Претходно мислење што го напишав ме инспирира да ја отворам темава, а и колку што проверив немаше ваква тема. Сте слушнале ли за демисексуалност? Дали можеби вие сте демисексуалец? Демисексуалноста е состојба каде личноста не може да почувствува сексуална привлечност кон друга личност се' додека не формира силна емоционална врска со истата. Терминот „демисексуалец“ доаѓа од ориентацијата што е на половина (demi значи половина) помеѓу сексуалец и асексуалец. Овој термин во никој случај не значи дека демисексуалците имаат нецелосна или полуцелосна сексуалност, ниту пак значи дека сексуална привлечност без емотивна поврзаност е потребна за целосна сексуалност. Демисексуалците не сакаат да апстинираат, тие едноставно не чувствуваат сексуална привлечост пред да се формира блиска емоционална врска. Важно е да се потенцира дека оној кој е демисексуалец не чувствува примарна сексуална привлечност, која вклучува физички изглед и карактер, туку секундарна сексуална привлечност која произлегува од врската, обично романтична или од блискоста која ја има личноста со друга личност. На ова може да се додаде родова ориентација како „деми-хетеросексуалност“. Јас лично сум била демисексуалец пред да го знам тоа, т.е. пред да знам дека овој термин постоел. Со дечко ми не сакав да имам сексуални односи пред да се зближам што е можно повеќе со него, што е уште еден доказ дека сум демисексуалец (или деми-хетеросексуалец, бидејќи ова може да важи и кај личности кои ги привлекуваат личности од ист пол). Тој тоа го разбираше и не му претставуваше проблем да го прифати. Што мислите вие за ова? Дали вие или некој што го знаете е демисексуалец? Кои се вашите ставови во врска со ова?
Оо еве ме мене .. Види види модерен термин имало а и не сум знаела дека постои а сум таква. Фала на просветлувањето.
Малку претенциозно и помодарски изгледаат стручниве поими, ама да, како во сапиосексуалност - така и во ова можам да речам дека се пронаоѓам. Мислам, и естетски изгледот ми има улога, посебно еве онака кежуал некој што е позната личност (а не ни знам многу за него) може да ме „напали“ на слика - ама во реалноста, многу ми е важно и интелектуалното и уште повеќе емотивната приврзаност.
Мислам дека и јас спаѓам тука ама не сум сигурна Онака може некој да ми е физички убав и со тоа да ме привлече, ама само колку да ми се допадне, но ништо повеќе не може да се случи се додека не стекнам цврста доверба во него и изградам емотивна врска.
Па што има врска што и да си. Луѓе сме сите различно гледаме на полето секс и не се оптеретувај, плус никој тука не те знае во реален живот со реално име. Тоа и ми е најдоброто нешто на форумов, никој не би требало да глуми лудило и да се правиме светци Ме нервираат осудувањата кои се ептен присутни но сепак не би требало многу да допираат до нас нели?
И јас спаѓам во оваа група Некој може да ми е убав и да го гледам со саати без да посакам секс со него, може да ме привлече само да го запознаам Морам прво да стекнам доверба, па да се препуштам
Уште едно во низата измислени работи за стрејт луѓето да се чувствуваат уникатно. Не е ова вистинска сексуалност, ниту пак мислам дека треба да зазема место во ЛГБТ заедницата, затоа што не опфаќа ни ист пол, ни број полови.
Целосно се согласувам со @Lella . Сосема непотребен термин според мене. Кажи си не сакам да имам секс со личност со која не сум приврзана и доволно е. Во последно гледам од се сексуална ориентација се прави, иако и не е баш ориентација туку некој вид на асексуалност. Лично и јас треба да се приврзам со некој емоционално пред се ама не би да комплицирам повеќе. Што би кажала? Деми, сапио, би жена?
Демисексуалност постои ама спаѓа во ЛГБТ заедницата само доколку личноста е хоморомантик, биромантик и сл. Инаку спаѓа во спектрумот на асексуалност и е многу подлабока сексуалност отколку „не му давам додека не го засакам“.
Се согласувам со @Lella и @RoseRain . Не мора ама баш за секоја лична преференца и карактеристика да се измислува род или сексуалност. Нема потреба од толку етикети. И да, по дефиниција сум демисексуалка. Не ми се допаѓа терминот бидејќи имплицира некоја половичност. Само бидејќи не можам да имам односи со некој што не го сакам не значи дека сум помалку сексуална или на спектар на асексуалност.
@theowndemon Деми, they're talking about you. ..Етикетите се потребни заради сексуална одредба. Концепцијата за демисексуалност не се вклопува во ниту една од нив, од причина што ако одиме по таа логика, секој втор или трет пар кој е во романтична или сериозна врска ќе може за нивната врска да каже дека е заснована по дефиницијата за демисексуалност, а тоа е апсурдно.
Баш пред некој ден прочитав нешто, во полза на темава ќе го преведам тука: Веќе е крајно време личните, физички преференци да престанат да се претставуваат како сексуалност. Ако ве привлекуваат високи луѓе не сте „акросексуалци“. Ако ве привлекуваат луѓе со зелени очи не сте „виридиокуласексуалци“ или некој таков новоскован збор. Едноставно, дозволено ви е да кажете дека ве привлекуваат високи момци со зелени очи или како и да е. Ама, така нема да се чувствувате супер уникатно и посебно, а? Еве, и јас сум една од тие личности која не сака никаков интимент контакт со личност со која предходно нема остварено подлабока емоционална конекција и на која не и верува бар малку. Дали тоа значи дека и јас спаѓам под спектарот на некоја нова супер кул сексуалност? Не, стрејт ес ен ероу сум. И доволно ми е тоа.
Резултатов на google вика има 63 genders денес, a сексуални ориентации имало 17. Јас сум збунета. Шо ме тераше да гуглам how many genders/ sexual orientations are there; може ќе откријам дека сум била во заблуда за досегашниве мои.
Зошто па да нема посебен збор за се'? Не мора да пишуваш објаснување за нешто, ако има еден збор, кој го дефинира нештото. Богатството на еден јазик, се рачуна по тоа колку зборови има.
Постои една клучна разлика која повеќето љубители на новокомпонирани сексуалности ја занемаруваат – не е исто да сакате да бидете со паметна, интелигентна личност и интелигенцијата буквално да ве возбудува сексуално, како што не е исто да сакате да се запознаете подобро со некоја личност и да се поврзете со неа пред да имате секс и тоа да не чувствувате апсолутно никаква физичка привлечност кон личност пред подобро да ја запознаете и остварите некаква емотивна поврзаност. Значи, во прашање се лични преференци при изборот на партнер, свесен избор во склад со нашиот карактер, ставови и размислувања, а не несвесен сексуален нагон, порив кој е контролиран од нашата биолошка природа. Од овој аспект, би рекол дека демисексуалноста е реална исто колку и сапиосексуалноста – да не речам, ич. Муабетиве за разно-разни сексуалности ме потсеќаат на некои од мислењата во темата за фетиши, каде има ствари како „фетиш ми се момци со брада, мускулести раце и зелени очи“. Well sorry, ама тоа не е фетиш. Потполно се слагам со @Lella дека демисексуалноста, како и многу други од напливот на нови „сексуалности“, се измислени, најверојатно со цел некој да се осеќа (по)посебно, без апсолутно никаква биолошка или научна позадина. И морам да кажам, ако вашата сексуалност, без разлика дали е вистинска или измислена, е единственото нешто што ве прави да бидете посебни или поинакви од другите, that’s kinda sad.