Дечиња со епилепсија

Дискусија во 'Дете' започната од Makmel, 23 јули 2024.

  1. Makmel

    Makmel Активен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2023
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Знам дека има тема за епилепсија, но мислам дека би било подобро да има и само за дечиња каде што ке можеме да си споделуваме совети, да си бидеме подршка едни на други.
    Јас имам детенце со епи која му е стекната на 6 год, незнам дели причината беше примањето на сума мед, бидејќи веднаш после него доби и оттогаш сме на трилептал а сега го воведовме и депакине, така сме веке 4 год но тие не се исчезнати.
    Нападите ни се ноќе, со испуштање крик, кревање раце а некогаш има и големи напади.
    Исхраната многу влијание има, како и начинот на кој му поминал денот.
    Се надевам дека ке си споделиме совети, доктори, и најразлични искуства
    Како се вашите дечиња по дијагностицирање на епилепсија, кај кој доктор сте, како сте задоволни од докторот и од лековите...
    Безброј прашања на кои се надевам ке може да комуницираме со мајките со исти проблеми:hug:
     
  2. Makmel

    Makmel Активен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2023
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Дали имате искуство со користење на маслото каноил епи за напади?
    Во последно време ми излегуваат објави како родителите имале позитивно искуство, па дали вие го имате давано на вашите дечиња и дали има подобрување односно намалување на нападите.
     
  3. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    2.917
    Кои се симптомите кај децата на епилепсија?
     
  4. Makmel

    Makmel Активен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2023
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Сиптоми за епилепсија се многу и доста различни.
    Кај нас можам да ти кажам дека почнаа со грчење во сонот, испуштање крици, кревање раце, тресење на тело, вкочанетост на телото.... Има многу симптоми дури и отсутниот т.е кога се загледува со очињата го сметаат за симптом, кај некој има и несвестица.
    Најдобро е консултација со невролог и еег, бидејки кај секое детенце се различно манифестираат но во суштина се тие симптоми, само кај некој со послаб кај некој и со појак интензитет во времетраење.
     
    На Eni.r му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Eni.r

    Eni.r Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2018
    Пораки:
    810
    Допаѓања:
    2.121
    Пол:
    Женски
    Моето дете е со загледување, отсутност, утврдено дека е некој вид епи на 4години.
    Во време на "напад" моторика работи, препознава се, разбира се, бои, црта, ама не може да зборува, отежнато и е, само со раце покажува да и не со палец нагоре надоле..лиги и течат и се загледува и знае да затресе рачиња/глава. Знае да трае неколку моменти, неколку саати, неколку дена.. и се враќа од време на време у нормала..
    Пие Депакине.
     
  6. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Тоа се absent seizures и се класифицирани како епилептични напади.
    Многу од овие absent seizures за жал од многу стручни лица се погрешно дијагностицирани како недостаток на вниманието.
     
    На SummerGirl и Eni.r им се допаѓа ова.
  7. Eni.r

    Eni.r Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2018
    Пораки:
    810
    Допаѓања:
    2.121
    Пол:
    Женски
    Не знаат, не ми кажаа сигурно е епи, туку некој вид. На еег имаше некои "бранови" па така заклучија.. пиеше бедоксин, снимка иста, па депакине, исчезнаа, и демек супер за 6 месеци контрола, се случи пред некое време најдолго, 2 ипол дена беше таква и тој период го вика "ме боли уста, жлебини( десни) и не можам да стискам рачиња)"
    ни зголеми докторка депакине и во септември контрола би требало
     
  8. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Епилепсични напади постојат во различни форми и видови. Еден од тие е ова absent seizures, според симптомите што ги опиша. Штом имало зголемена активност на мозочните бранови на еег, тогаш станува збор за епи напад.
     
    На Eni.r му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Makmel

    Makmel Активен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2023
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Денес за жал се почесто има дечиња со епи и тоа стекнати пример после неколку години од раѓање, причина често барам и се се вртам во круг.
    Кај нас на пример пред да добие напад почнува чудно јазичето да го плетка додека збори и тогаш во тие неколу дена и очекувам да добие, исто и кога лачи повеке плунка странично од устата