1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детско насилство/булинг

Дискусија во 'Психологија' започната од WarriorAngel, 4 август 2013.

  1. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Хммм сами си се правите жртви , може звучам грубо ама искрена сум . Не ми е јасно возрасна оформена личност со трауми од детството бидејки ја исмејувале , ја навредувале .. Не зборам за физичко насилство тука би требало некој нешто да превземе но вакви тортури што ги викате па и не се баш тортури ..
    Тоа е дел од детството .
    Прифатете го тоа , нема полошо од тоа цел живот да се чуствувате како жртви ...
    Децата се такви што на ум тоа на друм , во средно и на факултет веќе пораснале и знаат нивните мисли да не ги кажуваат отворено , туку зад грб или пак мислењето да си ги задржат за нив .Таков е светот драги мои . Скоро сите сме поминале период во детството кога сме биле исмејувани , навредувани , задевани ... Само ми падна криво што сеуште толку живо го доживувате одново .. Еве ја читам темата и си викам па јас не сум преживеала никакви тортури ама кога прочитав што подразбирате повеќето под тортура ми падна смешно и ми текна за едно лето кога едно дете ги набеди сите деца да ми се скаараат . Пишуваа погрдни работи за мене по зидовите на зградата , кога и да излезев од дома ми се смееа и довикуваа погрдни зборови , еднаш едно момче и ме сопна и ме удри со клоца додека лежев и избега, арно ама го викнав бато на помош :muscle: и сирото јадеше невиден ќотек :devil: :lol: помина тоа лето јас имав нови другарки со кој и ден денес се дружам , да тогаш ми беше тешко ама јасно ми е дека децата се такви , брутално искрени не си ги кријат своите мислења знаат да се степаат да бидат злобни а утре дента пак заедно :D Не можете да ги натерате сите да ве сакаат и сите да ви мислат добро , а деца ко деца не мислат што ќе кажат, некои се и прилично злобни а тоа е поради нивни трауми дома и лошо воспитување . Едноставно тоа е периодот на растење ...
    Сериозно не ми е јасно зошто уживате во улогата на жртва ? И како возрасни луѓе место да го надминете тој период вие сами се заробувате во него ...
    За мене тоа е нормален дел од моето детство се случува и тоа, не сум дозволила да ми остави трауми , иако вака гледано е прилично трауматично , не ми ни текнало на тие лоши деца :D :D не ни знам што прават а камо ли да се замарам да смислувам одмазди |( А кога ќе ми текне на моето детство го памтам како среќно и исполнето , задевањата и кавгите со децата неминовен дел од него..
     
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски
    Кога бев мала јас бев насилник, на било кој роденден да одев сите деца ги тепав, на сите косите им ги корнев и ги терав да ми ги носат играчките за да си играм со нив. Кога почнав да одам на училиште бев многу мирна, тивка и повлечена, почна едно дете да ме турка, кажав дома и тие на комшивката и рекоа да го запплаши детето и од тогаш не прба да ме турне или да ме удри.
    Во средно не се тепав, никој не ме провоцираше или така нешто.
    Инцидент со тепање имав пред некој ден, мислам во Понеделникот, го разбудив тоа малото девојче во мене изгледа, многу бесна сум во последно време, не умеам да ги контролирам бесот и гневот и ми избега од контрола.... :worried:
     
  3. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.588
    Допаѓања:
    23.029
    Пол:
    Женски
    Затоа што обични задевања и кавги не се исто со психичка тортура.
    Сигурно никој од нас не може овде да ја напише секоја случка поединечно и до најмал детал за да некој сфати како е можно уште да се има трауми и комплекси.
    Тоа што го имаш пишано, кавги, задевања, мини тепачки и плачки и јас го имам доживеано со деца од маало, кои денеска ми се другари и другарки, но не е исто со она што ми се случувало на училиште, разбираш? Не се ни споредува.
    Не дека ме прозва мене конкретно, ама морав да си пишам.
     
    На Indiegurl, sj *O*, rose60 и 7 други им се допаѓа ова.
  4. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.634
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Кој не поминал и незнае како е ! И за твое инфо срањата што ми ги приредуваа на мене продолжија и во средно , значи ништо не се запре ниту се смени ! Детски кавги као не ти праам муабет , не се ништо во споредба со тоа да ти се зберат и да те вреѓаат и понижуваат , а плус и да летаат шамари !Не е мала работа да те наклеветат дека си здиплила новчаник со незнам колку пари , и да те пријават во полиција за тоа , па да се мкнам да ме испрашуваат , ко банка да сум ограбила!Епа извини некои работи и не се забораваат и не се простуваат така лесно. Јас не терав никој да ме сака по секоја цена , а не ни провоцирав некој да ме тепа ! Се си има своја граница. Ах далеку од тоа они да биле тие истрауматизираните , со се разбира се што сакале им било удоволено.Значи не се работи за ден два , месец и сл , се работи за години , епа некој константно да те јаде , сакал нејќел ќе остави некоја длабока трага и траума.Кажи ми нормално ли ти делува деца да зборат ако и е тоа што умре татко и , заслужил ? Го слушнав тоа после 4-5 дена откако почина татко ми, како треба да гледам јас на тие работи ? Не треба да ме боли и да ме засега ? И не се правам жртва далеку од тоа да ми одговара тоа , едноставно морав да си ги кажам некои работи што ми тежат на душата да се испразнам ! Ако ти смета едноставно не ни ја читај оваа тема и крај
     
    На sj *O*, rose60, eloves и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Не сакав да ве осудам , ама човек сам одлучува колку нешто ќе влијае врз него .. Ако си го сваќаш трагично и постојано мислиш колку некој те повредил , и си оживуваш сеќавања нормално е дека ќе остави траги врз тебе ..
    Јас си го сватив како неизбежен дел , видов дека не сум единственото дете што поминало низ таков период , сум го избришала од глава да не беше темата немаше да ми текне ..
    Бев слободно дете , не се срамев од ништо , без проблем се дружев :!: а по тоа лето станав тивка и повлечена и немав самодоверба, но го надминав тој период со време , го сватив тоа како дел од моето растење и созревање . Не би дозволила да влијае на мене тоа сега како возрасна личност , прашајте околу вас повеќето имале таков период ..
    Па и моето не беше баш , само задевање , баш групно ми се збираа цело лето се плашев да излезам од дома кога одев до продавница довикуваа со погрдни зборови , маваа со камчиња , шкртаа по зидови , едно од момчињата ми се нафрли да ме тепа , на школо одев со страв .. Си плачев по дома се чудев што е проблемот од каде таа омраза ? Само сакав да кажам да не дозволите такви работи сеуште да влијаат на вас , ништо друго :)

    Инаку блак енјџел твојот пример го читав и вклучува и физичко насилство , ти го искинале фустанот за матура , тоа веќе не биле деца , веќе возрасни луѓе кои комотно си можела да ги пријавиш во полиција .
     
  6. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    4.124
    Пол:
    Женски
    Лошо од тоа да се чувствуваш како жртва, ама ете некои неписмени без грам мозок направиле да се чувствуваме така и поради сплет на околности останало. Но, лошо е и на едно невино дете, личност кому немало кој да му каже биди цврст мило, издржи, се ќе биде во ред, да му се прави ова. Не, не е ништо. Имам слушано за личности кои стигнале до психијатар поради такви. И камо да имало само физичко насилство. Не би ме болело толку колку навредите и пцовките. Поради некои од нив и после толку време немам доволно самодоверба и патам од комплекси. Тешко се отворам, доверувам, дали се работи за дечко или другарка, станав параноична до немај каде,

    Во средното секогаш кога ќе се скарав со некој од тие од кои во основно си патев никогаш не дозволував да го имаат последниот збор. Тие навредуваа - навредував и јас, спремна бев и да се степам ама џабе беше кога ќе си дојдев дома не можев да се запрам од солзи. Барем не покажав слабост пред нив, се правев силна иако одвнатре ме болеше многу повеќе од колку што ме болело претходно.
    Мими, што ќе да беше ова? Деца се нели? Да, деца од по 19 години.
    Колку пати се замислувам како доаѓаат и бараат услуга од мене. Ич јас да не им вратам Господ ќе им врати. Ама и покрај се што ми направија, јас покрај нив ќе бидам со дигната глава, и сите треба така да направите. Да не ве бидат покосени. Се хранат од нашата слабост.

    Сите оние кои малтретирале некое дете - засрамете се! Сте унакажале една здрава личност за цел живот. :fubar:
     
    На rose60, eloves и black-angel им се допаѓа ова.
  7. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.634
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    И ,ќе одам и што ќе кажам ? Мислиш на господата инспектори и полицајци гајле им е ? Додека траеше фрката со фустанот , ми го плеснаа во фаца - Арно те најде што цркна татко ти ! Е ај како ќе се разбереш ? Требаше и јас во Бутел да ги пратам , што не иде не иде !
     
  8. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Дечки јас тука , зборев за примерите од основно ,оти повеќето напишале дека во средно престанал тој период .. оти во тој период во основно , децата тешко прифаќаат различности не знаат да си го врзат јазикот кажуваат дури и брутално болни работи , не сваќаат колку може да повредат , многу од работите ги слушнале од постари а не ни ги мислат ... Значи зборував за деца .. А не за проблеми со насилство во тинејџерските и адолесцентските години , оти чинам темата е детско насилство :?:
    А за веќе оформена личност што ужива да малтретира некој друг ,би рекла дека таа личност си има психички проблеми ..
    Не ми е јасно , не се малолетници , физички напад е тоа , како не им е гајле . Пушташ пријава и по службена должност мора да ги гонат .. Ако ништо друго ќе ги стресне кога ќе им дојде полиција дома
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Јас и ја сватив поентата на Мими и мислам дека е во право кога збори за некои ситуаци кога ги раскажувате за кога сте биле во средно, тоа не се деца веќе, со наполнети 16 години имаш право да вадиш и лична карта што веќе стануваш особа со право на влегување во правен промет што по некоја работа е и еквивалент дека се доволно зрели и способни не само сами да расудувате туку и да работиш можеш со 16 години т.е не накој начин воздрасни особи. Тоа се пријавува во полиција, директор, психолог и крај краева вашите родители не смеат да бидат изоставени од вашите проблеми ниту пак да креваат раменици дека ништо не се случило.
    Не ме сфаќајте и мене погрешно сега, но решение на вакви проблеми не е ќутење, туку спротвставување, не да земете и вие да ги тепате ама има институции кои ќе го решат тоа. Не е се така црно во државава.

    Инаку детски тепачки/закачки имало секаде, ме задевале и мене дека сум била морков коса никаква портокалова, пегава лигава точкаста и со текот на времето сум нашла нешто со што вербално сум ги замолчувала и јас, деца од 8 години, се можеш да очекуваш.
     
    На WarriorAngel и mimiiiii им се допаѓа ова.
  10. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.634
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Јас и ти викаме неможе така , ама кој не тркала е муабетот , како што кажав и предходно , ваквите работи кај нас не се сваќаат сериозно !Тоа психолози и педагози ме гледаа бледо , ко глупости да кажувам некои , работи што немаат врска , онака ко теле у шарена врата што се вика. Тоа е првата препрека за решавање за проблеми од овој тип ! Да се заземеа повозрасни личности и стручни лица , да разговараа со тие деца , не верувам дека тие ќе си го продолжеа тоа што си го беа почнале од предходно , можеби ќе се сопреа малку . Кај мене можеби беше полошо што истите тие ненормални што ме малтретираа во основно , беа со мене и во средно , и иди ти сопри ги ! Еден ќе покренеше , и нормално не е само тој акнат во мозокот има и други како него , и ете ти друштво им се тепа , која е жртвата се знае !
     
    На sj *O*, eloves, imelda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    4.124
    Пол:
    Женски
    Се е океј, ама тие институции не се замараат со тебе. И јас сум била со психолози и педагози, ќе разговараат со него или ич нема да ме дослушаат и после тој разговор таа личност стануваше уште полоша.
     
    На rose60 и black-angel им се допаѓа ова.
  12. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Малку храброст , да често нашите училишни педгози се некои неспособни што немале каде да ги стават да работат ..
    Еве ќе ви кажам пример, во 4 та средно, на едно девојче од мојот клас и се собраа 3 девојки во кафич ја тепаа , кубеа , ( не знам точно поради која причина ) девојчето пријави во полиција . Баш тие девојки беа од видни семејства , ама пуштена е пријава и нема бегање од тоа , знам дека тогаш се освестија родителите на тие деца да ги стегнат , па доаѓаа и дома да молат да се откажат од пријавата , се извинуваа , па плачки па преколнувања .. Мислам дека ја повлекоа пријавата ама потоа бегаа 100 метри подалеку од девојчето , не им падна на памет да ја задеваат ..
    Значи не молчете , посебно за вакви работи , институциите морат да превземат нешто , не верувајте дека се семоќни и никој ништо не им може .
     
    На Nausicaa и karenin им се допаѓа ова.
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Добро а вие никогаш не им се спротивставивте на нив, ни вербално ни физички?
    Мислам не да земете да ги измлатите али која е она мене да ме тепа или навредува имам и јас уста нели, можам да зборам па и подобро од неа нели?
    Не знам јас така сум воспитана да не почнувам никогаш кавга ни навреди директни и без провокација ама ако некој почне на велико да ме дира, ќе си види што го чека.
    Барем имајте на ум и сега дека луѓето се бескруполозни и со молчење и трпење не се добива ништо.
     
    На mimiiiii и karenin им се допаѓа ова.
  14. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.170
    The healthy man does not torture others - generally it is the tortured who turn into torturers.

    Оние деца или возрасни единки кои ви правеле така сите знаеме дека во голема мера и самите тие дома биле малтретирани. Тие се задоволувале кога успевале нивниот насобран терор да го предадат на друга послаба личност.
    Не им ја давајте таа можност и вие да се претворите како нив. Да живеете со насобрана омраза. Живејте како храбри единки и размислувајте колку може да ви биде убав животот. Тоа сега сами можете да си го постигнете.
    Знам дека ова звучи како клише, но најдобро нешто е човек да не се труе со омразата која ја сеат таквите нелуѓе.
     
    На eloves, anabel-a, Hipster и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    A зашто некои ги перцепираат работите така лошо, дека ако мене некој ме вознемирува враќам со одредена мера( не по секоја цена со иста) дека сум и јас лошата особа?
    Башка збориме а детско вербално малтерирање или пак физичко, тоа што некои истиве проблеми ги имале и на 16 и 18 мене тука не ми е ништо детско и наивно и само се решава со високи институции.

    А што сега на наши 20, 30, 40 нема никој кој сака или пак не навредува или малтерира на некој начин вербално?
    Ми се случиле зајадливи коментари од колешки во однос на некои работи, си добиле соодветен одговор кои ги довеле до местото кои го заслужуваат и на кое се. Тука нема ништо злобно. Предаторство како беше она во билогијата, помголемите ги јадат помалите, така е и во човечкиот свет.
    Молчењето и трпењето за мене не се решение, затоа еве и на овие години уште ги мачат некои такви работи од толки далеку и е стварно жалосно да се чувстувате така сиве овие години.

    Ќе редактирам сакам нешто да надополнам имам доста да кажам на темава.
    Една случка, сега ми е смешна, тогаш ми беше трагична, како постапив јас на свои 13 години.
    Основно, 7 оделение и уште од тогаш нели почна да ни растат цициња :lol:
    Е сега јас што од тогаш си бев понадарена и што најбрзо ми пркнаа(генетика у пм тоа е) и почнав да носам прслук со корпи зашто ми се познаваа многу. И нормално машки ко машки им работат хормони и на нив ко луди почнаа да не задеваат, да не бркаат по ходници за да не фаќаат по гз и цицки. Мене ова ми беше незамисливо и трчав многу брзо и често не успеаваа да ме фатат. Ама еднаш ме начекаа у тесно, во здолниште бев и некои сандали не можав да трчам и ми се сипа еден соученик демек сега ќе те "месам". И се најдов во безизлезна ситуација, немаше мрдање ни лево ни десно, и мене ми се пушни коленото и го удри право во меѓуножје. Сега жал ми е кога го пишувам ова зашто се виткаше од болка отпосле, но си го заслужи тоа затоа што беше еден од најперверзните и невоспитаните деца што за некој месец го избркаа од основно зашто и ја запали косата на една соученичка. Од тогаш не се ни осмели да ме погледне не пак да ме пипне ни он ни другите. Не го оправдувам тоа што сум постапила насилно но тоа било некој вид на единствено решение во тој момент. Како викаат старите покажи заби за да видат дека не си играчка со која можат да прават што сакаат.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    4.124
    Пол:
    Женски
    Во средното се спротивставував, ама претходно ми беше страв од тоа што може да се случи ако се спротивставам. Сите беа против мене.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  17. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.634
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    тоа е тоа

    Јас си имав и други проблеми во животот тогаш , а овие ми беа и капак на лончето што се вика. Ете не знаев да се изборам за себе , си викав игнорирај ќе помине ,повеќе од страв да не ме најде нешто полошо, бев премногу плашлива, ама не било така. Сега знам како треба и на никого не ќутам , се расправам. Знам дека треба да ги надминам тие работи , ама не е така лесно , за се треба време и чекор по чекор да се среди . Зрелоста си го прави своето , сега мислам на еден начин дека треба , по некоја година кога ќе наидам на поголеми срања нема да се потсеќам на тие работи , а можеби и со време и омразата кон тие луѓе ќе се намали
     
    На eliesaab, karenin и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  18. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.170
    Доколку во моментот кога те навредуваат ти не им покажеш каде им е местото се понатаму е џабе. Што сега после 10 години (3 или 4 години) поминати да се полнат со омраза и да си фантазираат како ќе им вратат за се. Само полошо си прават самите на себе. Овие што ги зафркавале не ни помислуваат на нив, а тие кои биле малтретирани секој ден се сеќаваат на тие работи. Зашто? Што се постигнува со тоа.

    Секогаш минатото треба да се остави позади нас и да продолжиме напред со цел да станеме подобри личности, а сето тоа е со цел да направиме пријатна атмосфера за растење, воспитување и љубење на ново дете со наша крв. Наше поколение на кое му посакуваме убав живот. Јас еве не сакам да станам родител се до моментот кога самата не се осетам како личност која ќе претставува пример за родител. Зрела, добра личност, подготвена детето да го научи на сите убавини кои постојат, но и да го упати дека во животот има и злобни работи и да ги направи своите деца да се храбри пред нив. И цел живот се трудам чист да ми биде образот за да моите деца се гордеат со мене. Во секој можен поглед. Ете тоа мене ме исполнува. И никогаш нема да дозволам да направам зло дело кое може во иднина некако да се рефлектира на моите деца.

    И тоа што го спомна за предаторството го знам одамна и уште кога го слушнав ми стана најомразената дефиниција.
     
    На Nausicaa, mimiiiii, Hipster и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    А тука се согласувам со тебе, јас мислев на моментална реакција, не сега години уназад да спремаме ривенџ, тоа и мене ми е незамисливо.Тука се согласувам сто посто.
    Јас мислев конкретно како деца кога ќе те искубе некоја фати ја и те за коса, кат тат ќе види дека не може со тебе и ќе престане, и неа ја боли.

    А дека сега после 10 години на некоја ќе и се светам зашто ме навредила во 4то, боже мили не.
    Животот е прекраток за да го живееаме во омраза.
     
    На Nausicaa, eloves, imelda и 2 други им се допаѓа ова.
  20. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Многу е лесно логички да му се кажува на некој друг зашто не се спротиставил или да не ги гледа работите трагично, ова како ситиот да му вели на гладниот замисли дека ти е полн стомакот, не иде тоа така.

    Децата жртви на насилство се најчесто со мирен и наивен карактер, физички слаби и немаат ни психа а ни физикус да кажат не навредите или воопшто вербално да пробаат да се спротистават. Вербалната сила најчесто е подржана и од физичката зашто одредени насилни деца едвај чекаат прилика да им се спротиставиш па да те фатат за коса или во машки случај да ти удрат шамар или бокс.

    На слабите деца треба да им се помогне тогаш во тие години со соодветен тренинг и едукација а не отпосле да им се вика не сфаќај толку трагично, сега и да не сфаќаат, понижувањата и траумите им се веќе длабоко вгнездени во психата и само со еден два муабета секако нема да бидат заборавени.

    Во основно трпев две години понижувања од еден соученик се додека еден ден кога ми прекипе од навредите пред цел клас, не му возвратив, инаку немаше ни до осмо да престане.

    Ако видат дека знаеш да се браниш (и на физички план) не те чепкаат инаку ќе им служиш како вербална а некогаш и физичка вреќа за бокс.

    Не ја потценувајте детската способност на друг да му се нанесе болка, децата понекогаш не знаат за граница.
     
    На eliesaab, Nausicaa, eloves и 13 други им се допаѓа ова.