1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дете од фамилија

Дискусија во 'Врски' започната од Tenna, 11 октомври 2011.

  1. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Мислам дека овој феномен е се по популарен меѓу народот.
    Штом синот/ќерката воспостави врска со нов партнер, целото семејство станува засегнато од каква фамилија доаѓа истиот/та.
    Коментари од типот - татко му/и работел тоа и тоа (читај, некоја професија што не е на ниво ако не е доктор, адвокат, професор, директор), родителите му/и се разведени, сиромашни се и цели врски се растураат затоа што иако партнерите се сложуваат на родителите не им одговара затоа што тој/таа не е''дете од фамилија''.

    Сакам малку да подискутираме за тоа дали вие сте се нашле во ваква или слична ситуација и како сте ја решиле? Дали вашето потекло било ставено на цена од фамилијата на вашиот партнер?
    Како вие воопшто размислувате на оваа тема, дали и вие потсвесно партнерите ги класифицирате по тој основ?

    Се надевам дека темата не е дупла
     
  2. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Јас мислам обратно. Дека е се` понепопуларен. Порано беше повеќе, ама сега не се гледа веќе на тоа. Се` почести се примерите каде се во врска богат со посиромашен.
    Иначе сите проблеми произлегуваат од семејството на побогатиот (кои скоро секогаш се образовани луѓе, со свои бизниси, или добро вработани, од познати фамилии од градот, со голем имот, итн)
    за кои е срам и брука нивното дете да се валка со сиромашна фамилија (која најчесто е многу попоштена и почесна).
    Иако има доста примери каде гледам богати со богати, т.е. таквите меѓу нив најдобро си се мирисаат. Таквата женска има многу гардероба, знае да се дотера и заведи, а тој има кола, скап мобилен и купче од пари в џеб, па најчесто си се сложуваат како сложувалки.

    Со чест на исклучоците, овие богативе (така да ги наречам), честопати се тапа луѓе, многу кренати високо со своето его, се занесуваат, по пат глумат фаца, а немаат ни речник на зборување.

    Е, сега има и посиромашни кои се лепат намерно по нив поради парите.....

    еее...долга тема е ова, ајде засега доста пишував :D
     
  3. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Ваквиот феномен кај поновата генерација на родители мислам дека и не е нешо популарен.
    Пример кога се фатив со бившиот мајка ми не замараше многу од кај му се и што му работат неговите... Ама затоа баба ми и дедо ми до тој степен ме испрашуваа шо кога споменав дека има викендица во едно планинско село ме праша дали имале нива неговите :o :o :o
    Стари луѓе стари навики...
    Искрено мене не би ме интересирала финансискта состојба на партнерот на моето дете, туку карактерот на партнерот.
    Боже ме сачувај па замисли да менталитет уште таков и му идеш на детето дома и бараш финансиски извештај на крај на година :o :clap: :clap:

    И мислам дека не е фер ни убаво а најмалку културно ваквото нешто да се прашува од страна на родители.

    А и мислам дека во поразвиените земји, дека истото се гледа ама сигурно не на ваков начин, зашо таму факт е се се повеќе богати и сеа ако синот им е со некоја келнерка сигурно дека не би ја прифатиле кутрата девојка која нашла некако работа во ресторант или кафиќ ...
     
  4. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Ова е омилената тема на моите :D
    Добро, не е толку за смеа работата, ете мојот дечко не е дете од фамилија.Првото прашање кога моите дознаа дека имам дечко беше што работат неговите, не ме прашаа што работи тој и каков е туку неговите, оти нели они треба со тие луѓе да се поврзуваат :fubar: Моите родители се од тој профил на луѓе што имаат т.н. "звања" што и јас еден ден ќе ги наследам, барем се трудам, и за нив е срамно да се поврзуваат со луѓе што им се под ниво.
    Како и да е јас сум свесна дека нив мојот дечко не им се свиѓа и покрај тоа што официјално го немаат запознато, битно мене ми е убаво со него, ме прави среќна, нема факултет меѓутоа е вреден и има желба да стекне нешто во животот и јас верувам во него. Долго време сме заедно и искрено се надевам дека веќе ја прифаќаат врската.
    Се надевам дека и овој поим ќе се искорени оти тоа дека детето било од фамилија не дава никаква гаранција за неговиот карактер и за него воопшто.
     
    На Look и Tenna им се допаѓа ова.
  5. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Нема ова никаква врска :)
    никогаш не сум го земала во предвид,мајка ми често ми збори ДАЈ БОЖЕ ВО ДОМАЌИНСКА КУЌА ДА ОТИДЕШ (се мисли на култури луѓе со меѓусебна почит,и на оние на кои им е дојдено до фамилијата )
    никакви имоти не се важни овде :)
     
  6. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Е се додека луѓево под поимот фамилија гледаат професија и примања нивните деца ќе патат.
    И тетин ми гледаше да е дете од фамилија да е со факултет, да е доктор, зошто за него само тоа вреди и на крај заврши со физичко насилство тој брак.
    Јас сосем поинаку гледам на изразот фамилија.
    Дете од фамилија за мене е , паметно, созреано момче, коа знае само да се грижи за себе, ги почитува своите, својата жена деца. Зошто детео учи од родителите.
    Ако тие живееле во хармонија, не се навредувале, си помагале еден со друг, и тој ке биде таков.
    И после излага ааа јадно мое дете кај отиде, е каде де. Па во фамилија добра влезе не се жали сега.
     
    На eloves, babymama, Ordinary и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    ^^^Еее кога сите луѓе би размислувале вака светот би бил едно поубаво место за живеење.

    За жал и те како денеска оваа е најважната тема помеѓу родителите,кога ќе разберат дека синот/ќерката имаат девојка/дечко.Секојдневно се судрувам со ова.
    Жално, многу жално што постојат вакви родители,вакви нелуѓе да речам. :fubar:
    Секоја чест на исклучоците. :bow:
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Терминов си постои и често е употребуван во Македонија, но јас не го сфаќам така како во претходните мислења.
    За мене дете од фамилија е некој што доаѓа од чесно и воспитано семејство.
    Семејство кое пред се' е културно, составено од интелектуалци, едноставно фини луѓе.
    Кој го цени знаењето, учењето, трудот и работата.
    Баба ми на пример кога вели - од што фамилија е детето, првенствено мисли на тоа недај Боже да не се шлакнати во умот, имаат историја на некаква ментална болест, или се пијандури, коцкари итн.

    Јас не го поистоветувам со материјална состојба, што и како работеле, колку пари имале, или се некои новопечени богаташчиња, покондирени опинчиња и оп - тоа е дете од фамилија. |(

    Терминот, барем за мене се однесува на нешто сосем друго, првенствено врзано за културата и интелектуалноста на семејството.
     
    На khaleesi1, mimiiiii, tessie и 6 други им се допаѓа ова.
  9. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Најмногу на ова внимаваат високо образовани луѓе и луѓе кои имаат повеќе пари од другите.

    јас сум феноменот “Дете од Фамилија“. И брига ме (зезам) :D
     
  10. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    4.980
    Јас пак сметам дека за овој феномен "дете од фамилија" не се мисли дете од фамилија со високостоечки социјален статус, туку нешто друго.
    Кој не сака добро воспитан, со сериозни намери, што утре ќе си ја цени жената, ќе си ги гледа децата, на првата кавга нема да си ги собере куферите и да си оди кај друга жена, да посегне по чашка алкохол, да прокоцка тоа што го има.... Воспитувањето од фамилијата игра голема улога во ова. (не целосна но голема)
    Затоа ова го земам како "дете од фамилија со морални вредности".
    Тргнете од ова, утре сите ќе имаме деца (некои од вас веќе имаат) дали ќе сакате да го пратите девојчето кое сте потрошиле цел живот да го научите на морал, етика, да го воспитувате за да ги разбере правилните вредности, да го пратите во фамилија каде што што свекор и ќе е коцкар, пијаница, каде што имаат многу сериозни проблеми... ... Не! (далеку од тоа дека детето е нешто криво за однесувањето на неговите родители но има има влијание во процес на растење), но страшно е колку децата може да ја носат вината и судбината на своите родители без никаква своја вина.
    Друга работа, се работи и за генетско наследство (ментални заболувања, деформитети, наследни болести и слично), подобро со време да се дознае затоа се прашува кои се луѓето. Секој родител си гледа најдобро за своето дете и не сака среќата да му биде уништена.
    Знам многу примери каде поради ваквите проблеми браковите се распаднале, децата останале гневни и имаат доза на непочитување на вредностите за едно семејство. (Секако дека постојат исклучоци)
    Ако се работи за чесна фамилија, каде што постои хармонија, каде што постои љубов, проблемите се решаваат полесно. Затоа сметам дека ако родителите прашуваат кои се неговите тие имаат друѓи намери со тие прашања а не за материјалната состојба.
    Никогаш не сум гледала за тоа,но фала Богу ме воспитале да внимавам за со кого ќе појдам но од други аспекти (веќе ги наведов) и затоа треба да знаеш, а за материјална состојба НЕ!

    Баба ми и дедо ми и од едната страна и од другата ништо немале, ни наследство да им остават на своите деца, но моите биле вредни и сами заработиле доволно да ме одгледаат мене и да ме воспитат во тие рамки, да ме научат на вредности, да ми овозможат да студирам, да не сум аздисана но и ништо да не ми фали (во дозволени размери секако). Парите не ја купуваат љубовта ни хармонијата во едно семејство.
     
    На Angela95sr и programerka им се допаѓа ова.
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    За тие родители (на детето од фамилија) постојат милион дефиниции, толку различни што дури се сомневам дека е индивидуална работа. Според мене, тие родители не мора да се богати, па не ни мора да бидат којзнае колку учени. Има луѓе/семејства кои иако не се интелектуалци живеат чесен и морален живот и на истиот ги воспитуваат и нивните деца (сведок сум на вакви ситуации), ги учат вредно и чесно да го заработат денарот и им ги посочуваат на вистински вредности. Крај краева, не е секој роден да биде учен и интелектуалец, а ете сепак е добар и трудољубив во она што го работи.


    Семејството (не порекнувам) игра мошне важна улога во воспитувањето и градењето на личноста на едно дете и од таа гледна точка, да, би сакала да знам какви му се родителите на мојот партнер (или на партнерот на моето дете во иднина).

    Како и да е, свесна сум и за една друга работа: Нашите постапки, не потекло, не' прават она што навистина сме. И да е дете од фамилија, во секое жито има какол, нели?

    Самата личност и нејзините постапки ми се примарни.
     
  12. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Мама отсекогаш ја интересирало тоа. Од секогаш ми викала дека многу е важно од која фамилија потекува типот, но таа не мисли на богати и сиромашни, туку чесни, со чист образ, луѓе кои веруваш дека добро го воспитале својот син. И во право е. Знаеш отприлика што да очекуваш.
     
    На marama и Trendafilka им се допаѓа ова.
  13. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Дете од фамилија бе.
    Па сите потекнуваме од фамилија мајката, никој не настанал така што го посрала чавка на лист од дабово дрво. |(
    Попросто нешто - здравје. Подобро нека си речат дека бараат некое безмозочно богаташче за мутавата ќеркичка, за да на лесен начин и на готово да „стекне“ нешто што тие за жал не биле способни.
    Чисто лечење комплекс на пониска вредност.
    Не. Ако ќерка ти земе презиме на некој угледен, не ја прави тоа повредна од што била.
    Ниту ти како родител ке добиеш на угледот.
    И тоа ни малку нема да те направи поголем човек и да ти додаде на душевната вредност.
    Ама ете, макар и на (празен) збор ке се фали дека се ородиле со фамилија. Ееее фамилија бе! Врв! Па дотогаш што сте биле? Неандерталски чопор? |(
    Најјакото е што истите мислат дека секој им љубомори. Всушност, им љубоморат само оние кои имаат иста цел како нив - дете од фамилија, јасно.
    Пуста Македонштина, гладна за замислен престиж.
     
    На Markusa2, karenin и Look им се допаѓа ова.
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.178
    Допаѓања:
    235.061
    Старите велат: И крава кога купуваш се гледа од што сој е!
    А не пак дечко.
    Не се мисли да е богат, ами се мисли на култура, морал, вредности, чесност.
    И битно е, да знаете!
    Гени си се гени, иако има исклучоци.
     
    На Sherryl, Mishela и marama им се допаѓа ова.
  15. Justinna

    Justinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    29
    ...a да ве прашам според вас, колку сметате дека има влијание врз партенрот од спротивниот пол, ако родителите му/и се разведени?
    Дали има влијание во смисла на тоа ‘‘нејзините родители се разведени па тоа може да влијае во смисла на тоа и нејзиниот брак, поголеми се шансите да пропадни.‘‘ Мислите дека тоа разведени родители има големо влијание врз партнерот?

    Јас не верував во тоа се до пред некој ден, кога прочитав некоии статии во едно српско списание.
    Можеби не е за овде темата ама незнаев каде ја напишам?
     
  16. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Тој изразот `Дете од фамилија` барем во моето потесно опкружување го поврзуваат со богато семејство.
    Дечкото/девојката да се богати инаку тој/таа е никаквец,не вреди пет пари ни тие ни нивната фамилија. :x :x :x
    Жално,многу жално. :x
     
  17. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    331
    Пол:
    Женски
    Кога се мисли на дете од фамилија се мисли на дете од семејство домаќинско,чесна фамилија,детето да е добро воспитано а не на богаташи празноглави без грам мозок моето семејство кога мислеле на дете од фамилија се мисли на воспитано дете паметно чесно да не е расипан да знае да цени.
     
  18. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147

    еее баш така ...јас порано се смеев на ова... но навистина е така- јаболкото не паѓа многу далеку од јаболкницата........и овде не мислам толку на финансиски план, туку на воспитување, всадени морални вредности и сл.
     
  19. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Моите односно мајка ми, никогаш не гледала на тоа дали има пари, дали е син на доктор или продавач на чевли, додека татко ми не се замара, всушност тој и ретко доаѓа, ретко се гледаме па така да, не му кажувам дали имам некој, кој е и што е.
    Битно им е да ме сака и јас да го сакам него.
     
  20. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Во секое стадо има по некоја црна офца,ама некој се фаќа за овенот :D .Мислам дете од фамилија :puke: од изразот.За простата маса дете од фамилија е престиж и пари за сите други е љубов ,почит и хармонија во животот.Не се согласувам со тезата дека крушата под круша паѓа ,бидејки се повеќе примери забележувам дека најчесто постарат генерација се тие што се трудат залудно да направат да биде дете од ФАМИЛИЈА-та.Јас би рекол онаа поговорката дека важи,од секое дрвце шупелка не бидува :lol: .
     
    На La.Reina.Del.Sur и fallenangel им се допаѓа ова.