1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Диета со сок од грејпфрут- 23 кг за 2 месеци

Дискусија во 'Диети' започната од kirijakija, 31 март 2013.

  1. kirijakija

    kirijakija Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2012
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    105
    ДИЕТАТА СО СОК ОД ГРЕЈПФРУТ

    ГАРАНЦИЈА: ЗА 2 МЕСЕЦИ ТРЕБА ДА ОСЛАБНЕТЕ 23 КГ!

    ПРАВИЛА:

    Треба да се пијат по 8 чаши свежо цеден сок од грејпфрут секојдневно. 250 мл по 8 или вкупно 2 литри сок дневно. Сокот од грејпфрут е неопходен бидејќи делува како катализатор кој го забрзува процесот на согорување на калориите и разградувањето на масното депо. Не се додава ни пак се намалува количеството на сокот.

    Кафето се исклучува од вашето мени бидејќи се одразува на балансот на инсулин што пречи на процесот на согорување калории.

    Забранета храна:

    Бело брашно и неговите продукти,

    Шеќер , десерти, грицки, торти, чоколади, апсолутно се што содржи шеќер,

    Пржена храна,

    Сол во ограничени количини.

    Менито си го составувате вие самите.

    Наутро за појадок можете да изберете од следниве намирници кои најдобро е секојдневно да ги менувате:

    2 варени јајца со парче препечен црн леб,

    Парче препечен црн леб со парче сирење со ниска масленост (50 гр),

    Житарици, а најдобро е да изберете овесни јатки со јогурт,

    Парче црн леб со путер или маргарин,

    100 гр урда со парче диетален леб,

    Шејк од млеко и банана,

    Овошна салата од јаболко, портокал и киви,

    Чаша млеко со лажичка мед и 2-3 бисквити.

    Пред да почнете со појадокот треба ја испиете првата чаша сок од грејпфрут на гладно.

    Ручекот се состои од парче месо и салата. Месото не смее да биде пржено. Дозволено е бело пилешко, мисиркино или риба кои да бидат варени или печени. Не повеќе од 200 гр. Задолжително покрај месото на вашето мени треба да додадете свежа сенонска салата. Најдобриот избор е да биде мешана салата, со цел да конзумирате што повеќе видови зеленчук. Салатата зачинете ја со соја сос наместо сол и лажичка маслиново масло, ленено масло или масло од гроздови семки.

    Пред секој оброк се пие чаша сок од грејпфрут. Останатите 5 чаши се распределуваат во текот на денот кога ќе почувствувате жед или глад. Освен сокот треба да конзумирате и други течнести односно вода и зелен чај. Сите други сокови, алкохолни пијалоци, газирани и слично се забранети.

    За вечера изберете зеленчук на пареа и гледајте да не биде секој ден исто. Ако чувствувате глад, кон порцијата зеленчук можете да додадете половина печен компир. Пред легнување се пие чаша сок од грејпфрут.

    Секојдневно пешачење по 30 минути.
     
    На livingluxury му/ѝ се допаѓа ова.
  2. dulcela

    dulcela Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    134
    Дали можам за појадокот да комбинирам две или повеќе комбинации, на пример овошна салата од јаболко, портокал и киви и чаша млеко со лажичка мед и 2-3 бисквити? И дали за ручекот дозволено е да се јаде само тоа што е наведено: бело пилешко, мисиркино или риба?? И ако може друг вид на храна, каква? Сепак тоа се два месеца, не е здраво да се јаде толку еднолична храна.
     
  3. kirijakija

    kirijakija Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2012
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    105
    мислам дека во појадокот може да се комбинира кое било овошје, а од месо се освен свинско :)
     
  4. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.170
    Интересна ама и скапичка диета ми се гледа. Еве од прилика за 2 литра сок од цитрон колку цитрона би требале? Кило цитрони се 50 денари и некако скапа искача диетава, секојдневно пари плус за тоа.
     
  5. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Диетава е ОК, намирниците кои се забранети се храната која и онака, без диета, не треба да ја конзумираме. Менито е разновидно, не премногу ригорозно. Запазени се според мене принципите на здрава исхрана.
    Но, грејпфрутот...премногу е тоа, не само што е скапо, навистина е премногу 8 грејпфрути на ден и тоа два месеци. Грејпфрутот е здраво овошје, содржи природни антиоксиданси, ајде и да ги топи мастите, но се што претерано се внесува може да има спротивен ефект во организмот. Прво за желудникот, сепак е киселина колку и да е природна.
    Немам намера никого да уплашам, но имам потреба да информирам за нешто што сум прочитала. Имено пред неколку години во еден познат медицински часопис со висок импакт фактор, излезе студија за позитивната асоцираност меѓу зголеменото конзумирањето на грејпфрут и појавата на карцином на дојка особено кај жените во менопауза. Најдено беше дека некои материи во овошјево делуваат на естрогените хормони и со тоа го зголемуваат ризикот од рак на дојка. Следните студии не ја потврдија поврзаноста, но лично мене ми остана она што се вели шубе.. Не конзумирам повеќе од еден грејпфрут на ден, и тоа не секојдневно.
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.