Листав барав, не најдов ваква тема ако има префрлете и бришите ова. Поради сомневање за епилепсија матичната ми дава совет за преглед кај невролог и ЕЕГ. Секако неврологот ќе одлучи за еег-то но најверојатно ќе треба да правиме. Предлог за добар невролог и совет како се прави еег што треба да знам претходно ? Јас ќе се се јавам да се информирам ама ми треба и искуство од мајки што направиле за од прилика да знам практично како изгледа и што не чека. Поздрав
Здраво, ние правевме пред пандемијата во Промедика кај др. Софијанов, мислам дека не работи веќе, не знам... Ни дадоа пола апче диазепам да и дадеме на ќерка, за да заспие, она немаше абер од заспивање, ( беше околу година и пол, не се сеќавам точно), јас ја држев во скут, сестрата и викаше дека ќе и врзе репчиња за да и ги стави тие топчињата на глава( поима немам како се викаат) и некако така ја излажавме, треба да е смирено детето, да седи, не трае долго процедурата .. Ние правевме заради грчеви од температура (фебрилни конвулзии). Со среќа мајка!
Д-р. Наталија Ангелкова-Систина или Оливера Лековска исто Систина. Двете одлични докторки. Јас бев кај Оливера таа ми дијагностицираше потоа кај Наталија. Тогаш беа на државна, сега се Систина... Зависи какво ќе е ЕЕГ, во сон или без. И во двата случаеви се ставаат едно како мрежа на коса и се топат како сунѓерчиња на главата. Трае неколку минути, малце неугоден процес е за возрасен, а не за дете. Ама ништо страшно и болно.
Детски невролог само на детска клиника и систина. (дали има во другите приватни како ремедика не знам) Наталија Ангелкова без конкуренција. Пред се човек, и предобар доктор. Со децата се однесува како другар, ќерками имаше страв од доктори со кеф одеше кај неа. Прегледот полека смирено низ игра траеше околу 40-50 минути Исто ние некои испитувања ги правевме и кај Гордана Китева, исто така супер доктор, ама мислам дека не работи повеќе ( на клиника за неврологија, само не сум сигурна дали работи со деца ние преку познати стапивме во контакт и ни излезе во пресрет)
Имаме правено да, но од други причини. Ќе кажам само не губете време по државно, тешко да најдете. Мој совет е Наталија во систина. Ние правевме еднаш во промедика и еднаш во симпо. Како што ми кажаа последно само на 3 места сега прават еег во ск. Симпо пример немаат невролог. Иначе треба детето да не е болно и да не прима антибиотици. Косата да е измиена, да го разбудите порано за да може да заспие. Јас и дадов мелатонин зошто моето е тешко ептен за заспивање, ама ќе ви објаснат таму како треба. Стават како капа, па на таа редат штипки. Не е страшно, без грижи.
А др.Дума на државна ( детска клиника вајда се води) , нели е невролог? Ние ќерката ја носевме кај Наталија, па кога замина во Систина преминавме кај Дума. И он е одличен.
Ние правевме на бебе кога беше 5 месеци. Косата треба да му биде измиена претходно и ако е можно да спие за време на прегледот т.е да мирува. Моето не спиеше, има лесен сон, а претходно го мачкаа со некоја паста па му ставија капче па за да седи мирен лежеше во мене и го галкав, пеев за да седи мирен. Тоа трае околу 10 минути и после чекате резултати одма на бањање оти пастата едвај ја исчистив од косата, арно што немаше многу коса.
На државна, на детска клиника, пред две години се обидовме да најдеме детски невролог за преглед и ЕЕГ. Имавме проблеми со чести главоболки, уште тоа немавме проверено од анализи.. Ни рекоа дека невролозите на детска клиника примаат само итни случаи и дека немаат амбулантски прегледи. Сестрата ни ги препорача со половина уста докторките во Систина. Рече не сакам да мислите дека тезга им правам ама нема да најдете детски невролог државно. А двете се добри и од тука се излезени...не се сеќавам на имињата... Јас го однесов син ми кај невролог за возрасни со врски. Најискрено ви кажувам, зошто немав пари за приватно. Ама син ми беше 12 години и можеше да помине и со преглед како за возрасни. Конечно добивме дг. мигрена. Фала богу не беше нешто полошо...
Jas imam praveno ne znam dali e i za dete isto, izgleda ne e , zasto za vozrasni trae 20 minuti, zatvaras, otvaras oci, pustaat jaka svetlina, razni boi pred ocite itn. Lesno, bezbolno ispituvanje.
За да се докаже дали и на кои бранови работи мозокот Најчесто за дијагноза и вид на епилепсија детски невролог само Наталија моментално е во Ситина вреди за парите на државно ке ве маткаат само
Доктор Данило од детска клиника само, многу добар доктор е, нас ни даде приватен број во секое време кога ни треба да го бараме.. Дека малиов ни е малку специфичен случај, има повеќе коморбидитети, и мора редовно да се консултираме со него, за преглед не ни бара упат, директно се јавуваме и прашуваме дали е на клиника да дојдеме.. Секоја препорака за него, ретко толку посветен и добар доктор..