1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детско насилство/булинг

Дискусија во 'Психологија' започната од WarriorAngel, 4 август 2013.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    1) Не е нормално но е често, како што гледаш од одма се испишаа седум страни. Менување на школо не ретко нема да биде решение за проблемите. Спомнување на различни региони во контекстов ми е мешање на баби и жаби. Збориме за училишта.

    2) Мене ми помогна што останав. Научив да се соочувам со тешкотиите.

    3) Не ја занемарувам физичката подготвеност, но не ми е ни примарна. Ова од личност која не употребила ниту еден шамар да се одбрани.

    За Том и Џери: Ние не сме различни видови како мачките и глувците. Башка, лукавоста на жените, иако понежни, не ретко ја победувала физичката сила на мажите (ова го давам како пример, не генерализација еве или обратно ако мажот бил физички послаб). А (барем јас лично) Том и Џери воопшто не ги гледам како мачка и глувче.
     
  2. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Родителите треба да превземат нешто кога се работи за физичко насилство , и јас го праќав брат ми :D
    Кога зборуваме за екстремни случаи да треба да се ангажираат и училишните институции и родителите пред да биде доцна .
    Но што да превземе родителот кога се подбиваат со детето , го навредуваат , исмејуваат . Не може да ги фати за рака тие деца и да им рече да престанат , деца ко деца немаат разбирачка . Тука родителот може само да не биде глув да посветува внимание на детето , да го советува , да му кажува колку е вредно итн ..
    А другото е во рацете на детето , за жал не можеме да ги заштитиме од се децата ..
    Па и за дете дури и да не навредувано многу е болно и да не го прифаќаат другарчињата и да го игнорираат .

    Да се дополнам - едно од тие момчињата кое беше главен иницијатор да ме задеваат , пред некој ден го видов во кафич и ми рече - Повелете , што ќе се напиете :D
    Нит ми падна драго ни мило сеедно ми беше ама сепак не ја испив пијачката , како дете беше злобен па може сеа ми плукнал у неа :lol:
     
    На WarriorAngel и tessie им се допаѓа ова.
  3. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    1) Извини Теси ама со твоето тврдење дека децата МОРААТ да го сфатат како еден вид БИТКА не се согласувам воопшто :^) . Ако ми е за битка ќе ги пратам во војска а не на училиште. Насилниците имаат проблем што го рефлектираат на послабите деца а не обратно. Детето треба да има нормални и пријатни услови за учење и дружење а не да се осеќа како на бојно поле. Тоа што е насилничкото однесување често, не ја прави состојбата нормална и баш затоа треба општеството да преземе мерки таквата појава да ја анулира или барем драстично да ја намали (за методите може да дискутираме како тоа би се постигнало).

    2) Тебе ти помогнало на многу им одмогнало и им создало трауми во текот на целиот живот. Мене секако не ми помогнало да се враќам крвав од школо и место да мислам на учење да се замарам дали утре некој ќе сака да се тепа. Земање на сопствен пример како репер е малку несериозно посебно во случај каде имаш смртни случаи (девојката од линкот и ќерката на моја позната што се фрлила под воз на 15 години).

    3) Тебе не ти е примарна за многу е примарна. Фактите покажуваат дека кога физички не можат да те совладаат на лесен начин, најчесто те оставаат на мира, исклучоци се секако можни но не ја негираат огромната улога на психофизичкиот тренинг (да не спомнам дека и самодовербата јакне кога знаеш дека не може секој да помине и да ти мавне шамар а ти ако вратиш ќе бидеш истепан).

    Инаку најди ми пример за bullying каде најкрупниот и најјакиот мангуп другите од клас го понижувале па ќе правиме муабет дали силата или способноста физички да се одбраниш не биле битни :).
     
    На Indiegurl, eliesaab, eloves и 5 други им се допаѓа ова.
  4. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Никој родител не сака детето да помине низ таков период . Спомнав дека кај момчињата е многу поразлично, тие си ја мерат силата . А кај девојките е друга приказна ..
    Пример има 2 основни училишта во градот , го преместиш во другото и таму има проблеми не во смисол на тепачки ама ете пак е навредувано и комплексирано , како да се реши тој проблем тогаш ?
     
  5. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Нив можам да ги отсликам само како Луси ( http://en.wikipedia.org/wiki/Australopithecus_afarensis ) во паметот. Верувај ми ги имам изученo и истражено овие работи , дел од струка ми се и тогаш биле мал милион пати попаметни и правеле нешто корисно да мрднат некој степен понапред , за разлика од овие 21-вековски мајмуни што и да направат го враќаат развојот за милион пати поназад !

    за п.с. - от Dean rules ! ;)

    Од искуство , никако пак си е се по старо , ќе видиш ќе невидиш или ќе живееш со стравот утре тепана ќе се вратам , или ќе трпиш и ќе се молиш на секое можно божество да не те оптеретуваат . А некако најдобро решение и ти да фатиш да тепаш , доколку имаш храброст за такво нешто . Јас немав
     
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    XМan општеството и институциите не може да го превоспитаат детето, ниту луѓето генерално. Можеби би требало да може, но кога како што може да се види, нивните родители не ретко се немоќни ... Не може да се справи со мобинг (а веќе правиме муабет за возрасни луѓе), не пак за bullying. Да не правам муабет дека не може да му забрани некому да си го одземе животот. Многу работи не се пожелни и не би требало да се случуваат, но кога веќе не можеме ништо против тоа, барем ефикасно да се одбраниме, да научиме и да пораснеме од нив.

    А за тоа дека треба да го сфатат како БИТКА кога веќе се фати за тоа. А како да го сфатат? Кога веќе децава се се` поразмазени и речиси во секое школо е така? Како тргнало за десетина години, додека децава не научат самоодбрана да им викаме приватни подучувачи дома а на школо за испити да одат... вака само таму го гледам чарето.

    А САМО со физичка спремност, или пак нејзино ставање на прво место, ништо не се прави.
    Чекав да ме прашаш за ова, бидејќи јас имам пример од истото одделение во основно кој и ме натера упорно да тврдам дека физичка сила и обем не се доволни и не гарантираат вечна непобедливост. На „матицава“ што ја спомнав од погоре тој и` беше нова мета откако виде дека нема з****вање со мене.

    Типов од учителкава беше поголем мислам, спортуваше и беше силен. Еден период му се плашеа, но потоа некаде кај 5-6то одделение, таа истата му спреми една таква сплетка (искористи и емоции и години и се`) за да го понижи пред сите. Оттогаш го исмеваа за истите работи од кои порано се плашеа, а тој веќе психички не беше волен ниту спремен да ја користи таа физичка сила.

    Од толку работи што сакав да кажам, заборавив да истакнам зошто го цитирав линкот со веста и се надевам дека ќе престане расправава и дека правилно ќе ме сфатиш, затоа што имаме убава комуникација тука. Децата знаат да бидат сурови, тоа сите сме го почувствувале, јас едно време бев мета на навистина сурови деца. Но, животот е наш и ние одлучуваме што ќе правиме со него. Лесно е да умреш, тешко е да преживееш. Едноставно не ` има појаки и послаби. А одлука за самоубиство не говори за нашата физичка сила.

    Едноставно, ако имаме различни мислења не значи дека едното е погрешно, а сепак сме од различен пол па и големи се веројатностите различно да сме ги доживеале тие мигови. Ако јас сум се справила поинаку не значи дека моето искуство е за потценување.

    Велиш несериозно е што користам примери и случаи а и ти го правиш истото. Уште еднаш, да не бидам погрешно сфатена, јас имам високо мислење за физички тренинг, за учење вештини за самоодбрана и тн. Спасуваат глава, имаат голем но никако самостоен удел во развој на силна психа и самодоверба, лично би ги препорачала на мое дете и се` тоа ...

    Но, тоа, не секогаш гарантира мирни училишни денови.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Tessie, си правиме муабет, без разлика што сме се сложиле за многу други работи не значи дека мора буквално за сѐ да имаме исто мислење, нема тука hard feelings од ниедна страна (од моја во секој случај нема) :).

    Сепак ти знаеш дека од пракса ги кажувам некои работи, значи не измислувам и тоа што го зборам на одредени деца многу им помогнало но и јас се сложив со тебе и потенцирав со децата жртви на bullying мора и психички да се работи зашто само не секое може да се снајде, ти си успеала многу не успеваат. Притоа не е фер да речеме дека тие деца што психички паднале или се самоубиле не биле доволно јаки, малку така те сфатив но се надевам не си сакала тоа да го кажеш. Постојат и методи на колективна едукација ама ете далеку сме од нешто такво.

    Школото според мене не смее да биде битка туку место за дружење, задоволство и едукација и да знам дека мои деца одат под стрес не нив некој да ги закача или тепа (тоа е исклучено) туку и само да учат во таква атмосфера јас ќе ги испишам. И неколку школи ќе сменам ако треба ама ќе ги оставам таму каде ќе ми кажат дека имаат пријатна атмосфера.

    Дискусијава ја сфаќам како размена на мислења не како доказ кој е попаметен или кој пишува поточни работи, затоа е и убаво да се чујат различни искуства :).
     
    На eliesaab, WarriorAngel, imelda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    НЕ бе, какви hard feelings. :) Имам потреба да си кажам однапред дека не сакам никого да напаѓам затоа што не ретко често коментирање на тема која ме интересирала а особено ако е дискусија со некој друг член, некои го сфаќале како напаѓање демек „шо ми/му/и` се закачи/при толку теми зошо толку тука пишуваш ако не е напад“ и сл. па пошо сме (со чесни исклучоци) лесно увреѓавна и едвај-чекам-да-нападнам-некого нација, почнав да си потенцирам на секое дека немам ништо лично против личноста со која дискутирам. Од тебе лично сигурно не би добила таков коментар, но ете за секој случај, против појава на дрвени адвокати. :D А инаку, повеќе од јасно ми е дека не може за се` да се сложиме, па ни близнаци да бевме а не па виртуелни другарчиња. :D :)

    Нејсе, се сложивме дека мора да биде разгледувано од два аспекти. Дали тоа што сум жена влијае на моето нагласено психолошко доживување на ваквото насилство, не знам. Eве ти како човек кој ја има истражено темава на попрофесионално па и практично ниво од мене можеби повеќе знаеш за тоа и баш ме интересира доколку имаш сознанија и од тој аспект.
     
    На imelda и XMaN им се допаѓа ова.
  9. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Ние што сме израснале сме израснале и кој како знаел се справувал со насилни деца, ама еле темава постои, може ќе дојдат на неа деца да бараат помош/инфо/идеја како да се справат со својот були, па и родители кои дознале дека детето им е мета на такви. Така да ако некој има добра замисла како би, од разни агли постапил, како би советувал, ако во исто време земеме во предвид не го има секој тој луксуз да смени основно училиште од практични причини(само едно има во околина, наредното е доволно далеку да треба возење ), а е нешто како прво на листата како решение.

    Дете не може да промени начин на размислување туку така и да рече од утре боли ме уво што ќе ме наречат, тие се фрустрираните и јас ќе излезам на крај подобра од нив. Исто така не може да се набилда и утре да земе да истепа некој поголем од него. Дали е најдобро да си каже дома? Што може да направи родителот ако дознае дека детето му страда? Кога веќе знаеме дека институциите мижат или и тие не се паметни. Не може сигурно да оди да натепа туѓо дете оти тоа го тепа или вреѓа неговото.


    За тоа дека системот не ги штити можеме да правиме муабет додека кравите си дојдат од пасење. Факт е дека проблемот со општеството не е само кај нас. Во земјите со најстрогите системи за заштита на доброто за децата има дупки и не знаат како да се справат со проблемов, растат деца малтретирани, им врие им врие и преврие еден ден кога потпораснат, и дојде до или-или, ти или јас, па се чудат после по америките дека се продава оружје како чоколадо како некој 17 годишен подивел и испотепал пола клас. Останува да детето не знае што да прави а ни родителот да е попаметен од него. Кач 22 ситуација.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Фрустрациите, доколку се отпуштат целосно да завладеат со личноста, може да бидат тотално опасни. И ете го моментот кога злоупотребуваниот (жртвата) станува злоупотребувач. И кај некои најкревки умови РЕТКО може да дојде до тоа. Не се сите единки силни за да го пребродат тој период и да останат психичко зрели личности. Повеќето се способни, но понекогаш постојат комбинации од булинг и домашно насилство, па сето тоа може да ги изврти перцепциите на детската слика за она како е правилно да се живее.

    Мислам дека добро образовани психолози и педагози можат драстично да ја сменат појавата на насилство која струи во училиштата. Кога тие психолози би си ја работеле нивната задача како што треба ќе се намали бројот на вакви случаи.
    И потребни се мерки на бркање од школо за невоспитаните ученици. Сега говорам за крајно безобразните мали "силеџии" - може е тежок зборот, но верувајте има и такви деца.
    И со реална опасност да не може да влезе во друго школо туку единствена опција да му биде детски образовен дом за палавковци. Значи сега говорам за екстремните деца кои тепаат и се иживуваат врз врсниците секојдневно и кои никако не се успева да се вразумат.

    Во мое време немаше физички булинг. Многу ретко! И затоа сега ми е неприфатливо да знам дека некои деца кај психички трпат понижувања, па и физички се тепани и дека им се загрозува дотолку опстанокот. Како може да се враќа дете секој ден испотепано. Зар родителите не гледаат промена кај нивното дете?! Зашто понекогаш и родителот е токму родител за да реагира некако и да го одбрани чедото.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Тоа се најчесто деца на уфилмани богати родители, на кои им е дозволено баш све.
    И таквите никој ништо не им може за нивното дете .
    Таков еден силеџија у 4то одд кај што учи братучетка ми, ги навредува сите, мава шамари на др деца и секако Ајфон има . :^)

    Верувале или не.

    Тоа се безорбазни деца од безобразни родители, родители кои што све што имале да им пружат на свои деца се само пари , ама не и внимание а најмалку со култура да ги запонзаат.

    Од таквите нема спас, тешко кој од образовните институции ке се дигне да покрене глас, сепак Македонија е ова.
     
    На Jagoda123, WarriorAngel и tessie им се допаѓа ова.
  12. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    4.205
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со ИксМен дека насилството кое многу деца го трпат не е нормално и тие не треба да го прифатат како такво. Што ако на пример, тоа се повтори и во средното? И таму ли треба да биде нормално, кога се сметаме веќе за изградени личности?
    И никогаш не би сакала мое дете да преживува нешто такво. Ако треба и ќе го испишам, не сакам да биде осамено и малтретирано. Некои деца успеваат да го пребродат тоа, ама некои не и не би ризикувала со такво нешто.

    Верувам дека проблемот е до родителите. Ако не се воспита правилно, џабе е секоја ебана институција кога мајка му на родителска е најгласна, нејзиното синче е ангел и кога ќе си отидат дома таа ќе си го гали како да направил нешто најблагородно на светов.
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Moon.Girl

    Moon.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    156
    Многу се нервирам кога ќе речат дека детското насилство не е насилство туку игра :^)
    Не е игра сепак е вид на насилство.
    И овој вид насилство врз децата може да остави тешки последици.Многу деца поради тоа насилство имаат намалена самодоверба,стануваат агресивни и дури во краен случај може да се дојде до самоубиство.
    Јас сметам дека психичкото насилство повеќе повредува.Децата си набиваат комплекси,а посебно во пубертетот.Јас на училиште имав вакви проблеми и токму тие проблеми ме потикнаа да добијам желба и да станам психолог.И искрено сум им благодарна за тоа.
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  14. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
  15. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
  16. lalitas

    lalitas Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    10
    И јас сум била исмејувана многу пати. Понекогаш ќе се спротиставив, понекогаш ги игнорирав, во 4 одделение се сеќавам дека бев исмејувана ради многу причини, имав учителка (не вреди ни така да се нарекува) која што наместо да ги казни исмејувачите, дури и таа и ги подржуваше нив, само затоа мајка ми не беше некоја што и се упикува. После во 5 повторно се паднав со истите но тогаш беше подобро,се додека еден глупак се премести во нашиот клас, тогаш почна отпрвин да се зафркава со мене, иако не бев единствена, но другите го игнорираа или правеа се само да му се допаднат и да престане да ги исмејува нив. Ама јас не можев така, секогаш враќав, во класот не се имав со никој толку блиско, другаркиве ми беа во друг клас, значи бев сама, многу пати дошло и да се тепам со машки кои на крај завршувавме на психолог и после 1 недела пак истата песна, ми измислиа и надимак, почнаа и другиве да се закачаат со мене, не само психички туку и физички... Дури ме удираа и по глава, да по глава, за ова никому не кажав дури ни на мајка ми и татко ми,дома бев како многу среќна а всушност она што ми се случуваше беше пекол. иако татко ми работи во полиција, и можев слободно да ги пријавам ама не го направив тоа. Не знам зошто ама никогаш не разговарам за некои проблеми ни со родителите, со никој, освен со другарка ми која иначе не живее во мојот град и се гледаме само 4 пати во година.
    дојде и средно, се паднав со пола од нив во исти клас, сега е друго, сосема друго,и им благодарам на исмејувачите што ми помогнаа да станам таква како што денес.
    сега во средно има еден што стално го исмејуваат, тепаат, навредуваат и многу ми е жал... не знам како да го одбранам, зашто еднаш кога им реков дека не е убаво така, дека се безчувствителни тие почнаа и мене да ме навредуваат и што уште не... ама нека е.. и јас онака не се замарам премногу, еден ден ќе им се врати на полош начин, а јас кога би имала шанса навистина би им вратила.
     
  17. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Сѐ повеќе деца учат боречки вештини за самоодбрана




    Емил Јотов, основач на Академијата за самоодбрана, веќе неколку месеци работи со деца, со намера да го спречи или барем да го намали насилството меѓу децата. Интересот за учење на вештините на самоодбраната е голем кај децата, но и кај родителите




    НАСИЛСТВОТО ВРЗ ДЕЦАТА ГЛОБАЛЕН ПРОБЛЕМ

    На Академијата за самоодбрана во Скопје веќе неколку месеци се одржуваат и курсеви за самоодбрана наменети за деца, што е резултат на честите случаи на т.н. булинг - психичкиот или физички напад на посилните кон послабите деца, главно на училиште, но сѐ почесто и на социјалните мрежи. Понижувањето може да добие огромни димензии и да предизвика трауми со несогледливи последици, а ваквите курсеви нудат можност за родителите навреме и превентивно да ги заштитат своите деца.

    Емил Јотов, основач на Академијата за самоодбрана, веќе неколку месеци работи со деца, со намера да го спречи или барем да го намали насилството меѓу децата. Интересот за учење на вештините на самоодбраната е голем кај децата, но и кај родителите.

    За три-шест месеци сами можат да се одбранат

    Курсевите имаат цел да се оспособат децата за самоодбрана, да се научат да не се плашат, да им се зголемат самодовербата, силата, фокусот и балансот.
    - Децата низ игра добиваат едукација, која ги прави поспособни да одговорат на предизвиците што ги носи животот. Интересот секој ден се зголемува. Резултатите се фантастични, деца без никаква претходна физичка активност веќе по неколку тренинзи добиваат желба за редовно вежбање. Во просек од три до шест месеци ја постигнуваме целта децата да можат сами да се одбранат од физичко насилство - вели Јотов.

    Тој посочува на пример со неколку тинејџери во Британија и во Ирска, кои неодамна си го одзедоа животот поради понижување на социјалните мрежи. Тоа, според него, покажува колку е разорувачко влијанието на навредите и колку ненавременото откривање може да има фатални последици врз здравјето и психата на децата.

    Што да се преземе?

    - На прво место е комуникацијата со детето. Родителите треба навремено да дознаат дека нешто се случува. Повремено треба да се разговара со детето дали е задоволно од животот, дали нешто му недостига, дали има проблеми и сл. Изненадувачки е дека многу родители забораваат да ги постават овие најосновни прашања и поминуваат години, а тие не знаат што се случува во душата на нивното дете - вели Јотов.

    Важно е и на детето да му се објасни дека постојат добри шанси еден ден тоа да се соочи со некој облик на насилство. Затоа е добро, порачува нашиот соговорник, децата да се подложат на психофизички тренинзи заради јакнење на психата и на телото.

    - За психичкиот или физички напад на посилните кон послабите деца се користи терминот булинг. Но дете што поминало низ активен одбранбен тренинг и ги зајакнало телото и психата, нема толку лесно да биде предмет на заплашување и малтретирање. Искуствата покажуваат дека насилните деца имаат неверојатна способност да проценат кого не можат да малтретираат, односно знаат дека децата подготвени за одбрана треба да ги оставаат на мир. Тоа е всушност и целта на навремениот самоодбранбен тренинг - заклучува Јотов.

    Автор: Сања Јачевска



    http://www.www.novamakedonija.com.m...4&id=49&prilog=0&setIzdanie=22996
     
  18. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Машки
    Темава е околу училишното насилство. Ако има ваква тема слободно тргнете ја. Дури бев ученик имаше (а, и ден-денес е се помасовна оваа појава) случаи на апсолутно крајно нечовечко однесување кон одредени мои соученици). Во една ситуација класниот раководител ја праша неговата „десна рака“-соученичка која беше негов информатор, зошто одредено момче од нашиот тогашен клас го чепкаат, а таа му одговори незнам, тој и рекол нешто во стилот дека немало на кој начин да му помогне на соученикот-жртва. Пред 2,3 години мислам имаше иницијатива да се воведе закон со кој на класните раководители може да им се изрече парична глоба (мислам од околу 5000 евра) ако на проблематичните ученици не им изрекуваат соодветни мерки. Настрана од тоа, тој истиот класен раководител на малтретирачите им обезбедуваше успех „добар“, а кои истите до 7, 8 јуни имале по шест, седум единици, само затоа што можеше некоја бенефиција за него да обезбеди за него од нивните родители. На ова ми текна бидејќи денес го видов мојот бивш класен раководител, а по неполн час и едниот од моите соученици (кој додека учевме беше жртва на bullying, инаку сега, мој колега).
     
    На sugarlips му/ѝ се допаѓа ова.
  19. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.031
    Допаѓања:
    26.548
    bullying-от е македонски термин?Онака чисто прашувам.
     
    На elimkd и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  20. Catnight

    Catnight Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    723
    bullying-от или пак ако зборуваме македонски задевање? Ипак, го мразам задевањето од ученик на ученик. Кога јас бев уште во основно, една девојка помала од мене пратила слика гола на некое машко, не знам кое точно не е битно, таа му сепак верувала и затоа го тоа направила. А тој пак ја пратил на секое дете од училиштето. Сите ја подсмеваа, остана без другарки, се додека не постана повторно “популарна“ сите тие кој ја вреѓаа, сега и се БФФ, мислам да фак? Нема правда за задевањето, некој се така понашаат што они го тоа и заслужуваат, а некој пак без врска добиваат задевања. Ипак Македонија е ова, го завршив средното школо во Германија, и можам да кажам колку е се по различно од оваа чудесна Македонија. Во Германија ако некого задеваш повише од 3 пати, детето кое е задевано има право да се пожали, а самото училиште праќа писмо до детето кое го задевало другото дете. И тоа ми се допаѓа, и доколку родителите не преземуваат мерка, тоа дете го бркаат од школо. Па сега нека си размислат што им е помило. Така треба и кај нас, но сепак, по битни се спомениците, него други работи.
     
    На ToksycznaReakcja, sugarlips, Victorian и 3 други им се допаѓа ова.