1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дечкото - мамин син

Дискусија во 'Врски' започната од annnni, 17 август 2010.

  1. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    645
    супер ми е сега......ми треба така освежување по на често...... :lol:
     
  2. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    Баш ми е мило што ти е супер ;)
     
  3. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.180
    Допаѓања:
    23.862
    аааааа значи неможам веќее.
    да објаснам прво... Заедно сме долго време.. И неговите се се супер со мене, ме почитуваат, ме чуваат како нивна керка, ми помагаат за се.. Ама неможам да разберам бе како секогаш мора мајка му се да знае, и како толку многу се меша во се. Стварно не разбирам. Он мора да ја земе од работа, мора да и брка работи по град Ај се е тоа во ред, не се бунам, мајка му е. Ама некад се чувствувам дека е премногу присутна и дека се контролира и се знае.. А он, нема срце да и се спротистави, што е нормално. Уфффффффф ептен е мамина маза, а кога ке му кажам дека е така, се буни вика не е така, а после вика во право си, многу е доминантна мајка ми. :|
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Се извинувам за оф-топикот, ама морав да го споделам со вас вицот за мамините синчиња :rofl:

    Некој син правел се што ке посакала мајка му
    ама еден ден се оженил , и женава кога видела
    што мустра е побарала помош кај некоја нејзина пријателка
    и оваа и рекла пречекај го во црна долна облека 100% ефикасно...
    И овој кога дошол од работа ја видел жената му и ја прашал
    Леле ма шО си цела у црно да не и се случило нешто на мама ????
     
    На warrior, baguf4e, sea-star и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Да ја промениш ситуацијата неможеш. Само да се помириш со тоа и да гледаш да бидеш секогаш во добри односи со мајка му. Затоа што ако не си во добри односи со неа, таа ќе го контролира дечко ти/ маж ти и ти ќе бидеш таа што ќе се нервира. Ако се подскараш ти со неа, таа ќе го наврти против тебе.
     
  6. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Кукличке јас само да ти кажам во однос мајка-син никако не се мешај, посебно ако се поблиски. Нека знае бе шо ти е галје, ако не е лоша жената ако, нека си знае што ја интересира. Знам дека иритира, ама седи си на страна, сакај и го синчето и чекај да си најде друга занимација. Убаво ти кажа чупчево пред мене, може да го сврти против тебе. Низ години ке и помине... ;)
     
  7. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Имам скоро пет годишна врска. Моето момче има фамилија која е доста сплотена и блиска, сите се еден вид големо семејство да кажам... Инаку живее во фамилијарна куќа заедно со неговите, братот и бабаму и дедому. Некогаш имам предчувство дека премногу трча насекаде за сите... Секојпат е тој оној што е пратен по работи што треба да се завршат за дома или со домашните... па дури и пошироката фамилија. Порано беше многу поизразено ова... на неколку наврати отворено му кажав дека лично мене ова во некоја мерка ми пречи и сметам дека не е добро за него, затоа што утре ако каже некому "не" ќе биде предмет за наоѓање замерки, затоа што сите секојпат се научени секојпат да им е достапен... Некако толку многу знаело да дискутирам со него на оваа тема што сум исцрпена и да пишувам сега на форумов... Мислам дека во последно време за среќа повеќе го посветува слободното време на себе... одколку да помага наоколу на сите, запоставувајќи ги своите обврски... Инаку еден период... како да имаше работно време... секој ден нови задолженија за некого, мислам дека тогаш ќе експлодирав...
     
  8. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    За Ани:
    Здраво Ани,
    јас сум нова на форумов, ја зачитав темава и иако не те познавам да ти кажам искрено за ќотек си народски речено :) Немој да завидуваш, и да љубомориш на неговите оти тоа нема да излезе на убаво и според мене е многу себично. Се грижи за нив бе, заслужиле, го пораснале, го школувале како така размислуваш? Треба понатаму кога ке остарат да ги гледа, ај ние девојчинња сме не се бара ништо, ние ке се омажиме ке си заминеме, на браката остануваат родителите (тие што имаат брака како ти во случајов). Ај на брат ти девојката нека му завидува тебе ако ти купи нешто, или ако купил нешто за вас дома! Косата ке и ја искубеш, размисли малку и од таа страна. За храна се работи, ако им е таков односот еден камион ако треба нека им однесе, што има ти да се нервираш? Ако гледаш дека така многу трошиш кажи му, за нив нека купува тој, биди искрена не така да го боцкаш. Секоја фамилија си е различна, ете вие правите заеднички ручеци, тие можеби не се такви. Никогаш не се споредуваат фамилии на тој начин, за твое добро. И не е решението во тоа да ќутиш додека не се омажиш. Што после ке се расправате секој ден?? Ако го сакаш, каков таков прифати го и крај на приказната. На крај краева какви лоши родители има од дечковци, мамини синови во права смисла на зборот...
    Уживај си и не се оптеретувај со такви работи, и не заборавај дека ти му си девојка и тебе те сака. Немој да го ставаш во непријатна ситуација на средина да биде меѓу вас. Се надевам дека си променета како што прочитав,и 100% така ке ти биде поубаво ;)
     
  9. afroditaa

    afroditaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    98
    секој е помалку таков ..барем на моменти
     
  10. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Еднаш со еден дечко почнавме да зборуваме за мајките, ова она, и ми рече-ако на мајка и жена ми и го расипа ќејфот, одма ќе ја исфрлам од куќата. Изгледа со мајка му ќе остане. ;)
     
  11. trenDafila

    trenDafila Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    11
    Убао си зборите, на што личи тоа он уште да се грижи за родителите. Не дека живее кај нив, или дека му обезбедиле се што има, или дека ти доаѓаш во нивна куќа да преспиеш. Он треба само девојката да си гледа и се на нејзе да и дава. Ако цело време он троши на фамилија, што ќе остане за тебе а?
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Така е, сосем си во право. ;)
    Дури и на 30 или 40 години кога ќе згрми надвор се' уште може да се пика во креветот на мамичка под ќебе.
    Оваа неверојатна поврзаност и близина се манифестира преку иритирачки повици , неколку пати во текот на денот - синче јадеше ли, надвор дува облечи џемперче злато, покривај се убаво навечер, промаја да не те фати срце мамино, а тоа магаре веќе влегло во трет пубертет.


    Чиниш ако го родила и го извадила од утроба само тој е нечие дете на светов, со мајка, дури понекогаш се чудиш како се откачил од мамината цицка.

    Мама е обично светица, најпаметна, она знае се', и девојката обично не готви како мама и не му го мести креветот и чорапите како мама, а ако мамица фркне со носето - нема да ја биде девојката, макар била и најфина.

    Навистина, љубовта помеѓу мајка и син е нешто незаменливо, половина од нив копнеат по времињата кога мама им го миела курето.

    |(

    Што мешате баби и жаби?
    Ако некој ти обезбедил се' што има, и ти пружил живот не мора да значи дека слепо треба да се залепиш до него, мајката, таткото сеедно и да бидеш зависен од нивното расудување и размислување.
    100 пати повеќе ги ценам луѓето кои не се ослонуваат на мамица и татица за се'нешто, посебно машките.
    И кога веќе некој стапил во брак и си оформил сопствено семејство, нема што мамица да ја става на пиедестал.
    Никој не вели да ја руга и да ја заборави дека постои, ама си има приоритети и граници на однесување.

    И да богами, да имам недај Боже такво муле до мене кое ќе ја троши заработувачката на фамилијата место на мене и нашето заедничко семејство и те како ќе бидам иритирана.
     
    На warrior, baguf4e, S.W.A.G и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Имам голема среќа што мојот не е мамин син,нити сака да биде...Нормално мајка ко мајка се грижи за своето чедо,но тој и има кажано и ја стави во ред уште одамна така да сега ми е мирна главата :whew: Многупати се случувале тие телефонски јавувања-кај си,стигна ли во Ск,Што да ти направам за јадење,му купувала и гардероба,направи и фб профил и скајп и на секој начин сака да знае све за нас и каде се движиме-за празници кај сме биле и со кого,кај сме на роденден,на свадба итн...мене ме замараше на скајп,а јас демек учтива и и одговарав и секогаш кога нешто на шала ќе го нападнев син и се лутеше и ми пишуваше не е таков,он е злато,она ова,а она иницираше прва бе :!:
    И така еден ден си доаѓа мојот од работа ,скајпот беше отворен кога виде и се јави и лом ја направи...Жената оттогаш ја нема здраво да ми пише :lol:
    И има тој кажано -по телефон кога ќе праша кај сИ ,што си-и вели тебе да не те интересира моја работа,и кажа да не му купува ништо и да си ја гледа својата работа....
    Сето ова го стори оддамна зашто сака да биде свој,и ништо не им ни кажува на нив,тие ако дознаат нешто за него од мене дознаваат :lol:
    Е сега да ви кажам пример од мојава најдобра другарка-дечко и е зависен од мајка му.И он сам си признава пред нас.Оваа џабе му вика,коментира,се караат пред нас он и рекол-Од мајчица моја никоја нема да ме раздели :|
    Така си ја вика-Мајчице ...еднаш кај нас на гости,човекот с е штрекна-леле денес не и се јавив на мајчица...трк у кујна кај нас-да не го чуеме што ќе зборат -луѓе пола саат муабет.И кажува све-од а до ш,дури и какви маици купил ,каква боја,и колку пари. :x
    Знаете дека е мамин син-ако секој втор збор му е -мајка ми вака,мајка ми така...Искрено мене ми се гади од таквите личности :puke: кои неможат без мамичка,па какви самостојни луѓе ќе бидат тие ако на 20 и кусур години сеуште се држат за ф'станот на мама :x Од тој очекуваш да гради фамилија,да напредува-нема шанса .
    Бегајте од таквите,ќе си имате мака цел живот.Разбирам родител-се почитува,ама мамино синче :wasntme: Хаха,абе педе*астични ми се тие мене некако :wasntme: Жити МАЖИТЕ
     
  14. trenDafila

    trenDafila Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    11
    Така е! Мажот треба да заработува за жената, а не за себе или некои други!
     
  15. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Боже сачувај да заработува за себе - пу пу пу скраја да е!
    Си испоплукав деколте, чекајте да се подзабришам :D

    Само за жената нека р’мба тој, па он - снаџи се па живи. Ох Господе. Што све нема да прочиташ на форумов.

    Него, дечкото мамин син предлагам да се патентира како посебен вид на хомо сапиенс - балканикус да го наречеме. Мислам дека толку мамини синчиња нигде низ светов немам видено како - кај нас.
    Абе ова нашиве мајки многу ги тинтраат. Она познатоно прво па мушко, и тоа дека кога девојче ќе се роди и покривот плаче не е залудно измислено.
    Овој вид на балкански маж особено се сретнува кај оние генерации кои имаа машки деца во 80те, па и во 90те. Затоа такви мулиња имаме на куп - да ми простите, кои бараат „жена да га вози“ - београдски фраер, јел да? :emo:
    И секоја чест за оние кои не спаѓаат во оваа група.
    Мама го мази, мама му пере, мама го чува цел живот, што се вика, утре сам да остане нема да знае ни инстант супа да си направи, и после тој истиот како може да биде спремен за живот?! Пред се за живот сам со себеси а потоа и за женачка и оформување на сопствено семејство.
    Али битно истиот тој ќе се фраерише низ цел град и ќе глуми лудило колку е тешко е*ачиште а за битни работи во животот - не го бива.
    Опасно ми стапнува на живец овој вид на мажи, ама опасно!

    За приврзување кон родители се додека е во рамки на нормала - немам ништо против. Јас напротив презирам кога некој плука по своите родители, ама кога некој се грижи за нив тоа само ми укажува дека е човек а не бесчуствително говедо кое кога ќе се ожени заборава на се.
    Си има свое семејство за кое се грижи, но кога ќе притреба тука е да помогне и на мама и тато - јас тоа многу го почитувам.
    Ама величање на мама на некое ниво на Амон Ра - тоа нема да го разберам. Не дај Боже Едип некој да си најдете, ужас на квадрат.

    Еден таков имав - не фала. Психопат на куб, не на квадрат. Плус егоистично, размазено мажуле.
    Ајт да не забегувам. Очите ширум отворени и мој совет врз основа на моите искуства - сакате да го видите што мустра е? Одете му дома. Се додека не го видите односот со неговите а најмногу со мама - не знаете со кого сте :)
     
    На girl.23 и Estelle им се допаѓа ова.
  16. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    имав и јас искуство со едно мамино синче(да мозеше под сукњата на мајка му да се пикне) :D
    ама за срека се спасив на време :whew: , а мајка му беше една караконџула, немам зборови со кои би мозела да ја опишам :swear:
    сам заработуваше, мајка му го контролираше за се буквално, трето па машко мамино галениче
    од такви ппп скраја да е :tmi:
     
  17. sea-star

    sea-star Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2010
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    4
    Прочитав еден пост за тоа кога сака да си купи нешто од неговата плата прво ги прашува родителите...и да ви кажам мислам мојов го опишавте.Тој си работи и си има заштеда а дома по 300 пати прашува дали да го купи телефонот или палтото, па мислам стварно нема смисла уште и се треси додека не му кажат купи си го сине тоа и тоа! Мислам дека мојов по однос на ваквите работи е мамин син и многу се плашам од тоа.Како да нема свое јас како да му е страв да купи нешто пред да праша!
    :@ И ај да си докажам што ми лежи на душа.. :!: кога сум некогаш кај него на гости мајка му одвреме навреме за инает на мене му вели Ај на мајка синот! :devil: :@ Мислам оти ќе експлодирам кога ја слушам оваа реченица а овој се разгалува кога ќе го слушне божемниот коментар! Понекогаш премолчувам ама ова иднава свекрва...неможам да ја поднесам. На мајка синот! Ај да го ставиме во стаклено ѕвоно и да го гледаме! Ми идат на нерви овие ситуации а тешко се воздржувам и само незнам кога ке треснам нешто, ме предизвикува си мислиш дотичната! :@
     
  18. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Лошо е кога ќе се замеша мајката на дечкото она се знае не и се докажува ништо па го дави со прашања од типот кај ќе идете зашто епа уморни сте сега она секогаш знае најдобро демек а ние млади луѓе нон стоп со друштво сакаме да се дружиме да излегуваме да седиме до сабајле па не јадевте не знам што па пак ли со овие ќе излегувате веќе од такви муабети преку глава аман возрасни луѓе сме треба фамилија за некоја година да имаме она да не ќе не замени и на тоа поле е од такви ситници се вадам од кожа.
     
  19. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    едноставно убаво нагласи му дека приметуваш се....
     
  20. m.maci

    m.maci Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    16
    Е тоа е лошо ако е мамин син треба се по нејзино да биде.И што е најлошо неможеш да и докажеш дека не е во право! Она ќе си прави по свое,а тебе ќе те нервира тоа !!!