Македонската радиотелевизија (МРТ) го потврди учеството на Детска Евровизија 2023 година што во ноември ќе се одржи во Ница, Франција. Евровизискиот сајт „Eurovoix“ објави дека соопштението на македонскиот јавен сервис следува по состанокот на Програмскиот совет на МРТ, на кој се разговарало за учеството на земјава на Евровизија и Детска Евровизија. Македонскиот учесник во Ница ќе биде избран преку аудиција, која ќе се одржи на 11 мај во седиштето на Македонската радиотелевизија со почеток од 10 часот. Пријавувањето трае до 5 мај. Право на учество на аудицијата имаат деца коишто на 26 ноември годинава ќе бидат на возраст помеѓу 9 и 14 години. Апликациите се поднесуваат на електронската адреса jescmk@mrt.com.mk, а повеќе информации можат да се најдат во Правилата за учество на Јуниорскиот Евросонг. Изборот на кандидатот или кандидатите за претставник на Јуниорскиот Евросонг ќе го направи комисија од најмалку три члена, што ќе ја формира менаџерскиот тим на МРТ. Во рок од 20 дена по соопштувањето на претставникот, МРТ има обврска да го определи авторот што ќе ја подготвува композицијата што ќе биде изведена во Ница. Трошоците за песната, текстот, аранжманот и снимањето на песната ги покрива јавниот сервис, исто како и патните трошоци и сместувањето за сите учесници. Минатата година земјава на јуниорската верзија на Евросонг ја претставуваа Лара, Јован и Ирина со песната „Животот е пред мене“. Со вкупно 54 поени, тие завршија на 14 место од вкупно 16 учесници. Македонија нема да биде дел од годинешното издание на Евросонг што од 9 до 13 мај ќе се одржи во Ливерпул, Обединетото Кралство. МРТ одлучи да не учествува на годинешната Евровизија, главно поради енергетската криза и зголемените трошоци на јавниот сервис. Спојлер: Македонија на Детска Евровизија 2003 – 2022 Спојлер: Победниците на Детска Евровизија 2003 – 2022
Сосема очекувано Тамара Грујеска ќе ја претставува Македонија на Детска Евровизија 2023 – Ница Франција. По аудицијата која се одржа во студијата на Македонската радио телевизија на 11-ти мај, од јавниот радиодифузен сервис соопштија дека Комисијата за аудиција за избор на претставник за Јуниорски Евросонг ја избрала Тамара Грујеска од Гостивар. Таа ќе ја претставува Македонија на изборот кој ќе се одржи на 26-ти ноември во Ница, Франција. -Тамара е родена на 02.12.2010 во Гостивар. Своите први почетоци во светот на музиката ги прави на само пет години и оттогаш постојано е активна на детските фестивали во земјава и странство. Таа е уникатна и бестрашна. Препознатлива е по моќните изведби и неверојатен вокал кој освојува и никого не остава рамнодушен. Доказ за тоа се и големиот број на награди кој ги освојува, не само во Македонија туку и на интернационални натпревари. Првиот нејзин настап на интернационален натпревар е во 2021 година на „Езерски Бисери“ во Струга, каде што го освојува Првото место Лауреат I степен. Истата година учествува и на Интернационалниот Фестивал „Ѕвездички“ во Прилеп каде што освојува највисока Гран при награда со нејзината песна „Музиката во мене има дом“. Истата година учествува и на интернационалниот Фестивал „Шкољкице“ во Нови Сад, Србија каде што повторно освојува Гран при награда. Во 2022 година Тамара учествува и на најпрестижниот фестивал и натпревар во Владимир „Golden Stars Rain“ каде што во конкуренција од 150 натпреварувачи од повеќе земји ја освојува Гран при награда. Гран при награда освои и на меѓународниот фестивал Angel Voice во Белград Србија-појаснето е на страницата на Евровизија Македонија. Инаку, Тамара е ученичка во седмо одделение, а нејзиниот татко е саксофонистот Дејан Грујевски. Минатата година на Јуниорски Евросонг кој се одржа во Ерменија, Македонија ја претставуваше Лара Трпчевска, ќерка на пијанистот Симон Трпчевски, заедно со Ирина и Јован, со песната ,,Животот е пред мене”. Автор на песната беше нејзиниот татко, а продуцент беше Дарко Димитров. Од вкупно 16 земји учеснички, таа заврши на 14-то место. Иако поради економската криза земјата го откажа учеството на Евровизија 2023, не се откажа од Детската Евровизија. Од јавниот сервис информираа дека менаџерскиот тим на МРТ формирал комисија од најмалку три члена која го направила изборот на кандидатот кој ќе ја претставува Македонија на настанот. -Имињата на членовите на комисијата можат да бидат објавени само по завршувањето на изборот, наведено е во правилникот за чество на Јуниорски Евросонг 2023. Спојлер: Тамара Грујеска – „Црно и бело“ Спојлер: Тамара Грујеска – „Имам сила“
Најдобри до сега сме биле во 2007 кога завршивме на 5 место со 111 поени. Спојлер: Росица Кулакова и Димитар Стојменовски– „Динг динг донг“ На 5 позиција завршивме и во 2008 година, но со 93 поени. Спојлер: Боби Андонов – „Прати ми СМС“ Најдобри само во жирито сме биле во 2019 година на 5 позиција со 100 поени. Спојлер: Мила Москов – „Оган“ Најдобри само во публиката сме биле во 2021 година на делба со Грузија на 6 позиција со 59 поени. Спојлер: Дајте музика – „Зелени сили“
Роберт Билбилов ќе ја пишува песната на Тамара Грујеска. Од евровизиското учество на Роберт Билбилов е Евровизија 2019 година и Детска Евровизија 2021 година.
Стискам палци оваа година да го имаме најдобриот резултат досега! Праќаме многу талентирана пејачка, композитор со искуство и добри песни зад себе, така што се надевам на најдоброто. Би било убаво некогаш, ако веќе не можеме и тоа нема да се случи на „големата“, да победиме на Детскава Евровизија. Мислам дека тоа не е недостижно и имаме капацитет да бидеме домаќини. Да ги следиме стапките на Ерменија, Грузија, Бугарија и други мали/неуспешни на Евровизија (Белорусија) држави. xD П.С. Очекувам добар резултат од жирито.
Бугарија нема победа на Детската Евровизија. Најголем успех им е што победија во телефонското гласање во 2014 година. Завршија втори во финалето.
Да ама беа домаќини, на тоа мислев. И мислам дека ќе победеа ако не решеа од ЕБУ да им ја дадат победата на Италија, пошто прво учество, да не се лутат и да не се откажат следната година (како и нивната победа од жирито на Евровизија 2011 ).
Србија се откажа. И со право бидејќи лани ја имаа најубавата песна со прекрасен сценски настап и завршија на мизерното 13-то место од 16 учесници. Ужас ми беа лани целокупните резултати, вклучитечно и победникот.
Од друга страна, го отворија конкурсот за ПЗЕ 2024 па се надевам ќе имаме некои јаки изведувачи и јаки песни и ќе биде добро издание на фестивалот, како во 2022. ПЗЕ 2023 ми беше голем let down во споредба со 2022.
Големо браво за Тамара што објавува „cover“ верзии на песни. Досега се објавени 4 песни. Спојлер: Евровизија 2012 – „Еуфорија“ Спојлер: Детска Евровизија 2019 – „Оган“ Спојлер: Евровизија 2023 – „Тетоважа“ Спојлер: Евровизија 2023 – „Еднорог“
Супер идеја, баш интересно. Денес би требало нов кавер, едвај чекам. Кога-тогаш го очекувам рефренот на „Proud“.
Два нови „cover“ верзии на песни на Тамара. Спојлер: Евровизија 2019 – „Горда“ Спојлер: Евровизија 2019 – „Аркада“
Мене не ми се замараше да менувам од кирилица на латиница на телефон. Плус на претходниот пост имам ете Прауд напишано и сигурно сакав да звучам малце поразлично, да не се повторувам.
Естонија ќе дебитира! Баш сум љубопитен да видам како ќе се претстави една од моите омилени европски држави.