1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детско насилство/булинг

Дискусија во 'Психологија' започната од WarriorAngel, 4 август 2013.

  1. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.170
    Да, но како сега да го поминат сето тоа? Ете како да се дистанцираат од тие стравови и нарушена самодоверба? Сигурно не со смислување на начини за одмазда или?!
    Еве како да ги посоветуваме и како да им помогнеме?
     
  2. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Исксмен самиот си го даде одговорот на решението и самиот си го пременил тогаш- не молчете возвратете.
    А сега убаво вика каренин што да ги советуваме денес сега после толку години, одмаздувајте се, враќајте им сега? Што да им кажеме освен обидете се да ги заборавите тие работи и да се фокусирате на иднината.
    Ако сеуште ве мачат тие некои трауми разговарајте се психолог или психијатар, не е се така црно како што кажавте дека никој не те ферма или не ти пружа помош. Со разговор со стручно лице верувам дека се надминуваат тие фобии.
     
  3. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Oва булинг ми е најстрашна америчка форма на исмејување и чепатење што се угнездила некогаш кај нас, и никогаш нема да се простам што воопшто дозволив и јас некогаш да бидам дел од системот како предмет на исмејување, за она најчестото - килажата. Јас сум крупна од кога знам за себе, против тоа не можам ништо да направам, границите ми се тие, и тоа е тоа. И кога ќе размислам подобро, во мојот случај јас не бев способна никако да го спречам тоа исмејување, од многу аспекти.

    Прво, разговор со моите дома како прва и основна опција, беше немогуќа мисија!
    Единствениот човек што ми остана за разговор беше мајка ми, и поради си некои икс причини не бев во состојба да го изнесам гневот и теророр надвор од мене, него ќутев постојано и само собирав. Грешка број еден.

    Второ, разговор со некој надлежен од типот, психилог, наставник, или било кој друг од училишниот кадар, па и надвор од него - резултираше со огромно НИШТО, затоа што децата што исмејуваа си лечеа свои комплекси со тоа, и не можеше ништо да ги смени, апсолутно ништо, секоја промена била моментална, ама никогаш не била постојана! Работата да ја преземам во мои раце не беше изводливо, дечиште од 13 години е во прашање..

    Трето, сам да се спротиставиш и да се браниш пред тие таквите, ти сама а они цела толпа, повторно беше невозможна мисија, затоа што ќе те симнат на нивно ниво, и ќе те уништат. Ќе те ругаат до 101 и назад, репутација од било кој аспект ти а автоматски уништена, а контролата врз себе одземена. Сепак се работи за многу критичен период, пубертет, а јас тој период го поминав ни самата не знам како, трауматично, мислам дека ќе беше полесно некој логор да посетував.

    Кога излегов од тој пеколен круг на лечење комплекси и билдање его, издишав најсилно што можев и си ветив дека никогаш повеќе нема да го дозволам тоа. Психички сум истоштена кога се работи за тоа, и нема да дозволам веќе никогаш таков терор врз себе.


    Едноминутно молчење за сите напатени души, што лечат фрустрации врз нечија слабост!
     
    На lasthope, eliesaab, eloves и 8 други им се допаѓа ова.
  4. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    На истиот принцип што функционира кај децата, нема полесен пат, комбинирана психофизичка активност со техники за самоодбрана за зајакнување на телото и психата :).

    Ако на тоа се додаде и муабет со добар психолог ефектот ќе биде уште посилен.

    Не спомнав погоре зошто трпев две години а третата реагирав? Многу просто, почнав да тренирам систем за самоодбрана и после 7-8 месеци осетив дека сум спремен да се спротиставам, инаку ништо немаше да постигнам.

    Патот е тој, кој има среќа да се спаси од малтретирања како дете знае какво олеснување носи на психата кога можеш слободно да одиш на училиште без страв дека некој ќе ти збори, ќе те закача или ќе те тепа :)
     
    На eliesaab и karenin им се допаѓа ова.
  5. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Лекот пак не го најдовме , за секого е различно , за мене беше тоа што одбив да се чуствувам како жртва ..
    Да не те тангираат туѓите навреди кога си дете е тешко , но тука голема улога играат родителите , дете раснато во дом со љубов каде секојдневно му е покажувано колку е тоа вредно за почит и љубов многу послесно ќе го совлада тој период .. Моите не беа глуви за моите маки , работота е да не дигнете раце , и да се сожалувате , во стилот - јас сум жртва и цел живот ќе носам трауми поради тоа . Самодоверба во себе и своите успеси , јас многу учев и за нив бев бубатор што подалеку од книгата не гледа па и за тоа на школо ме задеваа ама јас верував во мене и не си го преставив тоа не као тортура туку како нивна завист ..
    Многу деца грешат што се затвараат во себе , но тука ќе ги обвинам и родителите кои не се способни или презафатени да видат што се случува со нивните деца ..
    А впрочем истражувањата покажуваат дека децата кои се насилници се впрочем жртви на насилство во домот , во смисла ќотек и каприциозни казни од страна на родителите ..
    И многу се различни задевањата меѓу момчињата и девојчињата , кај момчињата е претежно со мерење на силата и храброста , но кај женските деца е подмолна мрежа на навреди и сплетки ..
    И тука само самодоверба помага , јас прифатив дека тоа е нормално на многу им се случувало , нивните навреди немаат никаква основа и не дозволив да влијааат и понатаму на мене ...
     
    На Hipster и karenin им се допаѓа ова.
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Можеби не ви ја знаеле маката, а можеби и за ваше добро не сакале да ве преместат.
    Можеби сакале да извлечете поука, лекција, да научите подобро како со луѓето, да се исчеличите, да не им биде лесно на другите да ве повредат.

    Тоа е мојата филозофија. Мене основното ми беше кошмар првите години. Не се ни жалев, го праќаа брат ми да се распрашува за да види од каде ми се модринките. Плачев само кога бев сигурна дека бев сама, зад затворена врата (можеби фактот што пораснав со двајца мажи си има удел во ова мое однесување). Од мала не сакав никој да ја види беспомошноста која ја чувствувам. :lol:

    Моите предложија да ме преместат во друго школо, јас бев таа која се заинаети и не сакаше ни да слушне. Мислев дека ако не научам да се справам на начин кој би бил најудобен за мене, ништо не направив. И почнав да возвраќам со напад. Каков што јас знам. Кога најмалку очекуваат. Во најслабите точки (го искористив молчењето, трпењето, не-возвраќањето и стравот од минатото како мои најдобри адути). Немаше потреба да мавнам ниту еден шамар за да им го сменам односот кон мене.

    Учителката, такоџе ме мразеше од икс причини, им помагаше во тоа, затоа што тоа и` беше единствениот начин да ми наштети, кога веќе не можеше да го искористи моето не-знаење затоа што тие проблеми ми претставуваа уште посилен мотив да усвојувам повеќе знаења да дојдам до ниво во 4то одделение во една ситуација сама да ја поправам учителката и со тоа да ја засрамам пред цело одделение + пред една друга учителка која беше присутна на часот (праам муабет за петминутно дискутирање, не за лапсус). Тоа децата погрешно го протолкуваа и почнаа да кружат секакви гласини за мене, почнувајќи од тоа дека сум психопат, до оние, злобна и превртлива, подла и тн. Ми беше гајле се` додека тоа беше причина да се држат на страна и да се плашат од мене. Иако изгледаше вистината поинаку, ич на крај на памет не ги ставав.

    Како и да е, тоа искуство ми има помогнато многу во мојот понатамошен развој, цврстина и одлучност. И затоа не го ни гледам како толку црн период, напротив, како една добра школа. Школа која ми помогна и со сплетките во средно како и со тоа да се справувам со невозможни луѓе кои на одреден период биле непожелно присутни во мојот живот. Ми беа смешни тие што плачеа по дечковци и се тепаа со женски за нив. :D Зборам смешни дури и на тие години.

    А со учителката, сега скоро се сретнав, веќе некое време е во пензија и само и` се заблагодарив. И` реков „Ви благодарам што, заедно со вашите мали полтрончиња ме натеравте за инает да ја најдам подобрата во мене.“ И таа молчи и ведне глава.

    Искуствата ве прават она што сте. Извлечете го најдоброто од нив кое најмногу ви помага да бидете подобри. A тоа е возможно. Кога јас мојата самодоверба ја најдов благодарение на луѓе кои правеа се` за да ја поттиснат истата ... можно е од секое искуство да го извадите најдоброто во вас.
     
    На Nausicaa, Someonespecial, imelda и 3 други им се допаѓа ова.
  7. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    33.994
    Пол:
    Женски
    Јас не поминував низ вакво нешто , ама мојот близнак брат Да ! Бевме во исти клас од прво до Четврта година средно !
    Беше поситен , мирен и совршена мета !Во Основно децата го закаЧаа за безврска работи, го набедија еден ден дека на некое дете му го скршило пенлалото па тортури за тоа и уЧителката исто дозна и ништо не превзема се смееше и таа , Јас го бранев секогаш ...не ми беше воопшто лесно .И не е само овој пример , има мноооогу ...Не ми се одеше во школо од сето тоа , а зашто не сум кажала на моите ни јас не знам !

    За тие кои не поминале низ такво нешто лесно е да се каже Е де па што не се одбрани :^)
    И како што кажа претходно и Јагода , се пронајдов во нејзиниот пост !
    УЧев во основно исто во Центар и сите деца беа од угледни семејства , уЧителките исто повеке наклонети кон нив , мама и тато можат да ми завршат нејкоја работа и сл.

    Денес и јас имам дете , и знаејки какви се децата на таа возраст ке бидам многу претпазлива !
    Ке разговарам за секој проблем безразлика колку и да е тешко !
     
    На imelda и Jagoda123 им се допаѓа ова.
  8. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.588
    Допаѓања:
    23.028
    Пол:
    Женски
    Јас сега знам да вратам и да се одбранам од одредени провоцирања, сменета сум 99% од тој аспект и сум доста поборбена, ама тоа што претходно пишав трауми/комплекси, не се манифестираат директно и конкретно јас да размислувам на се што ми се случувало, туку индиректно во некои животни ситуации кога реагирам на некој начин, сфаќам дека е последица на се од порано.

    На пример воопшто не сакам да бидам меѓу луѓе и во изминативе три години на факултет остварениот контакт со колеги и разменети реченици се бројат на прсти.
    Едноставно, во мојава психа е програмирано такво однесување на личности околу мене и јас мислам дека ако се опуштам со нови лица сега, ќе ме третираат исто како порано. Има некој страв во мене, и се тоа датира од основно.

    Само во средно, бев сосема поинаква, немав проблеми, ама тоа веројатно беше затоа што со најдобриот другар заедно се запишавме во ист клас, и имав некој со мене, не бев сама, што ме направи поопуштена и посигурна, имав чувство дека има некој кој ќе ми го чува грбот...

    Со овој памет и јас знам како би се одбранила, ама тогаш не сум знаела, сум била исплашена и тоа е тоа...
     
    На imelda, Wild-GirL, WarriorAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  9. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.634
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Трагично е што јас и во основно и во средно учев во школи кадешто се беа деца на големци , а таквите не знаат за доста! Професорите толку им беа наклонети , или имаа страв од нив , што дојде ред да тогашната класна сакаше да ме брка од школо , демек јас сум била проблематична , јас сум правела далавери и сл. Моите дома беа комплетно информирани за целата ситуација , и се расправаа на родителски , и на крај пак останаа немоќни. Што можам да очекувам коа родителите нивни и си ги силеа децата, да не бидат тие малтретирани.А сепак ако да тепаат некој друг , тоа за нив не беше ништо.Сум разговарала и со психолог за ова и минимално ми помогна , сепак не е нешто лесно што се брише , и јбг во човековата психа постои нешто наречено одмазда , и желбата за да вратиш за некоја горчина си стои негде , зациментирана во мозокот.... Вака или така останала трага , и ние не сакаме така да ни биде , никој не сака да чуствува горчина , таа горчина е како црв , полека полека те јаде !

    Можеби најболно од се е да знаеш дека си сама !
     
    На eloves, imelda и tessie им се допаѓа ова.
  10. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Татко ми не ни ја разбираше маката бидејќи ретко беше дома, животот во работа му помина.
    Мајка ми пак беше горда што сме завршиле во елитно училиште! :fubar:
    За нејзе тоа беше најбитно, не е дека не гледала колку сме несреќни таму.

    Моето детство се состоеше од детството поминато во училиште и детството поминато кај баба ми и дедо ми.
    Кај баба ми и дедо ми се дружев исто со деца на моја возраст. Зошто никогаш не сум го доживеала со нив, она што го доживеав со децата од одделението?
    Сите бевме исти, сите игравме, се дружевме и немавме време да се занимаваме со подли работи.

    Затоа и не го барав проблемот во себе, проблемот беше во тие деца, поточно во нивните родители.

    Искрено никогаш не сум правела анализа во тие години кој како е облечен, дали е слаб или дебел и сл.
    Тие деца се занимаваа со се, само со детска игра не.

    Јас бев слаба и закржлавена за нив. Кога ја добив првата менструација и не вежбав на физичко ме правеа лажга со зборовите: Како да не, имала добиено. Погледни се колку си слаба и закржлавена и мислиш ти веруваме дека си добила? Дури и станаа да ми ги соблекуваат гаќите за да проверат дали лажам. :fubar:

    Ме зафркаваа и за облеката која не беше брендирана како нивната.
    Кога ќе прашав од каде ти е маичкава, многу е убава? Се газеа од смеење, како може да не знам? Ќорава ли сум што не сум го видела знакчето? |(

    Место да се обидувам да враќам со иста мера, јас се обидував да им бидам пријател. Џабе, џабе.. Не припаѓав јас таму.

    Моето детство се состои од еден куп вакви случки доживеани во училиште.
    Јас како и повеќето кои се изјаснија на темава се здобив само со куп копмплекси.
    Немав самодоверба, почнав да верувам дека сум слаба и закржлавена, облеката ми беше никаква, се чувствував како дух, мислев никој не ме забележува.

    Завршив основно и периодот пред да се запишам во средно бев загрижена и постојано размислував како да се претставам во новото училиште? Сакав да ставам оклоп на себе, за да не го доживеам истото.
    Мајка ми дури тогаш ми ги забележа фрустрациите.

    Тогаш актуелен беше Phard, додека сите во основно ја имаа гардеробата на себе јас ги имав само каталозите.
    Сакав да бидам иста како нив во средно. Сакав да станам друга личност.

    Мајка ми само што ја имаше земено платата.
    Ми рече дека цела плата планира да ја потреши на мене, да си одберам што и од каде сакам.
    Ја однесов во Phard, нејзината плата вредеше колку една чанта и едни фармерки.
    Срцето не ми даваше да ги купам тие две проклети работи, затоа што знаев дека мајка ми цел месец црнчела за таа бедна плата.
    Ја фатив за рака и излеговме од продавницата, ништо не купив од таму, а сакав се да имам.

    Не беше покрај мене кога се здобив со сите фрустрации, но беше покрај мене да ми помогне да ги излечам комплексите кои ги имав.

    Во средно отидов со нови фармерки, нова ташна, нови чевли и маичка. Ништо од тоа не беше бренд, зошто да беше немаше да бидам тоа јас.
    Уште порвиот ден се претставив онаква каква што си бев, само што имав поголема самодовеба.

    Јас се спасив брзо од фрустрациите и комплексите, но сите ја немале мојата среќа.
    И по толку години уште ги прати минатотот како сенка и влијае на животот кој го живеат сега.
     
    На lasthope, Nausicaa, WildCherry и 8 други им се допаѓа ова.
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Кај мене единствено нешто што излегло како последица е мојата мала флексибилност од аспект на толерирање на нечии ср**а, табиети и сл.

    Не обожавам да се прилагодувам многу на средината и друштвото, не сум зависна од него, како што има некои кои паѓаат во депресија кога ќе се разидат со одредено друштво. Сум менувала друштва и кругови на пријатели со голема леснотија, а тој кој заслужува да биде во моја близина, ќе ме прифати онаква каква што сум, а не сум нешто нарочно тешка за прифаќање, нити имам тежок табиет, ниту рогови на глава. Едноставно никој не ми е незаменлив и тежок за напуштање кога си го бара со боринче.

    А позитивна последица е моето лесно пребродување на врски, симпатии, ова она. Не дека не сум била повредувана. Да сум била повредена, сум плачела, но да запаѓам во депресии, не. Ми биле чудни другарките кои биле такви и сум си велела „Леле сигурно немам ваква љубов доживеано досега. Ако ми се случи, шо ли ќе биде, кој ли ќе ме оправа, како што сум емотивна?“ И не било така. И се`уште не е.

    @Jagoda123, баш интересно, јас најголемите и најподли интриги ги просведочив и искусив во основно школо, така што во средно (каде што исто имаше деца на буџовани), тие интриги ми беа малтене бедни обиди на припрости створења кои ги читав како селски буквар и од старт покажав став благодарение на кој не ме замараа. Колку луѓе, толку искуства. :)

    Инаку лани ја видов таа што им беше како матица, главната која им издаваше наредби мене да ме замараат. Со дете толкаво. И онака чекавме и двете нешто имавме работа, си поседевме и си попраивме муабет. Девојкава останала трудна на 16 години (ден денес оддава впечаток на тотално неспремна особа за мајка), не искусува некое големо есапење од маж и` и слични глупости. Да не речам си го упропастила животот. А беше најнаметливата, главната, најпаметната (демек), чиниш доктор на науки ќе стане пред јас да дипломирам.

    И јас онака со фино со убаво со неа, како и секогаш. И уз муабет рече (као демек добронамерно но знаев дека е провокација) „ее барем да те игнориравме тогаш“. И ја и` реков „фала ви многу што не ме игнориравте, инаку ќе си останев само со оваа традиционалнава школа, без онаа простачката која ми помогна да се справам со колешки, роднини, пријатели, роднини на роднини и така натаму од ваш калибар со кои инаку по своја воља не се дружам.“ Мислиш се измоча во гаќи, го собра детето и си отиде со оправдување „многу гужва имало, ќе дојдела друг ден.“
     
    На vinozito1, WildCherry, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  12. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.634
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски

    За споилерот - капа ти симнувам !
     
    На eliesaab и tessie им се допаѓа ова.
  13. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.170
    Гледаш, Тесси не ни морала да им смислува одмаздувачки планови. Дошол моментот кога со убаво и на културен начин им го покажала местото на таквите.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    4.124
    Пол:
    Женски
    Mandy Lane и јас имам многу мал круг на луѓе, но на тие луѓе можеме да им веруваме, нели? Не завидувај на големи друштва - и кај нив ништо не е совршено. Повеќето се заедно бидејќи немаат со кого, а уствари сакаат очи да си ископаат.

    Мислам дека да се смислуваат одмазднички планови е и по малку психопатски. :wasntme:
    Се си доаѓа на свое место. :)
     
    На Wild-GirL му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Padre

    Padre Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    36
    Еднаш ептен многу одамна нашите предци имале многу опасен животен стил. Виселе по дрва, спиеле во пештери, се хранеле со собирање плодови и лов. Секој ден бил борба за опстанок. А борбата ја добивале физички силните, мускулите биле покорисни од мозокот. Ако победиш газела во спринт, добиеш мечка на буткање на рака, се вратиш со најголем плен од лов , е тогаш ти си правиот дечко/девојка.Способен си да ја водиш глутницата во подобра иднина.
    Па се газеле измеѓу себе прво за да ја освојат, а после за да ја потврдат титулата "Највеќи фраер во глутница* ".

    Fast forward
    XXI век, homo sapience**
    Поминаа години, светот се промени, но нивната шема на однесување не се промени. Иако вака од надвор личат на луѓе, а силата ја нема на списокот со корисни особини за преживување. Си се препознаваат, формираат глутници и се борат за лидерското место. Се докажуваат во дуел со врсници со беневолентна природа.
    Ако збориме за одмазда, ако ти е некаква утеха, они од раѓање се унаказени од природата. Биди среќна што не си хуманоиден мајмун како нив :)
    Ако ти се укаже прилика да шутираш пенал, слободно шутирај, ама потруди се да не се оптеретуваш со нив. Како што ќе ти се подобрува животот, така ќе имаш се помалку време да мислиш на она што те лути.


    И јас имав проблеми со такви, сите осум години од основно. Можев физички да се носам со нив, но мислам дека тоа им беше дополнителен мотив. Да излезат посилни од некој кој е перцепиран како "јак", иако е outsider. Кога се тепавме еден на еден често бегаа или само стоеа во став мирно додека ги шамарав, ама џабе. После нивните доаѓаа во школо, кај мене никој. Професорите функционираат по принцип на помал отпор, па јас го јадев. Они ќе седеа мирни 2-3 недели , па се враќаа во свој елемент ... rinse and repeat.

    *http://en.wikipedia.org/wiki/Alpha_(ethology)#Primates

    **повеќе homo отколку sapience

    Bullying seen as instrument for social climbing

    p.s.
    http://www.youtube.com/embed/MpsWodz6zbQ
     
    На kikikikirika и black-angel им се допаѓа ова.
  16. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Во склоп на темата колку може bullying да даде фатален резултат ако не се спречи на време. Девојчето се самоубило, други молчат, не знаат како да се одбранат и трпат трајни последици.

    http://mkd-news.com/12-god-devojche-se- ... oditelite/

    Лично се познавам со мајка чија ќерка се фрлила под воз од понижувања во школо (не кај нас), страшно е тоа што некои деца мораат да истрпат во најубавите години :| .
     
  17. kameron21

    kameron21 Активен член

    Се зачлени на:
    11 август 2013
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    7
    не подржувам никакво насилство
     
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Мораат децата тоа да го сфатат како еден вид битка, а не трагедија доколку сакаат да излезат поживи и посилни од порано благодарение на тоа искуство. Оружјето ќе го изберат сами. Јас го избрав моето минато однесување како оружје да немаат кредибилитет да се жалат на директорот и слабостите кои сум ги видела кај истите тие деца кои без страв ги покажувале пред мене кога мислеа дека сум безопасна.
    Како што можат да бидат сурови, децата кога се приморани може да бидат и многу лукави.

    И сметам дека трчање во скутот на мама и плачење ги отежнува работите и може да не` направи уште поранливи. Не помага ни преместување во друга средина. Особено кога си таков ранлив и автосугестивно го очекуваш истиот пекол. А мислам дека не е пресудна ни физичката сила. Ако си ти посилен од нив, лесно можат да најдат другар кој е уште посилен (за ова сум била сведок) и кредибилетот за „силниот кого се плашиме да го нападнеме“ отиде во Вардар.

    За да победиш во битката, мора да останеш на бојното поле до крај.

    Да го тренираш умот, пред телото и физичката сила. Инаку зошто секогаш Џери го победува Том?

    За среќа си имав јас тренер и дома. Најсуровиот и најлошиот були веќе дваесет и кусур години. Школскиот були кој никогаш не порасна. Мојот постар брат. Фала му.
     
    На eloves, Hipster, mimiiiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Ќе ти одговорам со кои тврдења не се согласувам со тебе (ги болдирав соодветните реченици):

    1). Децата не мораат ама баш ништо да сфатат и нема детска психа која мора да сфати дека малтретирање од други е нешто нормално за нивното детство. Bullying е девијантна појава и исклучиво така и треба да се гледа. Наше е да ги заштитиме децата од насилници (за начинот може да се дискутира) а не да им збориме дека така се јачале. Фала за такво јачање од кое детето ќе има трауми цел живот.

    2) Како не помага преместување во друга средина? Ајде оди живеј во Могадишу каде секој момент може да те погоди куршум или да ти сецнат рака а јас ќе ти пишам од овде дека дал читаш фемина таму или тука сеисто ти е :D.

    И те како помага преместување во училиште со разбрани деца посебно ако родителите имаат таква опција. Сум учел едно полугодие во „диво“ школо и брзопотезно им реков на моите да ме вратат назад. Мене никој не ме закачаше (имаше само обиди) ама самата атмосфера на страв и стрес ми беа неиздржливи. Колку и да си имун состојба на насилство и страв не е нормална атмосфера за развиток на едно дете.

    3) Физичката сила не е пресудна ама способноста физички да се одбраниш најчесто е пресудна. Притоа се подразбира дека е потребно и духот и психата на детето да со во склад со телото, значи детето пред сѐ треба да развие самодоверба и осет дека нема лесно да биде истепано и да не се плаши, нешто што со редовен тренинг кај многу деца се постигнува во рок од 3 до 6 месеци (ова од искуство ти го кажувам).

    Пс. Џери го победува Том дека така сакал Дизни, инаку во реалност мачките ги јадат глувците, многу лош пример даде.
     
    На Wild-GirL, WarriorAngel, Yipman2 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Темава, голема и широка е.
    Помалку или повеќе сите сме биле жртвени јагниња во основно. Кој имал поголем брат да прати да го истепа булито го решавал проблемот така во моето време, друг ќутел и страдал, трет плачел кај учителката, друг кај мама. И децата се како и возрасните, различен карактер со различни нивоа на толеранција и различен приод кон решавање на проблемот. Да, децата знаат да бидат најсуровите суштества на земјата, па дали е од инстинкт, од памет, или од воспитување не знам, не сум размислувала, ама исто така знаат и да бидат кревки, уплашени и безпомошни и да не знаат како да се изборат за себе, оти сепак деца се. На крај најсилниот ќе победи, па дали физички или умствено, ама на еден од тие начини ќе е и ќе зависи во каква личност се изгради, дали ќе излезе како победник или жртва, а жртви од детско насилство имало и ќе има. Нема некоја формула за како е правилно да се справи една индивидуа со тоа.

    Јас имав слични искуства како Јагода, во врска дека бев ситна, малецка и закржлавена. Покрупни девојки ми се смееле, како и ти ли имаш добиено, е како не, бегај ма, попрво сестра ми ќе добие а прво одделение е, па немаш ни цицки, даска си, костур си, џуџе, џуџето, забите ти се поголеми од цицките, поголеми се од тебе, па и криви. Повели надимак заблата. Оригиналност на нивоу. И ај да се тепаш, ама не е една, повеќе ме задеваа и заедно беа. Јас како ауткаст, си траев додека им станам досадна да не ме замараат тој ден, па ќе најдеа друго џуџе, или ќе се нафрлеа на „кацата/бурето„ од одделението, за промена. |(

    Прва година средно друга средина, една јака ми се насили, топличок миличок новичок, ме избра мене од сите и ајдееее тортура. Истата песна, довикувања по мене со сите зарзавати погоре само оваа уште додаде сељачка, простачка, се бањам во корито и смрдам на полско веце, смрдла, е не знам зашто ама еден ден како поминав покрај неа и слушнав смрдла, ми пукна филм и рипнав да ја тепам. Буквално рипнав на неа како на кобила. Од кај ми таа сила, дупло поголема беше од мене ама ја истепав луѓе, а да, и ја уапав на ушето за време на тепачката, па да види зашто ми се големите заби корисни :wasntme:. Е, она ми го прати брат и после два дена дојде во нашиот школски двор па он мене да ме тепа, се затрча по мене силниот, оди мори тука да те видам, е да сигурно идам, чекај да земам залет :D си ја летнав во спротивна насока и му избегав, го мрзеше да ме гони изгледа а и не дојде друг пат.
    После ова бевме мирни, девојката ме избегнуваше, може и дошол памет, може нашла друга мета, ама сеедно, мене не ме дираше, и јас не ја дирав. Ама се гледавме од далеку како мачки што бранат територија и наредните три години. Па она бега да се мажи на село(без канализација :D ) во четврта година. Ироничен е животот некогаш.

    Од булите само комплекс ми набија со однесувањето за тоа со забите, ги исправив на постари години кога можев да си го дозволам третманот, ама па за нивно фала уште поубава сум сега :makeup: А таа сум која сум и арно ми е. Уште сум си ситна, немам ни газ ни цицки со кои можам да се пофалам :$ , ама па и не ме грб боли оти не носам толку товар на мене секој ден :!:
     
    На Nausicaa, eloves, WarriorAngel и 3 други им се допаѓа ова.