Најпрво, ако темава не поттикнува дискусија канта и клуч, не се лутам, нема да ми биде прва. Здраво, феминки! Се одлучив да отворам тема за слики од вашиот дом. Ме интересира како ги декорирате и како ги уредувате. Еве го мојот: Тоа ми е омилен дел за седење. Ми ги трга мислите и гледам надвор. Па, што велите? П.С. Семејството ми е заинтересирано во уметност и затоа имаме толку многу слики, тоа мене ми се допаѓа. Спојлер Можете да критикувате ако сакате.
^ Местенцево што си го сликала е ептен добро! Дефинитивно можам да кажам одлично искористен простор. Иако малецок, не останал празен. Погледот на сликава изгледа неверојатно добро, претпоставувам во живо е уште подобар. Ми се свиѓа темава, дефинитивно може да се видат и споделат убаво уредени простори, наши лични и да послужат за инспирација
Papillion местенцево премногу ми се свиѓа,си седиш и си гледаш надвор,погледот сигурно е прекрасен , јас ќе сликнам некоја просторија но понатаму
Бога ми да. Го гледам Рамстор, топлификацијата, долу има паркче и така. Кога дојде другарка ми на гости се зафркававме т.е гледавме убај момци. Кога ќе ги префрлам сликите на компјутер ќе ви ја покажам детската соба. Таа ми е со поглед кон Водно. Исто така од таму ми доаѓа планински воздух.
Има некој друг храбар да сподели слика од домче? Јас би сакала, ама па немам нешто спектакуларно дома хахаха.. Еве го мојот поглед од прозор, иако сликава е од кров сликана, ама кон ова си гледам
Прекрасно место! И јас би сликала али не можам сега.. Мојата децка е на третиот спрат и има прекрасен поглед.
Папилон, се гледа дека уметници живеат во станов, не само поради сликите. Колку е некако убаво и идилично, а во исто време и практично и економично искористен простор. Масата крај прозорецот, право катче за мечтаење и фантазирање.
Во соодветните теми ги имам постирано бебешката соба http://forum.femina.mk/threads/Бебешка-соба.14619/page-6 и спалната соба http://forum.femina.mk/threads/Стручни-совети-од-архитектки.15564/page-22 Трпезариската и масата во кујна сум ги сликнала веќе во за во фемина инстаграм Најомилен ми е инаку делот каде лустерот виси на среде трпезариската маса