Дали има разлика меѓу детска искреност и разгаленост (невоспитаност)? Модератор: Дискусијата е одделена од темата Сакам да кажам...
Мислам дека и те како има.Само тие што имаат невоспитани дечишта, викаат дека им се разгалени на мама и тато.
Невоспитано дете ми е одраз на негрижата од родителите, да речеме постаро. Трча, крши, плачи хистерично, да излив на емоции, кои и веројатно не може да ги користи, ама сепак си стојам на тоа дека родителите треба да знаат да го воспитаат и на некој начин контрлираат детето...
Тоа ми е поентата. Дете не секогаш знае што е навредливо, но сепак треба да знае дека не треба да се коментира нечиј недостаток. Шо знам...
Можеби тој недостаток не се приметува баш и затоа си дозволува да кажува сѐ и сешто. Сепак е дете. Мада ја не сум се смеела, не сум кажувала на некој "види се каков си" кога ќе ми дојде да се смеам ми текнува "чекај може господ таков го создал" и нит му се смеам нит му кажувам нешто. Зависи од детето. Незнам.
Пцуење, кршење покуќнина кај други луѓе дома или по кафичи, изливи на бес онака кога се дерат како кожата да им ја вади некој, штипење на родителите.Приговарање на непознати, мавање на други деца/животни. Може и поголеми да се.Кога ќе чујат дома шо зборат нивните, па пред гости или во школо зборат глупости.Кога имаат непочит на учителки.
Дете не мора да знае што е сколиоза за да не навреди некој. Треба да знае дека неговите забелешки за туѓите проблеми можат да бидат навредливи, а за тоа родителите треба да го научат. И да, има разлика. Под ,,детска искреност” јас повеќе сфаќам изразување чувства. А при ,,невоспитаност” се забележува пропустот на родителите во градењето манири кај детето.
Па тоа дете на 5 години воопшто не е свесно за тој недостаток и не знае дека такво нешто да се каже е навреда. Да има огромна разлика од невоспитано дете и од детска искреност. Не го знаеме детето и не можеме да кажеме, ама ако е проблем само ова што го кажало детето, оно не го сфаќа тоа како навреда. Еве пример внука ми кога беше така 4-5 години, бевме излезени со една пријателка на мајка и, и она ја задева, внукава ни едно ни две и вика: ауу ама ти смрди здивот, ти не си ги миеш ли забите. Тоа е дете и едноставно не знае дали за нешто треба да поќути.
Еднакво навредливо е како да дошло од возрасен човек зашто родителите (возрасните) треба да го научат декс е навредливо да коментираш нечиј физички изглед или недостаток. Го правдате дека дете не знаело за сколиоза ама знае кога е некој грбав…браво.
Наивност е, пример од блиска околина, жена со рак и нема коса, носи марама или така се шета во маркет, и сега детево нели ја прашува мајкава зашто нема коса таа и таа, мало дете и чудно му е, сите жени имаат коса, и мајката му објаснува дека таа е болна, дека затоа нема коса, и детево нареден ден во маркет при разминување и вика на жената, мене мама ми кажа, ти си била болна и затоа немаш коса, си имала рак.. Дете не може баш да резонира што треба да се каже а што не, така да, наивност е во прашање...
И? Нормално дека мало дете не знае социјални норми. Родителите нека му укажат дека не се кажува така на други луѓе, ама не дека е нешто престрашно што кажало така. Баш и затоа спомнав горе што подразбирате, зашто некои луѓе очекувате мали деца да се однесуваат како возрасни.
Не знам како може да споредуваш дете со возрасен, и да кажеш уште еднакво е навредливо. Да дека родителот треба да му укаже да не се потсмева на некој со физички недостатоци, и да не коментира, ама сепак е тоа дете и сеуште не е доволно свесно за да ги разграничи и разбере тие работи во целост. Да стануваше збор за некое поголемо дете, нормално дека ќе беше невоспитано и не културно, ама ова е уште мало.