1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Диета - Јапонско чудо

Дискусија во 'Диети' започната од feminium, 9 јули 2013.

  1. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Ден 1

    Појадок – кафе без шеќер

    Ручек – 2 тврдо варени јајца

    Вечера – парче варено месо и сезонска салата

    Ден 2

    Појадок – кафе без шеќер и парче двопек

    Ручек – 2 тврдо варени јајца

    Вечера – парче шунка, салата и чаша кисело млеко

    Ден 3

    Појадок – кафе без шеќер

    Ручек – свежо овошје и зеленчук

    Вечера – 2 тврдо варени јајца

    Ден 4

    Појадок – кафе без шеќер

    Ручек – 2 тврдо варени јајца и сок од моркови

    Вечера – 2 тврдо варени јајца, парче шунка, салата

    Ден 5


    Појадок – кафе без шеќер

    Ручек – печена риба со домати

    Вечера – се прескокнува

    Ден 6

    Појадок – кафе без шеќер

    Ручек – 200 гр варено или печено пилешко месо

    Вечера – 2 тврдо варени јајца, еден морков

    Ден 7

    Појадок – кафе без шеќер

    Ручек – парче посно месо и едно овошје по избор

    Вечера – по желба

    Диетата трае 14 дена. Кафето може да се замени со зелен или црн чај без шеќер. Првата седмица ќе изгубите од 5-7 килограми. Втората седмица по 5оо гр секој ден. Не треба да се конзумираат сол, шеќер и алкохол. Од 7-от до 14-от ден диетата се повторува по истиот редослед. Стриктно исполнетата диета гарантира 3 години зачувување на истата тежина. Тие кои не можат да издржат кога ќе огладнат многу нека си каснат овошје или зеленчук, без грозје и банани.

    копирана од http://popara.mk/2013/zhivot/ishrana/dieta-japonsko-chudo/

    Па што мислите дали би имала резултати диетава,
    искуства енибади??
    секако ако е дупла темава се извинувам
     
    На Devil99 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    ДИЕТА “ЈАПОНСКО ЧУДО“

    Па секако дека би требало да има резултати, со оваа мала количина на храна... :^)
    Ова приближно му доаѓа дневно околу 500-600 калории, толку? :^)
    Уште да не ослабиш со толку малку...
    каков појадок е кафе?
    :^)
    Јас сум многу против прескокнување на појадокот, моите лоши навики потекнуваат токму од тоа игнорирање на појадок. Сакам да си доручкувам рано, со време и баш добар доручек за да ми започне продуктивно денот.
    Пред некои 3-4 години сигурно би ја пробала диетава, сега нема шанси.
     
    На Hipster, Venera.13, wolf4e и 2 други им се допаѓа ова.
  3. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    па нема ни 600 калории, јајцата се по 70, месото околу 200 махимум салатата околу 50... :?:
    Јас ја почнав, еве го прескокнав доручекот денес се напив чај од ѓумбир вежбав нешто така колку да не милсам дека ми се јаде :) и сега срќно чекам време за ручек :D па ќе видиме за резултати :)
     
  4. Taylor97

    Taylor97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    643
    Пиши доколку има резултати :)
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Секој ден јајца? :^) Не знам колку е здраво од денешниве јајца да изедеш толкава количина :|
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Што им фали на јајцата ма? Немој да вреѓаш јајца и петли :D
    Ако не сакаш од фарма купи од некои што чуваат кокошки или па чувај си и ти кокошки, нема ништо чудно во тоа, ниту пак срамно. :P
    Ах како не си имав некој ранч од пет хектари, се ќе си чував и коњи, крави, гуски, мисирки, кокошки, свињи секој ден ќе си јадев здрава храна и ќе си возев џип (ова веќе го имам кажано :$ )

    Туку муабетот ми беше дека ова пред се не е здраво, а за да биде некое си чудо, треба да биде здраво.
    Каков е тој појадок само со кафе, тоа не е воопшто појадок, не знам на кој му текна кафето да го брои како појадок.
    Појадокот е најважен и не го делете со никого, ручекот поделете го а вечерата можете и да ја подарите на некој гладен. Но појадокот, задолжително да биде дел од вашето мени.

    А и секој ден јајца бе, да не ти се слоши? :rofl:
     
  7. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    За еден јапонец оваа количина може и многу ќе е, ама за наши деца не е.
    Значи јајца, месо, јогурт...протеини а? Абер од јх да се нема, и ќе ослабнеш зошто да не па и да дуплираш количина кога ни една шпагетка нема во диетава.
     
    На feminium и babymama им се допаѓа ова.
  8. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    ^ хаха да за јапонци супер ,ништо од јх нема, да не се јајцата кафе-диета би се викала
    јас еве го почнувам вториот ден, ќе видиме до колку ќе издржам :)
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.713
    Допаѓања:
    150.525
    Абе види ги какви се... :D
    У очи одмор кај се има време за здрави диети?! :D Особено ако си имаат проблем со мешлачиња поголемки, диетава е тамам.
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Да имаше некој ориз, нешто риба повеќе ќе сфатев од каде името Јапонско... А вака, се си мислам дека ќе пожолтиш од јајцата :rofl:
    Нит па кафето е јапонско...
    Диета А ла Ква Ква Бразилија :rofl:
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Абе од толку јајца пилиња ќе раѓате после диетава :D :D
    И скокаш појадок секој ден,а некогаш и вечера, да умреш од глад работава :lol:
    Шала на страна, ја имам држено 2 недели, ослабев само 4 килограми,ама не ја држев баш точно, многу ми беше мачна.
    Гуд лак на оние што се нафатиле..
     
  12. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    А количини?
    За некој парче шунка е 100гр. за друг 250, нели?

    Симпатично ми изгледа, пред се ми одговара зошто појадокот мене не ми редовен дневен оброк т.е. најчесто 2 еспреса и голема чаша свежо цеден сок е мојот појадок. Уствари мене цела исхрана ми е пореметена и диетава ќе ми одговара, може да ја пробам и онака не ми треба многу слабеење а сама во последно време тешко се обуздувам кога гледам храна пред мене.
     
  13. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    Слична со Данска диета, јас од Данска ослабев 9 кила за 2 недели. помина 1 недела и уште ме држи истиот режим на исхрана,не ми се јаде благо и леб.
    Мислам дека поисправно е да не се пие ни алкохол, ниту било што друго да се внесува во уста( па и бомбони, мастики иако без шеќер, поради подуеноста на стомакот и желудочна киселина)

    Со среќа со диетава, моја препорака е само вода кога си гладна и ќе имаш резултати. ;)
     
  14. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Wow какво чудо.
    Треба да се забрани да постираат вакви глупости по портали, ќе види некое 14-15 годишно девојче и после ќе завршуваат во болница.