Дивоградба во град. Комшијата (без табла со информаации за градба) со застарено одобрение за реконструкција на куќата (5 години по истек на важност за започнување ), ја сруши старата куќа - остави само на две страни остаток од рушевини приземни до околу пола метар - и на отстранети рушевини направи нова куќа, без никакво друго одобрение за градба. Арно ама во ДУП не е предвидена никаква градба на местото што изгради нова куќа на место на постоечката.(Ниту по ДУП ниту по ГУП). Градежна инспекција надлежна за Општината каде е објектот - не реагира соодветно, односно под разни отсуства од работа избегнува соодветно постапување со незаконски градбени дејства- иако на таков начин е допуштена дивоградбата, и иако има бројни пријави за настанатото- рушење без одобрение и за настанатата градба без одобрение (ама со некое старо одобрение за реконструкција на објект), а стариот објект што беше јака и цврста градба е срушен и воопшто немаше ни траги од објект, нема што да се реконструира?, само рушевини, а на нивно место дивоградба. Молам дајте совет за чаре. Дивоградбата е изградена зимата на парцела помала од 200 м2. и смета на околните објекти. Чаре? Потоа, копа дупки околу куќа дивоградба за изолација дури и под гранична линија во ширина во соседна парцела- односно одоздола под нивото на соседна парцела во ширина, па да ја полни дупката со бетон одоздола и во ширина на ископаниот дел, се разбира без да праша или да се договори со соседот. И ништо не кажува што и како ќе прави. А соседот мора да молчи и да трпи, зашто дивоградителот е склон на избувливост и на непредвидени реакции ако нешто му се забележи за тоа. На неколку пати имаше некои такви случувања. А градежна инспекција „не знаела како да постапи.“...