Sakam da go zbogatam garderoberot so delovna obleka (palto, pantaloni, kosuli) po poniski ceni megutoa ne mi odgovaraat visoki ceni kako 2500 den i nagore za palto, okolu 1200 do 1800 najvekje. Dokolku znae nekoj neka pise )
Што претставува за вас деловна гардероба? Како се облекувате за вашите деловни состаноци, на интервјуа за работа, на вашето работно место? Имате ли бизнис дрес код, можеби деловна униформа? Носите ли костуми? Колку ваква гардероба поседувате? Може да поставуваме и слики. Јас до сега не сум работела на место каде што треба да се носи строго деловна гардероба, на првото работно место имавме униформи меѓутоа не беа нешто деловни... Костумите се дел од таа деловна гардероба и мене многу ми се допаѓаат. Ептен го сакам тој деловен изглед и би сакала да го носам. Акцентот треба да се стави на црната боја според мене, тоа да биде разбиено со бела кошула би било најдобро. Сакото ми е нешто задолжително, а останати бои кои би ги носела во овој изглед се сивата, тегет, крем, кафена и можеби маслинесто зелена. Чевли на умерено висока потпетица, без платформи и секогаш со затворени прсти. Прстите во никој случај несмеат да се гледаат. Ми се допаѓаат многу и овие офис панталони: Еве некои слики од костуми: Последново е совршено! Од деловна гардероба немам многу, но би сакала да го наполнам плакарот! Поседувам два пара офис панталони до глужд крем и црни, многу сакам од овие ѕвонестите. Кошули имам еден куп, се во неутрални бои кои многу лесно може да се вметнат со панталоните + црно сако и да се добие супер деловен излгед кој може да е совршен и за на интервју за работа. Сакоа имам неколку, но би го носела само црното за деловен изглед, сигурно не ми се појавила со сако во треваа зелена боја или пак во џиш црвено. Црното си го чувам за такви прилики, а во најскоро време би се снабдила со бело и крем. Од чевли поседувам неколку пара кои би се вклопиле во овој изглед и нормално сите се црни и два пара крем. Може да предложите други комбинации или да опишете како вие се облекувате за деловен изглед. Секако може да вклучиме и какви парчиња на накит е дозволено да се носат со овој изглед. Мислам дека часовникот е must have. Редактирам уште еднаш, може да напишеме и за шминката и косата како да бидат средени.
Мислам дека имаше слична тема- облека за на работа, ама овде како што гледам се мисли само за канцелариска работа. Мене ми се допаѓа тој стил, класичен и елегантен, и не мислам дека е толку ограничен и строг како што се повеќето слики кои ги поставила Мимс. Сметам дека со убав и дискретен накит, марама или некој сличен додаток може да се даде посебен печат на комбинацијата. И јас ги обожавам овој модел панталони што го постирала Мимс, ама сметам дека не ми стојат, повеќе им одговараат на девојки кои немаат облини. Неодамна налетав на преубав модел во Певекс, се залетав да ги пробам, ама одвај ги закопчав, и пак се сетив дека не се за мене, џабе се залажувам. Како пример на облека што ми се допаѓа ќе ставам дел од онаа што ја носеше Лили од Госип Грл. Серијата не ми се допадна, ама тоа не беше случај со комбинациите на Лили. Штета што не можам да најдам добри слики. Кој ја гледал серијата знае какви се стајлинзи имаше, ова е само еден минијатурен дел од нив. Исто ми се допаѓаат костумите со Шанел крој. Тој модел мислам дека никогаш нема да излезе од мода, безвременски се. Еве уште нешто што ми се допаѓа
Сметам дека за во канцеларија,интервју за работа,деловни состаноци и тоа како треба да се почитува дрес код.Се да изгледа убаво,средено,сериозно,доследно и стилски. Ми се допаѓа премногу,изгледа толку класично и елегантно и секогаш може да се рабива со убаво парче накит,умерено шарена свилена кошула или пак свилена марама. Сакам да работам на место каде што е задолжителен ваков дрес код,со мојата струка така и би требало да биде,се надевам дека ќе ми се исполни желбата. Совршени вакви комбинации има во серијата Скандал,еве неколку од многуте кои ми се допаѓаат
Неуспешен би бил секој обид да изгледам сериозно и софитицирано во ваква гардероба. Дури и парчињата да се со соодветен крој и дизајн, физиономијата и говорот на телото би ми импровизирале сами на свој изопачен начин порно ситуација. Е па јас сум таква, не знам како да речам. Од деловна облека одма на памет ми паднаа очила и подвезици, бела кошула и црна пенсил скрт, црвен кармин и смоуки ајс, уреден маникир исто црвен или француски и високи потпетици. Инаку се облекувам вака, кога бара приликата, за состанок. Или кога бара денот, некогаш имам желба така да се облечам.
Кај нас во фирма постои строг деловен дрес код кој мора да се почитува. Значи, се знае што се подразбира под тоа - класични панталони или сукња, сако и кошула. Поради тоа, од тоа и се состои мојата облека за на работа. Најчести бои кои ги носам се црна (оф корс ), бела, сива, крем/песок боја. Некогаш внесувам и некоја посмела боја како сенф боја, бордо, темно виолетова и сл, но гледам тоа секогаш да биде едно парче кое не боде очи премногу, најчесто кошула или сукња, или пак некоја интересна марама. Исто така, најчесто гледам облеката што ја носам да нема или никаков принт, или некој минимален и пристоен, како што доликува. Од накит, исто така минимално. Часовник носам секогаш, без исклучок, едноставно не можам без часовник. Прстени не носам за на работа, знам да ставам или обетки или ланче некогаш, ама нешто подискретно, како што реков. Патем, заборавив да кажам во врска со облеката, многу ми се допаѓаат моделите на Бела, прекрасни сакоа, сукњи и кошули имаат, па дури и капути. Баш им се мој стил работите, не се она ептен класика како за повозрасна жена (иако имаат и такви), туку младалачки, со интересни кроеви, закопчување на страна, сукњи на преклоп или со интересни детали... Баш таква е и мојата класична облека, секогаш гледам да има барем некој минимален, интересен детал за да не биде досадна. Е сега, некогаш дури ми е смачено да сум „уфирцана“ и стегната во сукњи и кошули, па како капак на се и во штикли, кои исто така се must за женските вработени. Сите ми велат, еј колку сакам и јас така, да работам негде на такво место што бара официјален дрес код, ама верувајте дека не е така. Интересно е да се дотеруваш, да, ама со тек на време доаѓаат моменти кога ти доаѓа да искинеш се' од себе и да се ослободиш бре Или има моменти кога имам тон работа и цел ден трчам низ сите можни канцеларии по безброј пати буквално, кога не знам кај ми е главата и останувам и преку 10 часа, а носам штикли. Ма најослободувачки момент е кога влегуваш дома и ги соблекуваш. Аууу Единствена светла точка е што имаме casual friday, па колку-толку во петок можеме и малку послободно да се облечеме, но сепак да е smart casual. Дозволени се фармерки (пристојни и еднобојни, никако избелени или не дај Боже искинати) и ниски чевли, а препорачливо е сепак горе да се носи кошула и сако, мада мнозинството од колегите не го почитуваат тоа
Koklu mi se dopaga ovoj takanarecen klasicen stil,oficijalen,eleganten.Poln so prefinetost.Ama mu se divam koga go gledam vrz drugite.Mozebi nekoe parce i koga e vrz mene no mojot stil e sosema poinakov.I pokraj toa sto e poinakov i pokraj toa sto rabotata mi e vo kancelarija no i pomegu klientite gazdata dosega ne pokusal da mi nametne kako da se oblekuvam.Mada drugite i po moja inicijativa nosat uniforma. Se mi se cini i deka del od ona radi koe si ja sakam rabotata e sto imam slooboda vo oblekuvanjeto.
Стилот на облекување е важен како во приватниот живот, така и во професионалниот. Некои парчиња гардероба што се дел од секојдневието, не можеме да си дозволиме да бидат дел од облеката што ќе не изрази на работното место. Пристојноста е примарна, без оглед дали се работи за пропишан код на облекување, а униформираноста е дел од пропишаните правила. Посветеноста на изгледот многу кажува за серизноста и квалитетот на една личност. Стилот на облеката варира од различноста на потребите на компаниите. Некои институции имаат свои правила за т.н.елегантен и класичен начин на облекување кои мора да се почитуваат за да се изрази професионалност во работата. Едноставната фризура, дискретната шминка и минималниот накит создаваат комплетна слика за префинетост и официјалност.
До сега на моите работни позиции деловна гардероба од типот на сликите кои ги објави бабублонд на пример не било замисливо. Употребата нз ѓердан, белегзии, живи бои или облека која доловува сексипил и те како треба да се одбегнува. Марама, нежно ланче или обетки, дискретен часовник е прифатливо. Парчињата облека без џиџи миџи што би рекле туку облека која потсетува на андроген изглед или кодекс на облекување каде е наметната блага униформираност. Ќе ставам неколку сликички кои јас сум ги објавила во модното катче. Инаку сликите кои ги објави мимс се за мене вистинска деловна гардероба, се друго малку тв меркетинг или превише индивидуалитет и креативност која не секогаш и не секаде е соодветна. Во однос на фризура, долга пуштена коса била недозволена на моите работни позиции. Секогаш пунџа или на сличен начин прибрана. Без нападна шминка или јака боја на лак за нокти.
Постирајте нешто за пополнички деловни тетки. Јас пртежно класика купувам во Бела, ем броевите ми оговараат ем не е ептен некоја класика. Инаку имаме дрес код на работа ама ретко се почитува.
И кај мене постои дрес код ама реално не го почитуваат сите. Доаѓаат во миниќи, во маици на бартели, фустани припиени до тело, налани, штикли 12см....Не ги разбирам и не ни сакам да ги разберам. Јас строго почитувам, не само заради раб.позиција и правила, туку и ми се допаѓа. Да не се повторувам како погоре пишанато би додала дека освен панталони, кошула и сако сега во зимно време комбинирам и кошула со некој џемпер или блуза. Мислам дека кај нас ретко и целосно се почитува дрес код односно носење на деловна облека. Тоа значи и секогаш носење на салонка ципела и на +40 и на - 40, а искрено освен министерката за култура кај други немам приметено. Daleron, позз до тебе Спојлер: Деловна
Ајаааааааааа абе не сум толкаво бише иииииииииииииииии. Уште влегувам во 40-ка, ама оние нормалните броеви како на пример во Бела. Ух ете најдов како онаа во белите панталони. Една градба дива градба. Ама и стилот е погоден. Само сандалите да се заменат со убави чевчички на штикла.
Веројатно најдобар избор би биле блејзери или сакоа со подлабок V израз, кој визуелно ја издолжува фигурата и Ве прави да изгледате повитки. Исто така структурирани кроеви, изразена половина (што би рекле струкирано), панталони кои слободно паѓаат од колковите надолу и прават ногата да изгледа долго и послабо, а здолништата кои ги носите да не се многу широки, затоа што така додаваат волумен... Иаку, еве некои комбинации кои ми се допаѓаат. Во моментов имам слобода на избор на облеката, но во минатото беше неопходно да се следи дрес кодот на компанијата. Само на последното би ставила салонки наместо отворени обувки.
Се е ова убаво,ама она што ми се чини нереално е висината на потпетиците.Погледнете сите постирани се со штикла од 8 см.Кој може да издржи во такви потпетици, ако реално цел ден не крсти нозе,а треба да подзаврши работа и по други институции,да претрча улица... Ваква штикла само за деловна вечера,за секојдневно реботење не.Затоа американките си носат ниска стабилна штикла,балетанки па дури и патики.Не гледајте го она во филмовите стварноста не е таква.
Мене ме интересира од каде ги купувате панталоните? Искрено, веќе подолго време не можам да си најдам такви панталони низ градов. Се се оние слим
На моето работно место постои дрес код ама не се почитува баш Јас претпочитам да се држам до него иако не е толку строг, се разбира дека на состаноци морам да бидам баш класично облечена т.е костим. Инаку претежно си носам деловни здолништа и кошули во комбинација со сако а кога не сум расположена џемперче. Што се однесува на бои јас преферирам тегет, црна, крем , кафена а боите на кошулите ми се посмели пример бордо, црно-бела, сина и сл. Сакам и панталони само во овој период тешко можам да ги искомбинирам со чизмите Балетанки и отворени чевли не сум носела ниту планирам да носам, си носам штикли но со дебела и стабилна штикла за да ми биде удобно, точно е дека потпетици на тенка штикла би изгледале многу поубаво ама не се трпи бре Во последно време апсолутен хит ми се фустаните до колена од причина што не се мислам сабајле како да искомбинирам, се облекувам и чао пријатно ем дотерана ем спремна за 2 минути.
Постои и кај мене на работа дрес код не нешто строго определен како претходните објави костуми ,сакоа кошули задолжително ,всушност кај нас е кажано што не треба да се носи:фармерки,сукњи над колена деколтеа и сл(иако има и такви кои не почитуваат)Е сега јас стварно сум за таква деловна облека но незнам кој кај нас може да си приушти со нашите плати да се облекува постојано така ,се знае цената на тие убави парчиња Само еден костум колку чини !?
Zdolnista se nesto po sto patam.Epten obozavam. Dvete se super obleceni, no alkive, gerdanov i otvoreni prsti bas ne odgovaraat. Drugoto so sigurnost ke gledam da go iskombiniram. Patiki za do rabota, ama na site pod masa im stojat stiklite. Se razbira ne volku visoki, 3-4st.Posebno sekoja evropska, aziska i africka zena, nikogas nemozes da ja vidis niz kancelarija bez stikli.