Здраво девојки, @presiosaP @blueberry93 @xxAngelxx @sexy.chocolate @Ana.brojka @mynameislove @SleepyBeauty Денес видов дека имате коментирано во врска со дермапенот во дискусијата за дерматолог, па ве тагнав, со надеж дека ќе започнеме тука дискусија Поради лузни и флеки од акни, за неколку дена сакам да почнам со дермапен третмани (најверојатно во Дермаплус кај Др. Коста), па сакам да ги чујам вашите искуства доколку некој правел до сега. Поконкретно: - Каде сте правеле, која е цената? - Дали некој правел rf microneedling? Слично е на дермапен, но дополнително има и радиофрекфенција - Колку време ви беше лицето црвено после третманот? Дали ви се лупеше? - После колку време почнавте да користите пудра? - Каква козметика користевте по третманот? Дали некој специјален продукт или како и претходно? - Кога ги видовте првите промени? Слободно споделете и нешто друго доколку ви паѓа на памет, а е корисно.
Здраво сум пишувала во темите за акни мои искустава ,но еве и овде ке пишам.За да дојдеш до дермапен најпрво треба лицето да ти биде чисто ( мислам на тоа да нема акни).Сум правела дермапрен околу 3-4 пати.Имам одлично искуство со дермапенот.Цената беше околу 2000 ден до 2015 год.Од тогаш не сум била сега незнам дали е покачено или не.Зборам за др.Коста Цветковик.Лицето после дермапенот не се лупи туку е црвено многу мене ме држеше 2 дена повеке не.Пудра користев веднаш кога ке ми помине црвенилото ако имам потреба некаде да одам.Од продукти за лицето си користев та што си ја користев.Пример користев ла роше ефаклер крем за лузни и гелот за миење на лицето исто од ла роше.Промените ги видов после 3 третман.
Здраво, јас направив три третмани дермапен кај Коста, и мене не ми даде резултати. Тогаш беше 2000 денари од третман, сега е сигурно поскапо. Инаку немав голем проблем со црвенило бидејќи немам чувствителна кожа, црвенилото ми се смируваше истиот ден. Не користев некои посебни продукти, ги користев истите од претходно.
А колку третмани направи? Правеше после тоа дермапен на некое друго место или некој друг третман што ти помогна за лузните?
Јас дермапен правев исто кај доктор Коста Цветковиќ. Ефектот мислам дека зависи од длабочината на лузните, ако се работи за подлабоки лузни ќе треба повеке третмани, мислам дека најмногу 6 пати. Еден третман чини 2 000 денари. После секој третман, се чека 30 дена до следниот за да може да се ревитализира ткивото и да дојде до обнова на клетките на кожата. Јас бев црвена во лицето 3 дена, но после тоа ми се врати во нормала кожата и користев и пудра. Препорачливо е да се користи некоја крема за лузни, самиот доктор ќе ти препорача кога ќе те прегледа.
Најактивна тема па тука ќе прашам, дали некоја од вас правела третман SQT bio microneedling? Дали има негативни последици? @Biodevojka може мислење?