Оваа година хит за летен одмор е соседна Албанија. Што заради слободниот премин на границата, што заради пристапните цени, а секако тука е и преубавата албанска обала. Е сега има теми за Ксамил, Валона, Саранда, но нема посебна тема за Дерми. Бидејќи сум заинтересирана оваа година таму го поминам одморот, ајде да продискутираме околку цените за сместување, хотели, апартмани, цени на храна, пијалоци, лежалки и сл. Ова место важи за едно од полуксузните одморалишта, некои го викаат и албанското Санторини, Дерми било преубаво место со изнворедни плажи и прекрасна природа сместено во подножјето на планина. Ајде ве молам сите што сте го посетиле, помагајте со совети и мислења, како е таму, какви се цените и дали вреди за парите.
Ќе ти помогнам колку ќе можам, лани бевме Химаре и Дерми, ако би одела сега би се сместила само Химаре а би одела на плажа во Дерми. Дерми има убави и средени барови на плажа, цените беа 15е за две лежалки,храна, пијалоци не беше воопшто ефтино,можеби поефтино од Грција, смештај бидејќи бевме на крајот на летото беше околу 60е од ноќ,во сезона дупло поскапо, во Химаре беше 30е на сама плажа со сопствени лежалки меѓутоа не ја користевме бидејќи околу има преубави плажи и нонстоп ги менувавме. Според мене Дерми е фина локација, не знам дали вреди за парите, нема град,шеталиште такви ствари ако очекувате, затоа размислете и за Химаре па да истерате неколку дена на плажа во Дерми. Плажата е со ситни камчиња и водата е преубава и чиста, не е песочна ако ви значи нешто тоа. Ако те интересира нешто друго пиши
Лани бевме во Дерми, во хотел Сплендор, имам само пофални зборови. Одевме на плажата од самиот хотел, водата пречиста, со крупен песок. Прошетавме и низ другите плажи во околината исто беше, но во делот каде што бевме сместени имаше само приватни плажи и затоа најчесто одевме на нашата. На околу 1км од таму е градчето и нема за шетање многу, се беше на угорница, ама има добри барови и за јадење и за пиење. Пријатно бев изненадена од плажите и од луѓето воопшто, сите беа љубезни. Го препорачувам местото!
И ние се мислиме дали да одиме до Дерми или сепак поблиску до Валона. Каков е патот? Со мали деца сме, дали ќе издржат.
И јас бев со мали,едното бебе, планината е мачна за качување, кривини и тесен пат, децата издржаа ама јас одвај. Сепак помеѓу Валона и Дерми, Дерми ми е каде каде подобар избор. Плажите,ресторани убавини е, е за деца немаше буквално ништо, поголемото пукна од досада се додека не се префрливме во Химаре.
Некоја слика од плажа во Дерми? Крупен песок е или камчиња? Јас барам стварно мирно место без гужва, приватна плажа најдобро па ако може мислење дали е такво местово