеперутки и сл.
     

    Прикачени фајлови:

    На vitamina, eliesaab, Esmeralda-MD и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Па може да се нарече темава 'Декупаж и други техники'...just sayin' 8-|
     
  8. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Јас сепак сум за варијанта да си остане темава само за декупаж, затоа што тука ќе има потреба да се објаснуваат и постапки, бидејќи декупажот нее само сечење салфетка и залепи. Има техника за распукување, има техника за давање ретро изглед на површината и сл, различно се прави на метал на пример.Кога би ставале во иста тема и скрапбук или некои други техники, некој ќе треба страници да превртува за да најде конкретно за што е заинтересиран.А форумов можеме да го збогатиме и со други теми, не пречи.
     
    На eliesaab, B.Bulka, Esmeralda-MD и 10 други им се допаѓа ова.
  9. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
    Се сложувам, нека биде така. Јас сум „раштркана“ на повеќе полиња, немам ни временска ни финансиска можност ептен длабоко да навлезам, ама колку можам, си правам мерак!
     
    На eliesaab, Mrs.Bass, Lady Phoenix и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Еве како за почеток, да се запознаеме со поимот „оризова хартија“. И покрај тоа што техникава декупаж е позната како салфетна техника, салфетката се користи како поефтина варијанта од оризовата хартија, која реално, на нашиот пазар тешко се наоѓа. Оризовата хартија содржи повеќе принтови (детали) од салфетката, но малку е потешка за работа. Нејзината структура е подебела за разлика од салфетката и кога се става на било каква површина, лепилото за декупаж првин се нанесува на површината, потоа се става принтот и врз него повторно се премачкува лепакот за декупаж (или замена дрвофикс), од средината кон краевите на принтот.Ова правило посебно се практикува, ако површината врз која се лепи принтот не е во бела боја. Уште едно правило за успешен декупаж е принтовите наместо да се сечат, да се цепкаат.На тој начин влакненцата од хартијата, поубаво впиваат во дрвото и даваат поубав ефект.Откако убаво површината ќе се исуши, се нанесува безбоен лак врз целиот предмет.
    Еве интересна идеја за тие кои сакаат да ја пробаат декупаж техниката. Обична дрвена гајба, ја исфарбав со бел поликолор, направив декупаж со оризова хартија, дадов ретро ефект и излакирав. Погодна е за повеќе намени по ваш избор.

    11200795_1606017316305186_1532940894950163260_n.jpg
     
    На ванилала, vitamina, Lux и 25 други им се допаѓа ова.
  11. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Леле Геа се е преубаво е, посебно ме бендисаа кутиите - совршени се..
    Јас заглавив со дрвената кутија, пробав да ја ишмирглам ама не бива дали хартијата е премногу мека или нешто друго е проблемот незнам.
    Мислев да ја правам со декупаж техника
    Прво да ја идфарбам со поликолор па откако ќе се исуши да ја лепам со салфетки
    Ќе пробам да купам по груба хартија па да ја ишмирглам со неа.
     
    На eliesaab, Abrakadabra, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.937
    Пол:
    Женски
    https://m.facebook.com/profile.php?id=794979480588021

    Случајно налетав на оваа страна на фб, не знам како идат порачките, ама може да ви се најде. Којзнае може и јас ќе пробам да направам нешто:)
     
    На eliesaab, Abrakadabra и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  13. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Велигденски јајца од оваа година,правени се со салфетки и премачкувани со белка од јајце со четка за колачи. Имав и јајца од стиропор ама никако неможам слика да им најдам.
    Другиве се украси за на ѕид и часовник,направен меѓу првите. Исто како и јајцата користев салфетки и одозгора дрвофикс.
    Тетка ми ме научи на техникава па кога сум кај неа заедно изработуваме по нешто,еве по некое сликче:)
     

    Прикачени фајлови:

    На vitamina, Lux, eliesaab и 12 други им се допаѓа ова.
  14. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    @Umbrella22 претпоставувам дека кутијата е претходно лакирана, па затоа сакаш да ја исшмирглаш.Само внимавај, значи хартијата за шмирглање да не е груба, затоа што ќе ти ја оштети површината на кутијата.А шмирглањето е здодевна работа. Дури декупаж можеш да направиш и врз кутија од потврд картон, како што се оние округлите од филџани, еве на пример ваква или во друга форма originalslika_Komplet-dve-solje-za-kafu-u-ukrasnoj-kutiji-NOVO--83182737.jpg
    Постапката е иста како и со дрвената кутија, единствено бојата која ја нанесуваш, треба да е поконцентрирана, да не е многу на водена база. Да не постирам исти слики, ако си ја забележала округлата кутија од темата „Направи сам“ е всушност картон-кутија од филџани :)
     
    На Abrakadabra, V.odolija, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  15. mirandaa

    mirandaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    24.750
    Пол:
    Женски
    Ми се допаѓа оваа техника многу. Имам до сега изработено неколку дрвени кутии. Обично ги бојам во некоја нијанса на боја во каква планирам и дезените да ги направам. Претежно некој цветни дезени, со цветни салфетки. Тие ми се омилени и многу убаво изгледаат како за украс, но и за складирање на козметика, накит и сл.
    Би сакала да пробам и со послужавник, држач за салфетки и уште други работи кои би можеле.
    Еве една моја изработка.
    Screenshot_2015-08-08-00-45-12_1.jpg
     
    На 1209, vitamina, Lux и 23 други им се допаѓа ова.
  16. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.169
    Допаѓања:
    20.820
    Омилена ми е :) Ја користам за Велигден, ги украсувам велигденските јајца користејќи ја оваа техника.Еве една слика иако во соодветната тема имам ставено уште од Велигден :)
    11137167_10206650622613413_912653070816038649_n.jpg 22318_10206650623253429_3407499577707852896_n.jpg
     
    На Eli23, vitamina, eliesaab и 10 други им се допаѓа ова.
  17. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    @mirandaa, одлична изработка и колку што успеав да забележам, на предниот дел од кутијата имаш направено релјеф, па еве нека биде тоа втората лекција од декупаж техниката во оваа тема.
    Постојат специјални релјефни и контур пасти за изработка на релјефот на површината на предметот, кој од една страна на истиот му дава и рустичен ефект, но нели секогаш за нештата постои замена, односно поефтина варијанта.:) Структурната паста може да се замени со обична глет маса растворена со вода, која се нанесува со помош на мала шпакла, на веќе однапред изберен шаблон. spin_prod_627487701.jpg
    Шаблоните можете да ги изработите и вие самите.Мотивите можете да ги извадите од интернет (каде што има доста голем избор) и да ги пренесете на картон или пак подебела пластична фолија, а потоа со склапел да ги извадите внатрешните делови што треба да отпаднат.
    Следниот чекор е, на веќе подготвена подлога за декупаж, се става шаблонот и врз него, со помош на шпакла се нанесува глет масата во подебел слој. Откако сите шуплини од шаблонот ќе бидат убаво пополенти, истиот го тргаме од површината, а пресликaниот релјеф го оставаме да се суши. Штом релјефот ќе биде убаво исушен, може истиот да се исфарба во друга боја или да му се даде антик-ефект, за кој ќе зборуваме подоцна во темава. Доколку сте го следеле упатството, вака отприлика би требало да изгледа очекуваниот ефект 2015-07-22 19.11.36.jpg
     
    Последна измена: 8 август 2015
    На vitamina, Eli23, Dgirlll и 16 други им се допаѓа ова.
  18. supergirlsk

    supergirlsk Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    8
    Во последно време многу ми е интересна декупаж техниката, но не знам од каде да набавам дрвени кутии.
    Може ли да ми кажете каде се продаваат и која цена се?
    Ми треба вака нешто: [​IMG]
     
    На Tinushka и Mrs.Bass им се допаѓа ова.
  19. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    @supergirlsk , не знам кој во Македонија продава дрвенарија за декупаж, меѓутоа, еве ти линк од соседството :) http://modellina.rs/
    Пред некој ден зборувавме за правење декупаж на пластика, па денеска би сакала, малку повеќе на таа тема. Првин, од лично искуство, не е препорачливо да се прави декупаж на обична пластична флаша, бидејќи од една страна тоа е губење безпотребно нерви, труд и мака, а не се постигнува скоро никаков ефект. Значи, препорачливо е да се работи на потврда пластика, па еве чисто како идеја, нека денешниот предмет биде пластична саксија.
    Површината на саксијата е доста мазна, такашто истата првин треба да се подготви за декупаж. Се приготвува смеса (грунд), која содржи две состојки, дрвофкс и поликолор, од кои се прави мешавина(во сразмер 1:1, значи една лажица дрвофикс и една лажица поликолор, сега давам груба пресметка, вие сами ќе одредите според големината на предметот колку количински грунд ќе ви треба) и се меша, се додека не се добие еднолична смеса. Со грундот потоа се премачкува саксијата и се остава убаво да се исуши. Откако подлогата ќе биде целосно сува, следува основната постапка за декупаж, со принт од салфетка или оризова хартија и на крај се премачкува со безбоен лак.Voila! 100_2905.JPG
     
    На 1209, vitamina, CameliaMiller и 16 други им се допаѓа ова.
  20. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    @Gea, а колку време издржува ова декупажов на еве, да речеме саксијата ? Се вади ли со време, бледее или не ?
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.