Цело детство барав никогаш не најдов и пред некој ден ми текна дали е измислица? Заклучете ја темата ако мислите дека не треба да има таква тема но тука можеме да коментираме дали баравме и колку баравме дентелини кога бевме мали.
Постои. Знам дека имав најдено една како дете, ја имав исушено и ја чував во тетратка, ама беше толку одамна што не знам дали воопшто ја имам сеуште. Немам одамна чепкано по детелини.
Брат ми има преку 25 најдено и сите се пресовани. Јас не сум нашла ниту една, ама животот е пред нас, ама јас слабо гледам на далеку, уште послабо од блиску... ќоро пиле .
Заблудата е дека таа носи среќа, а всушност треба веќе да имаш среќа за да најдеш нешто така ретко Никогаш не сум нашла, ама претпоставувам дека треба упорност за тоа. А можеби и се на истите места барав, па затоа.
Постои. Сум нашла неколку пати. Едит Лоша слика, пред доста години, од првите смарт телефони сликано, ама 4 листа се.. долго си ја чував Спојлер: Lucky clover
Постои и детелина со 5 листови, неколку пати имам наоѓано такви и ги чувам сите. Не за среќа, туку за спомен оти навистина се појава.
Постои, моментално имам една таква детелина која си ја завиткав со селотејп за да не ми се скине и си ја носам цело време во новчаник со мене. Ја најдов оваа пролет во двор кај баба ми.
Имам само една најдено како дете кај комшија во двор сама ми се појави , не ја ни барав случајно свртев поглед натаму , а инаку човекот ја преправаше оградата па беше отворено и покрај пат беше баш , па си зедов за слобода да појдам да си ја земам ја зедов и ја чував во една книга , ама дали е уште таму не знам
Да, постои секако, генетска мутација е на трилисната, не е никаков мит Не дека нешто озбилно и цврсто верувам, ама многу симпатичен и убав спомен од детството е барањето по дворови на детелинка со четири листа Уште да најдев некоја... колку што памтам барем немам најдено
Има и со 5 и со 6...имам најдено и такви. Интересна работа, порано во двор на купчиња ни никнуваше сама детелина. Една година во едното купче ама буквално секоја беше четирилисна, беше среќа да најдеш трилисна. Наредната година не се повтори чудото.