1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дечкото - мамин син

Дискусија во 'Врски' започната од annnni, 17 август 2010.

  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Тренадафилче ок те сваќам...Ама знаеш ли колку примери има ова и во врска али посебно после во брак,женското секогаш си влече на својата страна мајката и сестра ли како и да е и се на прво, а машкото го учат да се оддалечи од своите родители сетра,брат..Јас знам примери до каде е отидено само мажот да се оттргне од родителите сестра,брат..Не ми е јасно и треба да се ставиме на нивно место.Почитувај и не двои..така и тебе ќе те почитуваат.
     
  2. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Не е тоа лицемерие едноставно ако сака да биде со него ако е решена во тоа неможе да оди против неговите бидејќи во тој случај дечкото ќе стекне одбивност..Не викам да ќути него да му каже дека и смета ама за тоа да не ги обвинува неговите родители...Неможе некоја врска да успее доколку во неа нема компромис него секој сака да биде ко што он сака...Ниту јас не се согласувам со тоа да чека да се земат па тек тогаш да реагира а сега да си ќути , бидејќи доколку бракот се заснова на вакви работи-да се крие од партнерот,да се премолчува па кога ќе се земат тогаш да се подводи под себе и сл..ваквиот брак кога тогаш ќе пукне...како и бракот кај оние кои не ги почитуваат фамилиите на партнерот туку работат против нив ;)
     
  3. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    646
    ^^^ сето тоа е добро џули ама јас никогаш не сум ги ставла моите пред негов нос,тој со тие негови ме отепа веќе,па за ништо друго не зборуваме,само за тие негови.....а таа негова сестра еден век за се ја кријам за тоа колку е само “мирничка“а таа ми враќа со што.....со намуртена фаца кога се појавувам на врата,права 10кашка а не сака ништо од фак да ми покаже на ист факултет сме па ни една готова семинрска не ми даде,и ред др.работи,нон стоп ме загледува што носам како носам,сигурно ти не си ваква,ама она е спротивно од тебе....верувај.....а па и таа негова мајка стрвна по чоколадно млеко.....па незнам зошто јас сумљам за гуаранта да ја извадевме може и од неа ќе пробаше.... :lol:
     
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Добро Анннни..ама што ако се нревираш?Што ќе добиеш од тоа?Ништо..нервози и нервози...И ништо решено.Ти биди си сигурна во себе и во него и вашата врска и нема да имаш вакви нервози.Не обрнувај многу внимание на овие работи.По некое време ова нема да ти е битно.Разговарај спомни му ама не со критика или карање..Кажи му на фин начин.Плус млади сте со тек на време ќе се смени и тој негов однос кон неговите.А и сестра му сакала или не ќе те прифати тебе.Ти биди си опуштена и ок цурка со сите нив.Со мрштење и лутење напротив полошо може да биде.Гледај со него да ти биде одлично.Докажи дека ти си достојна за нивниот син/брат.Ајде опушти се 8)
     
  5. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    ани,памтам уште одамна кога се жалеше за сестрава на дечко ти и тогаш те советував да и се правиш фина,а сепак по твое.
    ја разбирам трендафилка дека е тоа лицемерие,ама некогаш и тоа особено во денешно време,во некои ситуации лицемерието е единствен начин да се опстане.
    и јас имам дечко долго време и има некои особини од такт што ме вадат,а да се сменат нема никогаш,тоа е всушност он и неговиот карактер.така еднаш,жалејќи се на една другарка ми рече-"со месеци збориш ваков таков.таков е и готово,нема ти да го смениш за еден месец кога е таков цел живот,затоа или помири се и прифати го или откачи го".епа истото ќе ти го кажам.за жал,во животот мора да се помириме со многу работи,па ако многу го сакаш,а верувам дека е така,почекај времето да го смени.дотогаш,стискај заби и веќе не мисли и не му го мери секој збор.нека те теши тоа што штом е така грижлив кон семејството,еден ден значи ќе биде и со тебе и семејството што вие ќе го формирате
     
  6. Simona3

    Simona3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Девојко,ти како што гледам немаш проблем да се возиш во неговата кола и да пиеш од неговите пијалоци и да ја јадеш храната што тој ја купува ама ако тоа го прави мајка му или сестра му-имаш проблем...свашта..и плус покрај сите нешта о
    чекуваш сестра му да ти дава и готови семинарски..ма дај..прво скроти ги своите апетити,не велам дека он нема проблем со неговите ама како што спомна некој можеби се чувствува обврзан кон нив заради нешто..претпоставувам и станот во кој живее сам си го купил или?
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    646
    ^^^како прво не плаќа само тој и не пијам јас од неговите пијалоци,плаќам и јас...и таа кола што ти ја спомна дека се возам е на мое име...и се разбира дека ќе имам проблем кога парите кои ги делиме се расфрла на сите страни,зошто работите кој тој и јас ги имаме се заеднички,со заеднички пари,значи не сум чекала и не чекам некој друг да ми купува јдење и да ме финансира,доволно сум способна финански сама да си ги сносам трошковите....ок ;)а да семинарските на сестра му и не ми е баш дојдено онака само спонав како пример.....способна сум и сама си ги правам..... :*
     
  8. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Аннни во право е Трендафилка кога вика дека не треба да постапуваш како лицемерка, но понекогаш тоа е добра алтернатива. Ќе ти кажам само еден пример. Од моја најдобра другарка брат и има женска што се заедно 4 години. Од самиот почеток неа добро ја прифатија, се беше океј. Но, брат и е баш како што го опишуваш дечко ти. За се прво дома да се праша и да кажи, а после со неа. Не знам како, но женска му успеа да го сврти против неговите. И еве веќе година и пол со неговите родители и сестра му разговараат само формално, кога имаат потреба, а женска му повеќе не ја носи дома, бидејќи неговите не ја прифаќаат. И не можи сега да се ожени со неа, бидејќи само тој е вработен, таа е на факултет и немаат доволно пари за да бидат самостојни. Се разбира, сите одстрана зборуваат како женска му го свртила против неговото семејство. Не ја сакаат ни роднините, ни пријателите. За сите таа е змијата што му направи проблеми, а не се виновни неговите родители што го направиле да биде несамостоен.
    Знам дека не сакаш да стасаш до овде, затоа мислам дека треба да се правиш дека се е океј, па дури и да бидеш повнимателна додека да ја вратиш неговата доверба.
     
  9. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477
    Тоа за масичката и мене би ми сметало, треба да му кажеш дека вие ќе живеете воп таа куќа и ти треба да си ја уредиш по твој вкус, а не да ја прашува мајка му за мислење. Не треба на неа да и се допаѓа мебелот, туку на тебе :!: А во врска со јадењето, не ми е јасно зошто ти смета тоа? :^) Што има лошо во тоа да однесе јадење на неговите дома? :?: Штом сам зема плата, може да си ја троши како сака, а ако сака да им однесе јадење на неговите, не би требало тоа да ти претставува проблем. Баш тој гест покажува дека е грижлив дечко. Ако не чувствува обврска да се грижи кон неговите, тогаш некој ден нема да чувствува обврска да се грижи ни за тебе. Тоа што има почит кон неговите е добра особина и не треба да те загрижува толку многу ( нормално ако е во одредени граници ). И за мобилниот на сестра му, мислам дека не треба да ти смета. Ако ти купил на тебе, зошто да не купи и на неа? :^)
     
  10. Simona3

    Simona3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Тоа е се во ред,и сигурно он не очекува и ти да дадеш пола пари кога он купува за неговите..а ако го притискаш за тоа како ја троши сопствената плата,верувај ке наидеш на отпор..јас ниту го знам дечкоти ,ниту неговите ниту тебе,и сигурно не ми паѓа напамет да те осудувам или критикувам,а нив да ги бранам,само го кажувам моето мислење..ако очекуваш сите на форумот да се согласуваат со тебе и да велат браво,ти си во право а тие се вештерки,која е поентата..
    мислам,нејасно ми е зошто би криеле пијалок?да не се напие случајно некој друг?А што ако беше мајка ти или брат ти или сестра ти во прашање?И ним немаше да им дадете да се напијат?Мислам,пијалокот е банална работа,животот носи поголеми проблеми..
     
  11. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    646
    епа и мене не ми беше јасно за пијалокот зошто да не го извадиме од колата,помислив можеби затоа што не купивме и за нив гуарани па да не се почуствувува дечко ми незгодно :?: незнам...инаку кажи си мислење воопшто не се лутам....
    а ако беа мајка ми брат ми или сестра ми ќе ги извадам и ќе си ги однесам дома никој ништо нема да рече сите дома си купуваме посебно кој што сака,ако сакат и тие нека одат да си купат,нема врска тоа дека се мој.....
     
  12. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    646
    епа незнам како ќе се чуствува тој кога јас наа него ќе му купам телофон,и на брат ми на сестра ми.....јас помислив дека му значам и ми купил,сепак сум му женска.....
    незнам тоа е мое мислење,јас не се согласувам,секој на различен начин ги доживува работите.... :)
     
  13. stella83

    stella83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    129
    Анннни да си ќутиш и да си подголтнуваш додека се омажиш за него е да не речам најлесна опција, за сите иако не баш и за тебе. И во ред ќе издржиш некако и ќе се земете, но што ти гарантира тебе дека после тоа он одеднаш ќе се смени и семејството што тој ќе го основа со тебе ќе му биде на прво место (што според мене е логично и најправилно). Нека не ме сфатат погрешно девојките што одма те нападнале дека сакаш да го одделиш од неговите, но според мене кога двајца ќе се земат и ќе основаат свое семејство се знае кои треба да им се приоритетите, тие самите на себе, а после тоа да гледаат за другите (во другите ги вбројувам и твоите и неговите), што не значи дека вие нема да покажувате почит спрема нив, ама се си има граници. Мислам дека овој проблем нема баш да се реши само со преќутување и привидно игнорирање.
    Додека го читав твојот проблем ми текна на серијата Сексот и градот и на тоа како се однесувае Шарлот со Треј, она ги копираше постапките на мајка му и всушност на таков начин делумно си го постигна она што го сакаше. Па мислам дека покрај нели внимателните обиди за разговор, можеби треба да ја примениш и оваа тактика, да видиш како се однесува мајка му спрема него и да примениш нешто од тоа, на тој начин и ќе му се приближиш уште повеќе. Доколку испадне успешно тоа со неговите, мислам дека сестра му нема да ти прави проблеми.

    Потенцирам уште еднаш дека не мислам дека треба да се заборават родителите од дечкото или девојката или нивните браќа и сестри, но ако некој пар сериозно размислува да створи свое семејство, тоа ново семсјство треба секогаш да е на прво место.
    Поздравче и се надевам дека барем малку ти помогнав. :f:
     
  14. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    646
    ^^интересна идеја...... :?: би можело да се заангажирам.....само не сакам баш да бидам како мајка му нуму некој навики после да ми останат трајни :lol: се шалам!!!!
     
  15. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    98
    Анннни сепак тие му се родители и не можеш да му викаш зошто им купуваш јадење!Сепак нешто што најмногу мразам се мамини синови и не велам дека твојот дечко го оправдувам во се.Сепак тоа треба да го правиш поитро.За масичката речи му дека вас двајца треба да ви биде убава и тоа ќе биде вашето гнездо,а мајка му нема никаква врска со тоа.Тој како самостоен треба да одлучува со тебе не со неа бидејќи таму ќе живее со тебе не со нив!Не се нервирај се ќе се среди и кажи му што ти смета на поитар начин и избрани зборови за да не те разбере погрешно.Па ајде пиши што си направила
     
  16. beautiful87

    beautiful87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    116
    Хмм не ми се допаѓа баш идејата ќути си додека не се земете и после што?? Ќе се земат и...после треба да почне да кажува што и смета???? Не може секој да преќутува и да глуми лицемерие па и да глумиш до брак после кога ќе почнеш да кажуваш што ти смета мислите дека нешто ќе се смени??? Баш напротив работите ќе стануваат полоши а жената ќе биде змијата која глумела цело време и сега сака да го отргне од семејството.(ова е и пример од близок роднина во семејството). Тоа не е решението. Според мене избери момент и со убаво ќе ги кажеш сите работи што ти сметаат, ќе нагласиш дека тебе тоа те повредува и дека ти НЕСАКАШ да го отргнеш од семејството него баш напротив, притоа нема да употребуваш груби зборови кон неговите, него едноставно ќе кажеш дека се чуствуваш запоставено и дека вие самите треба да почнете да си ја градите својата среќа. Јас успевам на овој начин. Го имам истиот проблем,дури може да кажам и уште полошо мајка му постојано ме понижуваше и навредуваше( да нагласам кога он не беше тука) а јас кога ќе му кажев ме правеше будала или дека погрешно сум сфатила и мн мн други работи. И јас наместо да му кажувам почнав да му покажувам па он самиот со тек на време увиде дека јас тоа што му го зборам е вистина, па сега за се се консултира прво со мене. Јас успеав со разговор секогаш кога ќе имаше некоја ситуација јас после смирено ќе му кашев, незнам кај тебе ама мене тоа многу ми помогна, не велам дека понекогаш не се вадам од такт има и такви ситуации но работите не се ни проближно онакви какви беа порано.
    Среќно и знам колку тоа те нервира но пробај сето тоа да го решиш тактички и немој да реагираш брзоплето :*
     
  17. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Анннни јас имам проблем сличен на твојот, или подобро кажано, сличен на насловот на темата! Имено, дечко ми прави СЕ што ќе му рече мајка му, а таа му кажува едни така банални и глупави работи што немаат крај! Е тоа мене ми смета, тој никогаш не прифатил мој предлог, а тие на мајка му... СИте му се убави! А тие се без врска!значи него не му се битни моите желби, туку тоа што ќе каже мајка му! замисли му рекла да купи сликовница за внука ми која има само 3 месеци!!! :fubar: :fubar: :fubar: И тој ја послуша!!! ееееејјјјј без везе муабет! тоа уште не гледа убаво, а не сликовница... Боже! е сите работи се такви и му се него прифатливи, а моите не! :@ :@
     
  18. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    124
    и јас имам сличен проблем кој до пред некои време ќутев али више не седнав и разговарав со дечко ми,значи он работи,работи и татко му а целиот товар за храна,сметки и школување и облекување на сестра му се на негов товар.кога и да отидеме некаде да купиме нешто за нас еј чекај и за сестра ми да земам еј чекај ова на сестра ми да и купам,добро викам ти што си им дома стисни дугме искочат пари, јас викам колку што знам сестра ти има татко мајка ти има маж он нека се грижи за нив што си викам ти тука,друго е викам ти да сакаш да им купиш нешто а сосема нешто друго е да ти викаат ај купи ова ај купи она сестра ти немала патики па ај ти купи и ти,а татко ти викам за што работи што не придонесува и он нешто за дома или на него не му е галје дали дома ќерка му имала за јадење и за облагање,треба викам да имаш став малце и да не дозволиш татко ти да те гази,му реков јас неам ништо против нив али не ми е сеедно јкога гледам како те користат ти сепак не работиш за нив ти работиш за самиот себе и после ќе намаш пари за тебе нешто да си купиш па ќе немаш кога дома им изиграваш банкомат,он тоа конечно го стави и сеа се подобри малце
     
  19. N.E.87

    N.E.87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    12
    Е вака ани, прво извини што не ја дочитав целата тема меѓутоа има многу пишвано а јас немам многу време.Ќе ти го кажам моето мислење иако може веке е некој те советувал нешто сично.Најбитно разбрав за што се работи.Немам некое вакво искуство и многу работи што ги знам во животот ми се повеќе од тоа што ги гледам другите лиѓе што прават,и можеби затоа најголем дел од советите ми се прмери од животот на некој луќе.
    Да не должам многу тоа што јас сакам да ти кажам е никако несмеш да дозволиш неговите де се вмешаат во вашата врска.Зошто?Имам два многу блиски примери на пријателки кои БИЛЕ во брак со ваков дечко,мислам дечко што ја слуша мајака ми за се и сешто, и не сакаш да знеш како завршиле овие бракови...катастрофално.Едната е со голема ќерка и сама,а другата со здравствени проблеми.Ако ти дозволиш мајка му уште сега де се меша во вашата врска,и на прво место да му бидат неговите дома,што ќе се случи утре....тоа никогаш нема да се промени.Мораш да разговараш со дечко ти,немоше мајка му да го средува вашиот живот,просторот во кој вие ќе живеете.
    Не велам ти да го отргнеш од неговите,меќутоа мора да се знае кој каде е во неговиот живот и со кој кои одлуки во животот дреба да ги донесува.Ајде утре ако дојде ред да се мажите и уште останат работите вака како што се сега,прво треба да оди и да ја праша мајка му дали смее да те побара за жена?.....
     
  20. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    Јас не се сложувам со тоа дека треба да си ќути додека да се земат,подобро сега да му кажеш се што ти смета,отколку во брак,затоа што многу бракови завршуваат од тие причини со развод,имаше една моја комшика исто така и се разведоа затоа што она веќе не можеше да трпи и се му плесна во фаца и овој изненаден од цела ситуација и рекол сакам развод, ти цело време си лажела си го криела своето вистинско лице итн.. Јас на пример на почеток кога одев со дечко ми (5-6 мес) он ќе земе плата и цела дома ја остава мајка му да му ја чува па после он од неа ќе бара колку му треба.Така фино лепо јас го седнав еден ден и му кажав вака вака и вака,ако продолжиш така му реков готово е со нас.Што ако имаме дете,он ќе дава повеќе на мајка му отколку на детето....no sense...така да најубаво ти е се да му кажеш,ама без навреди туку културно и без да забележи дека и малку си љубоморна на сестра му и мајка му :lol: СРЕЌНО :)