Здраво девојки, Дали некоја од вас знае каде во Скопје може да се направи депигментација на флеки на грб. Од акните кои ги имав на грбот за време на пубертот ми останаа кафени дамки (пигментирани делови). Дали некоја од вас има сличен ваков проблем и како го решавате? Фала однапред
Јас имам таков проблем. Цел грб ми е со флеки од поранешни акни, но и постојано ми испаѓаат нови акни црнки. Срам ми е да се соблечам на купаќи боди. Исто така и градите ми се преполни со црнки и имам по некоја црнка на стомакот и флеки од акни .Ве молам ако имала некој ваков проблем да сподели искуство.
Тотално исто и кај мене. Од останати флеки целиот грб и деколтето ми се шарени и тотално ми е срам да се соблечам по купачи
До сега сум била кај Др. Горица, Др. Самоникова и Дерма естетик но никоја од овие не нуди избелување. Да, пробавме со овошни киселини неколку пати ама јас не видов резултат од тоа
Epa vo toj slucaj izgleda ne moze izbeluvanje isto kako i pegite sto ne mozat da se ostranat. Najdobra opcija e da se prifatis takva povekje psiholoski ti e problemot otkolku estetski.
Во Систина да се консултирате,дермабразија се вика тој третман може и во државна клиника да го прават ама и тоа е со овошни киселини мислам.
Jас имам и многу ме чеша ми дава масти за ублажување на чешавицата ама ништо не ми помогна ,ако знате било каков лек пишете
Микродермоабразија? Да да го имам правено тоа. Јас на интернет читав има нешто со ласер и со некој ултразвук но, изгледа кај нас го нема тоа
И јас сум со акни низ телото. Последниве години помалце од порано но ги има, едно време мачкав една крема на а-дерма во тенка туба беше и ми го намали црвенилото. Ми ја имаше препорачано дерматолог. Со текот на годините јас се помирив со тоа дека нема да имам убава чиста кожа на грбот, рамениците и деколтето ама си се прифатив таква и не се кријам више, a и во лето од солта и сонцето ми се чисти многу кожата. Јас само сакам да прашам вие што имате акни и митисери на грбот и рамениците со што се туширате со обична купка или? Бидејќи за многу брзо време кожата ми е масна пак.
Јас грбот најчесто го мијам со некој скраб и со луфа. И дополнително увидов дека ми е подобро кога секој ден пред спиење го чистам грбот до некој лосион.