Ќе мораш да поработиш на правописот малку за да имаш петка. А не се секирај за соучениците. Ќе завршиш средно ни ќе ги гледаш ни ќе те гледаат. Се менуваат работите после средна школа.
Што значи сматрам? Сумњам? Има разлика од правопис до дијалект или во нејзиниот случај, сленг @Nebitno21 Помина, не се оптоварувај.
Извинете морам да се вмешан иако до сега немам пишувано во темава... Членката се соочувала со сериозни проблеми, а некој/а најде да и кажува за правопис како да правописот е единствен проблем во животот. Колку површно се размислува, колку им е битно на некои да се истакнат не можам да се изначудам искрено превртувајќи по темиве. А најинтересно ми е кога читам статија за правопис, а во насловот има ортографска грешка
E ova chekacv nekoj da go kazhe. Kako toa da e najvazhno vo zhivotot da znaesh detalno pravopis, dobro ne treba da bidesh nepismen, no za najmala greshka pa nekoj da ti dofrluva?
Еве да ви објаснам. Девојчето се пожали дека оценките и биле намалени, поради соучениците. Затоа и укажав зошто би можела да и биде намалена по македонски јазик.
Да ти објаснам и јас тебе, начинот на кој зборувам со друштво и на форум не мора да значи дека треба да имам намалена оцена. Мешаш баби и жаби.
Што кажува? На кој дијалект и да зборуваш, сигурно нема така да пишуваш и на училиште. Почни од тебе, јас сматрам дека прво ние треба да се погледнеме
Социјалните мрежи се преплавени со видео каде што малолетничка брутално е нападната од друга малолетна девојка тинејџерка. Искрено ме потресе тоа што го видов, не очекував дека деца (тинејџери) може да се волку насилни кон своите врсници. Во последно време се почесто сме сведоци на насилното однесување на тијенџери, силување, убиства. Се прашувам следното. Што се случува со младинава? Од каде доаѓа таа агресија кај малолетни деца? Дали игра улога домашното воспитување и култура? Ме интересира што мислите на темава? Линк за тие што немаат видено за што се работи Ако е дупла темата слободно избришета ја, или префрлете ја не соодветно место.
Да и мислам дека сите проблеми потекнуваат баш од семејството и немањето домашно воспитување. Ништо чудно во семејството да постои и физичко насилство врз детето или меѓу сопружниците, па потоа се случуваат вакви работи. Навистина страшно, треба социјалните служби да не бидат неми набљудувачи, туку континуирано да си ја работат сериозно својата работа, за да не бидеме сведоци на вакви случки.
Не ми се верува шо видов Останатите викаат од страна се смеат и снимаат, браво! Се потекнува од дома. оставени шо сакаат да прават, презадоволени, никој не ги контролира, оставени сами на себе. Премногу се користи интернет од таму многу работи гледаат. Социјалните служби треба повеќе да се активираат.
Ова ме потсети на случката од пред три години во Неготино кога две девојчиња тепаа друго девојче. И знам дека на форумот добропознатите банирани членови ги бранеа насилничките. Се согласувам со @cresa-jagoda дека ова потекнува од домашното воспитување. Ова може да се случи ако децата се премногу разгалени, но и ако се применуваат физичките казни. Има и родители што ги учат нивните деца да го малтретираат тој што е послаб од нив, односно да се однесуваат лошо. Има и индиферентни родители. Ако детето не почувствува родителска љубов, многу е веројатно тоа да се однесува девијантно.
Секако од домашното воспитание им е, и незнаат какви психолошки штети и траумии ќе и направаат на жртвата. И ќе кажам дека насилниците ќе си продолжат со животот, но тие рани ќе си останат со жртвата. Нема никад да најдеш решение за оваквите случаи, затоа единствено гледам да се воведат часови за самоодбрана.
Е кога знаеле да се тепаат и да снимаат на вакви лица има начин да му се суди како полнелетни или да одговараат родителите. Ако удрат по џебот на родителите они сигурно ќе си ги приберат децата и ова нема да се случува. Овде има основа за гонење по ЗПЈРМ, член 11 и 12 а богами со вакво одредување на децата на родителите може да му се изрече глоба по член 34 од истиот закон
Оваа што го тепа девојчето би ја фатила за коса и на клоци до дома пред нејзините да видат што воспитале. И за нив две три заушки треба.
Уште по трагично е тоа што испаднаа и многу други видеа од малолетничко насилство. Жртвите се преплашени, не знаат како да се одбранат, очигледно е дека ги начекале некој мирни деца и ги малтретираат. Премногу ми е жал за тие деца што се малтретирани на ваков начин и какви се последици ќе остави тоа на нивниот психолошки развој.Како агресивно крвнички ги напаѓаат жртвите тоа е нешто страшно, а уште пострашно е што има публика што гледа од страна со задоволство на тоа, снима и се смее, се ситат на туѓата болка. Какви се овие деца без трошка емпатија за другарот, соученикот, во какво време живееме. И порано имало проблематични деца, ама вакво нешто не. Се надевам дека за ваквите агресивни деца ќе се погрижат соодветни институции.