1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детско насилство/булинг

Дискусија во 'Психологија' започната од WarriorAngel, 4 август 2013.

  1. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Не, нема да одам да ги тепам зошто тие, сепак, се деца а јас сум возрасна и знам подобро. Но, доколку ти, како моја врсничка се осмелиш да кренеш рака на мое дете, е тогаш муабетот е друг и секако дека тоа нема да го толерирам. Да бидеме реални, не сум човек што се тепа по улици па секако дека нема да одам да те барам со безбол палка АМА ќе одам во полиција и ќе поднесам пријава. Детето ми се понаша како најголем кретен? Дојди и кажи ми!! Верувај ќе направам се што е во моја моќ да не му се повтори таков испад но НИКОЈ! нема право да ми го тепа детето.

    @okcenzi, ама ај биди најискрена пред себе, дали навистина веруваш дека е во ред три поголеми деца да тепаат едно, без разлика на поводот? Можеле лошо да го удрат и да го осакатат за цел живот, особено што едното дете користело и гипс при тепањето. Брат ти да го подбрал, јасно ми е, ама трojца? Извини, ама тоа е overkill и нема оправдање за тоа!


    Или еве, замисли сега ситуација слична на таа што си ја доживеала, ама овојпат твоето дете прво удрило друго дете. Како би реагирала утре (не дај боже!) ќерка ти да ти дојде дома модра и потечена и да ти каже дека три поголеми девојчиња ја згазиле од мавање. Дали и тогаш би го имала ставот дека тоа тепање е во ред и заслужено? Ако одговориш ДА, ти симнувам капа на интегритетот!

    ***
    Да не ме сватиш погрешно ама што основно ќе беше тоа- директор тепа деца, деца се тепаат меѓу себе, родители тепаат (туѓи) деца, родители се тепаат меѓу себе :x
     
    Последна измена: 11 август 2016
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    ^
    Уште да кажеше како на крај чистачката сите со метлата почнала да ги мава оти и газеле на џогираното и комплетно ќе е :D
    Што нема да слушнеш, ама така си беше на времето, шамари, закани, заплашувања...дивина.
     
    На Nausicaa, kjukli и referentka им се допаѓа ова.
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    @Nausicaa Тоа основно школо беше таквко какво што беше и времето. Случкава беше пред 20 год и да во моето школо имаше наставици што ги лупаат главите на децата од табла, од клупа, од ѕид....
    Наставникот по ликовно имаше дрвено стапче, па со него рацете можеа да ти бидат помодрени и 2 недели. Шамари лупаа уз кафе-доручек. Такво школо беше баш.
    Сите од Гостивар ја знаат Катица по музичко и знаат како таа крвнички тепаше.
    Ситего знаат Тевде по географија и Нада по математика. Лудаци. Милица нашиот прочуен ПЕДАГОГ, беше презафатена од плескање со помдиректорот, па немаше време за професијата. И така.

    И не велам дека тоа брат ми и братучедиве што го направија беше во ред, ама беше голема опомена за цела генерација. И грешка си што мислиш дека братучед ми тепаше со гипсот, туку раката му беше во гипс кажав, ама сепак дојде да ме одбрани, зошто навистина лошо изгледав. А бев мирно, паметно, послушно одлично учениче и бев најмала во класот, скоро на граница на анорексија а некој вол ме шамараше.

    Баш ја погоди, имаше една чистачка што не тераше со дерење да одиме покрај радијаторите, а да не газиме на сред ходник.
     
    На Bridget, WarriorAngel, Love...music и 2 други им се допаѓа ова.
  4. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.609
    Пол:
    Женски
    Морам да се согласам со Окензи. Не сакам воопшто насилство, но некогаш е и повеќе од потребно. Добро знаеме како функционираат некои институции кај нас.

    Само јас си знам како сум нормална после се' што претрпев од 5то до 8мо одделение. Шамари, мавање со баскети, фудбали по глава, буткања, навреди... Не им ќутев, ама тоа не ги сопре во нивното иживување. Ни педагози, ни па наставнички се обидуваа да помогнат, сите вртеа глава. На час по физичко каде си стоеше наставничката и гледаше ме маваа додека таа само си вртеше глава. За на крај јас да бидам таа која е дрска. Дома се враќав секој ден со плачење, ама никогаш не ме сфатија толку сериозно, не ни дозволував покрај сите проблеми кои ги имавме со роднините моите и за мене да се сеќираат, се додека еден од насилниците не' дојде и ни го скрши задното стакло од колата. Е тогаш дури и во второ полугодие на 8мо сменив училиште.

    Е да ми извините ама на вакви со објаснувања и со зборови не им се пристапува, овие насилници ниеден збор не разбираат.
     
    На eloves, eliesaab, Sanjichka007 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    @okcenzi, ;(
    Многу ми е жал! Ние сме чинам генерација (плус, минус некоја година) ама кај мене во основно за посериозна расправија праќаа кај педагогот а тепачки едноставно немаше - знаевме дека ќе летаме од школо макар и да помислиме физички да се пресметуваме (а ако те избркаат од школо, подобро земи и скокни во Вардар, зошто поголема брука од тоа, нема!) Наставничка да крене рака врз дете? Незамисливо! Многу, многу, многу ми е жал! Тоа не биле наставници, туку говеда и насилници!

    :x
     
    Последна измена: 11 август 2016
    На Love...music и okcenzi им се допаѓа ова.
  6. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Е за тоа денес наставнициве се мили и фини, зошто мое дете некој да чепне или да не чуе зло да го удри со главата од клупа, ѕид, табла, ке ми се спојат жичките знам. Знам моите генерации што поминаа со овие дивјаци.
    Класниот на брат ми а воедно и директор, кога брат ми беше 8мо одд, цел клас пред полуматура ги шамарете и удираше со дневникот по глава и машки и женски и тоа во големиот ходник а цело школо гледавме. Шкртале по ѕидови и поради тоа беа млатени, наместо да ги казнат родителите и парично и да дојдат да си ги бојадисуваат шкртаните ѕидови. И после родители иделе во школо и тепале наставници, абе да ги утепале требало.
     
    На Nausicaa, Kimberly11 и Love...music им се допаѓа ова.
  7. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    @Nausicaa знаеш што се случи кога мајка ми отиде да каже на мајка му на еден школски што ме тепаше? Што се случува кога пробуваш човечки да разговараш со ваквите луѓе? Ја истерала мајка ми од кај нив дома со буткање. Џабе беше кога тој си имаше поддршка од дома. Сакам да кажам дека не сите родители се совесни како што би била ти кога би била родител. :)
    И знаеш што би се случило кога би отишла на некој родител со бејзбол палка? Ќе ти рече со кое право твоето дете со месеци или години врши психичка и физичка тортура врз моево? Пријави во полиција за едно тепање, ама другиот родител ќе пријави месеци или години тортура. Или пак родителот на жртвата ќе ти рече па што, си заслужило, нека си знае син ти/ќерка ти дека моево дете не е само, дека има кој да го одбрани. Ех, колку ми требало некој така да застане до мене. Колку само мака ми беше што со сестра ми сме 9 години разлика, па не одевме во исто школо.
    Затоа оправдувам да се примени насилство врз оние кои малтретираат деца. Оти лесно е кога некој е помал од тебе, кога ти се плаши, да изиграваш фраер пред другарите. Не е баш исто кога некој возрасен ќе застане пред него и ќе го заплаши.
     
    Последна измена: 11 август 2016
    На Nausicaa, Someonespecial, kjukli и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    @WarriorAngel,

    Јас цврсто верувам дека насилство раѓа насилство. Денес јас го чекам лошото дете пред школо и го кршам, утре мене ме начекува татко му и ме рамни со земја. И од големиот секогаш има некој поголем. И што на крај, ќе се демнеме едни со други низ град и ќе се млатиме ко цигани? Или подеднакво весело сценарио, мајката на детето што јас сум го зачукала е вусшност другарка на газдата за кој што работам и јас летам од работа по кратка постапка. И, ајде сега? Сем тоа, ете и самата пишуваш дека тоа не помогнало кај тебе, проблемот се провлекувал и понатаму, те следел дури до факултет. Значи, МОРА да постои и друго, поконструктивно решение.

    п.с
    Заплашување е едно („Удри ја уште еднаш па ќе видиш што ќе ти направам, главата ќе ти ја скршам, ме слушаш ти што ти зборам !!!“), друго е да кренеш рака и навистина да удриш по дете. Без разлика на причината, не оправдувам возрасен да тепа дете!
     
    Последна измена: 11 август 2016
  9. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    Тие со кои имав проблеми и на факултет беа баш тие кои не беа заплашени. Мајка ми го истепа само тоа едно дете од кое со модринки си доаѓав дома и после тоа дете не ме пипна, а изгледа и од дома си доби ќотек бидејќи и родителите му беа такви што нејќеа нивното дете да биде насилно спрема друго. За другите деца не знаеја дома. А таму кај што отиде мајка ми да каже, проблемот со тоа дете го средив дури во средното, сама, кога почнав да се бранам поагресивно и кога беше сам, немаше кој друг да го поддржи.
    И не знам стварно кое би било друго решение кога училиштето, наставниците, психолози, педагози и нивните родители не се грижеа, барем во мојот случај.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    И јас ова се прашувам. Кое е тоа поконструктивно решение, кога на детето не му е гајле, од дома има поддршка, а никој друг одговорен не реагира. Стварно не знам? Да го заторам во подрум и да го плашам со баба Рога ке помогне? Ветувам нема да го тепам.
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Се согласувам со warrior angel. Кога таквите насилници не можеш со збор да им објасниш, мораш да ги натераш истата болка да ја осетат што ја нанесуваат.
    Јас кога бев основно едвај чекав да го завршам. Класот ми беше катастрофа, бев една од малкуте што учат и се со 5ки, Имаше неколку деца што ме задеваа, од кои едно девојче, повеќе психички, буквално се тресев кога училницата ќе останеше без наставник. Се случуваше неколку пати да ме бутнат да паднам, еднаш за малку не ја удрив главата од клупа. Дури се правдаа дека сама сум си паднала. Истите тие беа со единици и многу неоправдани, скоро беа пред бркање. А и наставниците не беа најсаглам. Знаеше класната, колку пати им велеше те ќе им намали поведение, те ќе ги премести во друго школо, и кај психолог и кај дирекр колку пати ги носеше, ама не, на крај пак попушташе. Сепак иако и школото и класот ги мразев од дното на душата, не попуштав, не сакав да отсуствувам никогаш заради нив, дури и на моите не сакав да се жалам. Наставниците, оние кои беа добри ме знаеја како мирна и срамежлива и поразлична од другите во класот и во учењето и во односот.
    Мило ми беше што се спасив од тие, после и во средно ми се закачи еден, што и во ходник во трета ме замараше, ама класниот мој убаво го подбра и ме остави на мира.
    За таквите деца не постои никакво оправдување. Деца биле па така се растело? Абе ајде, со страв и психичка тортура не се расте сигурно. За мене таквите, особено оние што физички се насилни, не се најнормални во главата. И не мора да се секогаш родителите криви. Двајца од тие што ме задеваа имаа сестри што завршиле во истото школо, а што биле далеку поразлични од нив. Сигурно не ги воспитувале различно.
    Ако не оди со разговор, оправдувам ќотек за такви. нека ги заболи малце и нив. Знам дека има некои што биле во многу полоша ситуација од мене, но колку и да се насилни некои, па и психички, тоа не се оправдува.
     
    На lasthope, Indiegurl, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    За моето основно пишав, нула толеранција за глупости. Во средно беше иста приказната, повторно нула толеранција. Само што почнавме со настава во прва година, еден дечко се степа и истиот ден беше избркан, по кратка постапка. Едноставно, строгата политика на школото не остави простор за некој да се занесува. Бевме 11 класа, со по 35 деца и јас еве не паметам случај некој да се пожалил на bullying. А далеку дека школувањето ми беше идеално.

    Мајка ми предава во средно, многу поразлично од тоа јас каде што завршив. Школото е стручно, се запишуваат деца од најразлични профили (вклучувајќи штитеници од домот за деца без родители) и е братство-единство во мало, односно има Македонци, Албанци, Роми, Бошнаци, Турци заедно собрани во една училница. Има деца од богати семејства но и од семејства кои живеат од социјална помош. Буре барут ситуацијата, така? И повторно, толеранцијата на кавги и тепачки е нула! Се степал? Лета од школо! Се расправа со другите деца и покажува агресија? Под итно се повикуваат родителите на разговор со психологот. Е да, имаат и приватно обезбедување, така да не може ни татко ни дедо да влезе да се кара и да фрла столчиња :)

    Во средно имавме многу срамежлива соученичка и девојчето постојано се држеше на страна.Еден ден дојде таткото, ја замоли класната да и помогне да се социјализира подобро па жената разговараше со нас и не мотивираше ние да и приоѓаме и да и правиме муабет, да ја викаме на искачања итн.

    Е па сега, вие заклучете што е поконструктивно, да се тепате по улици или да барате нешто подобро за вашето дете. Не чини школото, професорите се тотално незаинтересирани, децата дибеци? Префрлете го во друго школо, не може секаде да се шкарт професорите и децата. Мислам, штом кај мајка ми има нула толеранција а школото само по себе е дива лига, што останува за останатите, каде-каде подобри училишта.

    @okcenzi, тоа што го пиша за чкртањето по зидови? Истото се случи и кај нас, па ај што си ги пишале имињата, туку и одделението, точно да се знае кои се (facepalm) И така еден убав сончев ден, после часови, чистачките им донесоа кофи и крпи па девојчињава, срам, не срам, пред цело школо го миеја зидот :) Ниту тепање, ниту драма, единствено можеби малку сеир. Јака ви душа на вас гостиварчани што сте учеле со такви лудаци за професори.
     
    На eloves и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  13. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Машки
    E, и во примерот за кој јас пишувам беше слична ситуацијата. Ќе пробаше другаров дасеодбрани, се пуштеа уште 3, 4 машки (другари на малтретирачот), па ако дојдеше ситуација до педагози тепаниот беше крив. (facepalm) Барај му ум ти на такви педагози, класни раководители и останати, кога гледаат дека одредено дете преживува тортура, а потоа тоа самото е криво (имало промени во однесувањето :o).
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dabria

    Dabria Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2016
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Женски
    Еве едно мислење, за промена, од личност која била насилно дете а не дете врз кое се вршело насилство.
    Уште од кога почнав да одам во градинка беше забележливо. Буквално физички ги малтретирав моите другарчиња, им ги крадев играчките, вриштев, пиштев, псуев, кршев и расипував се што можев да најдам. Читајќи го ова ќе си кажете - какво невоспитано детиште! И тоа е вистината. Буквално бев невоспитана. Растев во насилна средина, татко ми душата и ја вадеше на мајка ми, таа само викаше по него, му возвраќаше со тупаници, се навредуваа меѓусебе. Се сеќавам дека мислев дека е модерно да бидеш злобен, дека само така ќе се избориш над другите и ќе бидеш нивен командант, а ако не си нивен командант, тогаш ќе те газат и малтретираат. И верувам дека тоа било некаков извитоперен одбранбен механизам. Замислете, сето тоа во главата на едно дете од предшколска возраст. Во најмала рака е страшно. И страшно е што таквите деца, кои уште од толку рана возраст се силеџии каква што сум била и самата јас се отфрлани од возрасните, само ќе се отарасат од нив и ќе кажат дека се невоспитани. А ви гарантирам, секое такво дете е или малтретирано или сведок на домашно насилство. И им треба помош! Мене никој ми немаше помогнато.
    Токму пред да почнам со училиште, мајка ми се премажи и со мојот очув се пресели во друга држава. Со неа се преселивме и јас и мојот брат. Брат ми, за разлика од мене, уште од малечок беше срамежлив, уплашен, тажен. Многу ми е мило што не се каравме како деца, но сепак, мораше да биде по мое и брат ми правеше се што ќе му кажам, што од оваа гледна точка воопшто не е во ред. Нашиот живот се подобри и конечно почнавме да доживуваме некои среќни моменти. Мајка ми сеуште се однесуваше хистерично и невротично. Но нашиот очув, за разлика од нашиот татко не заштитуваше и на крај ја убеди мајка ми да оди на психијатар по што и нејзиното однесување се подобри. И ден денеска знае да избувнува и да прави сцени, но ние сме возрасни и тоа нема баш некаков ефект на нас. Жал ми е што никогаш не успеав во потполност да ја засакам својата мајка, но со време ја прифатив онаква каква што е, и од срце и простив.
    Кога влегов во пубертет, почнав да се социјализирам, да запознавам многу луѓе. Мислам дека тогаш во мене се роди голема емпатија и љубов, тогаш оживеав и го оформив својот карактер. Научив некои нешта и од тогаш никогаш повеќе се немав испонашано лошо или агресивно. Се опкружив со среќа и со љубов, го најдов одгоровот на таквото мое поранешно однесување и драстично се променив. Жалам што многу деца нема да имаат среќа да го надминат тоа. Жалам што заради таквите дисфункционални семејства насилните деца израснуваат во насилни луѓе. И ним треба и те како да им се посвети внимание.
     
    На kavadar4anka, blueeparadise, Bridget и 10 други им се допаѓа ова.
  15. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    @Dabria Жал ми е најискрено е за се што имаш преживеано. И баш ми е мило што си израснала во една прекрасна личност, што сфаќа дека некои работи не биле во ред.:hug:
    Се согласувам дека најчесто децата кои малтретираат други деца се од дисфункционални семејства. Баш дете кое ме малтретираше мене имаше татко пијаница кој ги истеруваше сите надвор да спијат дури и зимно време, ги тепаше и сл.
    На мене се ми е јасно, јас разбирам се, дека не се воспитани таквите деца, дека не знаат за подобро, дека нема кој да ги научи што треба и што не треба, и јасно ми е дека секој ги преживува работите и проблемите во семејството различно ама секогаш сум доаѓала до заклучок дека не е мој проблем што му се случува дома на некој, дека не треба јас да патам, некој да се изживува врз мене бидејќи дома не им е совршено. Со други зборови, дека ниедно оправдување не ми е доволно. И кај мене дома никогаш не беше како што треба. Прво брат ми си замина од дома, па татко ми одеше да го бара, па брат ми се задолжил многу пари, па ајде враќај ги, дома караници мајка ми и татко ми, едно време нејќев дома да си отидам после школо бидејќи ми се смачи да ги слушам како се караат. Во школо ме малтретираа мене и вреѓаа, а дома нив ги слушав како се караат. И јас исто растев со караници, имав милион причини да бидам гневна спрема сите ама не бев ниту еднаш. На секој празник татко ми нервозен поради брат ми и тоа траеше со години, никогаш не се помири со фактот дека си отиде и не сака да не види. Господ знае колку е болно да гледаш родител како ти плаче пред тебе и да не знаеш како да му помогнеш. Сепак, ниту јас, ниту сестра ми не сме биле насилни деца и подоцна, возрасни.
     
    Последна измена: 18 август 2016
    На eliesaab, evangelina.ina и Dabria им се допаѓа ова.
  16. Dabria

    Dabria Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2016
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Женски
    @WarriorAngel Ти благодарам на поддршката.
    Се согласувам со се што напиша, и мене ми е жал за тоа низ кое што си поминала, навистина не е фер и тој заклучок ти е на место - за жал сега многу деца доаѓаат од дисфункционални семејства, но секој тоа го манифестира на свој начин. И брат ми имаше однесување слично на твоето, беше многу кревок и емотивен, беше малтретиран во училиште, јас бев груба и насилна, но секое дете е различно и на секое дете треба да му се посвети внимание. Се разбира дека ти не си била должна на таквото дете да му објаснуваш што е правилно а што не е, но каде се тука воспитачките, учителките, наставничките? Нив некако како да ги нема. Зад секое, ама баш секое агресивно дете стои семеен проблем. Таа агресија настанува од револт кон родителите и од помешани вредности (во мојот случај). Од друга страна, и малтретираните деца поминуваат низ траума со самото тоа што се малтретирани во училиште, што не е мала работа напротив тоа е страшно и лошо искуство за секое дете во развој. Тоа може долгорочно да уништи нечива самодоверба. Но барем во мојот случај, никому не му беше грижа ниту за мене, ниту за таквите деца. Денеска сите тие професорки, наставнички, воспитувачки (чест на исклучоци) кои треба да бидат одговорни за ова и да му помогнат на секое дете, одат во училиште само формално за да си ја земат платата, а се никакви педагози.
     
    На H.VAGA, eliesaab и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  17. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Машки
  18. loveyouuu

    loveyouuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2014
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека во главно се малтретирани повлечени, мирни деца тоест деца кои и од дома си носат некој проблем. Деца кои со никого не разговараат, деца кои имаат проблем да се отворат, да признаат, деца кои си се навикнати да трпат и молчат, да собираат во себе.
    Значи да се разбереме, како мали сите ние сме се карале, тепале, смирувале со сокласници или деца од улица и тоа е сосема нормална работа ама сосема друго е цели осум години да бидеш малтретиран, понижуван, исмејуван навредуван и повредувам од сокласници. Цели осум години јас и уште едно друго девојче, го мразевме класот. Што е пострашно ниту педагогот, ниту класниот раководител никој не преземаше ништо, сите збунето не гледаа, сите се вадат на картата дека деца се, деца се караат утре ќе се смират ама не е така едноставно.
    Јас која цел живот ги слушав караниците и навредите на моите нормално од мала си бев таква тивка, повлечена, срамежлива и за се се обвинував себеси, се плачеш да разговарам со било кого. Кога ќе ме удреа, ќе ме исмееа за нешто си молчев и си трпев, не реагирав никако освен што повремено ќе се расплачев. Другото девојче, ќерка на татко алхоколичар и мајка психички нестабилна истата приказна секоја вечер дома кавги, тепачки, навреди и ќе и каже некој нешто таа ќе ја наведне главата на клупата и ќе почне да плаче. Не сите ама неколку девојчиња од класот немаше ден а да не не навредат или повредат и така осум години. Не ни даваа да седиме во оваа клупа, во онаа се однесуваа како нивни да се клупите. Па на физичко големите топки баскетите за кошарка ги маваа директно во нас, не маваа со креди по главата и ред други работи. Што е пострашно една од нив ни беше комшика и заедно одевме до школото и таа ги озборуваше дека биле вакви, такви, лигави, па после им правеше лице дека ние две сме го зборуваме тоа и пак ние виновните излегувавме. Други две од нив живеат исто така блиску па и патот накај дома ни го правеа хорор со навреди и зафракавања. Да ми е бил тогаш овој памет ни секунда не би се нервирала ама од тогашна гледна точка беше ужасно, пречуствителни деца бевме за самоубиство размислувавме.
    И не може некој да ми каже дека ова е не е страшно и дека е нормално. Хорор е уште од најмала возраст да те одфрлаат од секаде, да те понижуваат, да ти кажуваат дека си грда, дека те мразат и тоа многу влијае на самодовербата понатаму. Јас не обвинувам никого ама денес кога веќе пораснав во возрасна девојка и созреав јас сеуште имам последици од тоа, таквите работи остануваат засекогаш. И не можам да најдам зборови за да го објаснам ова, може да разбере некој кој доживеал. Јас и денес имам проблем да се социјализирам, да си најдам дечко, да засакам и верувам некому. Толку брзо ми здосадуваат луѓето и кон сите гледам со голема недоверба.
    Затоа ќе ги посоветувам сите помали членови на форумот, немојте никогаш да исмејувате и избегнувате некого. Ниту еден од нас не е совршен сите ние имаме маани ама никој не заслужува да биде повреден.
    Толку до мене на темата, поздрав
     
    На lasthope, esperansa777, MilaP и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. foreverMATH

    foreverMATH Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Во некои текстови овде сосема се пронајдов... Ги прочитав мислењата на @black-angel @Jagoda123 и другите. Навистина многу ми е жал за вас зашто знам низ што сте поминувале.

    Еве ја мојата приказна...
    Бев молчаливо дете но сепак знаев да се дружам со оастанатите. Бев специфична и чудна. Во малото кај што живеев со моите родители имав големо друштво тоа беше во претшколска возраст. Си имав најверна другарка. Се каравме се миревме но не се малтретиравме. Тоа беа најубавите години од моето детство. Секоја вечер бевме на улица се игравме со другите деца. Појдов во прво одделение. Неколку девојчиња ме задеваа од кои едната беше ќерка на министерката од владата. Ама интересно. Но немав не кои големи проблеми со нив. Моите родители се разведоа. Мајка ми е доста хистерична личност додека татко ми физички ја малтретираше. И не работеа, не бевме во добра финансиска положба. Не ми беше чудно што постојано се караат. Со мајка ми се преселив во друг град од второ одделение. Е тогаш почна мојот вистински пекол. Иако секогаш бев спремна да помогнам, да дадам, секогаш насмеана се најде една да ја речам „Шмизла“. Мал град и одма се дознава дека си од дисфункционално семејство, немаш пари, со еден родител си и тд. Не бев срамежлива воопшто, ама некако не се вклопив во таа средина. Седев сама во клупата и си молчев. Почнаа да ме озборуваат, навредуваат. Јас со кој памет и кажував на мајка ми која имаше толку проблеми но секогаш беше настроена зашитнички кон мене и одеше во школо да се кара со наставничката, децата, бевме кај психолог, педагог итд. Кавгите воопшто не помагаа. Напротив уште повеќе ја влошуваа ситуацијата. Типката што седеше до мене беше едно користољубиво створење и се дружеше со тн „Шмизла“. Никогаш не беше добра другарка како онаа претходната. Бараше само да препишува од мене, да ми прави скандали, нарведува и ред други работи. Башка кутрата јас и од дома бев оптеретена со проблеми, мајка ми со искинати нерви за ич ништо ќе ми се раздереше и ќе ме удреше. После ме гушкаше и ми велеше: Извини, знеаш дека те сакам, ама многу ми е тешко. Се трудев да ја разберам. Што се случи во 4 и 5 одделение? Почнав да да добивам асматични напади. Трпев, трпев а однатре горев во најголемите пеколи. Бев на доктор ми рекоа нервен напад. За две минути ако не стигнав еднаш на доктор ми рекоа дека ќе сум умрела. Буквално се гушев во сопствените здивови. Во 6 одделение се менуваа класовите. Па ми се погоди и смртен случај да имаме од фамилија. Во шесто бев со поразлични деца но имаше и од старите. Сепак не бев во ист клас со шмизлата. Овде децата не беа многу лошо настроени спрема мене но сепак ме гледаа со големо омаловажување дека имам награди, скрос одлична ученичка, активна на часовите и кон тоа гледаа со голем презир. А секогаш кога правме писмена или имаме тест: Леле те молам помогни ми! А сепак потоа се тужибаби, прават некои ситни скандали и знаеа болно да навредуваат. Разликата беше што престанав да и кажувам на мајка ми. Молчев уште повеќе. Ако ептен ја претераа ќе им се раздерев убаво или најчесто се трудев да ги игнорирам. И една професорка ме стави на заб да ме малтретира не заради оценки туку зашто учествувам на натпревари а сите други во одд имаат единици. Јас сум била крива што другите не учат и ми забрани да се натпреварувам...ЛоЛ...не ми се верува.... Наскоро добив и слични називи недружељубива, асоцијална, тврдоглава, осамена. Дознав дека родителите на мојата најверна другарка од родениот град се развеле и дека и таа исто така имала несогласувања со класот. Ми беше тешко. После долги ноќи плачење и осаменост сфатив нешто во животот. Си реков една ноќ кога баш сите ме напуштија, таа ноќ бев најсама во животот и најтажна: Слушај девојче, знам дека сите многу те повредија ама мораш да бидеш силна. ОВА Е ТВОЈ ЖИВОТ И НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА ТИ ГО УНИШТИ!!! Биди онаква каква што си уникатна, посебна. Не дозволувај да те повредат. Бори се во животот и покажи им дека можеш и сама и без нив. Зашто ти си најдобра, најубава, најуспешна и што е најважно ќе бидеш најсреќна. Се заколнав дека ќе си го променам животот. И дека ќе направам чудо од себе. А шмизлите и тие како нив? Заборави ги, тие не се ни достојни да помислиш на нив... Just ignore... Karma will do the rest...


    Еден ден, неколку години подоцна од таа ноќ...
    Се возам во кола заедно со мајка ми, старата шмизла и татко и. Татко и не води на натпревар. Девојчето многу изменето, ќути, се потутулило нема сила ни в очи да ме погледне. Што е си викам што станало со оваа? Ау нејзините се развеле. Ама јас не ја гледав со презир, омаловажување и омраза како што таа порано ме гледаше мене, туку со жал. А кога победив повторно во нејзините очи го приметив оној сјај на завист и омраза. Победив во многу нешта, се стекнав со многу признанија. И тогаш кога сите беа против мене и никој не веруваше во мене јас најдов сили и храбрости и го постигнав невозможното. Се победив и себе си на некој начин, се променив откако сфатив дека овој живот е само мој и никој нема право да упарвува со него. И сега ми е тешко во многу работи но верувам во себе, знам која сум и колку вредам.
     
    На Ariel, tina2018, MarchelineAmaru и 7 други им се допаѓа ова.
  20. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    :hug::hug::hug::hug::hug::hug:
     
    На foreverMATH му/ѝ се допаѓа ова.