Почна да се однесува ладно кон мене. На неколку пати ми раскинуваше, а јас го молев да ми се врати назад. Денеска пак ладен ми се јавува и му викам дали ке излегуваме, ми вика не, сакам да бидам сам, не ми се излегува со тебе (а скоро цела недела се немаме видено, а знае дека за некој ден ќе одам во Битола каде што студирам, и нема да бидам тука толку често). Го прашувам зошто, ми вика па несакам да се гледам со тебе, сакам да раскинеме, не си ми згрешила ништо, ти си супер, ама едноставно сакам така да е. Неможам да се ограничувам, јас сум млад (има 25 год.) ќе ме чекаат уште многу прилики во животот, а плус не знам ни дали те сакам. На крај ми вика неможам повеќе да заобиколувам, не сум исполнет со тебе во сексот, не уживам во последно воопшто со тебе, а тоа понатака може да прерасне во неверство, а јас несакам да ти правам ништо зад грб, не си заслужила. Да појаснам уште нешто (морам да се изразам вака)- нему многу споро му се дига, а и кога ќе му се дигне многу брзо му опаѓа поради тоа што јас многу сум се влажнела, па кога ќе го ставел имал чувство дека го става во пепелјара. Сето ова ми се поврза со лајковите (за кои што пишував вчера), значи тој ги ставал за да си најде друга алтернатива. Потоа ми рече ајде преземи нешто, па ќе правиме муабет. Инаку физички воопшто не е до мене, јас имам тело кое го пофалиле не само машки, туку и многу женски. Навистина сум шокирана, не знам што ме снајде, мислам дека ќе умрам. Ако проблемот е до мене, значи секој нов ќе ме остава поради тоа. Ве молам помогнете ми што да направам.
едно е сигурно бар дечкото е искрен со тебе иако јас мислам дека си најдил издувен вентил некаде на страна можеби и емоцијонално се поврзал со таа особа и затоа спрема тебе чуствата му се измениле не бива не бива има многу машки кои сигурно сакаат да бидат со тебе али покрај дечкото неможат да ти пријдат а и нека биде срекен што си се влажнела подобро така отколку на суво односно не му држи вода причината ама како и да е не се пуштај ниско да го молиш да биде со тебе затоа што така уште повеке ке му се одмилиш гледај напред животот продолжува со крената глава само и самодоверба
Цела самодоверба ми опадна, се чувствувам како инвалид не знам како некогаш ќе имам пак нешто со друг.
Мислам дека дечкото постапил правилно што ти го кажал тоа и не сакал да те изневери. Доколку не можете да најдете решение за проблемот можеби и најдобро ќе биде да раскинете. Незадоволството од сексот предизвикува фрустрации, а со самото тоа и кавги итн. Затоа и се однесува ладно... А штом веќе проблемот не е до тебе, а и тоа што го кажал дека како да го става во пеплјра Очигледно бара причина да ти раскине, а можеби и веќе има друга. Не дозволувај ова да ти ја намали самодовербата, си ја знаеш вредноста и не дозволувај поради некој си да се понижиш и изгубиш.
Ќе имаш, и ќе уживаш повеќе отколку со овој ќе најдеш некој што ќе те цени и ќе те заслужува. Само храбро и достоинствено, со крената глава
Драга Setu јас би те советувала да ставиш еден крај на таа врска ,колку и да боли тоа ќе помине.Ти си млада и ќе имаш уште многу луѓе кои ќе ги сакаш многу повеќе од овај сега.По ова што го имаш напишано јас мислам дека проблемот не е до тебе туку до него ,тој сака само ти да имаш грижа на совеста ,те обвинува тебе за да си ја лечи „маката“ со тоа.Немој да се грижиш воопшто животот продолжува понатаму.Тој што знае да сака ќе те сака во секој случај каква и да си,а во овај случај дечкото не те сака. Значи денес е сабота (убава облека,малку шминка и излези да се забавуваш) ,со дома седење нема да го најдиш вистинскиот(препорака од мене) ПОЗЗ
Јас како машко да ти кажам. Проблемот е до него. Тоа што кажува дека не го исполнуваш во сексот најверојатно те лаже, не сака да биде со тебе, или нашол друга или сеедно....А можеби и стварно он си има некои проблеми, како што кажа ти со ерекцијата, што не ми се верува. Искрено жалам што си имала сексуални односи со човек кој не те почитува, или не те сака (или пак има некои проблеми со самиот себе). Како и да е, ти не си проблемот Оффтопик: Тука има доста луѓе кои ти дале вредни мислења, па редно е да им се заблагодариш со некоја ѕвездичка нели ?
еве уште едно машко мислење јас мислам дека проблемот е до дечкото -со таква ерекција на 25 години се лаже дека ке има голем избор -можеби сака секој ден секој втор ден да имате секс а можебии немате можност па дечкото може си се самозадоволува со пуштање на порно филмови а потоа кога е со тебе да неможе да се возбуди доволно -можеби има одредено време друга како што пишаа погоре на форумов -можеби зема дрога но ако навистина вака ти кажал мој совет е одредено време да си сама да си излегуваш со другарки се надевам ке си запознаеш друго момче со кое ке ти е уште поубаво, ке те цени чува посакува и така ке заборавиш на овој лош крај.
Баш ми е жал за ова што ти се случило еве убави машки совети и јас ќе додадам не е до тебе туку дечково немал причина да ти раскине па треска глупости,не е зрел по муабетов Мислам дека ти е прв по пишувањето ќе ти биде тешко ама ќе го заборавиш.Не заслужува ни да го погледнеш после тој прост муабет,ќе си најдеш некој кој ќе те почитува
Нема зошто да се чувствуваш како инвалид и да се секираш.Дечкото има проблем сам со себе,а целата работа е што проблемот сака да ти го пренесе на тебе.А ти биди паметна и некој да дозволиш. Тој не сака да биде со тебе поради сопствениот проблем,а не поради некој твој "недостаток".Си можела и ти да му наоѓаш замерки,ама си била фер со него и си го прифатила каков што е. Така да,немој да губиш самодоверба.Главата горе и животот продолжува
Од сиот проблем, делов ми е најзанимлив. Како го знае чувството? Ставам стотка дека го има прецвикано во некоја вазна, па сега нема циркулација. А и си можела да му кажеш дека пепелјара е сосема совршено место за таков пикавец. Озбилно сега, не е за мајтап кондицијата, ама какви пусти лајкови, каква неисполнетост...сето тоа ти се бедни изговори за кукавички раскин, оти големи се шансите дека веќе нашол издувен вентил, но комплексот на „свенато цвеќе“ уште го прогонува, па ти се нафрла ко ти да си крива, а истовремено и се правда за да тргне колку-толку вина од себе. Таман работа да се бедираш на 21 година, уште помалку пак да молиш.
Моментално најмногу од се што ме замислува е тоа дали сакаше да прекине со мене поради свој комплекс или навистина мисли дека до мене е проблемот. Инаку после тоа ме побара плачејќи, ми кажуваше како неможел да си опрости за се што ми рекол, дека неможел да живее без мене, дека проблемот со сексот не бил некој нерешлив проблем, имал фантастични мигови со мене во секс, но незадоволството било во последно. Дури ми подаде рака како никогаш немало да се откаже од мене (но беше пијан). Заборавив да кажам дека кога ми раскинуваше ми рече-немој да ме коментираш (се мислам дали мислеше во секс или општо)
Очигледно е дека не сака да биде врзан за тебе. Си сака да шара. Плус ти студираш во друг град, не можете да се гледате толку често колку што тој сака, веројатно. Речи му да оди на лекар ! Глуп некој изговор... Epic!!!!
Што да правиш веќе повеќето ти пишаа. Имаш фин избор на совети и од машка и од женска страна. А за сексот во иднина ќе ти кажам една работа. Јас сметам дека е индивидуално. Нешто кое некому му одговара, може на друг да не му одговара. Сепак, секое тело си има своја приказна. Е сега не сте биле сексуално компатибилни не е тоа ничија вина. Тоа што тебе ти се случува за време на сексот може некому да му одговара, не е тој единствениот критериум за оценување. Биди си своја и биди покрај некој со кој си одговарате во секоја смисла.
Според мене нападот е најдобра одбрана...знае дека има проблем ама те обвинува тебе за него да му е полесно. Доказ за тоа е што те побарал плачејќи, на пијано полесно се кажува вистината. Не се секирај, опушти се и уживај ќе си најдеш некој што те сака и те цени и со кој ќе уживаш максимално
Срам да му е. Ич да не ти чуе. Да си повторуваш на себе: јас сум најдобра, јас сум најубава, јас сум најсекси, јас сум нај кул. А кој со кого си е компатибилен и за што, тоа времето ќе каже.
Вака сега, дека детето е идиот невиден тоа сите ти го кажаа, ама јас ќе ти кажам и нешто за да ти се разјасни таа работа во врска со "проблемот". Тоа дека многу си се влажнела во никој случај не е лошо, туку напротив, многу придонесува за на машкото да му биде убаво во сексот. А неговото објаснување дека е тоа неубаво, значи само една работа - премногу брзо свршува баш од причина што си ти многу навлажнета. Тоа што тој не може да издржи нормален секс и не може да те задоволи е НЕГОВ проблем, и ти си таа што треба да бидеш незадоволна од него, а не тој од тебе, бог да чува. И затоа биди сигурна дека со друг ќе биде многуу поубаво. А него ќе мораш да го заборавиш.
Значи колку што се разбирам од сексот знам дека машките сакаат кога се влажниш многу. Така им било поубаво... А за тоа дека не си била добра . .тоа е само причина за да те уништи.. такви се машките на крај.. сакаат да патиш и немој да губиш самодоверба за клошар ГЛАВАТА ГОРЕ не е ни прв ни последен *