1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Диета со ХЕЉДА со која се губат од 7-12 кг за 2 недели

Дискусија во 'Диети' започната од ТедИ11, 13 септември 2021.

  1. ТедИ11

    ТедИ11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2020
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    4.281
    Ја отварам темава бидејќи ја почнав и јас денес ми е прва ден...
    Не сум воопшто гладна...
    Се е објаснето подолу...
    Среќно женски..
    Оние што ја пробале велат дека е 100% ефикасна. Хељдата има помалку калории од другите житарки, а содржи многу протеини, аминокиселини, железо, магнезиум, калиум, фосфор, јод, витамини Б1, Б6, П. Нутриционистите често препорачуваат луѓето кои страдаат од анемија, хипертензија или болести на јетрата да ја вклучат хељдата во својата исхрана. Диетата се држи 14 дена, во текот на кои можете да изгубите од 7-12 килограми и воедно да го исчистите својот организам и да ги одморите органите за варење.
    Хељда можете да набавите од која било продавница за здрава храна. Треба да набавите хељда во зрна. Зрната хељда треба да се прелијат со врела вода, потоа да се процеди водата па повторно да се прелијат со врела вода, да се поклопи садот и да се остави да отстои во текот на ноќта. Не треба да се вари, само се прелива со врела вода. На една чаша хељда во зрна се става 1,5 чаша вода.
    Во текот на диетата можете да јадете хељда колку сакате, нема ограничувања, но треба да се јаде без зачини, сосови и сол, единствено можете да додадете соја сос. Во текот на денот исто така треба да се испие 1 литар кефир или јогурт со масленост од 1%. Треба да испиете најмалку 1,5 литар вода дневно. Можете да пиете и зелен чај, а доколку пиете кафе, ограничете се на две шолји дневно и тоа без шеќер. Пожелно е последниот оброк да ви биде 4 часа пред да си легнете. Се препорачува и дополнително да земате витамини, како и кај сите диети. Во текот на денот исто така можете да јадете и овошје и зеленчук – јаболка, зелка салата, суви сливи, лажичка мед и т.н. Диетата со хељда не е гладување, треба да јадете нормално и да се чувствувате сити. Секако, не треба да се прејадувате.

    Е сега јас кисело синоќа 200гр хељда со 200мл врела вода и ми беше таман за јадење...
    Само што ја попарував одма ја покрива со стреч фолија и ја оставав сама да олади па во фрижидер ја ставав преку ноќ....
    Утрово си земав за на работа...
     
    На malerozna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ТедИ11

    ТедИ11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2020
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    4.281
    Денешното мени
    Чај од нане
    Хељда малкуцка
    Круша и кафе
    Хељда малку
    Јогурт лајт битолски
    И сега јадев околу 7ипол хељда и краставица

    Ми се пријаде благо каснав 1урма(треба да добијам па благо мн ми се јаде)

    Синоќа вежбав и сега пак вежбав моментално кафе пијам

    Почнав со 85кг ќе гледам да издржам да не застанам на вага се до 14та ден...
     
    На Snowflake97 и malerozna им се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Диетава звучи многу еднобразно и нездраво.
    На органите за варење не им треба одмор, не се заморуваат.
    Штп после тие 14 дена, кога ќе заврши диетата?
    Толку кг за толку кратко време е стрес за организмот.
    Ти посакувам со лесно да си ја достигнеш целта, ама ако осетиш тешкотија, подобро прекини ја, диетава изгледа како само малку да дозволува поткаснување колку да се држиш, да не ти се стемне за јадење.
     
    На NarCis@, Spidy, IRBBB и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    И да е здрава и да не, бројките бодат очи.
    Во таа претходната тема мелев и пак ќе кажам оти вакво губење килограми во масно ткиво е физички невозможно. И таму кај што е, џабе е, одма ќе се вратат.
    Дај бе малце едуцирајте се на тема метаболизам мајкому.
     
    На Angie1432, Dimi_, teressa и 3 други им се допаѓа ова.
  5. ТедИ11

    ТедИ11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2020
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    4.281
    Чај
    Хељда
    Круша
    Хељда
    Јогурт,Хељда
    Краставица и зелка и хељда
    Денот помина супер
    Продолжувам понатаму
     
    На Rioers и malerozna им се допаѓа ова.
  6. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.540
    Допаѓања:
    21.518
    Пол:
    Женски
    @ТедИ11 Ништо не јадеш. Колку сака витамини нека има таа твоја хељда, нема никогаш да замени разноврстен ручек, далеку поздрав.
     
    На simoncelicius, Spidy, macunka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. ТедИ11

    ТедИ11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2020
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    4.281
    Вчера исто јадев како претходните денови идемо даље
     
  8. ТедИ11

    ТедИ11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2020
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    4.281
    Поздрав душо:hai:
    Благодарам на советот
     
  9. ТедИ11

    ТедИ11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2020
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    4.281
    Хељда Црвена Зелка и сок од Лимон
    +1л јогурт и овошја
    20210916_182527.jpg
     
    На ivanchos му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.193
    Допаѓања:
    123.819
    Идам на темава само да видам дали си жива
     
    На simoncelicius, Srckata28, Spidy и 6 други им се допаѓа ова.
  11. ТедИ11

    ТедИ11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2020
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    4.281
    Во работни услови
    Јогурт,зелка и хељда 16318701502805042209342953781640.jpg
     
  12. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е ова премалку храна. Зашто не пробаш со здрава исхрана т.е избалансирани оброци да јадеш се умерено само да скратиш на шеќер,чоколади,чипсови,зејтин,тесто итн.. Не можеш вака цел живот да се храниш затоа што кога ќе ја прекинеш диетава телото ќе ти бара уште повеќе храна и ќе си ги вратиш килограмите назад.Плус ќе се осеќаш многу истоштено и без енергија.Јас вака мислам, не ми зимајте здраво за готово.
     
    На Kitten, boomsleng и ТедИ11 им се допаѓа ова.
  13. ТедИ11

    ТедИ11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2020
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    4.281
    Ок си е,секој има право на мислење....
    Диетава ја пробувам бидејќи ме интересира дали и колку би ослабела со нејзе а бидејќи јадам хељда и други житарици без проблем се решив да ја пробам...
    Денес ми е 5та ден и воопшто не сум ни гладна ни ништо ...
    Претходно ја варев само вака кисната не сум пробала што ќе продолжам само кисната да јадам поровка е вака и можеш со се да ја комбинираш...
    Ако не друго цревата да ги исчистам малу хихи
     
    На ivanchos, Rioers, boomsleng и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Во ред, но ако осетиш дека не се чувствуваш добро прекини ја. Сепак за здравје се работи :)
     
    На ТедИ11 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. flawless23

    flawless23 Активен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2019
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Аман луѓе 21 век дојде, уште ли не научивте како функционира организмот и што е клучно за слабеење. Се е проста физика, онолку колку што внесеш толку треба да потрошиш, без разлика што внесуваш. Се вика венсување калории, за да изгубиш од тежината, твоето тело треба „салото“ да го претвори во крвни масти кои ќе ги користи за енергија. За да се случи ова, треба да внесеш помал број на калории. Јади ако сакаш и благо и што сакаш, се додека си во калориски суфицит. Твојата диета е БИЗАРНА! Ти го кажувам ова не за да те навредам, туку да ти посочам дека ова кој и да ти го кажал е небулоза. Да, хелљдата има бројни бенефити ама не и дека е нискокалорична, ниту пак дека ќе те ослабе. Имаше пишано колку сакаш да јадеш хељда во текот на денот. Што значи тоа? Дека јас ако 14 дена јадам по 10 кг хељда на ден, дека ќе ослабам??? Ем што не е здраво, ем нема да ослабеш. Поздрав
     
    На Angie1432, teressa и ТедИ11 им се допаѓа ова.
  16. flawless23

    flawless23 Активен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2019
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    калориски дефицит*
     
    На ТедИ11 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.571
    Допаѓања:
    12.748
    Пол:
    Женски
    Според мене подобро е овесна каша да ја замени хељдата, поретко да биде хељда дека самата помисла да јадам хељда по цел ден не ми е добра, односно еднаш ја пробав и не ми е вкусна и ќе ми се здосади од тоа. Подобро е кога вклучуваш разновидна храна од тоа што е дозволено за време на слабеење секако тоа да се базира на овошје и зеленчук претежно, храната да биде балансирана а не да е едно исто. Овесната каша нека биде почесто за поручек, хељдата нека е еднаш или два пати во неделата за поручек, во остатокот од денот за пијалок е водата,смути или свеж сок од портокал. Ручекот салата со манџа, ориз, компир варен или печен, а вечерата нека е најмала и пред 9.
    Сега раскажав каков би можел да биде режимот, а да не се осетиш здодевно од таа хељда. И јас сакам побрзо слабеење ама не бива со такви строги диети во кои вклучуваш само една храна.
    Мене овај распоред ми помага да ја одржувам сегашната килажа без да се помрдне бројката на вагата нагоре. Јади само салата за ручек ако не бива со друга храна. :)
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.450
    Пол:
    Машки
    Килограми можеш да губиш и бурек, сендвич, пица, смоки ако јадеш.

    Се дур трошиш повеќе од тоа што внесуваш. Многу проста математика.

    Ова хељда би ја повратил после 2 ден...
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.080
    У секој случај поздрава варијанта е со хељда да слабееш отколку со тоа што го наброи кое нема никаква нутритивна вредност.
     
  20. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    895
    Пол:
    Женски
    Јас би рекла НЕ за било која диета.
    Јадете што ви се јаде само во умерени количини (до 100 грама на секој оброк), но да се внесуваат витамини барем 3 пати повеќе од храната што ја јадеме. Јас ги исфрлив мајонезот, газираните сокови и многу подобро ми е. Со чоколадата олабавив малку.
    Исто така вода 2 литра дневно.
    Исто така огромна улога игра физичката активност.
    Ве молам немојте само со диети. Пробајте вака како што пишав, ако нема ефект продолжете со диетите. :)
     
    Последна измена: 18 септември 2021
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.