Форумџика на годината

Диета против акни

Дискусија во 'Диети' започната од Talita, 2 август 2012.

  1. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Акните се дефинитивно еден од најголемите естетски проблеми за младите, иако и возрасната женска популација не е веќе поштедена.
    Сигурно сте пробале десеттина третмани, креми, лосиони, сте „фрлиле“ куп пари, и на крај, повторно се соочувате со истиот непријател – акните.
    Но, треба да имате на ум дека акните треба да ги спречите во самиот нивен зачеток, односно да водите сметка која храна ја консумирате.
    Нутриционистите и дерматолозите ви предлагаат диета против акни:
    Зеленчук. Зелениот зеленчук, особено лиснатиот (спанаќот и марулата) се познати по својата богата содржина на антиоксиданси кои помагаат во чистењето на акните со сушење на вишокот масло и намалување на воспалението.
    Овошје. Консумирајте многу овошје како портокали, јагоди и црно грозје, како и природни незасладени овошни сокови. Тие изобилуваат со витамин Ц, кој ќе помогне во подмладувањето на вашата кожа одвнатре.
    Зелениот чај. Овој исклучително здрав пијалак помага во превенцијата од акни благодарение на антиоксидансите и анти-воспалителната активност. Уште една придобивка од него е тоа што ги исфрла штетните токсини од вашето тело.
    Вода. Консумирајте големи колични вода со помош на која чиста кожа без акни. Таа ќе ви го прочисти системот и ќе ви го одржува телото хидратирано.Резултатите ќе ги забележите набрзо.
    Не за шеќерот. Добро познат факт е дека премногу шеќер може да ја влоши состојбата со акните. Избегнувајте слатки со висока содржина на шеќер кои може да ја влошат состојбата на кожата.
    Млечни продукти. Диетата богата со млечни продукти, особено од неорганско потекло, може да го зголеми нивото на хормони во телото кои резултираат со зголемено излачување на себум, затворени пори и повеќе акни.
     
    На Noraa99, butterfly.mk и simoncelicius им се допаѓа ова.