1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ден Браун

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Strumfeta93, 18 октомври 2011.

  1. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Ден Браун (роден 22 јуни 1964) е американски писател на трилери, најпознат по бестселерот од 2003, Кодот на да Винчи. Романите на Браун, кои се потраги по богатство сместени во период од 24 часа, обработуваат споредбени теми како криптографија, клучови, симболи, кодови и теории на заговор. Неговите книги се преведени на повеќе од 40 јазици и заклучно со 2009 продадени во повеќе од 80 милиони копии.
    Романите на Браун вклучуваат историски и христијански теми како споредбени мотиви, кои имаат резултирано во причинување контроверзности. Браун на неговата веб-страна наведува дека неговите книги не се анти-христијански, иако тој самиот е на „постојано духовно патување“, и вели за неговата книга Кодот на да Винчи дека е едноставно „забавна приказна која причинува духовна дискусија и дебата“ и додава дека книгата може да послужи како „позитивен катализатор за самокритика и иследување на нашата верба“.
    Превземено од википедија
    Имате ли прочитано некое дело на Браун?
    Што ви се допаѓа а што не?
    Ја прочитав Дигиталната тврдина и бев воодушевена. Сега ја читам Ангели и демони која исто така е предобра. Секако сакам да ги прочитам и останатите негови дела Кодот на Да Винчи, Изгубениот симбол и Точка на измама.
     
    На hristina979 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Имав спомнато во темата од неговата книга Кодот на Да Винчи, некои работи, не сум нешто воодушевена од неговиот стил на пишување, иако ја имам само таа книга прочитана од него, но, сосем доволно за да си потврдам или создадам една оценка за стилот.Интересно, обработува теми криптографија, историја, симболика итн., тоа е добро, но барем од малку да беше попрецизен во точноста на податоците кои ги изнесува во одредена книга, значи тоа што сакал да го каже, да има база, поткрепено, но, не и измислено.Сакам да ја прочитам и неговата книга Ангели и Демони, нешто посебно ме заинтересира книгава, се прашувам дали е слична како на Кодот на Да Винчи, па да не излезе од старт да се откажам од читање :?: што се деси исто како со претходнава книга :D
     
  3. Blumarine

    Blumarine Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    188
    Ги имам прочитано сите книги од Ден Браун и мојот заклучок би бил отприлика ваков:

    - Новелите со Роберт Ленгдон ми се допаѓаат, интересни се, заплеткани и до самиот крај не можеш да ги предвидиш настаните.
    - Останатите новели, ми се ... искрено кажано ... досадни. Meh Особено „Точка на измама“ и „Дигитална тврдина“.
     
  4. Lady-Cha

    Lady-Cha Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    23
    Кодот на Да Винчи и ми се допадна на некој посебен начин, ме заинтригира...но е спротивна од нашите верувања за црквата и за светот.
     
    На eta и feminium им се допаѓа ова.
  5. Lyanna

    Lyanna Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    18
    Интересни приказни, интригантни, ама штета е што се држи до истиот шаблон за ликовите, па стануваат предвидливи. Сепак, знае да направи одличен сетинг.
     
  6. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    5.357
    Пол:
    Женски
    Од Ден Браун е автор кој знае како читателот да го остави без сон !
    Ги обожавам неговите книги, а омилена ми е „ангели и демони“ а исто така одлично е и нејзиното продолжение „Загубениот Симбол“
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  7. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Го обожавам Ден Браун, омилена ми е Кодот на Да Винчи, сега ја барам да ја прочитам Точка на измама, уште таа ми остана :)
     
  8. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Од Ден Браун ја имам прочитано само Точка на измама. Интересна беше, но не ме привлекува нешто посебно неговиот стил на пишување.
     
  9. kasiopeja

    kasiopeja Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    39
    Кога излезе ,,Кодот на Да Винчи,, една другарка ја нарачуваше од Србија(бидејќи ја немаше во Мк) и тоа во тврд повез.
    Чекавме на ред сите другарки да ја читаме.Почетокот ми се виде толку интересен што не можев да прекинам со читање.Дојдов до пола и сватив дека поглупаво нешто не сум читала.Не можев да ја довршам до крај една недела (инаку сум брз читач кога нешто е интересно)
    Мислев дека само мене не ми се допаднала книгата но потоа гледав на тв. еден професор од филозофски фах. како и некои критики по нет па сватив дека повеќето ја доживуваат како комерцијална глупост.
    Никогаш не посакав да читам ниедно др дело од него.
    Што се нема да напишат само за поголем промет.Ќе дигнат прашина околу нешто само за пари.
     
    На moon1 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  10. Agaryulnaer

    Agaryulnaer Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Ми падна в раце „Кодот на Да Винчи“ и имав трпение да ја дочитам до крај.
    Имам замерки секако. За оние кои ги интересира да „копаат“ малце во врска со информациите изнесени во книгата, ќе согледаат дека половина од нив немаат никаква врска со вистински, постоечки факти.
    Само еден пример: Организацијата „Сионски приориум“ е безмалку целосно осмислена од Браун и нема конекција со древниот „Сионски приориум“. Има многу вакви, па да ги наречам пропусти, иако мислам дека се намерно направени „грешки“ за поголема читаност на книгата. А немаат никаква историска поддршка.
     
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Неговата книга Загубениот симбол, ја немам прочитано, но случајно наидов на дел од таа книга, каде Ден Браун, тврди дека Микеланџело живеел со евреин, како и тоа дека во Сикстинската капела, во една сцена во која го претставил создавањето на човекот, Господ го претставил во нешто кое е во форма на мозок, а како и тоа дека наводно тоа било еврејски симбол, па како наводно морало така да биде скриен.Чиста лага е тоа што го напишал, незнам како се осмелил да напише такво нешто :x |( Прво нити Микеланџело живеел со евреин, второ нити пак тоа што го претставил е еврејски симбол.Врска нема човеков, па барем пред да напише книга, нека провери дали се така некои работи или не, кои што сака да ги изнесе, па за истите да има профит.Јас сум сигурна дека оној кој што знае дека сето тоа што го пишува во неговите книги е една лага, нема да му ги купи.Зошто би си дозволил да верува во нешто што не е така? Па и уште мислев да ја прочитам, онака да видам што има во неа, после ова, ич.Мислев Кодот на Да Винчи му е последното такво нешто напишано врз база на непроверени работи, па реков може е подобар со другиве книги, ама како што гледам полош.Сега нити сакам да прочитам негова книга, нити пак би си дозволила да купам некоја, а не па да верувам во тоа што го напишал.Незнам па ни врз која основа ги напишал истите, оти очигледно сите му се катастрофа.Само на ваков начин, многу погрешни работи се сервираат на јавноста.Малку би требало тој да размисли што пишува всушност и дали му се исплати дека некој ќе верува во она што тој го пишува.Тоа е исто како јас сега да напишам книга за право, па и така сигурно да ги демонстрирам своите лаги во однос на тоа, прво јас ќе се фатам себе си во лага, а второ другиот нит ќе поверува, а нит ќе купи книга.Ама ете, се снашол човекот и сега му е гајле дали ќе верува некој или не.Па и во Кодот на Да Винчи, што се лаги напиша човеков, тоа е чудо.Затоа не ни ја дочитав книгата, а нити пак ќе читам друга некоја негова книга, се надевам „ Ангели и демони“ не е иста, ама се сомневам, така да не би сакала да си дозволам да верувам во нешто што нема.
     
  12. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    мојата професорка по македонски јазик вели: не критикувај книга без да ја прочиташ :fubar:
    Ја имам читано книгава значи Ден ниту пишува за микеланџело ниту за создавање на човек или шо уште прочитав погре.А и да имал напишано на сите негови книги на почетокот стои дека не е се вистина од тоа што пишува :!: , тоа неможам да ти го цитирам пошо не е до мене книгата но кога ке ми биде в рака баш ке ти пишам.
    Седни прочитај ја книгата а потоа врати се на форумов со твоето мислење, ако е сеуште негативно ќе го почитувам, но ако е променето ќе ми биде многу мило ;)
     
    На Teodora* му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Моето мислење сум го кажала за неговите книги, како и тоа дека се што е напишано е лага.Незнам што е проблемот тука.И да не пишувало така, сигурно има некаква лага, кога тоа можел да го направи со кодот на Да Винчи, зошто да не може и со другите? Кога можеше во Кодот на Да Винчи да вели дека на сликата „ Тајната вечера “ до Исус е претставен женски лик, тогаш што може воопшто да се очекува нешто позитивно во неговите други книги? Дали некој кога би знаел каква е вистината всушност, би верувал во лагата која му се презентира? Тој може да си пише така дека не е се вистина, но знае дека може некој да поверува во тоа во кое го пишува, особено ако човек не е информиран за истото, со тоа тој добива, не губи од продажбата на книгите.Знам дека било која книга може да содржи невистини, ама да се тврди нешто што не е, нема смисла.Моето мислење е негативно, знаејки што се изнапиша во Кодот на Да Винчи, од лага до лага, та за другите исто.И не ни може да ми биде променето, а нити би верувала во она што го напишал, нити пак би купила негова книга.Проблемот е што на тој начин се шират невистини, за него проблем кога истите негови книги ќе наидуваат на негирања и секако малку ќе добие тој со тоа.Не само тоа, туку погрешен начин за поттикнување на погрешно размислување од страна на другите. Него воопшто не го интересира тоа, него го интересира профит.На другите останува дали ќе размислуваат правилно или не.Секако дека тој ќе измисли, но не верувам дека на некој помила му е лагата, отколку вистината.Моето мислење не го имам оформено туку така напразно.
     
  14. Andrianaaaaa

    Andrianaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    41
    Еден од најдобрите автори на денешницата, ги имам прочитано сите книги освен Digital Fortress која е следна на мојата листа за читање. Тој е човек кој поминал половина од животот истражувајќи и соработувајќи со едни од најобразованите луѓе на денешницата, за денес да можи неговите информации да ни ги претстави вака. Сета ова контраверзија околу неговата работа, не е заради тоа што тој лажи или пробува да продаде лаги, доколку не верувате, третирајте ја неговата работа како фикција и затнете се. Како што некој има право да ни кажи дека има некој небесен човек на небото кој не гледа, и дека The holy grail е чаша, така може и еден автор да каже дека всушност тоа е Марија Магдалена, а во што сакаш да веруваш тоа е за секој индивидуално. Значи колку ме нервира фактот кога некој ќе излезе и ќе кажи леле како можи така да пишува, против црквата, па тогаш што да речат атеистите кога вие верниците им продавате пуфки, и упорно сакате да ги убедете дека библијата е вистина и бла бла. Секој со своите верувања, бидејќи сепак книгите се фикција, исто како што е и библијата, која е обична книга со приказни.
     
    На elimkd, Lella и joelle им се допаѓа ова.
  15. Maggie-m

    Maggie-m Активен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    15
    Ги имам прочитано „Дигитална тврдина“ и „Точка на измама“ и прекрасни се, се читаат во еден здив... :)
     
  16. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Овие ги имам прочитано и не ме многу воодушеви неговиот стил...
     
  17. Dannyella

    Dannyella Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2010
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    17
    Ден Браун ми стана омилен писател ... Ве молам за критиките размислете убаво ... се сложувам со форумџиката која има напишано дека не се суди на дело кое го немаш прочитано ... Ден Браун е коректен , а таму каде што има некоја неточна , нереална информација , тоа е наведено .. Затоа се читаат оние предговори , благодарни писма и слично ... Од Ден Браун ги имам прочитано Aнгели демони , Кодот на да Винчи , Дигитална тврдина и како најубаво дело досега прочитно ИЗГУБЕНИОТ СИМБОЛ ... ми остана на срце ... човекот е навистина професионалец во своето поле !!!
     
    На Teodora* и feminium им се допаѓа ова.
  18. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.713
    Допаѓања:
    5.035
    Пол:
    Женски
    Планирам да купам што повеќе негови книги летово, ако може цени и каде можам да ги најдам :) (само да не се скратени верзии)
     
  19. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    мене одамна ми беше прочитана кодот на да винчи па си почнав сеа од почеток дигитална тврдина па ангели и демони. ми падна во очи постот на гордана каде што вели се што напишал се е лага. искрено ми изнуди насмевка на лицето бидејќи изгледа како искрено да го брани христијанството и се во врска со него.

    се што пишува ден браун не е лага, многу ама многу работи можат да се научат ако навистина се заинтересирате и треба реално да ги согледате фактите, претпоставките и измислиците во книгите.

    има од се по нешто.

    Ќе искоментирам за тајната вечера и за тоа дека се претпоставува дека всушност еден од апостолите е марија магдалена, тоа не е лага туку претпоставка на некои теоретичари. има многу интересна емисија на national geographic која што го објаснува ова така да не гледајте се црно и бело, многу работи може да се научат ако се сака и ако сакате да истражувате на одредена тема.

    еве јас не сум верник ама синоќа додека ја читав ангели и демони делот каде што има говор коморникот и каде што сите беа на колена и се молеа со него ме расплака и разнежни и посакав да верувам...

    книгите не му се антихристијански напротив ти дава многу информации и те тера да размислуваш и сам да одлучиш.

    сакам да додам само дека за се што зборува на пример ватикан, церн итн итн самиот тој ги има посетено и доживеано и истражувано. но верувам дека е многу полесно да се величат глупостите на гијом мисо на пример за кои што не треба да имаш воопшто познавање од било што одколку храбро да начнеш некој тема и долго да истражуваш.
     
    На elimkd и Little-one им се допаѓа ова.
  20. skygirl

    skygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    153
    Веќе споменав дека ми се допаѓа стилот на Браун, лесно и брзо се чита токму поради тоа што се карактеризира со неизвесност, неочекувани пресврти. Ја прочитав “Кодот на Да Винчи“ и сакам да ја прочитам и “Ангели и демони“.