Децата и социјалните мрежи. Како и колку ги контролираме?

Дискусија во 'Дете' започната од Ladybug98, 9 јуни 2020.

  1. Ladybug98

    Ladybug98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    2.511
    Пол:
    Женски
    Поттикната од неколку видеа што ги изгледав на Тик Ток од 5-6 годишни деца се решив да ја отворам темава.
    Немам деца и не сум директно засегната на оваа тема, ама имам впчеток дека родителите не вршат доволно контрола и проверка на тоа што прават и снимат цел ден со своите телефони.
    Дали пред прикачување на видео, коментар ги прегледувате содржините и потоа одобрувате да се постават? Не сум за тоа скроз да им се забрани активноста на социјалните мрежи во ерата на модерни телефони, апликации и нови технологии, ама треба да има некоја граница.
    Поточно би зборувала на темата Тик ток и сите challenges излезени од таму. Има интересна содржина што би била наменета за деца како на пример танцување, пеење, глума и слично.. ама како изгледа вистински тоа? Детето се снима, во позадина мајката со нозете на маса пие кафе, таткото одмара легнат на кревет, во позадина се шетаат во бањарки или имаш куп несредени алишта.
    Сите овие ситуации ги имаме во секојдневниот живот, ама не би ни било пријатно да го гледаат останатите по видеа.
    Внук ми снима, во позадина се слуша се што зборуваат дома. Дома се прават секакви муабети и незнаеш во кој момент ќе бидеш прикачен на интернет.

    Мислам оти има многу што да се дискутира на оваа тема, па сакам да прочитам и ваши мислења.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.222
    Пол:
    Женски
    Ма каков Тик Ток. Не им дозволувам такво нешто. Освен гледање на камера преку месинџер, друго не смеат да прават. А и ретко им давам телефон.
     
    На felisitas му/ѝ се допаѓа ова.