Форумџика на годината

Диета за деца?

Дискусија во 'Диети' започната од Alisia, 2 мај 2011.

  1. Alisia

    Alisia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Здраво *се надевам дека одбрав соодветена категорија за темава*
    Имам 7 годишна ќерка, како помала немаше скоро воопшто апетит, едвај ќе ја натеравме да јаде и имаше нормална тежина. Од 5 годишна возраст како да и проработи некој механизам за хранење па почна да конзумира храна почесто и во поголеми количини. Кога и да пробавме да и ја намалиме порцијата и се слошуваше, се жали дека е гладна дека и се врти, дури и на полноќ знае да се разбуди и да бара храна. Сега на висина од 126 см. има 32 кг. На лекар ја однесов, и правеа анализи на крвта се е ок не е дијабетичар, матичната лекарка ми кажа - Детево мора да ослаби 6 кг. и кога ја прашав за некаков режим на исхрана се што рече беше без слатки и сокови :( Не ни дочека да и кажам дека детево нон стоп чувствува глад а слатки и сокови и онака не конзумира баш поради тежината . Јаде многу манџи со 5-6 парчиња леб, и секогаш бара репете, и нема да поминат 2-3 саати таа пак е гладна. Имате ли некакво искуство или некаков совет, јас некое време ја држам и по неколку часа гладна и ја терам да трча или да игра на музика, ама кога ќе седне да јаде ќе надокнади се што пропуштила. Незнам како да се справам со ситуацијава а несакам детево да го испуштам од рака па да биде искомплексирано и да го зафркаваат на школо дека е предебело.
     
  2. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    А,да си ја однесеш до кај нутриционист?
    Не постои таква диета за деца, ќе и го истошти организмот сепак.
    Гледај некако да почнеш слатките да и ги заменуваш со млеко со несквик на пример, топено чоколадо за готвење,постепено.
    Иако пред се мислам дека и твоја вина е како мајка.
    Разбирливо е дека се грижите за детето и сакате да е најадено,ама некогаш премногу претерувате и тоа му преминува во навика и му штети.
    5-6 парчиња леб да јади едноставно не е нормално
    Сокови исто така
    Заклучок: ти си таа што ја храни нездраво, бидејќи едноставно не е возможно ако не конзумира слатки или сокови, да чувстува глад или да и се лоши.
    Пробај да и даваш банани,ориз, соини шницли, стек на скара со малку масло, стекни и навика за поздрава храна.
     
  3. Alisia

    Alisia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Од слатки работи се што и давам се Бонжита и корнфлекс со млеко, сокови само бистри и тоа ретко,
    За ужинка во школо и давам Севен дејс кифла и мало пакетче чипс и шише вода наместо сок,
    и едвај чека да дојде дома за да јаде. Проблемот највеќе ми е наместо таа нормално да се засити со една чинија спањаќ и 2 кришки леб , таа ке изеде 2 големи чинии и 5-6 парчиња леб и тогаш се чувствува сита.
    Кога и да не и дадам колку таа што сака да јаде ќе почне да се жали дека стомакот не и е полн и ќе офка се додека не се најаде колку што сака. И многу пребира храна, има некои јадења кои ги јаде а друго вон тоа несака да вкуси, се инаети повраќа. Јаде спањак и грашок од манџи и супа, корнфлекс, салата со леб, кечап со леб, виршли и ладни сендвичи со салама. Кога и да се обидам да и скратам нешто или да и додавам нешто друго има драма, паѓа во несвест се додека не јаде што сака и колку сака.
    Едно дете е , расте само со мене, и веројатно разгаленоста си го направи своето, од жал за неа дека претрпела се и сешто почнав да и угодувам, ама сега ми се враќа по глава, и немам идеја како ќе ја вратам во нормална тежина посебно поради тоа какво однесување се разви кај неа - не дека од негрижа вака се случи туку премногу и удоволував поради тоа што расте само со мајка и сега како да немам моќ и авторитет кај неа.
     
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Уф за едно детуле од 30 килограми 6 кришки леб на ден е претерано многу. Јас јадам по кришка максимум две :^)
    Давај и почесто на ден храна, ама многу мали количини, ако бара репете сеедно што е дете некогаш може и да му речете доста е оди играј си ќе јадеш подоцна. Не е гладно штом бара репете, ненаситно е, мисли дека е гладно, а всушност брзо јаде и внесува многу храна за краток период. Па се чуствува глад, зашто мозокот уште не ја примил информацијата дека е желудникот почнал да работи. Секој се чуствува сит после неколку минути откако јадел.
    И внимавајте, тоа е мало детуле, не му го зголемувајте и желудникот и потребата за храна на толкава возраст.
    Јас не го гледам срамот да му речеш на мало дете неможе да јадеш сега. Речете му подоцна ќе јадеш оди играј си. Полошо е да му бутате 10 пати на ден храна. Па родителот јаде 2 пати, а на детето му дава на 5 минути нешто да јаде.
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  5. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Јас бев дете кое израсна со вишок килограми , а и сеуште ги имам. И моите родители вечно се бореа со тој проблем. Не дека јас бев стално гладна , но бев лифна . Дете како дете, сакав да јадам.
    Би ти советувала да го однесеш на нутриционист, дали кај Тања, дали кај Цеце, двете се супер.
    Тука мислам дека станува повеќе психички "проблем". Начинот на којшто Цеце и Тања се поставуваат кон децата ги тера самите нив да внимаваат на исхраната и да повеќе внесуваат овошје и зеленчук.
    Иначе од лично искуство ќе ти кажам , кога моите ми викаа, не јади, јас упорно си јадев за нивни инает.
    И можеш да ја запишеш на некој спорт, кошарка , ракомет, играорна , во зависност од тоа што таа сака.
     
  6. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Салама, виршли.
    Гледаш дека твоја е вината?
    Земи приготвувај и поздрава храна, во денот нека јаде едно до две парчиња бел леб,понатаму пробај со двопек,а седвичите прави ги со интегрален леб.
    Ако се буни или има драма, ќе и помине. Објасни и дека во мометов тоа имате да јадете и немаш пари да купиш салама, излегувај со неа почесто, бидејќи факт е сите кога сме дома,понекогаш јадеме и од досада.
    Ако нема апсолутно никаков ефект, тогаш добро е да ја однесеш кај психолог. Не е срамота, туку напротив.. добро е малку да посозрее.
    Бидејќи и мозочето на таа возраст им е како сунѓерче, седни еден ден и разговарај за јадењето. Објасни и што е здраво да јади, кажи и дека подоцна со таков начин на исхрана ќе има големи последици и лесно може да се разболи. Значи биди конкретно искрена кон неа,па малку ќе се подзамисли и можеби со малку среќа и голем труд,сама ќе бара да јаде поздрава храна.
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.236
    Треба детето да го држиш што позасфатено и позаангажирано со креативни работи и детски игри.Кога им е скренато вниманието,помалку бараат да јадат и точно е тоа,ако јадеш ти здраво и таа ќе јаде здраво.Едноставно не ги купувај тие работи и кога нема,нема ни да и даваш многу нормално.
    Сок ко сок,особено тетрапак дали бистар или густ,исто ти е,полн е со шеќери,исто и кроасаните.Давај и моркови нека грицка,вари и зеленчук и давај и црно лепче,ама по две кришки и толку е лимитот.Направи и мени и води се по тоа и научија и неа на дисциплина,со тоа што ќе ја наградуваш со некоја ситница на неколку недели.Купувај и темно чоколадо,кое е здраво за децата.Го храни мозокот и го прави побуден и воопшто моќен детоксикатор е.Не и крати многу,зошто сепак дете е,ама за нејзини години,повеќе од една кришка леб од оброк не смее да конзумира.
    Направи и табела со денови и цртајте смајлиња на секој ден кога била умна и после 15 дена,кога ќе собере доволно смајлиња,купи и нешто што може ќе ја израдува.Тоа не е условување или нешто такво,туку начин низ игра да стекне дисцпилина во однос на јадењето.Ќе и биде напорно,но мораш да ја мотивираш некако.
    Некои деца додека се малечки се дебелки,кога влегуваат во пубертет се издолжуваат и ослабуваат.Во зависност од гените секако,ама никако не смее да се запостави.
    Си бара работа и внимание.Убаво би било да ја запишеш на некои танци,девојчињата многу сакаат такви работи,ем ќе се троши,ем ќе биде зафатена нема да мисли на храна.Ако побара,тебе ко мајка ќе ти биде жал,ама ако ти си и одредила во 6 да јаде,а сега е 4,стегни заби и за нејзино добро,причекај,дај и нешто да грицне,јаболче ли,морковче ли,нешто свежо,бара ли уште,стоп,толку беше и заангажирај ја нешто,ако треба седни ја нека си ги прередува играчките.
    И на нутриционист да одите,џабе ќе биде ако ти не ја држиш во граници.Секоја мајка сака да му удоволи на своето дете,ќе ти биде жал и ќе и дадеш да јаде нешто што не треба.Не смее храната да и биде занимација и задоволство.
     
    На vaskatodi и wolf4e им се допаѓа ова.
  8. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Најефикасно е да ја пратиш на некој спорт, особено некој понапорен, со многу вежбање и тренинг.
    Еве сестра ми, не дека беше многу дебела, ама само што почна да оди на карате изгуби некое кило. Многу ги вежбале и не само каратето, туку и обични вежби, трчање и сл.

    Има уште еден пример, братучетка ми, имаше сварно вишок килограми. Одеше на балет и за постепено време изгуби многу килограми а никако не се чувствуваше уморна. Зачудувачко, но вистинито.
     
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    26.368
    Убаво ти кажаа девојките погоре. Запиши ја на танц, нека оди минимум 3 пати неделно по 1ипол саат, и таман за тој саат ќе потроши калории и нема да мисли на храна, и почни и ти полека со неа да го менуваш режимот на исхрана.. Ретко кое дете сака да јаде морков, место чипс, ама земете правете форми од зеленчукот, гледајте цртани со зеленчук (Грашковци на пример) и објасни и како не сакаш таа да изгледа како дебелиот Грашко.. И никако чипс. Никако преработена храна-виршли, салами, благо, МекДоналлдс
    За некоја година кога ќе порасне, ќе ти каже Фала зошто си ја насочила на права исхрана. Имам другарка, што цел живот е пуна и и е криво зошто мајка и не и кратела никогаш од храна.. Сега може ќе плаќе ке се лути, ама ќе ти биде благодарна еден ден. =)
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.236
    Ќе го вратиш авторитетот над неа кога ќе бидеш доследна на кажаното.
    Нема јадење,нека плаче,нека рика,остави ја,ќе се исплаче и ќе и помине.Тебе срце ќе ти се кине сигурно,ама па кога ќе порасне и ќе се искомплексира покрај другарчињата и на двете ќе ви биде тешко.Тебе ќе те обвинува и паралелно ќе се срами од себе.
    Ако ти пребира,кажи си,нема друго,толку пари имав,тоа купив.И мораш да и укажеш дека се се добива заслужено.Цртајте смајлиња,пеперутки,нека собира,после тоа купи и нешто што ја радува.
    Ако ја одбива храната на почеток,остави ја на маса,ќе мора да ја изеде кога многу ќе огладне.
    Ова ми се финтици од комшиката.Синчето нејзино беше екстра дебело за негови годинки,во прво одд имаше дури и стрии по ноџињата од тоа.Сме слушале и рикање и карање,ќе избегаше у двор у тревникот,ќе легне ќе се прпелка,ќе рика,она ладна пред него,ќе си седне во двор и пие кафе.Откако ќе се смири,ќе проазговара со него смирено и детево се научи,почна да тренира кошарка,сега е момченце и пол,6 одделени е и е ко сите деца,тамам.
     
    На vaskatodi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Не сакам да навредам некого, но стварно мислам дека вината е во попустливоста на родителот, не во самиот родител.

    Значи, дете од 7 години има дневно максимум 5 часа, по 40 минути тоа се 200минути. Плус одмори уште пола саат, значи 230мин. Нели е премногу еден кроасан, плус пакетче чипс за дете од 7 години.. Побогу, за тоа време јас не јадам толку. :^) Премногу калории за толку малку време.

    Друго, ти викаш дека јаде корнфлекс со млеко - има голема разлика од детскиот корнфлекс и од тие триците никакви, што се навистина диетални. Потоа, зошто јаде кечап ?? Во едно лажиче кечап има една лажица шеќер, двапати размисли пред да и дадеш другпат. :!: Делот со виршлите исто не ми се допаѓа.

    И јас бев дебело дете и сметам дека најголема грешка е што не сум спортувала. Бев висока и крупна, ме запираа на улица да ме прашаат дали сакам да тренирам одбојка, ама не сакав. Е сега ќе се мачам со диети и орбитрек, за памет. :geek: Затоа, подитно нека оди да спортува, нека биде и најголем антиталент, ама нека трча крукчиња... :wasntme:

    На крај, и да ја однесеш кај нутриционист, нутриционистот нема да направи магија и таа да ослабе. Ти како родител си таа која ќе треба да готви здрави оброци, а верувај, Тања и Цеце ни под разно нема да ти дозволат виршли и кечап. :^)
     
  12. Alisia

    Alisia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Можеби и треба да ја однесам на психолог, затоа што е *среќна* од тоа колку мешиња има - т.е. кога ќе седне од што и е големо стомачето и се формираат три зарези и си вика ова ми е едно меше за солено, едно меше за благо и едно за вода, ич не и пречи кога ќе и кажам дека е дебелка, само ќе го вовлече стомакот и ќе држи воздух и вика еве ослабев, ужива да гледа Храна и вино па и рецепти памти...како да и е фиксирана храната во умот. На Интернет си игра игри со готвење...
    Ок, ќе пробам со советите кои ги читав, благодарам што сте одвоиле време да пишете мислење, најпро со тоа дека нема да и давам да јаде кога таа сака и колку сака, а уште од сега знам што ме чека - ќе легне болна и ќе превртува очи за јадење, ама ако сега не ја исправам работава кога ќе биде тинејџерка ќе ми биде благодарна...се некако се плашам да не има поголем желудник, т.е проширен па за да се насити и треба повеќе?! И дали генетиката има врска со тежината на детето, од моја страна се склони на дебелеење и машки и женски а и татко и беше крупен...оф, се надевам дека ќе успеам да и ја намалам тежината...а за нутриционистите што ги спомнавте, како да стапам во контакт или некоја инфо повеќе за нив.
     
  13. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Генетиката можеби игра улога. Има некои деца што се дебелки,а не јадат многу.. едноставно така им е генетски преодредено.
    Но, случајов е тоа што девојчето го храниш нездраво,а не тоа што тоа е дебелко.
    Премногу болести има,да не набројувам сега.
    И ако сега не и штети,за 5-6 години ќе испадне да се соочи со болести што ги имаат луѓе на 40 години, поради премногу мрсна храна.
     
  14. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.425
    Дебелината на твоето дете очигледно е дека е од не здрава исхрана, гледај да и ги смалуваш оброците (наместо две големи чинии давај и по една средна), постепено намалувај и го лебот, за јадење нашколо давај и само севен дејс кифла, или нешто од дома приготвено што е уште подобро, кога ќе ти побара јадење одовлекувај и го давањето на истото, или дај и некое овошје или зеленчук, кога ќе седне да јаде стави и онолку колку навистина и треба а не колку сака. месото замени и го соини шницли, пилешко месо. Исто така ангажирај ја и физички, одете заедно да трчате, купи хулахоп па нека врти, нека скока на јаже.
     
  15. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301

    Ќе ти пратам контакт преку порака , мислам дека имам контакт и од двете.
    Не сум мајка, далеку сум од тоа, ама ова ти го кажувам лично искуство и се ставам на местото на детето.
    И прочитав претходно во советите, како треба да и ја тргнеш храната и да бидеш строга и да ја оставиш да плачи. Мислам дека нема да ти успее од самото тоа што природата ни е таква. Ако ни каже некој НЕМОЈ ДА ГО ПРАВИШ ТОА, ние упорно ќе го правиме. Најпрво престани дома да купуваш калорична храна , доколку нема дома, нема да јаде. За на училиште нема потреба да и даваш толку храна.
    А и со текот на времето лека полека , ке извиши , ќе подпорасне , ќе се среди. Само да не се дозволи да премногу излета работата од контрола.
    Се гледа дека е дете кое ужива во храната, значи треба да и се даде да јаде, но доколку на правилен начин се комбинира исхраната , нема да ја дебелее.
    Ем таа ќе биде задоволна и ќе мисли дека јала доволно, ем вие ќе бидете среќни бидејќи ќе знаете дека ќе и помогне да ја намали својата тежина.
     
  16. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Терај ја да јаде повеќе овошје и зеленчук.
    Еве случајно на интернет најдов еден рецеп...чипс од јаболка :D
    Чипсот од јаболка е одличен, вкусен и здрав за грицкање. Кога чипсот од компири ќе ви се досади и ќе сакате да грицкате нешто здраво, вкусно и во големи количини, еве како да направите брз, лесен и интересен чипс од јаболка.
    Потребно е:
    4 цврсти јаболка (се препорачуваат зелените јаболка Granny Smith)
    две големи лажици шеќер
    1/2 лажица цимет
    1 голема лажица сок од лимон
    1 шоља ладна вода
    Подготовка: Загрејте ја рерната на 80 степени целзиусови. Во мал сад ставете ги водата и лимоновиот сок. Измијте ги, излупете ги и исечете ги јаболката на тенки кришки. Ако имате мандолина, најубаво е со неа да ги исечете кришките јаболка. Како што ќе ги сечете кришките, така ставајте ги во водата со лимоновиот сок за да не поцрнат. Во тавче ставете хартија за печење и распоредете ги јаболката.
    Од горе, попрскајте ги со миксот од шеќер и цимет. Печете два часа додека краевите на јаболката не се кренат нагоре и добијат златна боја.
    Забелешка: Ако и после два часа јаболката се меки, печете уште час и половина. Затоа, најдобро е да ги исечете јаболката што е можно потенко, за да се испечат убаво и да бидат крцкави. Ако пак сакате екстра крцкав чипс од јаболка, не ја лупете лушпата од јаболкото.

    Е сега ти можеш помалце шеќер да ставиш.
    Среќно :)
     
  17. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Јас го имав истиот проблем со ќерка ми, па да речеме уште го имам, има 4,5 год. не знам точно колку е висока, не сум ја мерела, ама отприлика 115 см., а тешка 22кг., не е дебела ама е полничка, така буцка е..Што се однесува до генетиката мислам дека има врска, сестра ми како малечка беше дебела, а сега да ја видиш чечкалица, исто и золва ми, само што сестра ми се ивиши и ослабе, а золва ми и до ден денс води битка со кг. и периодично е на диети.
    Конкретно за ќерка ми...исто како твојата одбиваше храна и сама ми кажуваше што сака да јаде, на пр. лепче и со триста додатоци успат-мајонез, кечап, салама, чајна, зденка, патлиџан итн. веќе не можев да ја гледам се нервирав и почнав да и давам опции на пр.или паштета или мајонез без додатоци,. со тоа што и го ограничив и бр. на парчиња леб. Колку и да ми беше жал што буквално ја бркав од маса, морав тоа да го направам, ослабна 3 кг. Истото беше и со манџи- 2 тањира со 3-4 парчиња леб... и тоа и го намалив-само 2 лепчиња и еден тањир...И викав-ајде доста е, попосле пак ќе јадеш. Кечап не и давам, заменив со патлиџан, а мајонез само посен.
    Многу сакаше кулинарски емисии исто како твојата и кога и да си играше на компјутер игри, тоа мора да беа игри со готвење, нормално гледа и и се пријадува. И тоа го сменив, прво не и пуштам веќе емисии за готвење, второ на комјутер ретко и дозволувам да игра, ептен ако имам работа, а сама сум и немам помош...Ама и пуштам др. игри-сега ја заразив со It girl на фејсбук, исто најдов една книжна кукла ... како да објаснам- нацртано девојче со повеќе комбинации гардероба и се менуваат, ја пресоблекуваме, плус и јас и цртам некои модели, или си играме со барбики, со пластелин.
    Значи, вниманието и го насочив кон други игри да не мисли на јадење (порано на секој саат ми викаше - ми се јаде, нон-стоп беше гладна) и ако ми веруваш и го ограничив и бројот на дневни оброци-2 пати во градинка јадат, дома руча околу 15-16ч и вечера околу 20-21ч. Толку, ништо измеѓу. Пиеше по 2 литра сок, колку и да ми беше жал не купував-нема, немам пари и готово, еве ти вода, сега пие по 1-2 чаши цел ден...сувомеснато, виршли, пици, лазањи-ретко и давам или мала количина/порција ...чипсови, кроасани, тортици, пудинзи, овошни јогурти, ништо не и давам, ретко-ретко, некогаш ќе и купи татко и, ама јас се карам...може смоки и соленки да грицка.
    Значи се и намалив, да јаде помалку и порциите ЈАС и ги одредувам, а не таа самата, толку и нема, не давам.
    Не сакам еден ден кога ќе порасне да ме пцуе и да ме мрази затоа што сум дозволила да го прошири желудникот и да мора да држи диети.

    Плус јас живеам во заедница и свекор ми нон-стоп викаше-како да не и дадам, види во уста ме гледа....или ајде пушти го детето нека јаде колку сака...но, не попуштив и им забранив да и давааат сваштарии да јаде, се што ќе посака од нив, прво мора да ме праша...освен кога се работи за овошје и зеленчук.
    Колку и да ми е тешко кога ќе ми рече-уште сакам, морам за нејзино добро да не дадам. Истото и тебе ти го велам-биди цврста, не попуштај.
    Уште нешто, викаш дека се гордее со зарезите...мојата се смееше и се радуваше колку и е големо мешето...Е па ја однесов во бутик ( жената што работи таму ми е пријателка) и пробувавме фустанчиња и сукњички што и се допаѓаат, ја оставив сама да си избере што и се допаѓа, ама кога почнавме да пробуваме се и беше тесно, мало, кратко... и самата почна да се нервира- леле мамо, ништо не ми точно и сега ништо нема да ми купиш :worried: ...И јас и објаснив со убаво- мамичка ќе јадеме помалку, ќе ослабеме и ќе се вратиме да купиме....Дури и се израдува и и рече на жената-тетке, да ми го чуваш ова кога ќе ослабам ќе го купиме...И сега на таа карта играм... ;) Се` ја фаќам политички.
    Поздравче :)
     
    На aaaaa, slatkichKa123, Lilit и 6 други им се допаѓа ова.
  18. bak

    bak Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    не и давајте слатки работи
     
  19. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    ке и ставаш да јаде помалку со тек на време ке се најде ке и даваш храна со помалку калории ке гледаш во исхраната да нема месо толку често ке и даваш полесна храна и да спортува и дури 2-3 часа по тренингот да испие една чаша сок и 1 час по сокот некаква салата
    една моја другарка го имаше овиј проглем и го користеше овој режим и навистина кај неа имаше ефект