Дали слушнавте/прочитавте? Детска Евровизија 2026 ќе се одржи во Скопје! https://en.wikipedia.org/wiki/Junior_Eurovision_Song_Contest_2026
Прочитав, ама не е сигурно дека ќе се одржи во Мк. Се чека одлука од МТВ. Реално..... Нема да се одржи. Нашите немаат услови за ваков настан.
Нека се одржи баш убаво, ама мтв немаат капацитет за тоа. Ако организира Ебу тогаш е во ред да не се сеќираме од евентуално фијаско.
Супер идеја, само странци нека ја работат, водат, направат сала, ние само градот да им го отстапиме. Уствари и град нека си донесат, да не гледаат дечињата сучки и ѓубре у Скопја.
Исто дојдов да искоментирам, малку ли ни беше срам и брука кога ја организираа младинската олимпијада… Мислев дека од тогаш сме банирани на секоја листа за можна организација на било што. Нивото за организација ни е на општински вашари и толку, доста е.
Ха ха ха е уште ова го немаше... Трагедија...уште оваа брука ни требаше. Абе не можиме ние вакви работи,немаме капацитет бре.
Според мене ако ние ја организираме оваа година детската евровизија. сметам дека е паметно да остане сегашниов менаџмент, директор и кадар во МРТ. МРТ предничи со квалитетна програма и кадар овие години и луѓево докажаа дека се способни. Нажалост веќе е објавен конкурс за прием на нов директор и менаџмент. И по се изгледа, од тоа ќе зависи колку ќе биде успешна организацијата ако воошто ја добиеме, Инаку Детска евровизија сама по себе не е нешто спектакуларно за организација. Далеку е тоа од правата Евровизија или пак Младите летни олимписки Игри кои ги имавме. Така да само за ова се потребни работни и вредни Непартиски луѓе. и лесно ќе се организира.