1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дечко со факултет

Дискусија во 'Врски' започната од femina90, 27 ноември 2011.

  1. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Колку ви е важно дечкото/девојката со која што се да има факултетска диплома?
    Дали би го оставиле ако нема намера и желба да се запише или дозаврши?
    Битно ли ви е дали станува збор за полесен или потежок факултет?

    Темава не мора да се однесува само за дечко, туку општо за родители, брат, сестра, друштво :)
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Колку само не е важно ова. Факултетската диплома не е баш некаква сигурна гаранција дека ќе бидеш среќен и успешен. И со диплома и без, ако имаш среќа - имаш. That's it.
    И крајно бедно е да не сакаш да си со некого затоа што решил да не го дозаврши факултетот or whatever.
     
    На hermosa, lolyta777, eleni23 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. zanana

    zanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Мене не би ми било проблем ако не завршил факултет, се додека тој нема проблем со тоа. Ја сум имала такво искуство, да тој се чувствува лошо заради тоа, па комплекси, па фрустрации...па маф, ајт!
    Факт е дека дипломата не е некој гарант за интелектуалност, ама процесот на студирање е битно искуство. Самото појавување на испити/колоквиуми, запознавањето колеги и сл Е искуство. И не би ги потценувала оние кои не се запишале на факултет, а во слободно време знаат да читнат некоја книга...Тоа да! Ама алергиски осип да му се појавува од хартија, дури и од тоалетна хартија и единствено дело од П.М.Андреевски што знае дека постои е Касни порасни, тоа јок!
    Не барам да е доктор на науки, ама па да не си цртаме кога разговараме...

    П.С. Мислам дека голем плус, кај дечко кој не студира во матичниот град, е и елементот на осамостојување...Какво-такво!

    Така, мислам дека дипломата и не толку, ама процесот на студирање, студентскиот живот, многу влијаат во оформување на личноста.
     
    На Traveler91, GretaGarbo, eleni23 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.060
    Допаѓања:
    72.332
    Пол:
    Женски
    ^Точно така.
    НО, не сите размислуваат така. Имам другарки на кои и те како им е битно дечковците да им имаат факултет завршено.
    Од една страна ги сфаќам, лесно е во денешно време легално да купиш диплома, не е ко порано...
    Сепак, според мене факултетот не го прави човекот. Отвара неколку врати + , но ако не знаеш да се снајдеш џабе ти е факултетот.
     
    На Traveler91 и miina им се допаѓа ова.
  5. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Уу не.
    Дипломата во никој случај не е гаранција за интелигенција на личноста.
    Пред некој ден наидов на нет на личност со завршен архитектонски факултет која прашуваше како е можно 20х30 да дава 600. Се запрепастив и јас и тие што коментираа после неа. Од каде таа диплома жити се`? Комотно може да си го избрише задникот со неа.
    Нема шанси да би се срамела или деградирала некого поради неможноста да заврши факултет, било да е дечко, роднина или што било. Крајно незрело ми е тоа.
    На денешно време кога секоја тарабука може да купи диплома, веќе е бесмислено да се коментира за тоа дали некој има или нема завршено факултет. А пак „тежината“ на факултетот е помалку од небитна.
    Некој на филолошки повеќе ке се мачи за 6, отколку некој парајлија за 10 на ПМФ.
    Искрено, секој радо би бил со личност која има животен факултет, златно срце и топла душа, отколку со труп од безмозочник со дипломче, што ке вади зелени на кило и на се` што ке му се каже ке зјапа како вол во зеље, пробувајќи да сфати што му е кажано.
     
    На 1209, tessie, Hopeful и 2 други им се допаѓа ова.
  6. zanana

    zanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    1.Ова ’животен факултет’ ми е толку патетично, скоро колку ’пусти очи да говоре’! И околу ’неможноста’ некој да се запиши/заврши (на) факултет... Или е мрзелив, или е неамбициозен, или средно образование е највеќе што може интелектуално да поднесе. Финансии се само изговор, од лично искуство!
    2. Тежок факултет не постои. Ако е тежок факултетот што го студираш, си направил погрешен избор и никогаш работата за која се школуваш нема да можеш да ја работиш со задоволство.
    3. Секој е за нешто роден. Дури и таа што не се снашла во множењето, верувам дека прекрасно комбинира бои :) .
    4. Имам прекрасен другар кој реши да не запише факултет. Смета дека занаетот му е доволен и одлично напредува со него. Си ја сака работата. Него го почитувам бидејќи си изврши процена, ама не стагнира-напредува било како, негов избор.
    5. За платена диплома и ми е смешно да разговарам. Тоа е најлоша комбинација. Ем не го бива, ем има црно на бело дека го бива!
    _______________________________________________

    Фактот дека некој не завршил факултет ми вели дека тој не е амбициозен, или е мрзелив или е глупав, а втора стаза :) е тој што завршил факултет, како го завршил.
    ФАКТ е дека и во основен разговор може да се препознае образован човек (факултетски или самостојно). Ова ’самостојно’ го ставам само да опфатам се :) а знаеме колку се ретки тие примероци... Дури и факултетлииве, после студирање, ретко можеш со книга в рака да ги затекнеш(ама бар 3,4,5 години читкале нешто, макар и скрипти)...
     
    На Traveler91, ku4ence, CrazyStupidLove и 3 други им се допаѓа ова.
  7. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    4.980
    Искрено ми е важно, но не по секоја цена.
    Точно, дипломата не е доказ за интелегенција, и некои дипломи се купуваат, но реално да гледаме на денешницава, со факултет е многу тешко да се најде работа, а не пак со средно.
    И мислам дека не треба да се сфатат работите црно-бело, има и луѓе што се со факултет и што два грама мозок немаат, има такви со факултет што едноставно немале среќа за добро вработувње каде што ќе се искористи нивниот максимален капацитет, има и такви без факултет што добро се снашле... Различни ситуации се во прашање...
    Кога се запишав на факултет имав врска од две години каде што дечкото не студираше, мене не ми сметаше, но него му беше тоа проблем, јас бев постојано зафатена, за разлика од него, и секогаш избегавав да му кажувам како ми е што ми е на факултет од причина тој да не се нервира зошто нема можност да студира....Но ако желбата постои, мислам дека можност се наоѓа. Денес не сме заедно, но знам дека тој е при крај со факултетот, и многу ми е мило за него, зошто се роди таа желба од мене.... Упорноста му се исплати, паралелно работеше и студираше. Тоа го ценам. Не ги сакам тие што воопшто не ни пробале (а имаат можност), се откажуваат пред да почнат...така било за факултетот, така ќе биде и за други одлуки поголеми во животот.
     
    На Traveler91, SuperGirl24 и GretaGarbo им се допаѓа ова.
  8. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    Не ми е битно и воопшто не се замарам дали типот имал факултет или не. Јас имам и што ок работам работа колку да не седам дома, а мажулето нема факултет и има работа 1000000 пати подобра од мојата. Што е тука пресудно факултетот или снаоѓањето во животот. И ајде ви се молам зар ви се допаѓа дечко го запознавате и следи она здраво јас сум ...., дали ти имаш факултет ? :puke: :puke: :puke: Или се заљубувате и се ви е споредно за сметка на факултетот. Значи ужасно ми се :puke: :puke: од тие што не го гледаат човекот како човек во вистинска смисла на зборот, неговите квалитети, животно искуство, можности за надградување туку го гледаат тоа парче хартија кое да не отварам тема на којзнае се каков начин го добиле.
    и ако факултетот е толку пресуден па дајте да шетаме со дипломите низ град и кога ќе се запознаваме со друшво да ги вадиме на маса така ќе го скратиме изборот :puke: :puke: :puke:
     
    На hermosa, miina, Dgirlll и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Воопшто не ми е битно. Денес и со факултет си никој и ништо ако немаш дебели врски да се пикнеш на некое место. Е кога ќе ги имаш тие врски не ти треба ни факултет.
    А факултетот е само парче хартија кое е плус при вработување, а не е мерило на зрелоста и паметноста на личноста.
    Познавам најмалце 5 -ца со завршен факултет кои не знаат ни да читаат правилно, а не па да работат некоја професија.
     
  10. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.132
    Допаѓања:
    88.424
    Пол:
    Женски
    Можеби ќе ми се коси мислењаво со моето мислење од -Дали бирате партнер според професија, но важно ми е.
    Но, да појаснам. Ако има завршено занает нема да ми биде важно затоа што тој веќе мислел на тоа што би работел во иднина. Но, пак тука не би можела да зборувам со него за работи кои ме засегаат. Тој никогаш не бил на испит, на собиранки од факултет, на да речеме промоции на книги итн.
    Од, друга страна пак оној што има факултет не значи дека е страшно паметен, но сепак се движел меѓу поразличен народ. Ќе ме сфати и кога спремам испит, кога одам на промоција, па можеби и ќе сака да дојде со мене.
    Дечко ми се откажа од факултет и го терам да се запише. Не дека ќе го оставам ако не се запише, но зошто да нема диплома кога е паметен? Но, тој беше една година на факултет, а и пред тоа кога имав испити ме бодреше, кога одам некаде знае да сфати, па дури и со мене читаше книги.
    Дипломата иако не ветува добро работно место, тој со диплома може ќе биде и таксист, но пак ќе има познавање од повеќе области, стилот на изразување ќе му биде на повисоко ниво.
     
    На crimson и programerka им се допаѓа ова.
  11. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Епа можеби за вас не е толку битно но мене ми е искрено многу битно! Не мора да значи дека завршил факултет и дека е интелектуалец но во секој случај во државава никој и ништо не си без факултет. што не е случај во другите земји!!
    Е не ке џаболебари по цели денови ке се шлае без никаква обврска. ете да речеме ке стане посериозно? Кој ке работи? Јас ли него ке го одржувам?
     
    На Traveler91, SuperGirl24 и GretaGarbo им се допаѓа ова.
  12. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    За првово прашање не ми е важно дали некој завршил факултет или не завршил факултет за да биде дел од моето друштво. Битно ми е нечие однесување, пристојност и почитта кон мене.
    Ако сака некој нека има и 3 факултети ако нема понашање џабе му е.

    За второво, никого не би го откачила некого ако нема желба да се запише или да дозаврши факултет.
    Како прво која сум јас да му судам на некого дали завршил или не завршил факултет кога не сум му "во кожата" и не знам поради кои причини таа личност не завршила. Некој спомна дека тие личности се неамбициозни, мрзеливи.
    Можеби некој финансиски не е во можност да запише и заврши факултет. Трошоците за факултет се големи. Во моето друштво имам девојка која сака да учи премногу, се запиша на факултет некако иако не беа финансиски стабилни нејзините, почна да учи, со мерак учеше но уште првата година се откажа поради тоа што снемаа пари.
    Го остави факултетот во мирување, одеше работеше, да заработи за да си плати, едвај најде работа, извади некој денар отиде да продолжи и пак снема, пак поради пари го остави факултетот, плус во градот и' е факултетот. А можам да замислам некој од далеку што мора да патува плаќа кирија, сметки, јадење, пиење, башка трошоци за факултетот.

    Третово, лесен факултет нема. Секој факултет си има своја тежина.
    Некој факултет што за нас претставува лесен за некого е тежок и обратно.
    Факултетот треба да претставува задоволство доколку е одбран со желба.
    Но во денешно време (а и порано) се повеќе млади по стапките на родителите, со врски запишани чекаат све од мама и тато, ниту се мотивираат, ниту знаат што ќе работат, ( со исклучоци) но работата уште не запишани ги чека ( и такви знам многу, за жал )
    Па нив да ги ценам повеќе од оние без факултет???
    Тие барем можеби успеале или би успеале и напредувале во некоја област иако некој друг ги потценува.
    Дипломата во рака не значи дека работата те чека. Барем тоа знаеме а и многу кои имаат диплома можат да го потврдат.
    И за крај секој со својата среќа, и таа е клучен фактор во животот. :)
     
  13. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    225
    Има една мисла јас редовно што ја кажувам: Секој, ама баш секој може да заврши факултет,па дури и најголем будала и некој што нема поима од животот. Па сетете се колку сте имале колеги на факултет кои немале нити култура, нити памет во главата,а сепак завршиле. Па ги има сегде. Јас искрено кога се запознавав со љубениот не ми беше приоритет да мислам и знам дали е запишан на факултет. Сега секој втор завршува факултет. Иако овој мојов уште го влече :lol: :lol: :lol: . Мене не би преставувало проблем да имам таков човек покрај мене. Постојат други приоритети кои се важни во животот.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Сосем погрешно,100 посто не ти е точно болдираното,познавам и те колку луѓе капацитети кои не можеа да продолжат понатаму после средно,така да финансиите и те како имаат улога ;)
    Мене не ми е битна дипломата,зошто денес секој ќе ја има.На времето било wow да си со факултет,особено во времето на моите родители,а денес ми го губи значењето.Па и земете дека секој трет е м-р(без навреда) а порано до оваа титула се стигаше потешко,со многу повеќе труд.Конкретно на фармација мислам со 5 години си м-р.Некој студирал со години ,се влечел и има титула |( .Ви се молам,се знае дека не ја заслужува.
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    А ако има факултет, а нема работа, а не сака ништо друго да работи освен по струка, ќе го издржуваш ли? Битно факултет ќе има. :)
     
    На mila89, thelittle17, daddys.princess и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    Ако некој нема во мозокот и 3 магистратури да заврши џабе му е, а ако некој е паметен и интелигентен ќе си биде и без факултетот затоа што денеска и дипломата е добро платена ;)
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    225
    Јас знам многу дечковци на другарки кои немаат завршено факултет и кои работат свои бизниси,дали занает или нешто слично и кои не се ништо подоле од тие кои завршле факултет. Добро во врска со темава секој си има свое мислење
     
    На daddys.princess му/ѝ се допаѓа ова.
  18. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    318
    не мосалм дека ако има факултет ке биде wooww,џабе факултет коа не знае да се снајде во животот,мојот дечко нема факултет али мн убаво знае да се снајде во зивотот и од 1 да напраи 2 пари,вреден е и работен па нема факултет,читав по горе постови и се скинав од смеа девојки не летајте мн ,зашо животот е суровв и не глеа никој пред себе дали има факултет или не ,борба за останок ,игра во која ке изгубиш или ке победиш,џабе се ако нема улична култура
     
  19. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Завршен факултет не може да биде минус, нели? Ако е така, зошто да го нема? Плус, покрај факултетот, тука е и студентскиот живот кој и те како влијае врз оформувањето на личноста. Одделување од домот, снаоѓање, екпериментирање во друг град, разновидност, искуство.. сето тоа носи нов видик на животот. Сепак се е релативно, некој туп си останува цел живот. Во тие 4-5 години не успеал 2 чекори напред да отиде поради својот карактер.
    За работа, тоа е друго - некои имаат среќа, некои врски, некои ни едното ни другото.
    Јас од дечкото сакам да научам нешто плус, да биде моја, а јас негова надоградба.
    А сите оние кои се снашле и без факултет, браво за нив! Воопшто не ги потценувам ако знаат како самите да го вадат лебот.
     
    На Traveler91, CrazyStupidLove, GretaGarbo и 5 други им се допаѓа ова.
  20. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Одма се сетив на Бил Гејтс и Стив Џобс, луѓето кои го шекнаа светот со иновации од технологијата, а кои не завршиле факултет. Пффф срамота, резил бре! Па и милијардери се.
    Има список на 15 милијардери со свои бизниси кои се меѓу првите 50сетина мислам места во светот по богатство и кои немаат дипломи. Глупаци а? :)

    Можам 100 луѓе да набројам без факултет, со пристојни дури и одлични работи, со мнооогу солидни примања, со свој бизнис, луѓе кои напредуваат, кои си се надоградуваат, луѓе кои читаат многу, луѓе за почит.
    А можат 10 пати повеќе од оние погоре да набројам луѓе со факултет и притоа дремат дома, знаат теорија бубале а немаат никаква животна филозофија и не знаат да зуцнат во животот ништо, не знаат да фатат девојка, што ако читале теорија? Или да не зборам за луѓе како Леон :D кои се кретеноидни и што ако имаат диплома кога мое внимание ни на секунда нема да добијат.

    Не ми е битно, навистина не ми е битно. Во денешно време факултет секој завршува, факултетската диплома е еден убав украс за на ѕид и дополнителен предмет за бришење прашина, а докажано е дека знаењето не доаѓа со една факултетска диплома.
     
    На Mileivanov, crimson, The-Queen и 10 други им се допаѓа ова.