1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Диета со супа од зелечук

Дискусија во 'Диети' започната од sunshine93, 12 јули 2011.

  1. sunshine93

    sunshine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    37
    Диета со супа од зеленчук

    Диетата со супа е една од најомилените и најуспешните диети, бидејќи е едноставна, а дава добри резултати. Калориите не се собираат, се губат 5 килограми, трае 7 дена и се препорачува за сите оние што сакаат да изгубат 7-8 килограми

    1 ден
    Појадок: чај или кафе, јаболка или круши
    Меѓуоброк: овошен сок без шеќер
    Ручек: супа од зеленчук, јаболка
    Меѓуоброк: овошен сок без шеќер
    Вечера: супа од зеленчук
    Замена: јаболкото или крушата можете да ги земените со овошје по ваш избор (освен грозје или банана). Овошјето може да биде варено или конзервирано без шеќер


    2 ден
    Појадок: кафе
    Меѓуоброк: чај
    Ручек: супа од зеленчук, варена блитва и цикорија или ендивија и брокува или земен радич.
    Меѓуоброк: чај или кафе
    Вечера: супа од зеленчук, 200 гр. варен компир со 10 гр. масло
    Замена: компирите со маслото можете да ги замените со 350 гр. печурки, сварени со 2 лажици цедено маслиново масло

    3 ден
    Појадок: чај или кафе, круши и ананас
    Меѓуоброк: овошен сок без шеќер
    Ручек: супа од зеленчук, свеж или варен морков или артичок
    Меѓуоброк: овошен сок без шеќер
    Вечера: супа од зеленчук, потпечени пиперки, домати и тиквички
    Замена: крушите и ананасот можете да ги замените со овошје по ваш избор (освен грозје и банани), варено или конзервирано без шеќер

    4 ден
    Појадок: капучино подготвено од 2 дц посно млеко, банани
    Меѓуоброк: чај или кафе
    Ручек: 200 гр. посен јогурт, 1 банана
    Меѓуоброк: чај
    Вечера: супа од зеленчук, фрапе, подготвено од 2дц млеко и банана
    Замена: 200 гр. јогурт можете да го замените со 150 гр. посно сирење или со 120 гр. моцарела или горгонзол

    5 ден
    Испијте: 1,5 - 2 литра вода
    Појадок: кафе
    Меѓуоброк: чај
    Ручек: 300 гр риба, готвена на пареа (ослич, лист), домати
    Меѓуоброк: чај
    Вечера: супа од зеленчук, 200 гр. печена риба (орада, лист)
    Замена: 300 гр. готвена риба можете да ја замените со 300 гр. печени лигњи или сипа, 300 гр. печена риба може да ја замените со 150 гр. туна или со 300 гр. чаден лосос

    6 ден
    Испијте: 1,5 - 2 литри вода
    Појадок: кафе
    Меѓуоброк: чај
    Ручек: 1-2 парчиња телешко, подготвено на скара, тиквички и коморача на пареа
    Меѓуоброк: чај
    Вечера: супа од зеленчук, 300 - 400 гр. печено пилешко без кожичката
    Замена: за вечерата, печеното пилешко можете да го замените со 250гр. печено мисиркино месо

    7 ден
    Појадок: кафе
    Меѓуоброк: овошен сок без шеќер
    Ручек:150 гр. интегрален ориз со зеленчук по желба, шпаргли, кромид, и морков варени на пареа
    Меѓуоброк: овошен сок без шеќер
    Вечера: супа од зеленчук, репка и краставица
    Замена: појадокотможете да го збогатите со 2 парчиња интегрален тост со 2 лажици мармалад без шеќер, 150 гр. ориз можете да ги замените со 160 гр. интегрална тестенина



    Се чудам дали да ја почнам па сакав да прашам дали некој ја држел? :?:
     
  2. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Интересна е, но со оглед на тоа дека не јадам круши најверојатно за појадок ќе бидам само на јаболка или портокал. Дали е дозволено суво овошје, на пример едно јаболко да се замени со грст ореви или лешници?
    Мислам дека е добра за овој период, ќе видам кога нема да бидам со толку обврски - за кои ми е потребна енергија - ќе почнам да се спремам за нова година. :)