Денес (21 септември) е меѓународен, интернационален, светски ден на мирот! Која е историјата? Овој ден се прославува идејата за отсуство на војна и насилство, овозможување на привремен прекин на огнот во борбените зони за пристап на хуманитарна помош и апел до сите за мирен ден и правење добри дела. Меѓународниот ден на мирот е основан во 1981 година, кога Генералното собрание на Обединетите нации едногласно ја има усвоено Резолуцијата 36/67, со цел промовирање на идеалите на мирот, а 21 септември официјално е избран за одбележување на овој ден во 2001 година. Има доста интересни денови во годината во кои се прославува нешто, интернационални денови на се и сешто, па ајде една тема во која ќе споделуваме ден по ден кој претставува некакво обележје. И што мислите општо за интернационалните денови и нивното значење?
Кај нас овие интернационални денови не се многу актуелни. Не знам по другиве држави само како е. Знам има ден на крофните, ден на гушкањето, ден на ниските луѓе... Мене ми се интересни.
На 21-ви не започнав ниедна војна. На 22-ри не возам. На 25-ти не најдов отворена аптека од сабајле. Каде е мојата нобелова награда? Еве скромен сум, не мора нобеловата награда да ми ја дадат, само парите што следуваат од неа.
Интересни се, ама мислам дека се треба да се почитува секој ден, а не вака да обележваме во посебни Како и да е ми се допаѓаат, најмногу го сакам денот на палачинките, и најчесто овие ми излегуваат во трендови на твитер па така обично си знам од прилика шо кога е. А, кога е ден на палачинките, се јадат палачинки, обавезно. Преферирано од рака на баба зошто најубај ги прај, ако не од моја де. И лично мислење, не треба да стојат овие како денови туку да прајме нешто за нив, на денот за мир пример да се изведуваат разни хуманитарни акции, безплатни концерти на соединување на луѓето, пример за ден на палачинки ќе биди интересно да видиш натпревар во кој ќе изеди поќе. Пак ќе речам, интересни се, во најмала рака, ја креваат свесноста за некои работи, колку и да се минимални и незначајни.
... денес е мојот ден за интернационални шпагети , сочни , долги и ептен вкусни ...еве сега де ќе се исклучам ,тууууууу
На Твитер денес е тренд #NationalPancakeDay , а на календарпедиа ми стој вака: Како и да е плакнев очи: https://twitter.com/JaredLeto/status/780503052197384192
Денес е интернационален ден на учителите и наставниците. Ќе ви споделувам јас, можеби не за секој ден ама ќе се трудам да биде за секој па ќе ви се соберат сите на едно место.
Јас денес дур бев на факултет, на пауза гледам - #WorldMentalHealthAwarnessDay па и зошто предавањето ми е денес ментално здравје и ментална хигиена сакам да споделам некои точки од истото шо не треба да ги почитувам пример јас како иден психолог, или друг како психијатар или здраствено лице, туку сите како индивидуи и луѓе да се обидиме да ги сфатиме луѓето кои имаат проблеми и како да обезбедиме истите да не бидат дискриминирани туку да им помогниме да се вклопат во општеството. Шо треба да знајме дека им е потребно на тие лица, за да можиме да им помогниме целосно да заздрават: Индивидуата може да закрепне од тешка форма на ментално растројство, ако верува во сопственото закрепнување - сите знајме дека многу луѓе ги кријат своите ментално болни роднини, деца, познаници, место да се работи на социјалниот дел кој е многу неопходен. За индивидуата да верува во сопственото закрепнување, покрај стручно лице, мора и неговите познаници да го крепат зошто многу повеќе он би им верувал нив, и би бил среќен и би се чувствувал сакан и би верувал во себе знаејќи дека некој се грижи за него. Луѓето сакаат да се поврзуваат емоционално и да се чувствуваат сигурно во тие релации - и затоа од нив не треба да бидиме на дистанца туку да бидиме едно со нив. Се сеќавам основно имав професор кој кажуваше дека треба секогаш да бидиме блиски со луѓе кои се над нас, за да напредуваме напред, а да не напредуваме назад. Па и ние сме тој чоек напред за некој кој е назад и мора да му пружаме поддршка. Емоционалните врски се голем и значаен дел од закрепнувањето од било кое ментално растројство, и воедно поддршка од тие кои ни се блиски. Довербата е основа на закрепнувањето - ова е поќе како двете претходни точки ставени во едно, болниот сака да има кој да го сака и кој да сака, и на кој да му верува и кој да верува во него. Така се чувствува сигурно и не се плаши да се оддалечи од терапевтот, не се плаши да излези и да се социјализира (има случаи каде што пациентот напредува се најдобро и кога терапевтот, при недобро извршена терапија, решава да го пушти дома, пациентот се уназадува и сака да продолжи да иди, глуми, а во некои случаи навистина му се повторуваат симптомите). Луѓето кои веруваат во вас ви помагаат да закрепнете - пак и ова е скоро иста точка на претхдните, ама поентата е таа, поддршка, љубов и разбирање. Себедокажувањето, човечкото достоинство и почитта се основи на закрепнувањето - сите имаме свое достоинство, его, и се тоа. Ако тоа е константно поништено, угнетнувано, сите и при нормална ситурација знаете како се чувстуваме. Епа замислете како би се чувстувала личност со ментално растројство која се обидува активно да се вклучи во општеството и да се социјализира, а е постојано угнетувано зошто има посетено терапевт или има лежено во одредена установа. Главен фактор на една личност за негово напредување е социјализацијата. Ова се работи кои не се однесуваат само на терапевтите туку и на сите нас како граѓани, како познаници, роднини, пријатели. Да бидиме блиску до оние кои имаат било какво ментално растројство, да не ги оставаме, да им пружиме поддршка, љубов и доверба, да ги бодриме дека можат подобро и да веруваме во нив целосно за да има резултати.
Денес, 23 март, е светски ден на метеорологијата. Метеорологијата е научно изучување на атмосферата со цел предвидување на временските промени. За да ни соопштат метеролозите какво ке биде времето потребни им се мерни инструменти, а тоа се ветроказ, барометар, термометар и ветромер. Ветроказот го покажува правецот на ветерот. Барометарот го покажува воздушниот притисок. Топломерот ја мери температурата на воздухот. Брзината на ветерот се мери со анемометар. Освен податоците добиени од овие инструменти, метеролозите користат и податоци кои ги добиваат преку сателит. Временската прогноза е особено важна за земјоделците, пилотите, морнарите и извидниците.
Денес е светски ден против дискриминацијата на ЛГБТ лицата (хомофобија, бифобија и трансфобија) Дискриминацијата на луѓето, како според било која припадност по друга основа, така и поради сексуалната ориентација - е нешто на кое местото не му е во 21-от век. Всушност тоа е најмалиот од аргументите зошто омразата, исмејувањето и најмногу насилството кон овие лица треба да се искорени. You don't have to be gay to fight homophobia. #StraightButNotNarrow #loveislove
Што би рекол Хари Потер од Старгејт.. edit-triggered, trigger alert ,self triggered, conundrum keywords edit2-And with you @Lella , pardon my catholic friends if you don't get it.