Темава е за да споделиме некои факти кои сме ги дознале многу покасно во животот, а било нешто преочигледно, ни било пред нос цело време или нешто што ни е срам да кажеме пред луѓе дека тек сега го дознаваме. Мислам на оној момент на "My whole life was a lie" Јас скоро дознав дека трилечето се вика така јер се прави од три вида млеко, а пустата го јадам цел живот. Или пред да фатам дечко, мислев дека патлакот кај мажите е онака скроз прав, ко колбас, без главче на врвот (не ме заебавајте за ова, плис) Ајде, терајте
(не е од денес ама е буквално од вчера) ама имав денешен број години ко дознав дека Тарзан е брат на Елза и Ана. Гледав едно видео и ми праеше смисла и решив да вервам во тој conspiracy theory. Малку порелевантно, ова слика ми е зачувана на темава ама вервам дека имам во meme and cringe папката многу вакви. Знам имаше неодамна вирална слика со нозе на буф. Ко, никогаш не размислив дека има толку долги нозе.
Неодамна дознав дека пламенот од кибрит или упаљач запален не фрла сенка на ѕид (и пробав сама со упаљач вистина е) Исто така, дека ако пишува 30% да врни тоа не значи има 30% шанси за дожд, туку во 30% од таа област можно е да врни. Сум имала многу вакви втф моменти ама моментално на ништо друго не ми текнува, така да ќе пишам ко ќе ми текни.
Еми не баш денес, али лани дознав дека тоа црниот газ се вади за да можеш со него да го скршиш тапиот врв на ножот...
Wait.. Демек ако отупи, да го скршиш врвниот дел, да сечеш со следното? Иначе и во друга тема имам кажано ова, ама од скоро дознав и дека Popeye се вика така зашто нема едно око.
Не знаев дека така лесно се кршат. Или дека треба да се кршат. Јер мојов шо го иам дома само се витка ко млитав qr.
Се сеќавам дека имав I was today years old... момент кога дознав дека кравите даваат млеко само кога ќе родат теле. Многу логично ама во моја глава едноставно мислев дека се машини за млеко.