Тиктокификација на дебатен клуб: Дизни возрасни

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од theowndemon, 11 мај 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Сите ние пораснавме со Дизни, мене бар една од најраните мемории ми е Снежана. Disney world како дете ми беше прикажано како локација на која морам да одам. Сериите нивни како Хана Монтана исто се дел кој е носталгичен за мене. И вервам дека голем дел од вас можи да се поврзат со тоа.

    И сега како возрасни, некои луѓе остануваат Дизни Возрасни. Со својот дизни мрч, тие кои можи да си дозволат и одат често во "најсреќното место на целиот свет" бар еднаш годишно ако не и повеќе. Дизни возрасните станаа енигма на интернет. Некои ги осудуваат зошто "се однесуваат" како деца. Други, за истите причини, ги воздигнуваат.

    Abby-Schreck-Disney-Adults-Lede.jpg

    • Што ги прави Дизни возрасните посебни?
    • Кои карактеристики се поприфатливи, а кои би биле претерани?
    • Зошто постојат Дизни возрасни?
    • Колкава е улогата на носталгијата (и многу често се спомнува детска траума)?
    Најинтересно за Дизни возрасните е дека некогаш се миленијалс, бездетни и страшно осудени онлајн. Предводени од конзумеризам и голема пасија кон Дизни. Дефинитивно следна цел за потрошувачко тело покрај децата. Следно често се спомнува "Дизни Ренесансата" околу 1990.
    • Колку истата влијае на станување Дизни возрасен?
     
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    ❗Темава е дел од "Тиктокификација на дебатен клуб".

    Ќе биди активна од прилика 2 недели зошто официјално влегов во lazy girl era (оваа конкретно до 25/6 Мај ќе биди, и ќе се обидам максимално ден-два пред затворање да пишам потсетник). Предлог теми можи да видите и предложите во темата за договори, тука.
     
  3. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    403
    Допаѓања:
    478
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е дека мн се придодаваат ново компонирани епитети “дизни возрасни”.Јас доаѓам баш од времето на дизни цртани и да од секогаш сакав да одам во дизни,поточно од моментот кога ни беше презентирано општо дека има такво место. Дали сум била? Не. Дали ќе одам? Најверојатно е дека да,со моите деца. Ми се пружале шанси и за порано но ме ми се споиле коцките.
    -Ништо не ги прави дизни возрасните посебни.
    -Секој може да има опсесија спрема било што а ако е претерана и излегува надвор од реалноста(како на пример живеење во нереален свет, избегнување на обрски поради истото, трошење на кредитни пари само за да одат во дизни и слично- слободно може да се пријават за емисија во TLC).
    -Носталгија може да имаш за се. Кога гледам цртан од дизни(зборувам за оние првите и стари кои на сите ни се познати) мислам дека не е носталгија за дизни туку едноставно носталгија зс детството и едни поинакви времиња, мислам дека нема никаква врска со трауми.Јас сум ги имала многу од дете но кога ги гледам дизни филмовите не ги поврзувам со трауми. Едноставно се интересни, јасно е одвоено доброто од злото, има општо културни вредности и фантазија кои на секој нормален човек би му било привлечно за гледање.
     
    На do-re-mi, Ajronmen и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  4. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.390
    Пол:
    Женски
    Јас спаѓам во оваа група.
    Пред некое време имав дечко кога излезе новиот нинџа желки во кино.
    И го натерав да идеме да го гледаме.
    Секако дека на почеток се противеше и ми велеше таму има други луѓе ние возрасни магариња на цртан филм. Ќе ни се смеат и ред други глупости.
    Ама на крај го натерав и барем јас супер си поминав. Никогаш не би се менувала ради другите мислења.
    Ако им пречи едноставно ќе прекинеме контакт. Ама нема да дозволам да си го скратам уживањето кога гледам цртани само зашто сум била големо дете.
     
  5. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    403
    Допаѓања:
    478
    Пол:
    Женски
    Не е тоа големо дете. Претпочиташ содржина која е привлечна. Повеќе е чудно да некој гледа филмови со колење,бесење, хорори отколку со нешто фино. Ако одиме по таа логика. Јас нема цртан филм што не сум го гледала поготово на дизни и пиксар. И аниме сакам, Наруто гледам цел живот. Ама од тоа не правам биг дил, нај нормална работа ми е.
     
    На Mumoftwo30 и kalinaka им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Омилената јутуберка ми е Дизни возрасен така да можам да видам колку среќа мрч од Дизни можи да предизвика среќа кај возрасен. Пошто целосно посветено ги гледам нејзините видеа like the good girl I am. Јутуберката неколку пати годишно и оди во Дизниленд. Идејата е дека се работи за маркетинг таргетиран кај возрасни за да трошат пари на мрч и патувања. Не збораме за "си пуштив да гледам Снежана" или возбудена сум за новиот live action филм. Ден денес гледам и цртани чак биле или не од Дизни. That's beyond the point. Туку за ✨опсесија✨ со се Дизни. Најчесто се смета дека не треба да имаат деца за да се карактеризираат како Дизни Возрасни, или ако имаат, тогаш нивната опсесија е поголема од таа на нивните деца.


    Лично, не сметам дека то е проблем. Не мислам дека опседнатоста со нешто, особено кога имаме носталгија како фактор и златната ера на Дизни од 90тите, е проблем. Секој има опсесија со нешто и не сфаќам зошто баш ова би било "кринџ". Ко така сите опсесии треба да се "кринџ". Мојот проблем на лично ниво е со Дизни и конзумеризмот кој му е таргетиран кон возрасни експлоатирајќи длабоки чувства на носталгија. Дизни како голема компанија е проблем. И лично не би сакала толку отворена поддршка да имам кон нив. Исто за актерите во Дизниленд има премногу поплаки онлајн околу условите на нивната работа. И не можам да одам и да сакам да се сликам со нив дур знам какви се нивните работни услови. Следно се децата актери. Ова имам зборано и на други места, се поќе и поќе Дизни деца кажуваат каков бил нивниот третман дур работеле тука (исто и за Nickelodeon). И иако сум врзана емотивно за серии како Хана Монтана, не можам да мижам како возрасен на та реалност и да сум во поддршка на Дизни чак и површно, а не па длабоко.
     
  7. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.637
    Допаѓања:
    29.256
    Пол:
    Женски
    Јас и сестра ми би спаѓале во категорија на Дизни возрасни :D Од патики, чорапи, хеланки, ташни, да не зборам за дуксери и маички имаме колекции од Дизни. И искрено секогаш паѓам на Дизни работи иако реално не ми требаат. И доаѓа до момент кај што имам повеќе таква кежуал гардероба зошто купувам такви работи, и кога треба да се ,,средам'' немам што да носам па гледам да намалам со тој тип на конзумеризам.

    Исто често мајка ми конкретно на сестра ми знае да и каже дека не и доликува како постара да се облекува во Дизни, и искрено веќе почнав да го согледувам тој став. Меѓутоа како дел од кежуал гардероба мене ми е сосема океј, па еве и кај ,,постари''.

    Е сега најчесто Американците кои што живеат во близина на Дизни се тие што знаат да претераат. Од колекции на disney pins, disney plushies, колекција disney венчиња со уши, од пробување на сите храни во сите ресторани во дизниленд, сместување во Дизни хотелот, оставаат огромни суми на пари и го прават тоа често. Плус степенот на конзумеризам оди до таму што имаат цели соби со дизни мечиња, кукли и слично што мислам дека е сепак малку претерано. Ја разбирам љубовта за Дизни и дека ги исполнува и прави среќни, ама малце е ту мач :worried: Има случаеви каде што финансиски се заглавени, ама Дизни колекциите не трпат. И тука веќе ми преминува во неодговорност и каде што мора да се постават граници.
     
    На Трагедијаупмм и theowndemon им се допаѓа ова.
  8. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    23.327
    Не сум баш упатена во феноменов, нешто слично што гледам по социјалниве е луѓе родени во '80-ите и почеток на '90-ите, ги привлекуваат нешта од '90-тите, па купуваат сè поврзано со таа ера. Јас лагано би била една од тие, ама стандардно у Македонија слабо се наоѓаат '90 тематски ствари.

    Не те прави автоматски детинест фактот дека поштуваш и си склон кон купување и доживувување на нешта поврзани од детството. Детинест си ако се понашаш детинесто постојано во секојдневието.

    Веројатно за луѓево Дизни е начин да се поврзат со самите себе кога биле мали. Многу пати на форумов имам зборено за таа носталгија од '90-тите што ја имам, па така ги разбирам целосно. Но ако станува збор за некаква опсесија поради која им се нарушува квалитетот на животот, на пример одат во долгови или губат врски со сакани луѓе, тогаш како и со секоја друга опсесија - треба да се третира. Само зошто тематиката на опсесијата е поврзана со детски бренд не ја прави опсесијата наивна и нештетна.
     
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.477
    Допаѓања:
    78.277
    Пол:
    Женски
    Дизни е дел од детството што треба да се надрасне.
    И како возрасни може да ги сакаме цртаните ликови, но не и да бидеме опседнати.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.