1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дечко ми ме силуваше

Дискусија во 'Канта' започната од Aleksandra12334, 26 јули 2014.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Aleksandra12334

    Aleksandra12334 Нов член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Немам со кого да зборувам на оваа тема а од една другарка слушнав за форумот па се регистрирав. Пред се да кажам дека не лажам и дека ја пишувам вистината нема причина за да лажам. Имам само 17 години. Пред 11 месеци фатив дечко. Пред него имав уште 2 дечковци но ништо се немаше случено само бакнување. За овој што одевме заедно 11 месеци планирав дури и на мајка ми да и кажам прво па на татко ми. Од различни градови сме но тој е од село. Нема врска не ги почитувам луѓето по тоа од каде се. Доаѓаше на почетокот се гледавме беше се ок многу убавос е однесуваше кон мене. Последните 2/3 месеци стана многу како да кажам безобразен ми зборуваше се секс. Му реков ако ме сакаш ќе ме почекаш за неколку месеци додека да направам 18 па тогаш ќе зборуваме на оваа тема. Дури еднаш ми прати слика од неговиот пе*ис. Ништо не реков се лутев некое време после тоа ми помина. Се промени а не беше таков порано. Се обидов да го разберам ајде демек машко е и тој си има свои потреби. Пред некој ден си пишевме рече петок сакам да дојдам му реков добро дојди ми рече ако имаме секс ќе дојдам се караме долго време му реков ако сакаш да се видиме ок јави мис е ако не па и не мораш и ми се извини ми рече веќе нема да зборува за секс. Вчера се видовме и ми рече ајде да се прошетаме и шетавме шетавме може и 1 час и се додека не стигнавме до едно напуштено место. Мислам не многу напуштено но нема луѓе и нема многу куќи. Само неколку стари и разрушени куќи. И седевме таму на еден бетон и почна да ме допира по вратот му ги тргав рацете. Пак ми се извини погледнав на саатот накај 9 одеше стемнето беше и му реков треба да одам тој ми рече остани толку време се немаме видено и се бакнувавме гушкавме и се убаво. Ми се јави сестра ми да ме праша за една маичка каде била и завршив разговорот со нејз еи овој дечко ми го излажав демек од дома ме бараат и дека треба да си одам и станав стана и тој по мене е дури тогаш мис е случи најлошата работа во животот. Почна да ме допира по градите му ги тргав рацете но не престана ми ја крена блузата ме бакнуваше по градите луѓе верувале или не почнав да плачам не сакав да ми прави така дури и прслукот ми го раскопча. Го молев да ги тргне рацете од мене но не сакаше. Потоа седна ме повлече и него во неговиот скут па ме легна почна да ми ги откопчува фармерките ѓи откопча и неговите и натаму нема потреба да кажувам што се случи. Луѓе плачев молев толку многу ме болеше не само долу се ме болеше но дури и шамар ми залепи но никој не ме слушна немаше никој илиникој несакаше да дојде. Крв имаше на тој бетонот носев бели гаќи и на нив имав крв дури и на фармерките од долу се познаваше. На крај легна тој до мене станав си ги закопчав фармерките и си појдов. Нозете половината се ме болеше и сега ме боли. Толку многу го сакав а денес толку многу го мразам. Цела ноќ не спиев јас си знам како ми е. А не смеам никому за ова да кажам. Зишто јас зошто кажете ми зошто ми го направи ова зоштоо Ч(((((((((((((( животот ми го уништи толку многу го мразам а дома не смеам да кажамзатоа што ако дознаат за ова незнам што ќе ми се случи и јас ќе бидам крива пак знам затоа одлучив да молачам. Ѓубрето го блокирав на фејсбук му го избришав бројот во понедленик ќе купам нов број и несакам да ме вознемирува повеќе. Неговите извинувања не вредат. Ми го уништи животот сега нека живее со гадната нечистотија што ја направи. А знаете што ми е најтешко што никогаш не планирав невиноста да ја изгубам на ваков начин никогаш ми го земаа највредното што го имав
     
  2. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.501
    Пол:
    Женски
    Ми се уништи животот,

    оффф :( :( :(
    ти си требала да го откачиш уште кога првиот пат кога ти спомнал секс али ајде тоа е :(
    а сега тоа што треба да го направиш е да го пријавиш за силување манијаков, а и да им кажеш на твоите дома што ти се случило и така. Биди ми поздравена и жал ми е што ти се случило вакво нешто :* :( :( :(
     
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.187
    Допаѓања:
    40.633
    Пол:
    Женски
    Ми се уништи животот,

    Како прво смири се и мораш да разговараш со некого, твоите сигурно ќе те разберат, ако не сакаш одма на нив да им кажеш, кажи и на сестра ти и заедно потоа на нив.Кажи што ти направил, ова е силување, против твоја волја имал односи со тебе и те повредил, навредил и понижил.Твоите секако дека нема да се лутат и да ти се караат, не си направила ти ништо лошо, секој родител кој си го сака детето нема да се налути за ваква работа.
    Пријавете го во полиција и изгорете му го газенцето, ѓубре.Не треба да оставиш вака, цел живот ќе ти останат трауми и тага.Смири се и свесно и одговорно објасни им на твоите како стојат работите, верувај дека во вакви моменти никој нема подобро да постапи од нив.ВЕРУВАЈ ИМ и МОРАШ со нив да разговараш, овде ние ништо не можеме да направиме.
    И друго мисли на тоа дека тој не носел заштита, ако свршил во тебе ќе имаш и други последици.Потрауматични и болни.
     
    На Elennaa, Kaley, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.267
    Допаѓања:
    105.020
    Пол:
    Женски
    Ми се уништи животот,

    ова е силување и треба да одиш да го пријавиш под итно
     
    На tanjabela, fighter, EMoonlight и 2 други им се допаѓа ова.
  5. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.619
    Допаѓања:
    32.603
    Пол:
    Женски
    Ми се уништи животот,

    Убаво ти кажаа феминките над мене, ова е силување девојко! И ти знаеш дека е против твоја волја.
    Сега си исплашена и скршена од мака. Сите девојки те разбираме и знаеме како ти е. Но, не молчи.
    Не дозволувај стресот да те победи и тој да остане не казнет за неговиот гнасен чин.
    Со сестра ти и мајка ти под рака, и право во полиција. :!:
     
    На valery15, EMoonlight и Summerlover им се допаѓа ова.
  6. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Ми се уништи животот,

    И јас мислам дека е паметно да се соочиш со проблемот,а не да го избегнуваш
    Мора да биде казнет под хитно!!!
    Ќе силува друго девојче или недај Боже ќе те уценува или ќе го повтори истото ако види дека се плашиш
     
  7. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.919
    Пол:
    Женски
    Ми се уништи животот,

    Се сложувам со другите девојки, мораш да разговараш со твоите под итно! Пријави го гадот, вчера ти го наравил тоа тебе, утре можеби ќе биде некоја друга :x
    а и како што кажа бројчето ако не носел заштита а свршил во тебе, можно е да има и други последици. Додека е со време разговарај со твоите, верувам дека ќе те подржат и гадот ќе го добие тоа што го заслужил :!:
     
  8. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Само немој да ми кажеш дека си го запознала на ФБ?
    Незнам колку е реална оваа ситуација или е инсерт од филм, но еве да ја земеме како реална, може да биде многу поучна за останатите девојчиња кои даваат броеви или пуштаат на ФБ, секакви типови кои ниту ги знаат ниту познаваат, и најлошо од се кажуваат и точни адреси.
    Дали да го пријави? И да и не. Ако кажеш на твоите треба да бидеш спремна на огромни пореметувања во секојдневното живеење, караници, па и обвинување на твоја сметка, посебно ако типот си го запознала на ФБ, и со цел памет си го викнала да дојде.
    Требало тоа уште истиот ден да си кажала и да си отишла на лекар за да извадиш лекарско, со секој изминат ден доказите се бришат па така ќе се доведеш во ситуација бруката да биде поголема од неговата казна. Доколку знае каде живееш и постои опасност делото да го повтори, тогаш обавезно да го пријавиш, доколку не, најдобро е да се прибереш и да се обидеш во иднина да не правиш вакви грешки. Можеби повеќето членки нема да се сложат со мене, но реално една таква информација во семејството може да направи катастрофални последици, и секако ќе дознаат сите останати и наредниот месец дена ќе бидеш тема на муабет.
     
  9. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Се согласувам со Пепелашка.
    Подготви се психички на се.
    И на најдоброто и на најлошото.
     
  10. Ruzica00

    Ruzica00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    172
    Во право си, ама јас како што разбрав вчера било.
    Уште веднаш со мајка ти на лекар, па во полиција. Ама под хитно!!! Ако чекаш само ке излезе како што ти вика Пепелашка.
    Не ти го разбирам делот кај што викаш дека несмееш да кажеш на никој?!? Твоја грешка не е, негова е!И пријави го веднаш!
     
  11. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    МОРАШ да го пријавиш тоа ЃУБРЕ, бидејќи ако не го пријавиш само му даваш уште поголема сила тоа да ти го направи уште еднаш недајбоже или да и го направи на некоја друга како тебе.
    Мораш да се заштитиш себе си, бидејќи таков МАНИЈАК може уште да продолжи да те малтретира на било каков начин.
    Нема потреба да се плашиш од твоите родители, бидејќи родителите само ќе те заштитат.
     
  12. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека мораш да кажеш на некого. Бидејки ова не е нешто што треба да го скриеш. Хмм но сепак се прашувам ако е сето ова вистина, како ти самата се бориш со ова, како издржуваш да не заплачеш дома пред твоите. Зарем толку лесно го прифати ти ова? Има девојки ке раскинат па не можат да ја скријат тагата и болката од прекинот на таа врска. Како ти ја прекриваш таа болка физичка па и психичка ?
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Мене ме чуди како нема видливи повреди, модринки, нели лето сме, а кога те силуваат логички е да се браниш нели? Плус спомна цименто, а летно време знаеме како се облекуваме, така да мене кога добро ќе размислам ми нема некоја логика да е девојкава без видливи повреди.
     
  14. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    Да на истото и јас помислив. Но и не е нешто што може лесно да се скрие од родителите. И сепак е тоа траума за една млада девојка, затоа ме чуди како она го прикрива тоа.
     
  15. Aleksandra12334

    Aleksandra12334 Нов член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Лето е но носев фармерки и маичка со рамки. Преска се бањав и се гледав низ целото тело и немам ниту една единствена модринка само на грбот сум малку изгребана тоа најверојатно е од тоа што го тргав од мене а тој ме влечеше надолу и сум се изгребала. Луѓе несакав да пишувам за да не се одалечувам од темата ама дома ми е хаос моите се караат постојано мајка ми прочитала во телефонот на татко ми порака од некоја жена најверојатно бидејќи пишувало душичке те чекам во 9 татко ми излезе и сеуште го нема се караа цел ден. Неможам да ги поднесам и нив веќе сестра ми 21 година е постојано прашува зошто плачеш ја лажам дека целата ситуација со мама и тато тешко ми паѓа. Добро и тоа ама тоа е последната грижа во овој момент. Неможам да го прифатам тоа што ми се случи. Сакам да се одмаздам а немам како. И не го запознав преку фб туку ме запозна еднод евојче со мене што учи тогаш се дружевме со таа сега не. Луѓе цел ден размислувам преска спиев малку оти неможев да заспијам цела вечер ја излажав мајка ми демек мис е лошело оти сум јадела надвор некој брза храна дека од тоа ми се слушило синоќе а гаќите ги ставив во ќесе и ги скрив на многу скришно место а фармерките се за перење. Си размислував и на таа тема да го пријавам ама како ќе докажам? Никој не ме слушна никој не виде да видеше некој ќе имав докази и друга ќе беше ситуацијата а вака? Тој многу лесно ќе излаже дека самоволно сум била со него. Барав низ интернет сум видела 1000 случаи и ако го пријавам уште толку ќе ги засрамам моите. Пред 4 години на сестра ми бившиот кој сега е во странство ги беше снимал додека имале однсои со некој телефон или камера незнам точно и тоа видео го имаа неговите другари и други деца од тоа школо дури професорите разбраа во тоа школо и не е важно да не навлегувам повеќе во детали оти може тука има некој шо ја знае сестра ми. Родителите немате поима колку беа засрамени. Иако цел живот се караат во тој момент беа многу засрамени. И ако јас сега им го кажам ова знаете што ќе почне да се зборува? Ете ја иста е како сестра и легнала со енго сега се правда. А пред се и моите дома дали ќе ми веруваат? Ова може да го разбере само некој кој го доживеал.
     
  16. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Ах девојче срцето ми прескокна читајки те. Мораш да сфатиш дека ти НЕ СИ ВИНОВНА. Мораш на твоите да им кажеш МОРАШ. Потоа заедно ке одлучите што понатака, но јас не би простила и не би поминала преку тоа. Јас би го пријавила и приватна тужба би му закачила. Да да има многу добри адвокати денес, па нека го исцицаат и него и неговите што не го воспитале. ГНИДА. Бидејки си малолетна законот го штити твојот идентитет. Никако немој сама да го поминуваш ова, дека тешко ке најдеш излез. И што ако го избриша од фб кога тој спомен секогаш ке те прати. Тебе ти треба стручна помош, но немој било каде. Побарај добар и доверлив психолог, по можност да е жена, а ако го тужиш СЛЕПЕЦОТ тогаш тој и тоа ке ти го плати. Има тема и за психолози. Неможам ни да замислам низ каква тага и огорченост поминуваш сега. Жал ми е. Да можев да бидам до тебе сега. Уфффф. Ако неможеш на сите дома и во полиција, тогаш гледај на мајка ти да и кажеш. Пак ке пофторам ти не си виновна, немаш зошто да се срамиш. Ти си нормална тинејџерка која сакала нормална врска.
    Те молам послушај нешто ти кажуваме. Те молам немој сама да се товариш. :* :* :*
     
    На cresa-jagoda и Valerin им се допаѓа ова.
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.550
    Допаѓања:
    109.062
    Пол:
    Женски
    Девојче под итно мајка ти или сестра ти за рака и прво на полиција па на лекар. Да да на лекар. Не верувам дека те пазел и користел заштита па може да фатиш некоја болест, инфекција да останеш бремена. Девојко СИЛУВАНА си побогу што чекаш. Еден гинеколошки преглед може да го докаже тоа. Нема тука срам, ни дали твоите се карале. Кажи и на сестра ти. И заедно на мајка ти.
     
    На Hipica, cresa-jagoda и okcenzi им се допаѓа ова.
  18. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.769
    Допаѓања:
    4.654
    Пол:
    Женски
    Колку и да не си блиска со мајка ти ова е многу тежок момент и ќе мораш да бидеш. Не мора да се расчуе, ќе најдеш адвокат, ќе пријавиш во полиција. А и да се расчуе, него ќе го покажуваат со прст, не тебе. И ако пријавуваш пријави што побрзо. Ќе те прашаат што одма не си пријавила. Ако можеш, оди уште сега. Кажи и на мајка ти и сестра ти и одете.
    Свесна ли си ти дека си малолетна, дека е исто како да го направил тоа на 12 годишно девојче? Има да го одерат само ти ако посакаш. Арно ти кажаа, доказите се намалуваат со секој поминат час, после ќе сакаш да пријавиш ама ќе немаш доказ. Сега можат да видат гинеколози дека стварно имало дефлорација, и тоа насилна.
    Ќе се каеш ако не кажеш, верувај. Кога ќе го видиш идиотот за рака со некоја друга, среќен дека се извлекол така ( ех, оваа се плашеше, ништо не можеше да ми направи 8) ) кога ќе помислиш дека може и на неа истото да и го направи, тогаш ќе жалиш.
    Кога ти ќе наведнеш глава од тага, а тој ќе има сила да ја дигне главата и да те погледне, тогаш ќе жалиш. Аман, засрами го, направи тој да жали, а ти да одиш со дигната глава.
    Ќе покажеш и гаќи и се. Ако имаш некој близок во полиција, макар познајник кажете им нив, така да не мора сите да знаат.
     
    На cresa-jagoda и okcenzi им се допаѓа ова.
  19. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Ке отидам малку офф ама знаеше кое сценарио ми се мота во глава.
    Типот го силуваше девојчето и го остави да си оди, што значи тој е СИГУРЕН дека таа нема да бекне и првиот страв му поминал(оној страв дека таа некому ке каже) Сега е сигурен дека таа нема никому кажано и се опушта и крои планови како пак да ја искорист неа или да си најде нова жртва. Тоа е психопат. А бог знае можеби и на друга и го има тоа направено, па веке си е со искуство и знае дека овие млади девојки од срам и најважно да не дозанаат родителите, нема да кажат.
    нх дјквх дкфвкјдајлад вкднвјидф вфудч многу сум нервозна.

    Сега си бара нова жртва на фб, а сигурно има и друг профил од каде ја проверува нашава малечка, дали е активна. Си мисли ако е активна, добро е се спасил.
    Јас стварно незнам више што пишувам и тотално забегав. А може и се крие во некоја глувчина дупка во тоа селото. Кој знае кому му се има пофалено дека е..л некое девојче и дека тоа му бил најдобриот секс итн. Вошкар. Може и па да подучи и некој друг како може да зезне некое девојче.
    Леле место малата да си ужива во животот, таа мора да поминува низ ова поради некој идиот. Уф многу сум осетлива за вакви работи, а и не е битно. Него таа мора да го пријави во полиција со мајка и. Мора да оди на лекар и мора да заборави на срамот. Срамот е 1 месец а траумата цел живот, ако навреме не побара помош. После ова ке се плаши од секој дечко. Нема да може да верува на никој. Ке се уништи. Затоа мора да превземе се веднаш.
     
  20. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.467
    Пол:
    Женски
    Највеќе се нервирам кога ќе прочитам дека негде некои девојчиња што биле силувани ги покажувале со прст :@ ти не си ни најмалку крива и не треба да се плашиш да кажеш дома! Тој што е болен во паметот не си ти крива, ти си жртва :!: тоа треба одма да се пријави и да скапе во затвор тој! Не дозволувај вака да помине, а за тоа што викаш дека ќе те збореле луѓе, тогаш верувај ми не се тие луѓе, туку глупи и заостанати суштества што немаат никаков фактор во твојот живот. :hug:
     
    На cresa-jagoda и okcenzi им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.