Не знам дали има веќе ваква тема, не успеав да најдам па затоа јас ја почнувам, доколку има нека ме поправат админите или нека ја префрлат. Оддамна сакам да ја почнам темава ама додека бев сега на одмор ептен се почувствував како да е моментот, и сфатив колку сум неприсутна во секојдневието. Јас не сум човек што постојано седи на телефон, затоа што постојано си наоѓам некое хоби, дали тоа било читање, боење, учење и слично никогаш не сум си седела така од досада. Додека бевме на одмор и додека скролав на ТикТок сфатив всушност дека јас го губам вниманието многу лесно и дека всушност затоа и внимание понекогаш на читање, учење не ми се задржува премногу затоа што сум навикната да гледам кратки видеа и да ги скролам. Како попче си избришав ТикТок и твитер затоа што немаше поента веќе. Откако првиот ден избришав, цел одмор читав, боев, нормално се бањав и бев поприсутна во сите разговори со дечко ми. Прочитав исто така 5 книги на одмор што мислам дека ми се нема случено, секогаш сум читала до максимум 3. Не ми е поентата сега да се фалам колку сум прочитала ниту пак да избришам се' од социјални мрежи, туку да ве прашам дали некој се одлучил на детокс од социјални мрежи и ако да, што практикува да прави во текот на денот се' со цел помалку седење на телефон. Јас гледам постојано да работам нешто по дома, додека сум на работа да не го чепкам толку, на пауза исто, да читам, гледам серија или слично но се плашам дека брзо ќе ми здосади и повторно ќе се осврнам кон инсталирање на тикток и твитер.
Ги деактивирав, само дискорд имам и ут ако се рачуна. Многу одвлекуваат непотребно внимание и залудно потрошено време е а и фокусот се губи од премногу брзи и кратки информации, плус тоа што ретко е нешто паметно да се начека.
И јас сум детоксирана веќе подолго и многу ми е пофино. Никој не ме замара, не читам и не гледам разноразни непотребни коментари и работи и луѓе кои не ми се уопште битни.
Веќе 2 години немам Тикток (многу време трошев на тие кратки addicting смешни видеа), а повремено бришам и Инстаграм. Освен повеќе време за домашни обврски, хобија, готвење, забележувам дека сѐ помалку посакувам/ми требаат работи. Од облека, производи за нега, до патувања, желба да јадам и пијам надвор, итн. На Инстаграм сите шетаат, си купуваат работи, се кул весели шизици со партнерите/ките, друштвото, колегите и тоа ми прави да осеќам потреба и јас да сум постојано дел од тој шизик конзумеризам. Зошто јас да не јадам во ова кул местенце, ее баш ваква кошулка немам, ејјј овде не сум била на пијачка, ее само јас не сум била на рафтинг, итн... Се чувствувам како нешто да пропуштам, а пред да го видам не сум го ни сакала тоа нешто. Дури и премногу сум свесна дека Инста није живот, и презадоволна сум со тоа што го имам, но сепак така ми влијае мене Инстаграмот конкретно и затоа го бришам повремено. До крајот на годинава сакам целосно да исчезнам и од таа социјална мрежа. Единствен downside е што Инста ми е место и за информирање за настани и случувања од типот на бесплатни концерти и настанчиња, собиранки, итн. Од Facebook и YT не сум зависна, си скролам mindlessly но многу ретко, и никакви „негативни“ чувства не ми будат. Така што... Детокс од социјални мрежи FTW!
И самата приметив дека од тој short content немам воопшто концентрација за нешто кога треба да се прави подолго без да погледнам во телефон и да почнам да скролам, сакам скроз да се излечам од тоа искрено.... Немаш никакви социјални мрежи? Сакам да сум ти ама скроз да знаеш хахахха! Тотално тотално те сфаќам, јас инстаграм искрено си ја гледам како алатка кадешто си гледам и некои корисни работи и мислам дека скроз ако избришам ептен па ќе се оттргнам од такви работи ама се приметувам дека и на инстаграм почнувам да скролам реелс и одма гасам зошто пак истото влијание како тикток ми го има..... инаку знае да е многу практичен и информативен, особено профили што си ги следам за книги, за уредување дом и такви работи и не знам дали сакам да се оттргнам скроз од инстаграм иако би сакала да пробам.
Пред скоро ги деактивирав сите социјални мрежи, ама кратко траеше тоа, само една недела. Првиот ден ми беше ужасно тешко да се навикнам, после во текот на неделата таман полека се навикнував и паднав на искушението и се вратив пак. Сфаќам дека сум зависна и баш во голема мера иако не си го признавам тоа. Иначе без телефон можам да седам да речам час два без да го допрам воопшто, ама после тоа како манијак мислам дека сум кога ќе го земам во раце. Сега овие денови се мислам за повторно да деактивирам се, ама овој пат сериозно сакам скроз да се исклучам од светот дури и телефон да исклучам. Иако реално е тешко, за најосновна потреба некој нема да можам да побарам или да ме побара, не знам дали би издржала и колку. Ама макар пак една недела како мала рехабилитација, мислам океј ќе ми дојде.
Од социјални мрежи имам само инста со 2 профили. Едниот бјути блог другиот рачни изработки. Доста ми е. Повремено сум тука на форумов чисто да прочитам нечие секојдневие некои совети и сл или да слушам некој поткаст на јутјуб додека работам по дома.
Напраив убав детокс првата половина од годинава, пошо имав ментален burnout од премногу doom скролување, се фаќав себе си дека скокам од форум на инста на тикток, така во бесконечен круг цел ден, секој ден. Минимализав користење на сè, одморив, се соземав, си ги преуредив принципите и сеа сум ултра внимателна на шо и колку време трошам. Реалноста е дека социјалните мрежи ја утепуваат психата, те дехуманизираат, ти го крадат буквално животот пошо времето е сè што имаме, а на што го трошиме - на зјапање у екран. Ако имаш изградено самоконтрола и идентитет надвор од социјалните мрежи, океј е, ќе си допуштиш некад да скролнеш, да исцрпиш некоја инспирација за нешто. Ама треба многу многу внимателно, иначе отиде времето.
Сѐ повеќе мислам на фактот колку време поминувам на телефон - 3 саати во денот, на крајот на неделата е како скоро цел еден ден да го имам поминато во скролање. Цел еден ден изгубен пред екран... Scary stuff
Јас немам инстаграм долго време, фб не користам за онака класично скролање, сториња не гледам многу Е сеа, телефонот ми е стално у рака или блиску мене затоа шо буквално работам на него. Ама најчесто само гледам меил, враќам и го оставам телефонот. Или Тимс и толку. Сеа отворив да видам, Месенџер користам највеќе и Хром
Одамна ме демнее оваа мисла. Неодамна исклучив нотификации и само повремено, можеби кон крајот на денот отварам инстаграм да видам пораки од другарките. Фејсбук одамна немам, за комуникација само вибер. На твитер се информирав сега и тоа ми е избришано. Секогаш кога ќе прочитам некоја глупост по инстаграм осеќам потреба да се реконектирам со природата после тоа. Кај и да е ќе избришам се. Буквално немам потреба, само бесцелно губење време.