Молам почитувани членови на форумов, да споделите искуства ваши и решение на проблем со диви треви, корови и плевели. Се работи за површина во еден дел од дворот каде нема никакви корисни растенија туку само има коров, трева, диви коприви и плевели. Го косев неколку пати, неколку пати ги копав, но одново постојано изникнува нова трева и коров. Ме интересира кое е името на квалитетен и ефикасен препарат за третман и уништување на овие диви треви, коприви и корови? Како што напишав нема воопшти ништо посеано од корисни растенија и дрвја околу овие корови, така да не постои опасност да се уништат корисни билки и растенија. Молам за препорака за името на препаратот за уништување на диви и бескорисни треви. И колкава количина е потребна од тие хемиски препарати? Не ме праќајте да одам да прашувам во земјоделски аптеки, тие во аптеките само знаат да ги фалат производите за да ги продадат. Ме интересира за мислења и лични искуства на вас членовите од форумов.
Најдобро ќе биде да се прекопа местото. До длабочина 20-30см да се извадат корените од дивите растенија. Откако ќе се отстранат растенијата ставете геотекстил. Тој не дозволува да растат растенија од под него. 1м2 е околу 50 или 60 денари. Над геотекстилот ставете земја 10 см и посадете си трева. Постапката си е иста.