1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детален имагинарен свет (Paracosm)

Дискусија во 'Психологија' започната од Briar Rose, 12 февруари 2018.

  1. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Paracosm е детален имагинарен свет. За паракосмите се мисли дека генерално потекнуваат во детството на еден поединец и имаат еден или повеќе креатори.
    Креаторот на еден паракосм има комплексна и длабоко почувствувана врска со овој субјективен универзум, кој може да инкорпорира вистински реален свет или измилени ликови и конвенции.
    Често, има своја географија, историја и јазик, и претсавува искуство кое е често е развивано за време на детството и продолжува преку долг период на време, месеци, па дури и години, како софистицирана реалност која може да продолжи да трае дури и кога детето веќе ќе стане возрасен.

    Паракосмите се често претпознатливи како имагинарните светови во книгите, како што е на пример Middle-earth, креирано од страна на J.R.R. Tolkien, во книгите The Lord of the Rings и The Hobbit.

    Како деца, писателот C. S. Lewis и неговиот брат Warren заедно креирале еден паракосм наречен Boxen кој бил комбинација од нивните респективни приватни паракосми Animal-Land и India. Lewis подоцна се навратил кон Animal-Land за да го креира светот на фантазија наречен Narnia, за која напишал во The Chronicles of Narnia.

    Но не мора да значи дека само писателите креираат паракосми, напротив тоа може да му се случи на секое дете кое психолошки креира сопствен свет кој е мошне детален.

    Дали и вие сте креирале некогаш паракосм во вашето детство?
     
    На BoneMachine, Someonespecial, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.055
    Допаѓања:
    76.056
    Пол:
    Женски
    Како дете, замислував детален свет, тоа го правев кога си играв, како да се пренесував на друго место и друго време, но штом завршеше играта, исчезнуваше тој свет и се враќав во реалноста. Мислам дека, кога подолго време би живеела во имагинарниот свет, моите би се загрижиле за мене. Имав бујна фантазија, но добро е што не ја преминав никогаш границата меѓу фантазијата и реалноста.
     
    На ReinaDeCielo, theowndemon и Briar Rose им се допаѓа ова.