Здраво, Имам 3годишно дете од непознат донор од на јајце клетки. Додуша жената ја знам само како слика од дете. Многу убаво дете, и синчето има нејзини црти. Како расте ме фаќа паника во врска со тоа дали би му кажала за вистината како е зачнат и дека не носи мои гени туку само на таткото. Да напоменам дека премногу го сакам и го гледам како свое, душата би си ја дала. Да ми речат дека ќе се вратиме назат во времето и да бирам дете со мои јајце клетки или он, без размислување пак би го одбрала него. Тој е мојата душа, мојата смисла за живот и за ништо не би го менувала. Како би постапиле? Дали би му кажале или не? Посебно ќе ми значат мислења од некој што се соочил со ова. Благодарам
Би му кажала. Се немам соочено со ова, но во денешно време кога со генетски тестови и бази на податоци кои постојат, лугето чак и од забава си бараат роднини, многу тајни со години скриени се разоткриле. Сеуште во УСА е ова доминантно но за 10-20 години и во Европа ќе дојде, ако не и побргу. Секако консултација со детски психолог за начин и време, а ти веќе ќе имаш мајчински однос изграден, тој не се нарушува тек така. Денешниве генерации се посвесни од постарите, мислам полесно би сфатиле невообичаени ситуации, колку и да не е лесно.
Би му кажала кога ќе сметам дека е доволно зрело да ја испроцесира информацијата на соодветен начин , сметам дека кога нема конкретна причина не би навлегувала во дискусија со таква содржина. Ти си мајка , си го носела под срцето 9 месеци и душата за него ја даваш што сметам дека "некогаш" во иднина кога ќе биде доволно зрело дете ( кога би го разбрал репродуктивниот процес ) треба да знае ,барем според мене се порано кажано би било избрзано и збунувачко за детето.
Би му кажала, сметам дека е право на детето да ја знае таа информација. За детето ти си негова мајка и тоа воопшто нема да се смени доколку му кажеш.
Да не му направам поголема нероза ако му кажам, бидејќи нема начин да дознае од која жена се јајце клетките. А еве сака да дознае... Цел живот ќе живее со некоја желба и во мистерија...
Кои се уредбите за генетска поврзаност? Дали таа жена има свои деца и дали нејзините јајце клетки се донирани и на други жени? Ме интересира дали има шанси утре да се запознае со полу брат/сестра?
Да имаше едно машко, тогаш кога ги купувавме сега може да има и други во меѓувреме. Шансите се мали бидејќи е од Русија, но сепак има шанси ,бидејќи таа клиника соработува со наша и можно е и друг да купил од неа(и да е успешно инвтрото).
Не би имала грижа на совест ако не му кажеш? Јас лично би имала, не би можела да се носам со тоа. Не е ништо страшно што треба да се сокрие од него.
Па не знам, кога би дошло време да кажам дали би имала грижа на совест. Ако би кажала би било тоа кога би основл фамилија и би имал деца, само тогаш мислам дека би ме разбрал. Само не знам дали ќе го дочекам тоа...
Ne bi kazala...nisto bitno ne iskaca od toa info samo mash up za deteto. Ko sto znam uvozot na genetski materijal e od stranstvo, sansa za upoznavanje rodnini mnogu mala...kako se procenuva psihicka sprema u vakva situacija ne znam...i pak ke prasam sto ke dobie deteto realno od toa info? Ne gledam zasto da go teretis deteto za da si zadovolis licno olesnuvanje so predavanje na takva tajna informacija
Светот денес е многу мал, иако мали шанси за да се запознаат и да се вљубат од ист донор деца, ги има. Дали би кажала да сум во таа ситуација не знам, имам свое дете па не можам ни хипотетички да знам. Ама мислам дека не би кажала. Родители сме тие и нема потреба од дополнителни информации.
Не знам теоретски колку јајце клетки од еден донор може да се добијат, во еден турнус на донирање, и како би биле дистрибуирани по локации. Верувам дека е регулирано некако и не може бесконечно пати да донираш, ама на овие прашања веројатно клиниката би требало да ви одговори. Не знам колкаво ви е детето, јас би кажала кога би била соодветна возраст, за да ја процесира правилно информацијата, веројатно по полнолетство.
Не би му кажала. Некои работи подобро да не се знаат. Тоа што не знаеш, нема да те боли... Зошто реално не е ни битно. Ти си му мајка, што фајде има да знае во нормални услови.
Никогаш не сум размислувала за јајце од друг донор, така да не знам што би направила да сум во твој случај. Ама не заборавај дека на лагата ѝ се кратки нозете, кога тогаш ќе се открие. Така да почни од рана возраст (во почетокот на пубертетот) да и раскажуваш.
Не размислив на тоа, но сепак мислам кога се прави таква работа не знаат многу луѓе, како кога би биле посвоени на пример кога и комшиите знаат, затоа не би ме загрижувал тој дел едит: мене ми се нормални овие работи некако, секој да си ја најде среќата да се исполни ко родител и не ми значи патот многу. Ама сепак гледам од страна...
Не би му кажала. Ај да е посвојување ,да разберам, да кажам. Донирани јајце клетки се, тоа бебе растело во мене и е МОЕ бебе.
И да знаат, сигурно се тоа мал број на луѓе. Не дискутираш со секого дека си земал материјал при оплодување. Можеби и никој не знае.
ја би кажала ама тек кога ке биде ворзасна особа кога ке има свои деца своја фамилија кога ке размислува зрело Е има шанси тогаш да се налуте и да рече зошто не ми кажавте до сеа Така даа незнам искрено