1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дечко ми обожава да наредува..

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Ann-13, 28 мај 2014.

  1. Ann-13

    Ann-13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Имам дечко со кој сме во врска веќе 5 месеци, се е совршено, но тој сака се да биде по негово иако постојат некои работи кои што јас не можам да ги прифатам или не ми се допаѓаат, а тој настојува. Секогаш попуштам затоа што многу го сакам, а ако не прифатам тој почнува да се заканува(ај ке видиме дали нема да биде така..), не можам да излезам на крај со него..Ми треба помош, не знам што да направам да му се спротиставам или да биде секогаш како тој што ке каже.. :|
     
  2. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.087
    Пол:
    Женски
    Скарај му се.
    Со тврдоглави личности нема простор за дискустија и компромис, до недоглед ќе одат со инаетот. Не смееш да му се потчинуваш, детинест е, биди независна жена за почит. Да не тупам, имам цел реферат напишано негде во СДК на тема што мислам за ваквите луѓе.
     
  3. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Машки
    Нека се обрати на стручни лица да го излечат или гони го упм. Нема друг начин
     
  4. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.255
    Допаѓања:
    124.735
    Многу е јасно дека од таа врска нема да биде ништо,се гледа од авион,само незнам со кој ум правиш се онака како тој што ќе каже.
     
    На Tanjamm и gjoker4e им се допаѓа ова.
  5. Dolela

    Dolela Активен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    Те сфаќам од аспект што сакаш да му угодиш и тој да биде среќен но ова е веќе злоупотребување. Си вели тој јас сум тој што наредува, имам сила, ќе биде по мое. Не може на друг па ајде на тебе. Можеби нема да му раскинеш сега, ама тоа ќе ти пречи повеќе и повеќе секој ден, можеби ќе стасате до денот кога ќе имате брак, деца но тој нема да се смени,а ти ќе се чувствуваш уште полошо. Ти ќе бидеш безгласна буква. Подобро да се спречи отколку да се лечи. Разговарај со него да размисли за неговото однесување, да го смени тој однос спрема тебе, доколку не сака раскини му, размисли за себе си во иднината. Цени се себеси! Не постои еднаквост во ваашата врска,а токму со еднаквоста и почитувањето на правата еден со друг, ќе успее врската и двајцата да се чувствуваат исполнето, посакувани, среќни.
     
  6. m3a3c3a3

    m3a3c3a3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    259
    Се додека не му покажеш малку заби така ќе продолжи..Мораш да му се спротиставиш :!:
    Не може тој нон стоп да е во право...Ако не го направиш тоа сега во почетокот ќе го навикниш на тоа и тој упорно ќе го прави истото..
    И какви се тие закани??? :fubar:
    Дај му до знаење дека лугето кои се во врска заедно одлучуваат а не само еден |(
     
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
  8. anabela525

    anabela525 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    45
    Со оваа тема не сум многу позната, генерално. Но според мое мислење, стај му корпа и бегај кај некој друг. Мене лично не ми се допаѓаат премногу посесивни момчиња. До некој степен, да, слатко е, но до тој степен што дури ти наредува и заканува?!

    Fuck no.

    Е со тоа несакам да имам работа. Одма откачи го освен ако го сакаш толку многу што навистина сакаш да успее врската. Тогаш, разговарај со него, кажи му ги твоите чувства и воопшто немој да се срамиш. Но, ќе ти дадам еден пример за тоа ако не успее разговорот...
    Тетка ми пред едно 5-6 години имаше едно момче кое она многу го сакала. Момчето било агресивно, па сите пријателки на тетка ми и викале да го откачи. По 6 месеци, тој раскинал со нејзе и таа, била скршена. Но, еве пред година дена дозна дека неговата тогашна жена, пријавила во полиција за семејно насилство од негова страна.

    Немој да дозволиш оваа врска да испадне како браков. Не се доведувај до ситуација кога тој физички ќе те злоупотребува- затоа што како што си тргнал твојов дечко, ќе стигнете брзо до таа стаза ако не ги земеш работите во своја рака...
    Сепак, не сум овде за да ти наредувам. Ова е совет, ако сакаш прифати го, ако сакаш- не.
    Остани прекрасна :*
     
  9. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Уште во првите 5 месеци ваков однос?
    Не вреди навистина да се трудиш да објаснуваш, со време раскини му и покажи си достоинство, не сме ние женски од улица најдени и фрлени. А оди опцуј им на ваквите сестра има да те обеси. А тебе ако.
    Верувам дека веќе си разговарала на оваа тема, тоа е прво нешто што секогаш треба да се направи, но не и на секое повторување на неговите грешки треба ти смирено да почнуваш исти та исти разговор.
    Ако не се разбрал и продолжува со истото, што би рекла мајка ми, клоците в газ.
    Човек може да смени некои особини, навики, ама да се смени целосно, на 31 Фебруар кад се мајмуни бријају. Не лажи си го умот за џабе.
     
    На ohlalalala му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Личности кои сакаат да наредуваат,контролираат и сакаат се да биде по нивно без притоа да ги разберат и испочитуваат желбите и потребите на другата страна...едноставно не ги поднесувам.. :swear: :Со нивниот инает,тврдоглавост и себичност нема разбирачка..само еден куп нервози.. :@
    Што подалеку од нив тоа подобро,психопати!!!
    Девојче свести се што побргу,не си го уништувај животот,не е достоен за твојата љубов.
    Љубовта не претставува страдање и мачење,притисок и уцени,љубовта признава меѓусебна почит и разбирање,потреба да го усреќиш другиот безусловно.
    Мисијата во љубовта е да направиш некој среќен и исполнет а,не некој огорчен ,гневен и потиштен само заради задоволување на сопственото его и каприц.
    Во љубовта треба да бидеш и кралица и роб..да даваш љубов и примаш љубов а,не само да бидеш нечија марионета и слуга.
    Не дозволувај си да бидеш ничија играчка!
     
    На ohlalalala и Lacrimosa им се допаѓа ова.
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.692
    Пол:
    Женски
    Мрзам некој да ми кажува што да правам.Мрзам некој да се постави над мене и да пробува да ме контролира преку наредби.
    Нема шанса да истрпам таков дечко, па каков сака нека е.
    Со добра поставеност и правилни зборови према мене, на човек можам и светот да му го поклонам.
    А со грубо и безобразно понашање не праиме ништо.
     
    На ohlalalala, nevermet18, Cherry333 и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Рапунзел.*

    Рапунзел.* Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    858
    Тој што сака да наредува има проблем со себе и со ниска самодоверба. Така врска не се гради, треба да се прекине со време пред да се стапи во брак. После ќе си речете касно е веќе,ќе си трпам.
    Жените треба повеќе да се почитуваат и вреднуваат себеси
     
    На cresa-jagoda, Regina.Phalange, ohlalalala и 2 други им се допаѓа ова.
  13. noteforself

    noteforself Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2020
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    376
    Пол:
    Женски
    Не знам колку треба некој да е исфрустриран, незадоволен од животот и сѐ околу него за да наредува и сѐ по негово да биде. Мојот бивши дечко обожаваше да наредува и ми се лутеше секогаш кога ќе го одбиев. Уште ми викаше - ама те молам почитувај ме, т.е. прави како што ќе кажам јас. И така, не се откажуваше од неговиот став дека на тој начин се искажува почит кон партнерот(facepalm) ахам да, секако|( Не е тоа ниту љубов, ниту почит, тоа е болест. Здрава врска не се темели на забрани и наредби.
     
    На stetoskop, cresa-jagoda, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Dekoo

    Dekoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2020
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    762
    Пол:
    Машки
    Стварно сами си правите проблеми со тоа што воопшто влагате во врска со такви луѓе и после сите машки сме биле исти ...
     
    На eliesaab и stetoskop им се допаѓа ова.