Здраво феминки,се надевам дека ќе се отвориме на темава бидејќи стварно ми е потребно поопширно мислење. Епа вака со дечко ми сум веќе 8 месеци заедно( се познаваме многу подолго) и сме сексуално активни со користење на презерватив. Пред некое време ми се појави чешање и печење за време на мокрење а и јајниците ме болат. А он си е здрав. Помина 3-4 дена мене ми е подобро ама сепак купив крема канестен за надворешна употреба. Читам по форумов дека би било препорачливо и он да ја користи таа крема а не само јас. Проблемот е што дечко ми многу се протиставува за тие креми и за посета на гинеколог или уролог незнам како е,и тврди упорно дека ништо не му е и дека е здрав. А мене тоа ме вознемирува иако тој има сексуално искуство а мене ми е прв и малку се плашам да не има нешто он, сепак многу посигурна ќе бидам ако знам дека е како што треба ама глупо ќе испадне од моја страна да му кажам не сум сигурна у тебе оди провери се... Сепак и да е некоја бактерија/инфекција ќе си ја пренесуваме еден на друг цело време а само едниот ќе се лечи. Малку ми е нелогично неговата реакција па барам ваше мислење за ова и совети
Инфекција може да се пренесе и со допир не само преку секс, на пример тој се фати прво па тебе те фане. Оди додека е време бактериите се опасна работа.
Aко сметаш дека е болен нешто со некоја бактерија и пренесува поарно раскини му не си го уништувај здравјето, мајка ќе бидеш натаму тоа сигурно ке влијае и на плодот.
Несакам да кажам дека е болен, и двајцата правиме работи кои што може да предизвикаат некоја бактероја или инфекција.. затоа и сакам да се проверам ама проблемот е што јас ќе се излечам ако имам нешто а он ќе има уште ...
Отиди на гинеколог и направи брисеви и пап-тест. Ако излезат позитивни, тогаш седни го да разговарате. Кажи му дека пред него не си била сексуално активна и дека инфекцијата ти е пренесена од него. Можеби он нема симптоми, ама ако се лечиш само ти, тогаш ќе нема ефект, затоа што постојано ќе ти ја пренесува. Кажи му дека немаш во план да си го загрозуваш здравјето затоа што тој е несериозен. Ако не те сфати и не превземе нешто, тогаш ова ти е еден сигнал дека тој не е човек за тебе.
@nensss, многу е лесно- нема да имате односи се додека не оди и он на лекар. Само што, да бидам искрена, добро размисли што правиш со дечко кој очигледно не ти мисли добро, зошто не е во ред, а ни нормално, ти да се жалиш на здравствени проблеми а тој да ти „забранува“ да одиш на лекар и да користиш лекови за да ти биде подобро.
Ама он нема што да оди на гинекилог . Доволно е да направи една спермокултура за почеток . Ако има бактерија ќе си пиете антибиотици . Кондоми не користите ?
@nensss, дека имаше пишано дека е против креми, мислев дека тебе ти збори да не ги користиш Извини, лошо сум разбрала зошто малку се изнервирав додека те читав. Не е ни првиот, ни последниот што вака драматизира. Тебе ептен ти е пријатно да се чепатиш на гинеколог, а нему круната ќе му падне ако отиде на уролог. И да знаеш дека напразно ќе се лечиш ако он исто не зема терапија. Зошто ќе си играте дај ми го- на ти го со бактеријата (ако е бактерија во прашање, нели) и ти пак ќе треба да даваш пари и да си го ризикуваш здравјето. Пак ќе се повторам- не се согласувај да имате односи се додека не оди на уролог. Па ако му одговара апстиненција, нека не оди да се провери. **** А кажи ми, ти беше на гинеколог? Зошто мора да направиш брисеви и да дознаеш за што станува точно збор. Канестенот е добар за кандида (таа не се пренесува) но ако е нешто посериозно, ќе мора друга, појака терапија, па дури и антибиотици. Не се плаши, се се лечи ама оди на гинеколог што побрзо.
И не треба да прима без да се утврди дали имате бактерија . Ко така немаш друго чаре . Ќе си отидеш фино лепо ти на гинеколог , ќе си направиш микробиолошки . Ако случајно имаш некоја бактерија ќе треба да ја лекуваш . А за да ја излечиш ќе мора и тој да пие . Ако и така не му одговара ,тогаш размисли дали вреди дечото
Сеуште не сум била но еве собирам храброст канестенот ми го препорача на другарка тетка и што е медицинско лице ама сеуште не сум го искористила.
Оф леле @nensss, за карање си ти!!!!! Штом не си почнала досега да мачкаш, немој да ставаш и ОДИ ПОД ИТНО на гинеколог! Мечка страв, тебе не и уште во понеделник да се јавиш да закажеш преглед, ок?
Е за карање сум ќе одам другата недела и фала за советот, ова форумов да не беше којзнае кај ќе заглавев сега
И кандидата се пренесува, ние го имавме тоа искуство, иако има многу малку случаеви, веројатно токму поради ова што мажите поретко одат на уролог за да се добие вакво инфо, постои ризик да се пренесе при незаштитен секс. Јас со години се борам со кандида и му ја пренесов уште на почетокот. Не сум имала други партнери освен него и редовно правам контроли, ништо друго немам на брисот само кандида. Исто утврдено и кај него. Тогаш кога му ја пренесов тој имаше многу намален имунитет, а јас мислев дека баш во тој момент немам ништо оти немав симптоми, после неколку дена почна и двајцата да имаме симптоми иако различни, исто непријатни. Кај нив се појавува црвенило, печење и лупење на кожичката околу главата на пенисон, не на целиот, туку само таму дека кожата се насобира и местото е влажно. личи малку на бели пличиња со течност, печење при уринирање и потешко се лекува кај нив. Потоа после неколку години пак му се појави кога исто беше болен на терапија со антибиотици, јас тогаш немав за да се пренесе од мене, ама веројатно исто и кај него како кај мене веќе е хронична. Го кажувам ова за да внимавате и да не мислите дека не се пренесува. Исто и кај девојката може е тоа, најверојатно ама сепак треба да се проверат.
, Кандида е бактериска инфекција повеќе отколку сексуално преносива, имаме добри батерии во вагината кои служат за одржување на регуларна Ph средина, ако имаш лоша исхрана, ако си болен, на антибиотици, ако користиш агресивни интимни средства. ако јадеш многу шеќер ти се унакажува флората и се појавува кандида. Може мене тој ми ја пренел од некоја предходна партнерка не знам, зошто јас не сум му прв партнер.
Извини што ќе ти укажам, се' е точно, освен дека е бактериска инфекција. Кандидата е габична инфекција, а се јавува, како што кажа, поради нарушување на Пх средината и наа флората. Кандида може да се појави секаде, и на кожа, и на слузокожа и на ткива кои се во организмот. Он-топик И ти ќе си одиш на гинеколог, а и дечкото ќе си оди на уролог. Нема 'против' бил. Сенкир во прашање е нешто што е флексибилно. Ако добие бронхитис, ќе оди ли на доктор? Или против ќе биди, па ќе чека да развие пневмонија и да умри?